Референдум во врска со членството на Обединетото Кралство во ЕУ (Bretxit)

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.500
Поени од реакции
24.753
Па треба да се будали сите ако не седнат и се договорат како ќе прават пари. Политичарите можат да трубат колку и како сакаат. Но дали вреди оваа гимнастика со договори, преддоговори, излегување, и други слични скапи-по-џебот вежби? Не знам.
Мислам дека на долги патеки ќе вреди за британија а најверојатно и за ЕУ. Некој што не сака целосно да се интегрира а истовремено може сам да просперира треба да го пуштиш. Јас не ја гледам поентата на Британија во ЕУ ако не прифати евро и шенген и притоа не сака да поддржи заеднички проекти и идеи. Британците неќат да прифатат Германија да им диктира а реално ко што кажа Игор Германија е таа што ги дава и парите и е мотор на ЕУ па и треба да диктира. Во таква ситуација ова е најдобро решение е сега треба само цивилизирано да се договорат без премногу инат.
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.532
Поени од реакции
22.188
Што ќе има УК повеќе него сега ако добие на пример статус како што има Норвешка моментално со ЕУ? Абсолутно ништо, напротив. Норвешка е во Шенген. Норвешка иако не е членка на ЕУ, плаќа за да е дел од заедничкиот пазар. Норвешка е обрзана да презема некои закони од ЕУ во одредени сектори. Како и да вртиш, УК во ЕУ многу повеќе доби него што може да добие надвор од ЕУ.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.458
Поени од реакции
17.933
Зарем е возможно ваков епохален настан, или да кажам одлука, со таква сериозна политичка и економска тежина и реперкусии кои ќе се почувствуваат во светски рамки, да биде оставена на милоста и разумот на некои си пензионери и неписмена раја ( овде користам туѓ вокабулар ), па ќе видиме што ќе се случи?

Јас не верувам во горе напишаното, иако можам да предосетам дека ова ќе биде пресвртница за Европа, но јас се надевам во позитивна смисла. Нема потреба да се трескате до толку за Британија, сериозно.

Прашање на вкус дечки, али јас Енглезите секогаш сум ги гледал како еден вид на израсток на Европа, а не суштински нејзин дел.

И нека свестат главите тие дебели евробирократи со нивната политика, зашто доаѓаат денови на расцут на европската десница. Нит се работи за коефициент на интелигенција, ниту ниво на образование, туку за основен природен закон.
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.532
Поени од реакции
22.188
Мислам дека на долги патеки ќе вреди за британија а најверојатно и за ЕУ. Некој што не сака целосно да се интегрира а истовремено може сам да просперира треба да го пуштиш. Јас не ја гледам поентата на Британија во ЕУ ако не прифати евро и шенген и притоа не сака да поддржи заеднички проекти и идеи. Британците неќат да прифатат Германија да им диктира а реално ко што кажа Игор Германија е таа што ги дава и парите и е мотор на ЕУ па и треба да диктира. Во таква ситуација ова е најдобро решение е сега треба само цивилизирано да се договорат без премногу инат.
Малку погрешно се гледа на односите Германија - УК. Германија беше задоволна што во ЕУ постоеше јака држава која стои за либерална демократија, оти Французите ги влече многу кон социализмот. УК беше рамнотежа во ЕУ против Франција за Германија. Ја не се сеќавам двете држави да имале недоразбирања во последните години, напротив.
 

Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Абе да, ако едните водат инат на другите, а другите на третите, на крај сите ќе имаат сервиси, услуги и производи за продавање, и никој на никој нема да ги продава заради инает.

Или ќе функционираат како Американците. Имаат евтини кредити од банкарскиот сектор, ама немаат кој да им ги купи. Ќе отворат криза во некоја држава, и оп таа држава треба да зема евтини кредити, инаку ќе има политички проблеми.

Ако навистина се води таква реторика во дискусиите за договарање или преговарање, ќе биде срамно и за двете страни. Едноставно, треба да седнат и да се договорат, што како. Но, без разлика каков договор да добијат со ЕУ, сакале нејќеле ќе мораат да играат како ќе им свири ЕУ. (То ест, тоа што го кажува @Igorcemk )
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.500
Поени од реакции
24.753
Што ќе има УК повеќе него сега ако добие на пример статус како што има Норвешка моментално со ЕУ? Абсолутно ништо, напротив. Норвешка е во Шенген. Норвешка иако не е членка на ЕУ, плаќа за да е дел од заедничкиот пазар. Норвешка е обрзана да презема некои закони од ЕУ во одредени сектори. Како и да вртиш, УК во ЕУ многу повеќе доби него што може да добие надвор од ЕУ.
А зошто мислите дека ќе бара ист статус како Норвешка? Норвешка сака Шенген да патуваат и они. Овие се што сакаат е отворен пазар и за разлика од 5 милјонска Норвешка, Британија е 65 милјони.
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.532
Поени од реакции
22.188
А зошто мислите дека ќе бара ист статус како Норвешка? Норвешка сака Шенген да патуваат и они. Овие се што сакаат е отворен пазар и за разлика од 5 милјонска Норвешка, Британија е 65 милјони.
Пазарот нема да го добијат долго време.
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.500
Поени од реакции
24.753
Абе да, ако едните водат инат на другите, а другите на третите, на крај сите ќе имаат сервиси, услуги и производи за продавање, и никој на никој нема да ги продава заради инает.

Или ќе функционираат како Американците. Имаат евтини кредити од банкарскиот сектор, ама немаат кој да им ги купи. Ќе отворат криза во некоја држава, и оп таа држава треба да зема евтини кредити, инаку ќе има политички проблеми.

Ако навистина се води таква реторика во дискусиите за договарање или преговарање, ќе биде срамно и за двете страни. Едноставно, треба да седнат и да се договорат, што како. Но, без разлика каков договор да добијат со ЕУ, сакале нејќеле ќе мораат да играат како ќе им свири ЕУ. (То ест, тоа што го кажува @Igorcemk )
Зошто да мора да играат како ќе им свири ЕУ? Ќе преговараат, тоа значи договор не капитулација и прифаќање што ќе каже ЕУ.[DOUBLEPOST=1466801799][/DOUBLEPOST]
Пазарот нема да го добијат долго време.
Преорентација на комонвелт и УСА. Нема веќе кредитирање на грчки, италјански и шпански фирми плус 3мил полјаци и бугари во германија...[DOUBLEPOST=1466801970][/DOUBLEPOST]
Малку погрешно се гледа на односите Германија - УК. Германија беше задоволна што во ЕУ постоеше јака држава која стои за либерална демократија, оти Французите ги влече многу кон социализмот. УК беше рамнотежа во ЕУ против Франција за Германија. Ја не се сеќавам двете држави да имале недоразбирања во последните години, напротив.
Баш затоа и ќе се договорат. На тоа рачунаат и британците. Плус 27 држави треба да сакаат едностран договор против УК а тоа нема да се случи, дел баш од инат кон германија нема да дозволат тоа што они сакаат ако веќе дојде до заострени преговори.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.852
Поени од реакции
36.886
Зошто да мора да играат како ќе им свири ЕУ? Ќе преговараат, тоа значи договор не капитулација и прифаќање што ќе каже ЕУ.[DOUBLEPOST=1466801799][/DOUBLEPOST]

Преорентација на комонвелт и УСА. Нема веќе кредитирање на грчки, италјански и шпански фирми плус 3мил полјаци и бугари во германија...
50% од извозот на Британија им е во ЕУ, и на Марс да бараат замена за тој пазар нема да најдат.
Додека ЕУ извозот кон Британија не е ни меѓу првите пет земји и е помал од 10%.

И порано не ги кредитна земјите туку беа само да ги берат плодовите од унијата но не и обврските

Гледај ја прес конференцијата на Борис Џонсон и ќе процениш по него дали се свесни што направија.

И самите ја смируваат топката дека нема во брзо време да ја иницираат постапката за излез додека сите од Европа бараат тоа да се случи веднаш и да се заврши во најбрз можен рок.

Дека Британија и треба повеќе на ЕУ е големо преценување.
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.532
Поени од реакции
22.188
Зошто да мора да играат како ќе им свири ЕУ? Ќе преговараат, тоа значи договор не капитулација и прифаќање што ќе каже ЕУ.[DOUBLEPOST=1466801799][/DOUBLEPOST]

Преорентација на комонвелт и УСА. Нема веќе кредитирање на грчки, италјански и шпански фирми плус 3мил полјаци и бугари во германија...[DOUBLEPOST=1466801970][/DOUBLEPOST]

Баш затоа и ќе се договорат. На тоа рачунаат и британците. Плус 27 држави треба да сакаат едностран договор против УК а тоа нема да се случи, дел баш од инат кон германија нема да дозволат тоа што они сакаат ако веќе дојде до заострени преговори.
Комонвелт е преценет во споредба со ЕУ. А Бугарските шофери и Полските работници се добредојдени во Германија. Всушност, кој ќе им ги чисти клозетите на Британците во иднина?
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.500
Поени од реакции
24.753
50% од извозот на Британија им е во ЕУ, и на Марс да бараат замена за тој пазар нема да најдат.
Додека ЕУ извозот кон Британија не е ни меѓу првите пет земји и е помал од 10%.

И порано не ги кредитна земјите туку беа само да ги берат плодовите од унијата но не и обврските

Гледај ја прес конференцијата на Борис Џонсон и ќе процениш по него дали се свесни што направија.

И самите ја смируваат топката дека нема во брзо време да ја иницираат постапката за излез додека сите од Европа бараат тоа да се случи веднаш и да се заврши во најбрз можен рок.

Дека Британија и треба повеќе на ЕУ е големо преценување.
Во 2006 62% од извозот беше кон ЕУ, денес е 47% и се намалува. Други пазари ќе најдат, и веќе имаат (азија).

ОК, 10% е, ама во апсолутни цифри колку е? Нема да биде голем шок за унијата во целост ама прашај ги полска, чешка и ред други помали држави кој губат со блокадидте кон русија што мислат они за се ова.

Ти реков сега е малку еуфорија. Чекајте нека помине месец два. Нормално дека нема одма да излезат, тие 47% треба да се намалат до едно 20%. Ќе фати неколку години сега ќе се фокусираат повеќе на тоа. ЕУ може да лае ама ова ќе биде спор процес.
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.818
Поени од реакции
10.171
Малку погрешно се гледа на односите Германија - УК. Германија беше задоволна што во ЕУ постоеше јака држава која стои за либерална демократија, оти Французите ги влече многу кон социализмот. УК беше рамнотежа во ЕУ против Франција за Германија. Ја не се сеќавам двете држави да имале недоразбирања во последните години, напротив.

Освен увозот на милиони неписмени терористи коишто 99% ќе бидат на социјала со право на германско државјанство за неколку години, а со тоа и можност без никаков проблем и процедура да се преселат во Британија. Поголем поттик за Брексит од тоа немаше.

Британците си ја спасија државата, макар што веќе се на работ со целиот шлајм таму. Не секој е опериран од логика, за среќа ете има и луѓе со инстинкт за преживување и зачувување на тоа што го изградиле. Тоа што Германците ќе се фрлат од мост ако им го речат тоа на ЗДФ и АРД само за да не бидат наречени расисти и нацисти од неписмена антифа багра е нивен проблем - ќе видеме кај ќе е Германија за 10 години а кај Британија. Живи и здрави, ќе правиме муабет.
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
БоЏо на телевизија беше како попарен, абе немора одма да излегуваме полека.
Си рече - леле луѓе што направивме![DOUBLEPOST=1466802974][/DOUBLEPOST]
Освен увозот на милиони неписмени терористи коишто 99% ќе бидат на социјала со право на германско државјанство за неколку години, а со тоа и можност без никаков проблем и процедура да се преселат во Британија. Поголем поттик за Брексит од тоа немаше.

Британците си ја спасија државата, макар што веќе се на работ со целиот шлајм таму. Не секој е опериран од логика, за среќа ете има и луѓе со инстинкт за преживување и зачувување на тоа што го изградиле. Тоа што Германците ќе се фрлат од мост ако им го речат тоа на ЗДФ и АРД само за да не бидат наречени расисти и нацисти од неписмена антифа багра е нивен проблем - ќе видеме кај ќе е Германија за 10 години а кај Британија. Живи и здрави, ќе правиме муабет.
Да видиш ти обичен британец како изгледа, ќе посакаш тие од блиски исток да живеат до тебе. :pos:
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.500
Поени од реакции
24.753
Комонвелт е преценет во споредба со ЕУ. А Бугарските шофери и Полските работници се добредојдени во Германија. Всушност, кој ќе им ги чисти клозетите на Британците во иднина?
Моментално ЕУ е појака од комновелтот ама овде не станува збор за замена едно на друго. Овде ќе дојде до диверсификација и намалување на трговската размена со еден блок.
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Комонвелт е преценет во споредба со ЕУ. А Бугарските шофери и Полските работници се добредојдени во Германија. Всушност, кој ќе им ги чисти клозетите на Британците во иднина?
Ова можеби на некои ќе им звучи како заебанција твоево, ама нема шанси британец да ти го работи тоа за минимална плата.
Пре би седеле на бенефитс.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom