Референдум во врска со членството на Обединетото Кралство во ЕУ (Bretxit)

Член од
24 април 2008
Мислења
10.607
Поени од реакции
11.790
Пикањето нос во домашни политики им донесе смрт на многу фирми по Унгарија, Полска, Хрватска, кои „се закануваа“ дека ќе бидат конкурентни на сличните од постарите членки на ЕУ, но тоа и Британија го правеше и сигурно била во по-повластена позиција од една Хрватска на пример. Примерот со бродоградилиштата не знам колку е соодветен, затоа што тоа беа гиганти од СФРЈ со превработеност, застарена технологија исл. А споредбата меѓу Нисан и Авон исто не е соодветна, затоа што Авон е на ниво на обичен добавувач (на пример) на производител од калибарот на Нисан. Каде се тука еден куп други фирми од тој тип, кои дополнително создаваат додена вредност и вработуваат армија луѓе?

Се' ова другото што си го навел, во пракса е така, ама е на некој начин снаоѓање во новонастанатиот проблем, а ќе се решава преку грбот на граѓаните (за кои не можам да кажам дека многу се испотрескав) и само ќе створи дополнителен непотребен политички и економски дебаланс во Европа. Еве и двајцата сте многу оптимисти дека ќе си продолжи кралството да живее во мир и богатство, ама само да ве потсетам дека на исто, скоро и поголеми сили на светско ниво како империи биле Португалија и Шпанија, па се што имаат од тоа сега е само во учебници по историја. Британија на стара слава повеќе од јасно е дека не успеа да се наметне како лидер во ЕУ и затоа и финансиските институции од островот си признаваат дека потегов е економски промашај. И без тоа имаа специјални услови, своја валута, посебни трговски услови и со сите тие поволности се удавија.
Затоа и не ми е баш јасно што воопшто има некој да им фаќа сеир у даденава ситуација. Ако размислуваме на подолги рокови - посиромашен народ на островот предизвикува дополнителна сегрегација, појава на расизам, национализам, нестабилност и ти тие луѓе не можеш да ги држиш под контрола како овде со сендвичи на унија на млади сили, барок, бронза и тениски игралишта по села. Нацизмот и фашизмот цутат во економска беда, а во големи земји како УК, последиците ќе бидат огромни.
Па да, еве ти го Балканот како одличен пример за појавата на лажни националисти со криминални и профитерски намери, а не со националните интереси на прво место во нивните агенди.

Нема да кажам дека британските политичари се нешто поасални, бидејќи тоа би било исто како да кажам дека волкот станал овца. Единствената разлика помеѓу балканските и британските политичари, е во тоа што британските политичари имаат повеќе лаги за да им продаваат на Британците, наспроти балканските политичари кои вообичаено ветуваат лажен национализам.

Проблеми од секогаш ги имало, ги има и секогаш ќе ги има и токму тоа е најдоброто нешто што се случува во светот, бидејќи кога има проблеми за решавање, се наоѓаат решенија, или како што велат американците "Потребата е мајка на изумот".

Од друга страна, постоењето на таканаречената стабилност, секогаш е одлично време за појава на политичари кои ќе ја искористат стабилноста како оправдание за да истуркаат свои политички агенди за свои интереси, и за интересите на тие кои ги финансираат, се разбира.

Еве ти пример, ако најлошото од економската криза од 2008 година од поодамна помина и евро-зоната и еврото се стабилни, зошто тогаш има повици за формирање на европска армија и за формирање на европска федерација на Соединети Европски Држави ?

Тоа е исто како да воведуваш закон со кој сите идни велосипеди ќе мораат да имаат електромотор бидејќи тоа е технички изводливо, а поради страв дека за време на летни горештини како сегашниве, велосипедистот би можел да колабира или да претрпи мозочен удар, па ајде за секој случај нека ја има таквата алтернатива.

Едно е да се има алтернатива, а друго е таа алтернатива да стане обврска.

Инаку, ЕУ не се занимава со производство на велосипеди, ЕУ е бирократска организација која со секој поминат ден станува се поанти-демократска и поавтократска, а во такво друштво има одлични услови за создавање на диктатура.

Јас лично не верувам дека Британците негуваат надеж за враќање на Британската Империја, но дури и да негуваат таква надеж, тоа ќе им остане само неостварен сон, доколку успеат да воспостават задоволителни и профитабилни услови за слободна трговија со државите од Комонвелтот, ќе треба да се задоволат со тоа и ништо повеќе.
 
Последно уредено:

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Јас лично не верувам дека Британците негуваат надеж за враќање на Британската Империја, но дури и да негуваат таква надеж, тоа ќе им остане само неостварен сон, доколку успеат да воспостават задоволителни и профитабилни услови за слободна трговија со државите од Комонвелтот, ќе треба да се задоволат со тоа и ништо повеќе.
На крилјата на таа идеја најлесно е да им се протури национализмот. Меѓутоа не пали национализам кај луѓе со плати по 3-5000 фунти. На таа плата мислиш кај да идеш на одмор, каде на пост-дипломски, каква кола да смениш. Мора нешто вакво да се случи, да почнат пари да приснемуваат, па да видиме како се менуваат луѓето во своите навики.
И без тоа десничарските анти-имигрантски движења, па и сепаратистичките си имаат поинтензивна активност за разлика од порано. И се' ова наликува на припрема на терен за нешто полошо и поголемо на целиов континент, а ние сме тотално неспремни за нешто такво. Во земја каква што е нашава, мала, без армија, без стратешки партнер и со луди политичари, апсурдно е што се восхитуваат луѓе на поделби, распади и слични дестабилизации, кога и самите си имаме на врат проблем од тој карактер. Ако потегне Шкотска со одделување, тогаш тргнаа и Јужен Тирол, Каталонија, Баскија, Косово и од тој домино ефект на нас ни се заканува опасност пошо тие пак ќе се разберат некако меѓу себе, а ние сме тука меѓу дивјаци. Осиромашувањето на Британците, реално, е помалку битниот дел од приказната, барем за нас - нека му ја мислат.
 
Ништо нема да им биде - барем не нешто премногу сериозно, биди сигурен.

Ако Шкотланѓаните се одлучни да се отцепуваат, тоа е нивно право, право кое имаа можност да го искористат во септември 2014, но ете, не го искористија во тој правец.

Што се однесува до сепаратизмот, тоа воопшто не треба да те изненадува, еве ги политичарите кај нас веќе половина година прават муабет за федерализација на Македонија и за воведување на втор службен јазик на целата територија на државата - а не станува збор за англискиот јазик или за некој друг јазик од словенско говорно подрачје или за некој друг светски јазик, туку за јазикот на кој говорат нашите соседи од другата страна на западната граница, а сето ова се случува без никакво противење на ЕУ - истата ЕУ која ја условува Србија да го признае Косово за да се стекне со членство.

Или со други зборови кажано, со или без овие евробирократски крвопијци сместени во Брисел, заглавени сме во менгеме во кое продолжуваат да не` притискаат се посилно и посилно, единствено имаме право да бираме колку посилно ќе не` притискаат додека не` згмечат.
 
Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
оф топик.

Колку сме само културни кога станува збор за Велика Британија.

:icon_lol::icon_lol:
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.281
Поени од реакции
36.164
Европјаните изгледа веќе се подготвени.

ЕУ формира тим за процесот на излегување на Британија

ЕУ формираше тело кое треба да ги спроведе преговорите за излегувањето на Велика Британија од Унијата, информираат денеска дипломати во Брисел. За главен преговарач и шеф на телото за излез на Велика Британија во Советот на министри на ЕУ е назначен Дидие Севс, кој ќе ги претставува земјите-членки на Унијата. Тој во моментов е директор на Советот на министри на ЕУ. Претходно беше шеф на кабинетот на поранешниот претседател на Европскиот совет, Херман Ван Ромпуј.
 
Последно уредено:

CELTIK

magionicar
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.909
Поени од реакции
839
mozam da kazam deka GB mozae i da se izbori i za podobri trgovski dogovori od tie vo eu primer (aviokompanijata Er bas se proizveduva vo nekolku evropski drzavi megju koi i GB i ne bilo sto tuku tamu sse pravat motorite RR koi se edinsveni na pazarot na istocnata zemjina polutopka edinsven nivni konkurent se motorite na boing (a se daleku zad RR ) e sega evropjanite nikako nema da se otkazat od RR ama ako sega eden kostase 10 000 000 f utre mozebi ke kosta 15, a evropa nema da ima kapacitet toa da go spreci sto dosega imase i tn ne mozm da odam do detali, edno ke kazam kvalitetot na britanskite proizvodi e daleku daleku podobar od romanskite i bugarskite taka da jas sum ubeden deka kvalitetot britancite dobro ke si go naplakjaat i sepak nivnata roba ke si se najdi na evropskiot pazar no ne obezvredneta kako dosega (ako eden meklaren dosega kostase 100 000 funti zatoa sto vo fabrikata rabotele poljaci i rumunci itn sega ke kosta 150 000 no sega ke rabotat britanci a taa kola pak ke si se prodava zatoa sto toj sto ima 100 000 ima i 150 000 pretezno britancite prodavaat luksuz i kraen proizvod .ova s sea se pravi so berzite (manipulanskite kuki)e da se vsee strav kaj ostanatite clenki od EU zatoa sto im se rusi nivniot robovladetelskoneofasisticki plan BRAVO za BRITANCITE sekoja cest
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.607
Поени од реакции
11.790
Европјаните изгледа веќе се подготвени.

ЕУ формира тим за процесот на излегување на Британија

ЕУ формираше тело кое треба да ги спроведе преговорите за излегувањето на Велика Британија од Унијата, информираат денеска дипломати во Брисел. За главен преговарач и шеф на телото за излез на Велика Британија во Советот на министри на ЕУ е назначен Дидие Севс, кој ќе ги претставува земјите-членки на Унијата. Тој во моментов е директор на Советот на министри на ЕУ. Претходно беше шеф на кабинетот на поранешниот претседател на Европскиот совет, Херман Ван Ромпуј.
Сакаат да делуваат подготвени, бидејќи во пракса резултатите од референдумот сеуште не се прифатени од британскиот Парламент.

Бидејќи исходот од референдумот не е обврзувачки, допрва треба да се состанат пратениците во британскиот Парламент и да ги прифатат резултатите од референдумот, па дури потоа следува официјалното поднесување на барање за излегување на Велика Британија од ЕУ.

Засега нема никаква најава за седница на британскиот Парламент на која ќе се дискутираат резултатите од референдумот за излегување на Велика Британија од ЕУ кој се одржа на 23 јуни 2016.
 
S

silmarillion

Гостин
Има некој податок колку проценти од економијата е индустриско производтсво а колку услужни дејности? Да ве чита човек ќе си рече енглезиве биле тајни кинези што црнчат по фабрики 15 саата на ден. Кои се тие англиски производи кои ги знаеме ние мејд ин јукеј? Ролс Ројс мотор? Па најблиску што сте биле до таков е ако те седнат до крило на визер. Главниот проблем е финансискиот центар и какви импликации ќе има ова врз нив. А не патлиџанот од јоркшир колку ќе станел ефтин со ниска фунта бог да чува...
 
B

Bafra

Затоа и УК излезе од ЕУ, ако продолжат со нив како што ЕУ ќе навлегува во се поголема криза така и УК ќе губеше од својата моќ на финансиски центар.Нивната берза изгуби 2,8% од вредноста а другите од 6,8-20% значи кој ќе има поголеми проблеми со излезот на УК :cautious:
Како што кажа Америка и УК се префрлени на финансискиот сектор а индустријата им е преселена низ цел свет и под нивна контрола.
Комовелтот нема потреба да збориме,тоа е огромна територија а и богата со се и сешто.
Најголемите и најбогатите наоѓалишта низ светот со разни природни ресурси се под нејзина сопственост и контрола: железна руда,никел, феро легури, злато, гас, нафта... you name it they have it е работата.

Сите милијардери Руски,Арапски,Афричките, Украински итн итн парите ги чуваат кај кралицата а не во Франкфурт или Париз. Сигурно не зашто Лондон е многу убав.

Има уште за дополнување ама некои си тераат демагогии, идеологии, приказни за деца, божем ЕУ не е бирократска,диктаторска бљувотина управувана од Јункер, Драги и ММФ o_O .
Уште 6 други ЕУ земји повикуваат на референдум. Ставрогин Зашто сакаат надвор нели ЕУ е мед и млеко.или да не си правиме бајрам на мозокот нема да се успешни

Пред неколку недели кога пишував дека ЕУ е пред колапс, некои се смееја ме правеа глуп (не викам дека не сум :D ама сакам да научам) а уште ги нема да ми објаснат КОИ РЕСУРСИ ќе ги добиеме од ЕУ. Изгледа многу се начитани па незнаат од каде да почнат со објаснување :P

По што го констатираш ова?
Имаш некаков поим што добиваме и што ќе значи за нас евентуален влез во еу? Само од економска гледна точка?

Знаеш дека ќе ни се олесни снабдувањето со ресурси, ќе ни се овозможат поисплатливи трговски договори, фондови и спонзорирани капитални проекти од ЕК? Ова е клучно и есенцијално за наш опстанок, не за рекреација.

Или треба за сметка на вашите параноични оракл сценарија да ги занемариме овие факти и да си тераме Јанукович сценарија?

Знаеш моментално какви кредити зимаме со колкави камати, како се снабдува државава со ресурси, по какви цени, на каков пазар и што тоа прави на стопанството?
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Затоа и УК излезе од ЕУ, ако продолжат со нив како што ЕУ ќе навлегува во се поголема криза така и УК ќе губеше од својата моќ на финансиски центар.Нивната берза изгуби 2,8% од вредноста а другите од 6,8-20% значи кој ќе има поголеми проблеми со излезот на УК :cautious:
Како што кажа Америка и УК се префрлени на финансискиот сектор а индустријата им е преселена низ цел свет и под нивна контрола.
Комовелтот нема потреба да збориме,тоа е огромна територија а и богата со се и сешто.
Најголемите и најбогатите наоѓалишта низ светот со разни природни ресурси се под нејзина сопственост и контрола: железна руда,никел, феро легури, злато, гас, нафта... you name it they have it е работата.

Сите милијардери Руски,Арапски,Афричките, Украински итн итн парите ги чуваат кај кралицата а не во Франкфурт или Париз. Сигурно не зашто Лондон е многу убав.

Има уште за дополнување ама некои си тераат демагогии, идеологии, приказни за деца, божем ЕУ не е бирократска,диктаторска бљувотина управувана од Јункер, Драги и ММФ o_O .
Уште 6 други ЕУ земји повикуваат на референдум. Ставрогин Зашто сакаат надвор нели ЕУ е мед и млеко.или да не си правиме бајрам на мозокот нема да се успешни

Пред неколку недели кога пишував дека ЕУ е пред колапс, некои се смееја ме правеа глуп (не викам дека не сум :D ама сакам да научам) а уште ги нема да ми објаснат КОИ РЕСУРСИ ќе ги добиеме од ЕУ. Изгледа многу се начитани па незнаат од каде да почнат со објаснување :P
Америка и Енглеска биче земља пролетерска ќе дојди работава...Ова ниту има некој направено бизнис план, ниту некаква агенда што после отцепувањето.
Дури и врхушката што е поборник нема некои издржливи економски анализи како Британија ќе опстане вез ЕУ.
Ова се направи од борба на ега помеѓу поединци во вистинска лакрдија.
Уште еднаш се докажа тезата дека не треба да се потценува глупавоста на народот кога е во голема група.
 
Член од
1 февруари 2005
Мислења
1.285
Поени од реакции
1.777
"Уште еднаш се докажа тезата дека не треба да се потценува глупавоста на народот кога е во голема група."
Некој "демократи"пробуваат да ни пробутат теза дека народот на Британија е глупав не знаел што сака, во демократијата не било убаво народот преку референдум да избира а само вазалните политичари го имаат тоа право.
Тоа на практика е фашизам или ропство, како што во турско ропство не давале да правиме референдум за излегување од османската империја или Хитлер не дозволувал референдум за излез од третиот рајх, и сега ја гледаме истата таа политика на ЕУ-рајхот.
Веќе и по овој форум се провлекува таква фашистичка идеологија, не само за излез од ЕУ а за стотици други теми не даваат, не било во согласност со лисабонскиот догвор, биле должни да примат доселеници, меѓудржавни договори неможе да се прегласуваат со референдум, педерството и содомијата исто така се задолжителни и уставот не дозволува референдум по таа тема.
Убаво е што рајхот се руши, овие платениве нека да пишуваат уште малку но парите за пропаганда намалуваат и во блиска иднина ќе секнат.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.945
Поени од реакции
21.461
Америка и Енглеска биче земља пролетерска ќе дојди работава...Ова ниту има некој направено бизнис план, ниту некаква агенда што после отцепувањето.
Дури и врхушката што е поборник нема некои издржливи економски анализи како Британија ќе опстане вез ЕУ.
Ова се направи од борба на ега помеѓу поединци во вистинска лакрдија.
Уште еднаш се докажа тезата дека не треба да се потценува глупавоста на народот кога е во голема група.
Тркала овие англичаните. Добро никој не се најде паметен да го читни форумов, дај дајте им линк нешто. Има тука убај деца да им ја оправат работата. Ете тука ја средија, за англија пичкин дим би било. Сега во тек се планови како референдумот да стани невалиден пошто глупи и старци гласале веќе кога не прочитаја дека не ни смее да има референдум, ама што е тука е. Се стори сега то е. Побрзо дури не направиле уште некоја глупост.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.281
Поени од реакции
36.164
Затоа и УК излезе од ЕУ, ако продолжат со нив како што ЕУ ќе навлегува во се поголема криза така и УК ќе губеше од својата моќ на финансиски центар.Нивната берза изгуби 2,8% од вредноста а другите од 6,8-20% значи кој ќе има поголеми проблеми со излезот на УК :cautious:
Како што кажа Америка и УК се префрлени на финансискиот сектор а индустријата им е преселена низ цел свет и под нивна контрола.
Комовелтот нема потреба да збориме,тоа е огромна територија а и богата со се и сешто.
Најголемите и најбогатите наоѓалишта низ светот со разни природни ресурси се под нејзина сопственост и контрола: железна руда,никел, феро легури, злато, гас, нафта... you name it they have it е работата.

Сите милијардери Руски,Арапски,Афричките, Украински итн итн парите ги чуваат кај кралицата а не во Франкфурт или Париз. Сигурно не зашто Лондон е многу убав.

Има уште за дополнување ама некои си тераат демагогии, идеологии, приказни за деца, божем ЕУ не е бирократска,диктаторска бљувотина управувана од Јункер, Драги и ММФ o_O .
Уште 6 други ЕУ земји повикуваат на референдум. Ставрогин Зашто сакаат надвор нели ЕУ е мед и млеко.или да не си правиме бајрам на мозокот нема да се успешни

Пред неколку недели кога пишував дека ЕУ е пред колапс, некои се смееја ме правеа глуп (не викам дека не сум :D ама сакам да научам) а уште ги нема да ми објаснат КОИ РЕСУРСИ ќе ги добиеме од ЕУ. Изгледа многу се начитани па незнаат од каде да почнат со објаснување :P
FTSE 250 што дава појасна слика за британските компании падна 7,2%.
Акциите на Дојче Банк паднаа за 14% а на Barclay 19%, Royal Bank of Scotland 21%...

А за футната...

Screenshot_2016-06-26-10-25-05-1.png
 
S

silmarillion

Гостин
Е рано им текна дека им сметаат мигранти откако цел Пакистан Индија и Полска им се населија:))) Фараж кој прочитав дека и самиот потекнува од мигрантско семејство женет со Германка, почна да се правда дека "малце" ги подлажнал. Мислам класика демагог класика популист божем десничар.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.281
Поени од реакции
36.164
На денешната објавена анкета од Sunday Post, 59% од Шкотланѓаните би гласале YES на потенцијален референдум за независност на Шкотска.

Cl0zBOVWEAExpxD.jpg

Премиерката на Шкотска објави дека Шкотска ќе започне засебни разговори со ЕУ.

Изгледа надежите за frexit, nexit уствари има многу поголеми шанси да бидат scotxit.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom