Ресторани - генерална дискусија

S

silmarillion

Гостин
Не ми е јасно, кога веќе фрлаат огромни пари за вакви локали, дали претходно не осеќаат потреба да истражат пазар? Дали се толку самоуверени дека знаат се? Дека знаат како дише градов, луѓево? Неможеш да влезеш у инвестиција толкава со муабетот дека знаеш се. Пошто да си напраил прво мало истражување ќе си добил информација дека народов наш не сака по лифтови да се мафта за да дојде до ресторан/кафич/lounge. Да си истражил малце, ќе си добил информација дека народов наш му се гади од dress кодови. Да си направил истражување ќе си добиел информација дека куравите се договораат по вајбер а не да ги гледаат и да ги зборат низ град (пошто мислам дека таргет групата е курави+бизнис "елита").

Влагаш у толкав залак, а не си искусен во гастрономија. Плаќаш скуп кувар а ти дава мени ко да седиш у било кој друг кафич што служи храна и се вика lounge bar. Наплаќаш скупи цени за да селектираш гости а си напраил локал за 200 гости, а функционираш у Скопје.

И не само овој случај, него општо гледам како пропаѓаат без концепт луѓево во овој бизнис. Се чудат зашто одредени кафани и ресторани функционираат толку долго. Епа седни со таков човек види што е филозофијата. Не е работава, отварам ресторан/кафич да имам оправдање од жена ми да не седам дома, или да имам џокер у рукав да се сукам на курави за една пијачка. Сите ама сите до еден што почнале така, завршиле неславно односно со нудење на локалот на пазар3 и реклама5.

Не дека ми стало за парите што ќе ги изгуби овој или било кој друг, али ми стало да се развие гастро сцената у градов која е досадна неинвентивна и на моменти скупа за тоа што го нуди.
 
Skorp

That guy...
Член од
30 јуни 2010
Мислења
1.173
Поени од реакции
2.112

И луѓето до негде се криви... Јас колку што гледам 3-4 работи се јадат у градов. Пилешки прсти, цезар салата, мелено месо(aka - желудник) и од време на врема јадат паста со четири сирења и у транс паѓаат.
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Скопскиве ресторани,кафани,кафиќи ми се одамна прошетани и изживеани а нешто ново тазе отворено не ме интересира,бидејќи повеќето се релоцирани,сменето име,сопственик,.............,па шетајќи низ Македонијава голем впечаток ми остави рибниот ресторан на излез од Пробиштип кога одиш накај Злетово во кој рибата е буквално тазе а избраната риба од мени се вади од рибниците кои се наоѓат во дворот на ресторанот.
Слични или поголеми импресии имам и за ресторанот/хотел во Рамна река кој е сместен во рамница помеќу две поголеми планини кои искачувајќи ги можеш да уживаш во природата и водопадите додека навечер ќе уживаш во звукот на реката и птиците
(нешто како смоларските во Струмица) а се наоѓа во непосредна близина на Пехчево,доколку сакате спа центри можете да ја посетите Аурора Берово во која покрај беспрекорната храна и услуга,навечер доцна во ноќта сместени во некој од апартманите да уживате во звуците на природата.

.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.271
Поени од реакции
78.918
И луѓето до негде се криви... Јас колку што гледам 3-4 работи се јадат у градов. Пилешки прсти, цезар салата, мелено месо(aka - желудник) и од време на врема јадат паста со четири сирења и у транс паѓаат.
Заборави да го спомнеш помфритот со рендано сирење.
 
STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.627
Поени од реакции
14.403
Заборави да го спомнеш помфритот со рендано сирење.
Да, пошто тоа само со јаде „у градов“, а го нема на менијата на сите можни кафани, ресторани и биртии во Македонија од 1000 п.н.е до денес... :facepalm::facepalm:
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Бидејќи во комшии со работа ми е Казабланка, кое е да речеме поскапо место од останатите, набљудувајќи народ низ годиниве забележав дека што понаконтен народ = тоа поголтарски. Едно пиво ќе ти го пијат 4 саата, така да поарно да ти дојдат испокинати а да знаеш дека се полни отколку такви што ќе земат поликолорот и ќе го опнат на фаца и ќе одат само за Инстаграм.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.644
Поени од реакции
38.835
osven pohovani stvari, pastrmajlija, cezar, pomfrit, klub sendvic, palacinki ne naracuva nisto drugo narodov, ja ne znam zs tolkavi knigista od menija imaat. Inace pomfritot obicen 60 denari a pomfrit so sirenje 160 denari, kako da e od mleko od bafalo praveno sirenjeto:icon_lol:
 
Член од
12 август 2012
Мислења
317
Поени од реакции
100
Не ми е јасно за The Loft, има луѓе кои отишле го следеле дури и дрес кодот, и била вратени со изговор дека работат со избрана клиентела. Значи требале да напишат на инстаграм и фејзбук да не доваѓаат обичните луѓе ако не се доволно познати по ск, а по ск се гледа само курви се познати и богаташи со скапи коли. Жално, кој е газдата како се вика?
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.058
Поени од реакции
1.624
Jordanka Ivanovska-Joci
7 hrs ·
Зоки Свила, отворил нова кафана, каде мора да влезете во соодветен дрес-код и притоа, на влез, ви земаат крв, ДНК и отпечатоци од забало, за да ви дадат маса.
Зоки, на 50 год., се уфурал у филм дека живее во Холивуд на Бел Ер, а на маса ќе му седнат Рита Хејворт, Кетрин Хепбурн, Лајза, Лиз Тејлор, Синатра, Ава Гарднер, Кери Грант, Били Вајлдлер, Елија Казан, Џоан Крафорд, Орсон Велс, Натали Вуд......

Зоки, човече...Македонија е ова. Живееш во шупакот на светот, никој жив не чул за тебе, го заболе универзумов кој си, а патем тука се јадат ќебапи и се пие пиво, генерално. Нема ѕвезди, нема црвени килими, нема оскари. Имаме едно црешово топче, а и тоа е во Истанбул.

Самозатвори се. Најдобро.

eden od podobrite komentari hahahahaha
 
S

silmarillion

Гостин
Не најако е дека се у филм као нема лош ПР :))) Да во ред е, трета недела ви е како работите нормално е да бидеш фул резервиран навечер. Ама толку ли не научи Зоки дека таа клиентела е нелојална? И дека кај тебе ќе доаѓаат уште макс месец два? А ќе прекинат да доаѓаат пошто само они ќе одат, а ќе одат само они затоа што ти ги одјеба сите други.

Мислам ок е, ќе се дотерам не е страшно. Што има Лофт да ми понуди? Пица? Цезар? Бифтек од Деликатесен а незнаат да го спремат и за medium rare да не зборам.

Сите седат ко на игли да бидат видени...од кого? И врвот е кога ќе се распее оџата од карши онака, да ти даде малце ориентален зачин на цезар салатата од 310 денара, нешто ко шафран :)))
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.336
Абе и Дежаву функционираше нешто слично вака на почетокот, као демек елита, стил, ова ова. Видоа колку е саат и почнаа со Лепа Брена и Министерки. Така ќе биде и со овој локал, два месеца ќе пробува да глуми елита за на крај да прави турбофолк забави.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.218
Поени од реакции
35.812
Инаку кој е решен за бифтек, во Дистрикт бар имаат нивни зреени парчиња и ако не се лажам единствени во Мк кои имаат Josper charcoal grill.
 
S

silmarillion

Гостин
Центар Паб на Кожувчанка.

Позитивно:

Локација врв, ентериер и концепт по мој вкус едно од подобрите и во согласност со трендовите. Убав шанк, долниот дел приспособен за стоење - лајк! Услуга супер, го знаат менито. Менито на прв поглед делумно со новитети ама затоа попосле. Цените нормални. Пивото домашно Македонско доста солидно накај добро, неколку класи над муљот на Темов

Негативно:

Храната, барем тоа што нарачавме не го биваше. Земаве три бургеи како слајдерс али беа очајни. Месото скараџиска плеска, ни Б од бургер. Ќофте земавме, добивме плескавица од "бургерите" на стапче. Следно што ќе нарачам е кобасица и хот дог. Баш ме интересира дали има барем една работа од храната околу која ќе може да се направи приказна. Срамота е на таков добар локал и концепт да имаш лоша храна.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom