Ресторани - генерална дискусија

Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.532
Поени од реакции
21.402
Сосов кој го коментирате го имам јадено и во Скопје и во странство. Мислам дека скопскава варијанта е поедноставена, иако не е лоша. Оригиналната варијанта е по-течна затоа што содржи повеќе состојки меѓу кои и киселина и мајонез (мислам, не сум сигурен). Треба да се погоди и комбинацијата со јадењето - пржена храна генерално.

П.с. џигер е храна за сиромаштија, вака генерално, меѓутоа, многу битно е да се проба во добра варијанта. Ако е фино исечен, свеж, во комбинација со убави додатоци: лук, магдонос - може многу добро јадење да биде. Од изнутриците, најдобра варијанта е. Мозок, кукурек и бубрези не може секој да јаде. У пар кафани по Скопјево сме праеле некои експерименти со друштвово...it's complicated.
Пачата....едноставно не можам да го разберам тоа јадење и не ми иде.
За сосот мислам дека нема врска дали Скопје или Њу Јорк туку тоа све зависи од куварот.

Викаш џигер храна за сиромашни.
Епа така викаше дедо ми покојниот за пилешкото, ама те го сега...најпродавано месо. :)
Нормално дека мора магдонос и лук за да го заоштри вкусот.

Кукурек, многумина незнаат што е тоа, а треба да биде национална храна.
Јако, прејако. :)

Пачата како јадење од секогаш сум го презирал, ама прв пат пробав пред 3 години и искрено да ти кажам, ако пачата е квалитетна, знае да биде многу вкусна.
Јебига, можеби за многу луѓе овие работи се незамисливи да ги видат а не па да пробаат, ама јас сум тотално спротивен и спремен сум да пробам секаква храна освен печено куче или змија. :D
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Не е во Скопје ама ова Гарденија во Велес е топ замисла и реализација, а келнери 0. Три маси, не повеќе од 10 луѓе, грешат нарачки, забораваат, си одат на цигара среде нарачка... Ќе порачаш нешто, касни, ќе прашаш до кај е еспресоти, ти вика ама немаме еспресо :facepalm: џабе маркетингот и инвестицијата ако првиот столб на пирамидата ти се паднати од Марс. Без менаџер на смена не се оставаат амбициозни места.
 
Skorp

That guy...
Член од
30 јуни 2010
Мислења
1.173
Поени од реакции
2.112

Може имале еКспресо... :D
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Ова со грешење и заборавање на нарачките го има секаде, а мислев колку подалеку си од балканот толку помали се шансите да седнеш на некое место и да добиеш лоша услуга.

Кога бев во Англија пред некое време цела маса нарачавме и тоа јас два пати и повторив што сакам и моето го заборавија.
Ај си викам таа не ме слушнала убаво и пак нарачав и веднаш ми ја донесе сметката и платив само за моето, а кафето никаде го нема. После 15 минути морав да станам и да идам до шанкот и по трет пат да нарачам, за на крај сам да го пијам. :pos:

Ааа заборавивме сега ќе го направиме, а седевме на првата маса и таа од шанкот цело време гледаше на кај нашата маса. :tapp:
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Не е во Скопје ама ова Гарденија во Велес е топ замисла и реализација, а келнери 0. Три маси, не повеќе од 10 луѓе, грешат нарачки, забораваат, си одат на цигара среде нарачка... Ќе порачаш нешто, касни, ќе прашаш до кај е еспресоти, ти вика ама немаме еспресо :facepalm: џабе маркетингот и инвестицијата ако првиот столб на пирамидата ти се паднати од Марс. Без менаџер на смена не се оставаат амбициозни места.
Тоа е нешто као етно-село?

Тие места ми се типичен македонски крш. Преку недела имаат малку гости, пошо се на страна обично, а луѓе работат и не се во можност да одат специјално за ручек. И за тој, помал капацитет имаат на пример 5 вработени за 30 гости.
За викенд, убаво време, тој има празна пољана, става безброј маси и 300 гости со истите 5 вработени...и за да ти даат мени чекаш, а додека да ти донесат јадење, старееш....квалитетот на истото, се знае шо може да се очекува у таква гужва.
Концептот одговара на климата и амбиентот, ама не и на менталитетот. И...од слабо платен келнер, не знам шо бараме, реално.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Тоа е нешто као етно-село?

Тие места ми се типичен македонски крш. Преку недела имаат малку гости, пошо се на страна обично, а луѓе работат и не се во можност да одат специјално за ручек. И за тој, помал капацитет имаат на пример 5 вработени за 30 гости.
За викенд, убаво време, тој има празна пољана, става безброј маси и 300 гости со истите 5 вработени...и за да ти даат мени чекаш, а додека да ти донесат јадење, старееш....квалитетот на истото, се знае шо може да се очекува у таква гужва.
Концептот одговара на климата и амбиентот, ама не и на менталитетот. И...од слабо платен келнер, не знам шо бараме, реално.
Не, не е етно село, хотел - ресторан е а добивам и информации од луѓе таму свадба што правеле немало никаква организација. Сум била таму на семинари и било навистина добро, под ова амбициозно сакам да кажам дека сопственикот се потрудил навистина со изгледот, не штедел на квалитет, осветлување, теписи, дизајн, вамте тамте.

https://www.facebook.com/HotelGardeniaMK

Се ок ама келнери без менаџер на смена не се оставаат.
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.341
Поени од реакции
7.453
Се ок ама келнери без менаџер на смена не се оставаат.
Сите келнери од Велес што вредат или се на брод или бараат високи плати :)
А изгледа на менаџерот и/или газдата не му е јасно дека вработените се лицето на хотелот а не плочките, теписите, светлата и сите тие џиџи-миџи со кои го има направено хотелот убав.

Како што пееше Цеца: Ал узалуд, без душе си леп :)
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Сите келнери од Велес што вредат или се на брод или бараат високи плати :)
А изгледа на менаџерот и/или газдата не му е јасно дека вработените се лицето на хотелот а не плочките, теписите, светлата и сите тие џиџи-миџи со кои го има направено хотелот убав.

Како што пееше Цеца: Ал узалуд, без душе си леп :)
Ова е рецептот и за Скопје и цела држава.
Се сеќавам 90-ти, а веројатно држело континуитет од порано - добар кафич го праеа фаци-келнери. Ентериерите у тоа време, колку јас се сеќавам, не беа ништо посебно. Слично важи и за кафаните и рестораните. Последниве 10-15 години во Скопје се праат ентериери, гледаат какви чаши ќе стаат, а не знаат салата да ти напраат и да ти ја послужат.
Маливе градови претпоставувам колку кубурат со персонал, пошо читав народ не е останат во нив, не па квалитетен кадар. И горе реков - не можеш од бедно платен човек да чекаш да ти цупка наоколу, дури и со шеф на смена, строг газда.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Затоа одете си во Бакал.
Ќе си платите поскапо, но се ќе добиете.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
И ќе засмрдиш на штала..која е на неколку метри до тебе
И чичето спроти ќе дотрча да му платиш 50 денари паркинг за колата :pos:
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.223
Поени од реакции
78.796
Олива
Бев пред неколку години, можда 4-5. Сега гледам, добивале у меѓувреме награди за најдобар ресторан и можам да кажам заслужено. Тогаш не беа лоши колку што памтам, али беа скупи. Памтам зајак некој јадевме. И сега беше скупо, али многу добро. Чинам, подобро од порано, што е за признание. Ако гледате според онаа девиза - колку пари толку музика, тогаш најдобро да идете у Скара Бар (мада место нема да најдете, ако не сте резервирале, а ја импулсивно идам по ресторани). Тука е едно ниво повисоко од Скара Бар, ама е скупичко во однос на истиот (го спомнувам и можда споредувам Скара Бар, пошто е у близина) Олива внимаваат на се, од предјадење до десерт. Наша маса, меѓу другото, имаше октопод и мисирка со слатко од рибизли (или нешто слично). Одлични беа. Десертите исто, како и се друго.
Препорачувам ако сте за трошење.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.223
Поени од реакции
78.796
Какво е ова чудо? Ти јадеше октопод? :confused:
Не, Бог да чува.
Али пипците беа големи, што значи од голем октопод. (пошто нели кога ќе нарачаш октопод, пипци добиваш) Да речеме, у Сидро или у други некои кога ќе нарачаш октопод, ти даваат мали пипци, од мали октоподи. Овие беа два прста дебели, пуни и интересно спремени на скара со лук. Дури и јас пробав малку. Ме натераа.
Брито им беше исто добро на овие у Олива, како и све друго, али ваљда од маркет го зимаат.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom