Ресторани - генерална дискусија

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Олива
Бев пред неколку години, можда 4-5. Сега гледам, добивале у меѓувреме награди за најдобар ресторан и можам да кажам заслужено. Тогаш не беа лоши колку што памтам, али беа скупи. Памтам зајак некој јадевме. И сега беше скупо, али многу добро. Чинам, подобро од порано, што е за признание. Ако гледате според онаа девиза - колку пари толку музика, тогаш најдобро да идете у Скара Бар (мада место нема да најдете, ако не сте резервирале, а ја импулсивно идам по ресторани). Тука е едно ниво повисоко од Скара Бар, ама е скупичко во однос на истиот (го спомнувам и можда споредувам Скара Бар, пошто е у близина) Олива внимаваат на се, од предјадење до десерт. Наша маса, меѓу другото, имаше октопод и мисирка со слатко од рибизли (или нешто слично). Одлични беа. Десертите исто, како и се друго.
Препорачувам ако сте за трошење.
Олива. Колку пати сум си кажал “Еј, нареден пат ќе одам конечно да ја пробам” и после ќе ја заборавам скроз.

А Скара Бар да, резервација обавезно.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Еквилибриум, Аеродром. Предобар амбиент, хигиена на ниво и квалитетна храна. Бевме минатата недела на вечера, атмосферата беше топ, земавме по една пијачка прво... Келнерот беше екстра фин и културен. Кога ни ја донесе пијачката нарачавме салата, тиквички чипс и главното јадење. Во разумно време го донесоа предјадењето, а набрзо после тоа главното јадење ОСВЕН МОЈАТА ПОРЦИЈА...Мислев треба повеќе време за моето да се зготви и не реагирав, си чекав, си мезев салата, а овие со мене се најадоа веќе...После едно добри 40 мин го викнав келнерот и му викам: што е со моето јадење, ми вика: кое јадење? И така преубавата вечера ми се упропасти...
Нејќев да бидам безобразна према келнерот и да викам менаџер да дојде бидејќи верувам беше ненамерно, но дали за ваков ресторан е допустлива ваква грешка?
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.283

Ја забораил нарачката. Им се дешава понекад на келнери и е огромен превид, кој не носи ништо добро на ресторанот.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Ја забораил нарачката. Им се дешава понекад на келнери и е огромен превид, кој не носи ништо добро на ресторанот.
И да го додадам фактот дека и таблет имаше со него...
 
Последно уредено:

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.320
Поени од реакции
7.372
И да го додадам фактот дека и таблет имаше со него...
Читач на мисли да има, пак ќе ти ја утне нарачката.
Не е до техниката, до луѓето е, а луѓето грешат понекгаш.
Јас бев таму на предновогодишна забава од фирма и фино си поминав, што викаат бугарите сички екстри :)
 
Член од
4 јуни 2014
Мислења
123
Поени од реакции
40
Мислење меѓу Гостилница Дукат и гратска кафана Фурна? Каде е поубав амбиентот? Како се движат цените?
 
Skorp

That guy...
Член од
30 јуни 2010
Мислења
1.173
Поени од реакции
2.112
Мислење меѓу Гостилница Дукат и гратска кафана Фурна? Каде е поубав амбиентот? Како се движат цените?
Сум бил и во двете, по добра ми е атмосферата во Дукат. Цените се слични... можно е Фурна за нијанса да се поскапо ама не ме фаќај за збор.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.283
У Форца јадев туна филе со авокадо и чимичури (што и да е тоа) и беше мега топ. Знам што повеќето помислуваат при споменување на туна - оние конзерва верзии: чанкс или шредс. Не. Замислете бифтек од туна. Едно поголемо парче, на скара. Како стек. Беше феноменално. Кој не жали пари, нека проба (околу 800). Исто имаа некој вегански колач од чоколадо (за тие што постат периодов, како мене) и беше лудница. Вино - Банфи Принчипеса Гавиа (увек се трудам различно вино да пијам) и тоа беше лудница (за бели вина, нема да се задржувам на него сега). Салатата од рукола, цвекло, ореви, дижон, јабука и не знам што уште, беше феноменална. И уште неколку "ситници". Све беше супер. Ако не ви е до пари, пробајте (ако ви е до колку пари, толку музика, идете во Скара Бар, таму е најдобар соодносот).

Е сега, лошите ствари. На сметката која не беше мала за двајца возрасни и дете (три фиди), имаше грешки. Виното наместо 690, беше 720, колачот наместо 190, беше 220. Све тоа забележано и пријавено.
Ипак остаив бакшиш 10% као и увек, пошто стварно беше одлично и мислам која би била логиката на крадење на 60 за 3,5к. Ваљда беше грешка.
 
Последно уредено:

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.620
Поени од реакции
14.357
Позитано ли е, Форца ли е... 60 евра за двајца (скоро тројца) ццц
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.283
Епа сеа, вино, десерт, предјадења, сокови цедени, коктели..... (не кажав све што беше нарачано)
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.071
Поени од реакции
22.112
У Форца јадев туна филе со авокадо и чимичури (што и да е тоа) и беше мега топ. Знам што повеќето помислуваат при споменување на туна - оние конзерва верзии: чанкс или шредс. Не. Замислете бифтек од туна. Едно поголемо парче, на скара. Како стек. Беше феноменално. Кој не жали пари, нека проба. Исто имаа некој вегански колач од чоколадо (за тие што постат периодов, како мене) и беше лудница. Вино - Банфи Принчипеса Гавиа (увек се трудам различно вино да пијам) и тоа беше лудница (за бели вина). Салатата од рукола, цвекло, ореви, дижон, јабука и не знам што уште, беше феноменална. И уште неколку "ситници". Све беше супер. Ако не ви е до пари, пробајте (ако ви е до колку пари, толку музика, идете во Скара Бар, таму е најдобар соодносот).

Е сега, лошите ствари. На сметката која не беше мала за двајца возрасни и дете (три фиди), имаше грешки. Виното наместо 690, беше 720, колачот наместо 190, беше 220. Све тоа забележано и пријавено.
Ипак остаив бакшиш 10% као и увек, пошто стварно беше одлично и мислам која би била логиката на крдење а 60 за 3,5к. Ваљда беше грешка.

Чимичури ти е сосот, иначе е аргентиски сос, зеленикав, што обично се служи со месо а не со риба... Пробај чимичури со скара стек или ребра (ама не мелено месо), ако знаат да го прават со риба со скара сигурно ќе знаат. Ако имаат скара на ќумур или оган да ти направат asado на аргентински начин повеќе нема никад да сакаш наша скара.

1566069828599.png

Од риба чимичури одлично иде со лосос. За со туна, хммм така и така, треба да е ептен свежа и да е seared raw, пржен по 1 мин од двете страни а да се гледа месото црвено во средината... Со сосот е одлична, ако не е релативно жива рибата, сосот ако е малку појак може да прикрие дека не е свежо така да внимателно со туна и чимичури.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.283
^Овој чимичури (за разлика од тоа на сликата) имаше цели зрна пченка плус.
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.071
Поени од реакции
22.112
^Овој чимичури (за разлика од тоа на сликата) имаше цели зрна пченка плус.

Сосот си варира од ресторанат до ресторант, мада пченка е малку чудно и не се сеќавам да сум пробал со пченка некаде. Обично разликата е лукчето или чилито (разлилни пиперчиња во јужна америка можеш и да одбериш со кој ти чили да ти го спремат), колку луто го сакаш а со риба знаат и место лук со свеж црвен кромид да го спремат...

Како и да е ова е одлична работа за Скопје, да се надеваме во иднина и на добар аргентиски или перуански ресторант со асадо скара и бар пилешко на перувиски начин

1566071420590.png

1566071621586.png
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.283
Сеа....
Си го натртил газот на убаво место и ќе постуваш слики од фини работи и ќе ни солиш памет. И ја сакам така.
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.071
Поени од реакции
22.112
Сеа....
Си го натртил газот на убаво место и ќе постуваш слики од фини работи и ќе ни солиш памет. И ја сакам така.

Ти си им редовен во Форца а они секогаш се трудат нешто различно да направат, ако веќе знаат за чимичури сугерирај ти за асадо... Јас ти гарантирам нема да згрешат, бар да идеме чекор напред, избор повеќе мислам дека има доволно гурмани во СК што би сакале да пробаат а они баш тој пазар го бркаат.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom