Ресторани - генерална дискусија

Skorp

That guy...
Член од
30 јуни 2010
Мислења
1.173
Поени од реакции
2.112
Soul Kitchen Bar услуга катастрофа, првиот пат кога седнавме чекавме 45 минути да бидеме услужени не за нарачката да дојде, вториот пат повеќе од 1 час, трет пат нема ни да има. Ми текна сто пати да станам и да си отидам, ама многу не мрзеше. И тоа ни мени не ти носи ни ништо, креваш раце, мафташ, дури и еден од келнерите се дрзна да ти мафне и тебе назад и пак да не дојде. Едноставно преокупирани се со странци кои им оставаат бакшиш и не ги рецкаат обичните македонски смртници, кои немаат тенденција да остават крупна сума во ресторанот и потенцијален бакшиш. Тие не ни требаат да дигнат глава одма за секунда двајца келнери им се на маса. Џабе е убаво скоцкано внатре, со тој менталитет ништо не правиме. На крај и порачав сметка, и му кажавме на тој дека имаме младинска каричка со попуст нешто, тој ни ја донесе после пола саат нормално искуцана без попустот, со образложение дека веќе однапред била направена сметката.
Мој совет, избегавај го строг центар за храна. Цените плафон, а најбитно... храната е под просек.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Soul Kitchen Bar услуга катастрофа, првиот пат кога седнавме чекавме 45 минути да бидеме услужени не за нарачката да дојде, вториот пат повеќе од 1 час, трет пат нема ни да има. Ми текна сто пати да станам и да си отидам, ама многу не мрзеше. И тоа ни мени не ти носи ни ништо, креваш раце, мафташ, дури и еден од келнерите се дрзна да ти мафне и тебе назад и пак да не дојде. Едноставно преокупирани се со странци кои им оставаат бакшиш и не ги рецкаат обичните македонски смртници, кои немаат тенденција да остават крупна сума во ресторанот и потенцијален бакшиш. Тие не ни требаат да дигнат глава одма за секунда двајца келнери им се на маса. Џабе е убаво скоцкано внатре, со тој менталитет ништо не правиме. На крај и порачав сметка, и му кажавме на тој дека имаме младинска каричка со попуст нешто, тој ни ја донесе после пола саат нормално искуцана без попустот, со образложение дека веќе однапред била направена сметката.
Eднаш сум била, келнерите смрдеа на пот а јануари беше. ОД тогаш никогаш.
 

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.320
Поени од реакции
17.764
Јас за SKB да се надоврзам... Имам отидено само еднаш у живот (пред неколку години, ама како што читам уште се такви никакви) и никад више.
Нели се отвори на местото на Ања и ај, викаме ќе идеме на кафе. Седнуваме, овие до нас пијат кафе, ние нарачуваме, ни вика келнеров не правиме кафиња. o_O Океј нема везе, бараме мени. Цени плафон нормално, другаров вика фурнаринки за мене, келнеров му вика: Не може само фурнаринки, мора главно јадење. Добро, тогаш салата. Е не може ни салата. Ние сироти сите со броени пари, не знам зошто не станавме воопшто. :toe:Поима неам што нарачавме, побаравме соларниче, пошто немаше на нашава маса. Нормално, не донесоа, а двајца келнери прашавме. На крај сами станавме си земавме од други маси. Чаша вода нема шанси да ти донесе, а два саати те мота, да да, сега.
Поарогантен персонал не сум видела...
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.564
Soul KItchen кога го отворија на почеток беше ок, имаа добар бургер тој Soul Kitchen Burger (сега околу 300ки, тогаш им беше 180 овој, а обичниот 130 ако добро памтам) и имав седнувано повеќе пати, арно ама почнаа да стануваат тешки идиоти и келнерите, а и со цените.
Келнерите еднаш ми се накурчија лани, имам и јас картица за попуст таму и ми иди на маса, вика ликов смената ми завршува ќе мора да ви ја затворам сметката, картица или кеш? Му кажуваме кеш и да ни направи попуст му кажуваме еве ти картица, се враќа по 5 минути вика ејјј јас ве заборавив за картицата, без попуст ви ја чукнав...батка 10% на сметка од 2000ки се 200 денари, ај ок што си не заборавил, ама и јас ќе те заборавам за бакшиш.
Ситуација 2 летово, одиме таму, седнуваме, 20тина минути ни арно ни лошо, келнерите си шетаат наваму натаму и никој не доаѓа ни мени да ни донеси, кревам раце, мавтам за џабе. Ти носи мени, доаѓа по 2 минути ај нарачајте и дајте ми го менито назад за на друга маса :tapp:
Цените ги начукаа максимално, услугата им е катастрофа (како и во поголемиот дел од останатите локали на кеј), али немаат мака, имаат добра локација, бааги странци кои им оставаат добри пари и ќе функционираат без проблем.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.286
У тоа Соул Кичен не сум бил, али сакав да отидам да видам што е како е. Ја сигурно нема да им покажувам социјална картица за попуст, али небитно е сега, пошто некако одлучив да не стапнам таму.
Види бре што ти е интернет, ќе пише некој нешто и одма ќе му поверуеш.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Види бре што ти е интернет, ќе пише некој нешто и одма ќе му поверуеш.
Си се зезнал, ете тебе ретко кој ти верува :D , а се утепуеш од пишување!
Ај Среќна Нова, нема љутиш се намести на пенал;)
 

AAbrat

*******
Член од
28 октомври 2015
Мислења
696
Поени од реакции
1.554
Screenshot_20200105-145842_Chrome.jpg

Што се случило за нова година во Центар Бар? Читам еден куп незадоволни луѓе као демек биле излажани. Нека пише некој повеќе ако знае.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Што може ако не оноа македонското.

Прочитав дека биле продадени повеќе карти од што има капацитет да собере местото, преголема гужва, ни Ш од шведска маса, пластични чаши и прибор за јадење, ефтини сокчиња итн.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 

Kajgana Shop

На врв Bottom