Ресторани - генерална дискусија

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.271
Поени од реакции
78.918
Бев сеа баш пред малку у оноа СкараБар шо го фалеше некој горе.
У ствари бев у Маргер на сонце у парк, али пошто никој не не услужи едно 20 минути (имаше огромна гужва, али ипак минус), ми текна дека треба да идеме у СкараБар да пробаме што имаат, дека нели го фалат сите, не само тука на темава.

Прво лошо:
- За непушачи местата, ај што се малку, џабе се стаени коа мирисаш на цигари коа ќе си отидеш (има отворена голема спојка меѓу двете места).Тоа у ставри ти кажуе дека е поише баш кафана, неголи чист ресторан. Има и жива музика, која преку ден беше океиш, така ненаметлива, некакви шабански песми (не ни очекуе никој нешто друго), али барем се далматински шлагери ала Оливер Драгојевиќ или некои препеви на македонски стари народни. Тоа навечер ваљда се претвара у српски турбо (но може сум јалнаш). Значи атмосферата е кафана, поише од ресторант. Да речеме дека во Венето (у СитиМол, чинам така се викаше) е чисто ресторанска, е овде е многу поише накај кафанска. Е сега, кој што си сака. Разликата е таа што ја идам у ресторан. Не идам на искачање у провод. И низ таа призма ги оценувам.
-Друго што е срање е фактот (ако е уопште факт и вистина) дека кафаната е у власништво на некој министер од власта, wich sucks multiple asses. Што пак, нема никаква врска со темава, ниту сметам дека е релевантно многу за квалитетот. Али муцките што беа присатни, ми беа од оние покондирени шабани, така да...
-Трето, ми падна у очи дека се фалат наваму натаму, дека се иновативни и другачии со менито. Не се. Ако сакате нешто поинакво од другите идите у Форца. Овде речиси исто е менито стандардно, како и во другите кафани, ресторани. Малку е само поразлично.

Добри страни: - ги има многу. Можда на некој ќе му личи чудно, али нема да набројувам. Само ќе кажам дека сите категории што не ги споменав им се добри и стварно водат сметка за све. Стварно. Што и да ви текне - да, добро им е (услуга, квалитет на тоа што го нудат, цени со однос на квалитет и ред други работи). Е сега, треба да се иде неколку пати, за да се види дали и овие како и сите патат од неконзистентност во квалитет. Али како некој горе што кажа изглеа не патат, што е чудо, би рекол.

И кога би давал оценки, ако на Форца би им дал 8, на овие Скара-Бар би им дал 8 и пол, на Маргер, еве 4 и пол, на Венето 7 и пол, накај 8. Мада, у Венето и СкараБар сум бил само еднаш.
 
S

silmarillion

Гостин
На Форца едино им замерам што не држат константа со винска листа поготово со Камник и што ја тргнаа салатата со козјо сирење од мени, мислам best seller им беше немаше потреба да ја мењаат. Скара бар е кафана класика, можда порано кога даваа да се праи скара на тие специјалните масички со скара у средина личеше на нешто друго ама не издржаа дугачко. Месото им е добар квалитет демек Римес така имам разбрано поготово за вратната кременадла. Поврзаност има со Спиро колку што имам чуено ваљда е точно.
 
Член од
14 февруари 2009
Мислења
162
Поени од реакции
17
Некој ја спомна Фурна- исклучително преценета кафана. Да ,храната е ОК , два пати имам јадено и тоа скоро , во задњиве месеци. Ме одраа ( додуша луѓе носев, од фирма плаќаат :) ),ама ненормални цени имаат налупано. Приватно ,моја нога не стапнува таму веќе....

Ако ги исклучиме фенси кафаниве, а се бара добро јадење сепак има неколку места кои ми се одлични.
Скарата кај Столе во Наџак е неверојатна, баш завчера бевме онака голема екипа- се што пробавме ,се е исклучително убаво спремено... Мој предлог Ловџиска плескавица, 350грама...фантазија.
Може на некој не му се допаѓа што е малку постар ентериерот внатре, но акцент ставаме на храната!

Моја препорака исто така е Чардак Боемска Улица, неколку пати досега (и фамилијарно со жена и деца) , одлична храна....

Скара бар, многу вкусно ,иако повеќе од година не сум бил таму.
Од Дебар Маало, убаво е во Скопски Мерак (посебно реброто кое го служат како специјалитет) ама и таму е малку поскапо од околните кафани.
Моја препорака за мезе - Антица , зад аголот кај Скопски Мерак.

Најубавата чорба во Центар веќе година ја нема- беше во Пивница, сега има некој Кинески ресторан отворено. За чорба додуша се знае, Дојрана е ненадминлива, посебно Рибја.
Национал има исто убава чорба!

Сепак се зависи што се очекувањата - за мене пред се треба да биде вкусно и да биде нормално по цена, да не те дерат без да се нуди нешто екстра...
 
S

silmarillion

Гостин
Сидро морам пак да го пофалам. Пред некој ден бевме и презадоволни цело друштво. И од квалитет на храна и од услуга и од цени. Се си е на место, еден од оние ресторани кои би си ги напраил регулар еднаш неделно.

Иначе бевме и во Македонско Село ама храната им беше катастрофа веројатно не им се троши. Локалот е преубав малце претопол за мој вкус и не се дише внатре. Храната беше невкусна и скиселена, скапа за тоа што го понудија.

За љубителите на добар бургер може да пробаат во Мериот, квалитетен beef е месото, само македонска работа утињаат со condiments и лебчето. Сеа ставаш јак квалитет на месо и ми даваш ајвар додаток и лепче земичка од веро. Дај убаци некој BBQ сос или слично и потруди се напрај brioche bun уместо тие досадните суви лепчиња кога више сакаш да го правиш ко што треба. Skybar го имаат усрано за сите пари, останува Barbakan едино место кој го одржа квалитетот. Се друго е скараџиска плеска која нема врска со бургер.
 

Skorp

That guy...
Член од
30 јуни 2010
Мислења
1.173
Поени од реакции
2.112
Сидро морам пак да го пофалам. Пред некој ден бевме и презадоволни цело друштво. И од квалитет на храна и од услуга и од цени. Се си е на место, еден од оние ресторани кои би си ги напраил регулар еднаш неделно.

Иначе бевме и во Македонско Село ама храната им беше катастрофа веројатно не им се троши. Локалот е преубав малце претопол за мој вкус и не се дише внатре. Храната беше невкусна и скиселена, скапа за тоа што го понудија.

За љубителите на добар бургер може да пробаат во Мериот, квалитетен beef е месото, само македонска работа утињаат со condiments и лебчето. Сеа ставаш јак квалитет на месо и ми даваш ајвар додаток и лепче земичка од веро. Дај убаци некој BBQ сос или слично и потруди се напрај brioche bun уместо тие досадните суви лепчиња кога више сакаш да го правиш ко што треба. Skybar го имаат усрано за сите пари, останува Barbakan едино место кој го одржа квалитетот. Се друго е скараџиска плеска која нема врска со бургер.

Бруклински има одличен бургер. Плескавицата е од мелен рамстек... многу е убава.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.271
Поени од реакции
78.918
На Форца едино им замерам што не држат константа со винска листа поготово со Камник и што ја тргнаа салатата со козјо сирење од мени, ...
кога и да идам винската листа им е константна. Мене така ми личи. Мислам дека Камник имаат секогаш. Козјата салата и јас приметив дека им ја нема, голем минус.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.218
Поени од реакции
35.811
Сидро е одличен ресторан за риба. сум го јадел лососот и ципурата, ги печат баш како што треба и се им е тазе риба освен за тие што е наведено дека се замрзнати. цените се исто одлични.

Инаку келнерот спомна дека рибата која што ќе остане ја прават рибја чорба за наредниот ден (само работни денови).

Планирам деновиве и тоа да го пробам.
 
S

silmarillion

Гостин
Бил некој во Мама Миа од кога ја рестартираа? Гледам нешто проширена понуда освен пица и тестенини, па прашувам дали вреди да се оди?
 

Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.101
Поени од реакции
5.839
Има ли негде каде може да ги најдам понудите на рестораниве и кафичиве од ск за нова година?
 

AAbrat

*******
Член од
28 октомври 2015
Мислења
703
Поени од реакции
1.584
Предложите некоја кафана во Скопје . Во план ми е за нова година денски опуштање во некоја не многу скапа кафана со добра атмосвера и ефтин алкохол :D. Шала настрана имам видено различни кафани каде чашка ракија (тиквеш) е 40 ден и на др место истата е 100. Засега најмногу око ми фаќа кафана Скопски Мерак , многу убаво изгледа само не знам како се цените . Ако имате предлог слободно пишете . :)
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.271
Поени од реакции
78.918
Понекад и тоа се дешава.
Најбоља кинеска храна до сеа што сум ја јадел, по скопскиве ресторани, у ствари е најевтината. Оноа Трипод Кинг во Лептокарија, ми е најбоље припремена кинеска храна. А е најевтин. Нема ни за седење, само нарачуваш и за десет-петнаес минути си го зимаш. Сите елементи му се грижливо спремани, свинското, спанаќ, ориз, све му е добро. А е евтино, поевтино од било кој друг. Е сеа, овој готвачов у тоа Трипод е некој си, шије ми га ѓура - од Шангај кувар што дипломирал на шангајски куварски факултет. Можда затоа му е добра храната.
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.058
Поени од реакции
1.624
Можеби не е ни вредно за коментар али случајно ако помислите да седнете во Ганза, никако немојте да се заебете ко мене, храната-услугата-музиката се е ужасно лошо.
 
S

silmarillion

Гостин
Сидро revisited и тотален blow. Ако немаш "тазе за наши услови" октопод, не го нуди. Од леб и пециво неможе да имаш само интегрален леб на Житолукс од кеса. Ѕаѕики не е тарато(у)р. Шопска со пластичен патлиџан не ја нуди. Неможе Зона радио да оди во рибен ресторан.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom