Ресторани во Скопје

Дискусија во форумот 'Гурманско катче' започната од Iris, 13 септември 2005.

  1. donbobi

    donbobi

    Член од:
    30 јули 2012
    Мислења:
    121
    Допаѓања:
    34
    Да не отворам нова тема не знам кај да ја сместам...
    Ми треба препорака за кафана или ресторан за прв роденден на дете.
    До сега така око што ми фати е Градина , ама со гостите и цената ми искача некако многу.
    Нема да има многу деца околу 4-5 ќе се така да повеќе е за возрасни.
    И да не е ептен некоја биртија
    Any help will be appreciated :)
     
  2. Ilumious

    Ilumious Патник, педер, поет, администратор, масон

    Член од:
    29 јануари 2007
    Мислења:
    75.543
    Допаѓања:
    154.341
    Види Маргер во Парк :) http://www.marger.com.mk/
     
  3. Marick14

    Marick14

    Член од:
    23 јуни 2011
    Мислења:
    7.330
    Допаѓања:
    1.985
    Канцона е супер.
     
  4. Blondi

    Blondi

    Член од:
    19 март 2011
    Мислења:
    1.288
    Допаѓања:
    2.367
    Ќе искоментирам конкретно за пиците, бидејќи често ги нарачувам...
    Последен пат во Тренд Гастро во Аеродром - цена на мала пица кватро формаџи 290 ден, а пицата беше ужас (тврда, како да била замрзнувана па прегреена и релативно сува).
    Слично и за во Карпе Дием - цените превисоки ама квалитетот за тие пари никаков.
    Епа не планирам името да ви го плаќам само!
    Сепак изгледа Балила ќе остане како поим за квалитет кој го држат во континуитет со годиниве...
     
    На Skorp му/ѝ се допаѓа ова.
  5. filoksenos

    filoksenos

    Член од:
    23 март 2011
    Мислења:
    795
    Допаѓања:
    608
    Ресторан ,,Шалом во Скопје беше или во Струмица? Или на Скопјанец некој беше?
    Ама сум слушнал дека бил топ.
     
  6. Marick14

    Marick14

    Член од:
    23 јуни 2011
    Мислења:
    7.330
    Допаѓања:
    1.985
    Во Струмица. Еднаш бев, најдов проѕирна фолија во храната додека ја јадев и веќе никогаш нема да седнам таму.
     
  7. GavolRulz

    GavolRulz hippopotomonstrosesquipedaliophobia

    Член од:
    23 март 2008
    Мислења:
    10.680
    Допаѓања:
    6.344
    Во Струмица е, а газдата е струмичанец, брат е на жената на Мицковски.
     
    На Del Boy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Waoo

    Waoo

    Член од:
    16 јануари 2014
    Мислења:
    2.290
    Допаѓања:
    1.605
    Какви дезинформации шириш, алал да ти е..
     
  9. Marick14

    Marick14

    Член од:
    23 јуни 2011
    Мислења:
    7.330
    Допаѓања:
    1.985
    Како може да е дезинформација кога ми се има случено тоа?
    И како позна дека е дезинформација?

    Во ресторанот работат дел од келнерите од Амор. Баш тој постариот (накај 40-50 години има) што работеше порано во Амор, ми донесе салата со проѕирна фолија во неа.
     
  10. FilipMKD007

    FilipMKD007

    Член од:
    8 јануари 2013
    Мислења:
    3.261
    Допаѓања:
    7.492
    Не знам дали Горки спаѓа во категорија ресторани, најверојатно не, но ќе пишам тука, бидејќи не ми текнува на посоодветна тема. Значи освен компирите не ми текнува ништо добро што да пишам за Горки. Најпрво кога и да одев таму немаше место, после кога и да се јавев да резервирам ми викаа дека не примаат резервации, а кога ќе отидев таму и по некоја среќа да најдев слободна маса ќе ми речеа дека е резервирана... Кулминација на се беше кога еднаш еден келнер не седна на една маса за тројца, таа масата кај влезот, и ни дојде келнерката ни вика ова е маса за двајца, а вие сте тројца, ќе ве замолам да станете да не зафаќате. Ова беше пред година дена, од тогаш се немам појавено таму и ми се гади од целото место, страшно како вработен т.е. обична келнерка може да избрка засекогаш муштерии. После тоа ја дознав Менада, место во чаршија, со истото мени како Горки, најверојатно и истите газди, но таму досега ми се нема случено ништо вакво, па кога ќе ми е до фамозните компири таму одам.
     
  11. GavolRulz

    GavolRulz hippopotomonstrosesquipedaliophobia

    Член од:
    23 март 2008
    Мислења:
    10.680
    Допаѓања:
    6.344
    Не бидете цепидлаки, значи секаде, буквално секаде се случува нешто да падне во храната. Ако е така само дома ќе треба да јадеш, со што се зголемува шансата и дома да наоѓаш ствари во тоа што си готвиш/ти готват.

    Фамилијарно имаме бизнис со храна и угостителство, се прават тони храна секој ден, не е можно никогаш ништо "страно" да не падне во храната. Вие како муштерии не размислувате за тоа.

    Ако наоѓаш често во ист ресторант, тоа е друга приказна....
     
    На filoksenos, Sasa Ilic, Waoo и уште 3 други им се допаѓа ова.
  12. Ilumious

    Ilumious Патник, педер, поет, администратор, масон

    Член од:
    29 јануари 2007
    Мислења:
    75.543
    Допаѓања:
    154.341
    Во Горки последно бев во август, пристојна бројка на луѓе, ни гужва ама ни празно, само едно девојче служи, креваш рака на шанк, ти доаѓа газдарицата после 20 минути и ти вика „епа не можеме да стигнеме, само едно девојче е“. Не е девојчето криво што си шконтарка :facepalm: :pos: Абе отепајте се.
     
    На Tonchie, Sasa Ilic, Aleksandar91 и уште 2 други им се допаѓа ова.
  13. Forza Milan!!!

    Forza Milan!!!

    Член од:
    1 јуни 2011
    Мислења:
    20.674
    Допаѓања:
    30.762
    Добро бе како дозволуваат во толкав ресторан да има само еден што служи, па и девојче?

    Имам идено во еден таков не знам како се викаше може сега и не постои и служеше само едно девојче и околу неа се врткаше газдата. Не знам зошто се излажав и обично секогаш идам на проверени места.
    Брзи беа со услугата, а масите празни и отпосле сфатив зошто е тоа така. :icon_lol:
    Нарачавме најразлични јадења и газдата на секое доаѓаше да прашува дали е убаво. Убави ли се пиците? Како сосот? Убав ли е помфритот, а пилешкото?

    После кратко време откако ни донесоа и палачинки дојде девојчето и на тој пред мене без да праша му ја зема палачинката. :pos:
    Јас само на свадба имам видено без да те прашаат и да ти соберат од маса.

    Се однесуваа некако чудно, како изгубени, како да брзаа се да исчистат и да затворат, а не беше време за затварање и плус цените доста повисоки.

    Не е секој за да се занимава со ова и овие ми изгледаа како некои кои сакаат ресторанот да го затворат за 3 месеци.
    И на крај демек кафето е од нив, а тоа кафето една голтка. :D
     
  14. Ron Burgundy

    Ron Burgundy

    Член од:
    29 јуни 2014
    Мислења:
    8.332
    Допаѓања:
    8.577
    У Горки само за компир и пиво се иде, иначе ме нервира таму што е нон стоп гужва и не може да седне човек на раат.
     
  15. Che59

    Che59

    Член од:
    28 февруари 2017
    Мислења:
    2.054
    Допаѓања:
    1.957
    Јас искрено во Скопјево не сум наишол на саглам ресторан!
    Или персонал им фали или квалитет им фали, најчесто и двете! Односот цена-квалитет да не зборам.
    Поради работата често патувам низ Мк, Прилеп, Св.Николе, Струга, Гевгелија ..... се за две копја пред Скопиа, па штета е:D
     
    На Sasa Ilic, AAbrat и Ilumious им се допаѓа ова.

Сподели преку: