Ресторани - генерална дискусија

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Ајде вака да прашам ... сакам да одам со една личност во ресторан би сакал ресторан кој има добри цени да не бидат нешто ау инаку се работи за Скопје а при тоа ресторанот да има добар амбиент ако може некој совет ... ми треба за на вечера ... :) Инаку ако имате и слики по можност и кое вино вака највеќе одговара :D ... искрено ептен слаб сум на рестораниве а имам желба голема дајте помагајте :cool:
 
STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.627
Поени од реакции
14.403
Ако личноста не е нешо ау-мау Тренд, Арабеска... скокни до Македонска Куќа, за мене беше ОК
 
.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Ако личноста не е нешо ау-мау Тренд, Арабеска... скокни до Македонска Куќа, за мене беше ОК
Ај повеќе ако не те мрзи се работи за личност од 29 год ... така повеќе е романтична :) кој ресторан би ми го препорачал? онака за на вечера каде што е добар амбиентот и што музика онака имаат?
 
STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.627
Поени од реакции
14.403
Чим е 29 години носи ја дефинитивно надвор од Скопје! Убаво е времето, носи ја некаде надвор, батали музиката
 
.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Чим е 29 години носи ја дефинитивно надвор од Скопје! Убаво е времето, носи ја некаде надвор, батали музиката
Хмм... океј ќе размислам иако имав предвид две работи ресторан на вечера или пак некаде Берово :) Инаку ајде ако знаеш некој ресторан дај ми предлог бидејќи сакам да имам џокер во ракав ... ако не сака да одиме некаде надвор тогаш да биде ресторан ...
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Дали има ресторани во Скопје во кои има посебно место направено за мали деца? Нешто како комбинација ресторан и игротека. Страшно ме нервира што по 10 минутно седење му станува досадно и сака да си оди. Вака барем ќе си игра. :D
 
peter

Петар Пан...
Член од
6 септември 2005
Мислења
636
Поени од реакции
165
Дали има ресторани во Скопје во кои има посебно место направено за мали деца? Нешто како комбинација ресторан и игротека. Страшно ме нервира што по 10 минутно седење му станува досадно и сака да си оди. Вака барем ќе си игра. :D

Astra lounge and kids club кај Веро Тафталиџе
 
Член од
23 март 2011
Мислења
1.039
Поени од реакции
946
дали некој бил во населба Илинден во ,,Ла вита ? пицерија ,ресторан? што мислење и искуство имате за овој ресторан?

сакам да го посетам
 
Член од
5 август 2008
Мислења
6.007
Поени од реакции
5.324
дали некој бил во населба Илинден во ,,Ла вита ? пицерија ,ресторан? што мислење и искуство имате за овој ресторан?

сакам да го посетам
Ресторан не е... Повеќе доаѓа ко Пица-Бар.. Бев еднашка ама се погоди за викенд и немаше слободна маса за да се седне па мораше да се чека..
Иначе многу поефтино е за разлика од некој други такви места.. Услугата солидна. Млади комуникативни луѓе.. Јас јадев палачинка тогаш.. вкусна беше ама сум пробал и подобри.. најчесто другите што беа порачуваа пица а и од другари што иам слушано пицата им била перфектна
 
Член од
21 октомври 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
2.391
Дали има ресторани во Скопје во кои има посебно место направено за мали деца? Нешто како комбинација ресторан и игротека. Страшно ме нервира што по 10 минутно седење му станува досадно и сака да си оди. Вака барем ќе си игра. :D
ресторан 14ка во близина на Сити мол.
Имаат посебен одделен дел само за деца
 
Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.187
Поени од реакции
14.460
Момци и девојки се думам помеѓу Воденица и ресторанот кај Камник, некој што бил во двете да ми спореди?
Квалитетно јадење има?

Или ако има уште некој сличен ресторан да препорачате. Фала
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Момци и девојки се думам помеѓу Воденица и ресторанот кај Камник, некој што бил во двете да ми спореди?
Квалитетно јадење има?

Или ако има уште некој сличен ресторан да препорачате. Фала
Зависи каква атмосфера сакаш повеќе. И во двете места има многу вкусна и убаво подготвена храна. Мене лично ми е поубава атмосферата во Камник, малку рустикална, но јас сум растена во ловечка фамилија па не ми е непријатно и чудно да има околу мене рогови и крзна од животни :) Ниедно од јадењата што сум ги порачала немало мана, квалитетни состојки, одлично зготвени и послужени, келнерите супер фини, ресторанот супер чист и пријатен. Во Воденица е „помодерна“ атмосферата, малку можеби и напната зашто келнерите се обидуваат да бидат многу „фенси“ и тоа се граничи со неприродност. Секако, и таму не може да кажам дека е лошо, но едноставно е различно. Long story short - Камник е класика, Воденица е ако сакаш да те видат :) Јас секогаш би го одбрала Камник пред Воденица.
 
А некој друг сличен на овие, во Скопје да е :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom