Реставрација на базен "Младост" и изградба на Акваленд

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]ОПШТИНА КАРПОШ СТАНА ГАЗДА НА БАЗЕНОТ[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Акваленд во "Младост" од Нова година[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Општината, со инвеститор, од страната на Илинденска ќе гради нов, отворен базен со уредена тераса[/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] Општина Карпош од први овој месец го презеде управувањето со базенот "Младост" кај хотелот "Александар Палас", и најавува дека од Нова година ќе почне со изградба на акваленд. Управувањето со овој спортски објект Општината го презеде откако фирмата "Технометал" летово најави дека сака да ја врати концесијата, бидејќи и е неисплатливо да го работи базенот. Локалните власти објаснуваат дека "Технометал" договорот за концесија го потпишала со ЈП за стопанисување со спортски објекти, но дека, во меѓувреме, со одлука на Владата од 2006 година, базенот и е доделен на Општината и затоа концесијата е вратена на Карпош.
Сашо Димиќ, в.д. градоначалник на Општина Карпош, вели дека ќе го реновираат базенот, односно дека ќе го обноват машинскиот дел и ќе стават нови пумпи, а ќе воведат нов начин на греење со сончева енергија. Надвор од базенот, како што објаснува Димиќ, од страната на булевар Илинден, сакаат да прават акваленд, односно ќе градат отворен базен со тобогани и со уредена тераса.
"Во тек е измената на урбанистичкиот план каде што треба да се внесе маркичка за аквалендот. Очекуваме сите административни работи да завршат до Нова година, кога ќе почнеме со негова изградба. Веќе обезбедивме инвеститор, но се уште не сме одлучиле дали тоа ќе се прави преку јавно-приватно партнерство или ќе отвориме јавно претпријатие", вели Димиќ.
Зоран Михајлов, менаџер на "Младост", вели дека базенот најнормално работи, и покрај тоа што добиле нов газда. Тој објаснува дека, како и досега, за рекреативно пливање остануваат термините од 9.30 до 17 часот, а од 17 до 22 часот во базенот тренираат пливачките клубови. Терминот од 22 часот до полноќ, како и досега, е за ноќно капење. Билетите за возрасни, како и досега, чинат 200 денари, за студенти 100 денари и 50 денари за деца. (Е.А.)
[/FONT]




[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Извор: Вест.[/FONT]




[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Иако би сакала ваков проект да биде реализиран од крај и да функционира како што треба, сепак сум песимист. Ние не можеме да ги држиме отворени преку годината и овие два базени што ги имаме, а не па да се оддржува преку годината некој ваков објект кој бара многу финансии. Најпрво треба да се одвојат финансии да се среди Олимписки како што треба, барем да имаме нормален базен за натпревари, а не да се резилиме пред странците. Еден меѓународен митинг го имаме во април месец, како што сме тргнале и тој ќе го изгубиме. Порано од цела Европа доаѓаа на тој митинг, сега само Хрватите може да се каже дека се пливачите од најдалечната нација.
[/FONT]


[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]За болдот: Најнормално работење за Димиќ е нечиста вода и неизбришани плочки од мај месец?
[/FONT]
 

Шмики

Byakugan
Член од
12 март 2008
Мислења
743
Поени од реакции
16
Дајбоже ова да се изреновира, пред да тргнам на тренинзи :D
 
Член од
19 април 2007
Мислења
629
Поени од реакции
37
да да ќе се реновира, исто како што планираа на тој простор околу базенот да прават киносали, трговски центри..чисто сумљам дека нешто ке сменат. Треба само да го исчистат просторот околу новата сала, ќе биде доволно..не треба нови празни ветувања, веќе видено и чуено.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom