Ресен и ресенското јаболче

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.541
Поени од реакции
34.841
Член од
4 ноември 2012
Мислења
137
Поени од реакции
53

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.541
Поени од реакции
34.841
Apokalipto прием

За Ресенбург се зборува :icon_mrgr:
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Darklady :*

Гледам, откако ја отворија темава без да се потрудат да видат дали има тема....

До авторот, дај ако веќе сакаш да промовираш, напрај го тоа салам.

bucio ...оди чукај ореви.

btw

Ова е дел од Ресен 2014?:DМногу барокно некако ми гледаo_O
Да, барокно е, грујо сам го градеше, problem?
 

Итар Пејо

Слободен Радикал
Член од
10 октомври 2011
Мислења
736
Поени од реакции
660
А ти решаваш проблеми?
--- надополнето: 30 март 2013 во 01:06 ---
Ова е дел од Ресен 1912 , Сарајот на Нијази Бег, човечево било 100 години пред Скопје 2014:icon_mrgr:
Браво за Нијази(y)
 
Член од
4 ноември 2012
Мислења
137
Поени од реакции
53
na forum mislam sekoj ima pravo da potegne i pocne tema za koja misli deka ke ima dobar odziv на нацин на кој тој сака...za mrcenje sekoj znae ... kako i da e ..

http://www.virtualtourist.com/travel/Europe/FYR_of_Macedonia/Ostrovo_Golem_Grad-452834/Things_To_Do-Ostrovo_Golem_Grad-TG-C-1.html

http://mk.wikipedia.org/wiki/Голем_Град

Во Преспа се избираат локации за снимање на филмот „Деца на сонцето“

http://prespana.com.mk/prespa/kultura/2675-prespa-film-deca-na-sonceto.html

Промотивно видео за еко системот во Преспа

MQmHUi6s
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Мене ме заинтересираа остатоците од старите градби. Во википедија се спомнуваат остатоци од неолитот и подоцна
Дали некој знае дали тамо некогаш се вршени археолошки истражувања? Дали е некаде прикажано што е пронајдено при тие истаражувања?
 
Член од
4 ноември 2012
Мислења
137
Поени од реакции
53
Заедничка грчко-албанска археолошка експедиција во Пустец на остовот Мал Град открија десетина нови наоди кои даваат вредност на археолошкото наследство на Мала Преспа. Од ископувањата на албанските и грчките археолози пронајдена е гробница со десетина гробови кој датираат од праисторијата од бронзен до византиски период.
Ова, зеадничка албанско-грчка експедиција. трета година по ред истражува на островот Мал Град и според археологот Икономидис Ставрос од досегашните истражувања се потврдува продолжетокот на животот во ова населено место.
Пронајдените 10 стари гробови, со скелетни остатоци, се поставени во правец исток-запад.
Помеѓу овие гробови има заеднички карактеристики, но, исто така, и посебности кој ке бидат предмет на истражување на археолозите и антрополозите.
Скоро сите гробови се без ивентар. До нив, не се најде накит или други предмети со археолошка вредност.
Гробовите се поставени во гробницата во четири дела. Секој гроб е одвоен од другиот со ѕид, додека целата гробница е опкружена со ѕид, карактеристика од римскиот период.
Проектот за заедничка екпедиција предвидуваше да трае три години, но со оглед дека тука е откриен богат археолошки фонд, раководителите на ова експедиција побараа ископувањата да продолжат уште две години.
Со овие ископување се покажа дека островот Мал Град е населен уште од праисторијата а не само од периодот на Цар Самуил, каде тука, се наоѓала летната палата на Цар Самуил.
Исто така заедничка француска –албанска експедиција продолжува со своите истражувања кај Неолитското живеалиште (7000 години п.н.е) “Острово” кај Туминец.
Пред неколку години во водите на Преспанското Езеро, германско-албанска експедиција изврши прво подводно археолошко истражување во Албанија блиску до с.Туминец кај месноста викана “Старо Село”, каде се откри подводно живеалиште од Бронзениод период.
Мала Преспа е едно место со историски вредности. Таа е населена уште во времето на Неолитот (7.000 години п.н.е). Тука се простира една богата историско-археолошка област како Неолитскот живеалиште (7.000 години п.н.е) “Острово” кај с.Туминец, подводното живеалиште на местото викано “Старо Село” кај Туминец од Бронзен период, Римскиот пат (2 век н.е) што ги поврзува селото Долна Горица со местото “Набели”, Ѕидот на Александар трети Македонски на планинскиот премин Ќафата “Звезда”.
Во областа Мала Преспа се наоѓаат многу цркви и еден манастир, од различни историски времиња. Многу познати за своите вредности што ги имаат се пештерските цркви од Византискиот и Пост-Византискиот период од 12, 13, 14 и 15 век, кој се наоѓаат во пештери на брегот на Преспанскот Езеро.






http://www.istrazijamakedonija.com.mk/Resen.aspx

Друштво дали ке биде досадно ако одам село по село во преспа со слики и малку текст ? или само текст да биде :P
 
Член од
4 ноември 2012
Мислења
137
Поени од реакции
53
1.Ресен
Ресен е општински центар и мал град со 8848 жители (попис 2002). Општината Ресен е расположена во југозападниот дел од Република Македонија во Преспанската котлина. Опкружена е со високи планини. Баба од источната страна, Галичица од Запад, Бигла од северната страна. Локалната власт, деловни и важни институции се ситуирани во Ресен. Преспанското Езеро, националните паркови Галичица и Пелистер му даваат на регионот посебна убавина. Преспанското Езеро е второ по големина во Република Македонија. Сместено е на јужната страна од Преспанската котлина помеѓу планините Галичица и Баба 835 m надморска висина. Културата во Преспа датира уште од Неолитот. Виа Игнација поминувала низ котлината за време на Римската Империја. Постојат голем број на споменици на уметноста во регионот. Најпопуларен е манастирот во Курбиново изграден во 1191 год. Грнчарството е развиено во Преспа уште во минатото и сѐ уште е присутно благодарение на Ресенската Kерамичка Колонија. Керамичката Колонија претставува дом за многу светски познати грнчари одсекаде, за време на летниот период, секоја година.

2.Арвати
Арвати е село во Општина Ресен., надморска височина 1010 метри, површина на атарот 576.6 км2, според последниот попис во 2002 имало 137 жители.

3.Асамати
Асамати е село во Општина Ресен., надморска височина 860 метри, површина на атарот 1,9 км2, според последниот попис во 2002 имало 175 жители.
· Асамати, осамен наод од римското време.
· Мисурица, населба и некропола од римското време.
· Прекоп, населба од хеленистичкото време.
· Ружин Гроб, тумул од железното време.
· Св. Архангел, осамен објект од доцноантичкото време.
· Св. Недела, населба од бронзеното време.

4.Болно
Болно е село во Општина Ресен., надморска височина 915метри, површина на атарот 29,4 км2, според последниот попис во 2002 имало 237 жители (234 Македонци.Срби 1, Останати 2)
На 6 км. западно од админастаративниот центар на градот Ресен по новиот асфлатен пат, изграден 1974-та год. се наоѓа с.Болно. Во селото се стигнува и пешачејќи на одалеченост од 4 до 5 км. од градот Ресен, по овој пат жителите патувале со векови. На средината на овој пат на месноста викана ,,Плачи Горница,, се разделувале луѓето кои оделе на печалба од своите најблисли.
Местоположбата на селото е исклучително добра, од сите старни е опколено со масивот на ,,Болнаската планина‘‘, додека од југ се наоѓа долгото Болнско поле кое завршува кај мостот викан ,,Елски мост,, во должина од 5км. со што завршува и Болнската територија.
Реката ,,Болшница‘‘ составена од двете помали рекички ,,Манастирка‘‘ и ,,Илинска река‘‘ кои се делата на местото викано ,,Две Реки‘‘ го дели селото на два дела. Поради поволната местположба (отвореноста према југ а ограденоста со планинскиот масив од север) климата е доста пријатана, Умерено Континентална со свои посебни т.н. ,,Болнски‘‘ карактеристики; во лето ноќите се свежи како резултат на семејниот ветер викан или познат во селото уште и како ,,Порек,,. А зимно време поради затвореноста од север е многу потопло за разлика од било кое друго место во Преспа. Селото Болно е одалечено од Преспанското Езеро околу 15 км. воздушна линија и се наоѓа на надморска висина од 906 м. Оваа надморска висима на селото е повисока од езерското ниво за околу 15м.
Низ атарот на селото поминувал и еден крак од познатиот Римски пат- Виа Игнација, за жал никој не може да каже на кој дел точно поминувал (нема доволно археолошки истаржувања), но со сигурност е потврдено дека сево ова е точно.
Атарот на село Болно опфаќа целокупна површина од 30 км. кавдратни, со што спаѓа во редот на едно од нјаголемите на општина Ресен, после селото Брајчино.1
Прв пат село Болно се споменува во 1519 год. во Турските тефтери под името, ,,Бохуно,, со 55 семејства. По втор пат се споменува во 1562 год. со 77 семејства и околу 400 жители.
Ако некој постар човек во селото го прашате зашто се вика селото Болно,ќе ви одговори дека во времето на Цар Самоил на територијата на селото имало Болница, каде се лечеле војниците на Цар Самоил. Полскоит научник лингвист Пијанка во својот научен труд за топонимите во Преспа, тврди дека село Болно името го добило од лично име, име-Бохун.
Корените на село Болно према научни сознанија се наоѓаат на месноста ,,Селиште и Градиште‘‘. Оваа населба опстојувала се до средината на 12 век. кога Езерските води на Преспанското Езеро допирале до сегашното место викано ,,Лениште‘‘.
Во понаовата историја Болно се спомнува во почетокот на 19 век, во 1830. Хан има запишано дека во Болно имало 38 куќи. Отогаш наваму селото има постепено зголемување на бројот на населението. Според Васил Кнчов (Бугарски историчар), село Болно во 1894 год. броело 500 жители прв точен и највистинит податок за бројот на населението во селото датира 1946 год. тогаш селото броело 643 жители, со пописот на населението во 1953 год. селото броело 671 жиетел. Со пописи на населението во 1971 год броело околу 512 жители. А во 1991 брои 280 жители, во најново годиште 2003 год. оклоу 250 жители. Ваквото рапидно намалување на населението произлегува од мигарционите движења од 60-те год. па наваму. Население од Блонско потекло има во Ресен и многу други Македонски градови, Европски и Прекуокеански земји.
Дека во Болно имало активен живот во долг историски период, зборуваат, повеќето црковни објекти: селската црква св.Атанасиј обновена 1846 год., малата црква св.Никола 1826 год. но се претпоставува дека е стара и над 400 год. Црквата св.Наум изградена во месноста ,,Макла,, во знак на почит кон големиот просветител Наум кој на овие простори обавувал просветна дејност уште пред 1100 год. (10 век). Според преднаија исто така во оклолината на село Болно постоела црквата св.Петка, имало црква св.Варвара во месноста ,,Ливачка шума,, и постоењето на манастир во горниот тек на реката ,,Манастирка,, по што и реката го добива името. 1
Селото Болно има дадено значен придонес во иленденскиот период и НОБ. Во времето на Илинденското востание од 1903 год. село Болно било Реонски центар и од тука бил организиоран напад од повеќе селски чети, на чело со војводата Славејко Арсов на градот Ресен. Во НОБ во 1941 год. селото Болно се вклучи во Народноослободитлната борба, како најголем херој од овој временски период се истакнува Мите Богоевски кој даде голем придонес за ослободувањето на селото па и цела Преспа, трагично загина на 12 септември 1942, во придружба со својот соборец Стив Наумов. По тој повод во нивна чест, секоја година во селото на 12 септември се одржува богата Културно-Уметничка програма.
· Глабок Дол, осамен наод од доцноантичкото време.
· Катуниште, населба од римското време.
· Селиште, средновековна населба и топилница.
Според досегашните археолошки ископуавња и испитување што се многу оскудни во атараот на селото Болно имало активни живеалишта уште пред новата ера, односно во времето на Римското владеење. На местото викано ,,Катуништа‘‘ при обработка на земјата откриени се предмети кои давале до занаење дека тука имало населба, а топонимот ,,Катуништа,, означува живелиште на сточари, именувани како Катуни.

5.Брајчино
Брајчино е село во Општина Ресен., надморска височина 1000 метри, површина на атарот 60,2 км2, според последниот попис во 2002 имало 134 жители
Брајчино е едно од најпрекрасните локации во преспанскиот регион, се наоѓа под југозападниот срт на планината Баба, каде што се допира со атарот на с. Бистрица, како и со државната линија на јужниот сосед
· Кула, средновековна тврдина. На 1 km источно од селото, на една голема височинка со зарамнето плато, по површината се гледаат грамади од градежен материјал и контурите од одбранбениот бедем на тврдината.
· Св. Атанас, средновековна некропола. Во непосредната близина на црквата Св. Атанас, при изградбата на патот кон релејната станица биле оштетени неколку гробови градени од камени плочи, со ориентација исток-запад.

6.Волкодери
Волкодери е село во Општина Ресен., надморска височина 890 метри, површина на атарот 5,9 км2, според последниот попис во 2002 имало 114 жители

7.Горна Бела Црква
Горна Бела Црква е село во Општина Ресен., надморска височина 864 метри, површина на атарот 2,6 км2, според последниот попис во 2002 имало 187 жители

8.Горно Дупени
Горно Дупени село во Општина Ресен., надморска височина 910 метри, површина на атарот 6,7 км2, според последниот попис во 2002 имало 59 жители.Името на селото "Дупени" е добиено со топонимизација на етникот во множина 'дупјани', луѓе што доаѓаат од местото дупа, со значење вдлабнато место, дупка.

9.Грнчари
Грнчари е е село во Општина Ресен., надморска височина 890 метри, површина на атарот 11,3 км2, според последниот попис во 2002 имало 417 жители
Село Грнчари Село Грнчари не било од секогаш на старото место тоа се наоѓало на само 2 километри од денесното постоење и тоа накај планината и се викало СКОЧИНО но го зафатила болест и се преместиле подолу денес селото се вика Грнчари има меш ано населениое од македонци и албанци.

10.Долна Бела Црква
Долна Бела Црква е село во Општина Ресен., надморска височина 860 метри, површина на атарот 5,7 км2, според последниот попис во 2002 имало 237 жители.

11.Долно Дупени
Долно Дупени е село во Општина Ресен., надморска височина 890 метри, површина на атарот 14,2 км2, според последниот попис во 2002 имало 235 жители.
На 17 јануари 1944 година бугарската фашистичка војска, заедно со Германците, ја презела слободната партизанска територија на тој дел на Преспа. Бугарската фашистичка војска ја обезбедувала границата и повремено навлегувала преку граница во најблиските македонски села Роби и Герман. На 17 јануари влегле во селото Роби. Се распоредиле во три групи: едната група вршела обезбедување на околината на селото, другата вршела претрес и пљачкала по куќите, барајќи партизани, а третата им држела митинг на насобраните селани на селската полјана. Додека се одржувал митингот, групата која го обезбедувала селото на селската полјана довела седуммина младинци на возраст од 18 до 20 години, врзани со бодлива жица, коишто бегајќи од канџите на Гестапо во Лерин се префрлиле во овој дел на Преспа за да им се приклучат на партизаните. Кај насобраните селани се создал револт, но и одлучност да им се спротивстават и молат, барајќи да се ослободат младинците. И покрај сите молби на селаните, тие биле спроведени до граничната караула кај Маркова Нога и на ѕверски начин убиени со копачи и кундаци.
Името на селото "Дупени" е добиено со топонимизација на етникот во множина 'дупјани', луѓе што доаѓаат од местото дупа, со значење вдлабнато место, дупка.

12.Дрмeни
Дрмени е село во Општина Ресен., надморска височина 858 метри, површина на атарот 4,5 км2, според последниот попис во 2002 имало 416 жители.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Заедничка грчко-албанска археолошка експедиција во Пустец на остовот Мал Град открија десетина нови наоди кои даваат вредност на археолошкото наследство на Мала Преспа.
Друштво дали ке биде досадно ако одам село по село во преспа со слики и малку текст ? или само текст да биде :P
Ako добро те разбрав, ти овде зборуваш за археолошки истражувања на остров во Малото Преспанско езеро. Дали имало слични истражувања на островот Голем град, кој е целосно на наша територија.
Инаку твоите раскажувања воопшто не се „досадни “... напротив, со нетрпение ги очекуваме.
 
Член од
4 ноември 2012
Мислења
137
Поени од реакции
53
Ako добро те разбрав, ти овде зборуваш за археолошки истражувања на остров во Малото Преспанско езеро. Дали имало слични истражувања на островот Голем град, кој е целосно на наша територија.
Инаку твоите раскажувања воопшто не се „досадни “... напротив, со нетрпение ги очекуваме.
Археологот академик Вера Битракова-Грозданова пред велигденските празници заокружи едно големо поглавје од својата научна работа, во монографија ги објави резултатите од 40-годишните археолошки истражувања на островот Голем Град на Преспанско Езеро. Таму таа со малобројни екипи во кампањи од 15 до 20 дена работеше 20 години, според нејзините пресметки, вкупно 300 дена.

Во монографијата „Голем Град Преспа I“ се содржани податоци за човековото живеење на тој простор од праисторијата до средниот век, откритија кои говорат за единаесет века интензивен живот, од 5 век пр.н.ера до 6 век. Таа најави и втор том од книгата каде што ќе бидат објавени и други теми и наоди од островот, меѓу кои и 180 монети, предмети од стакло, оружје, животински коски и се' што е откриено досега на овој план во Преспа. „Во таа книга ќе влезат и материјалите од ископувањата што се вршени пред моите истражувања на брегот од колегите од ресенскиот музеј, археолозите Бојан Пупалески и Митко Радевски. Тие многу ми помагаа, триесет години се со мене на терен. Заедно работевме на Град, но и на брегот на езерото“, вели археологот на која истражувањата се' уште и' се предизвик. Според неа, Голем Град е недоистражен, а таа и понатаму би истражувала доколку ја послужи здравјето. Вели дека проблем не и' е возењето со кајче до островот, како и работата на теренот кој се смета за тежок, но и неатрактивен за голем дел од археолозите, бидејќи не спаѓа во редот на локалитетите богати со наоди. Благодарение на упорноста и научната предаденост на Битракова, тој простор на тромеѓето со Грција и Албанија ја доби и првата илустрирана монографија во која е поместена и првата геодетска снимка на островот.

„Монографија не ни можеше порано да се појави, бидејќи ископувањата траеа долго, а се работеше со прекини. Некогаш истражувањата се прекинуваа без причина, но и поради тоа што одвреме-навреме јас ќе се заморев од премалкуте средства што ги добивавме, а теренот за работа е тежок и скап. Треба да се плати и престојот во најблиското село Коњско, изнајмувањето на кајчињата, на возилото кое оди до Ресен по храна, готвач за екипата, а до пред десетина години паралелно со истражувањата ние и ги конзервиравме објектите. Така што сега повеќето од градбите што се истражувани и ископувани се конзервирани. Тоа е црквата ’Свети Димитрија‘, црквата кај Влаија, двете ранохристијански цркви, како и цистерната црква која беше еден од најсложените објекти. Така ја нарекуваме оваа црква, бидејќи е изградена на крајот на римската епоха во 4-5 век, а во населбата во периодот меѓу 7-10 век настанал еден хијатус (дел од геолошкото време кој не е зачуван во седиментните карпи н.з.) кога кровот на цистерната бил урнат. Во средниот век кога на островот дошле да престојуваат монасите-пустиножители, на оваа градба со цврсти ѕидови, но без кров и' направиле кров на две води и ја живописале. Во неа се пронајдени и фрески од 14 век кои, за жал, не се најдобро зачувани. Дел од нив се наоѓаат во пристојни услови за чување во музејската збирка на Домот на културата во Ресен“, рече археологот и напомена дека се' уште се преговара каде да се чуваат и откриените монети и накитот.

Академик Битракова е задоволна од малиот број материјали добиени при истражувањата, бидејќи вели дека на Голем Град постоела населба, односно село кое никогаш нема да надмине неколку куќи на живеење како што е тоа случај со богатите локалитети од типот на Лихнидос, Хераклеја, Стоби, кои преминале во урбани центри. „Во ова мало село животот се регистрира скромно, но со податоци за она што се случувало во културната сфера наоколу. Имаме наоди од неолитот, од доцна бронзеното време, од железното време, но и податоци за поинтензивно живеење во антиката, од 5 век пр.н. ера до крајот на 6 век. Тоа го реконструирав преку постоење на некропола, градби за живеење од предримската, хеленистичката епоха, преку градбите и некрополата од римската епоха. Интересно е што во средниот век таму не се живеело и останало веројатно како свето место. Се граделе повеќе цркви, дел од нив пак се надградувале на ранохристијанските. Веројатно на крајот на 5 век, населението на островот се христијанизирало и ја изградило базиликата која дури на еден мал дел од подот е обложена со мозаичен под“, вели Битракова.

На островот се одразувале случувањата од околните големи центри, но скромно доаѓале мозаиците, накитот, керамичката продукција кои овозможиле животот да се реконструира хронолошки и културолошки. Засега се откриени шест цркви изградени во средниот век за кои со сигурност се смета дека ги изградиле монасите -пустиножители кои тука и живееле. Но, археологот не ја исклучува можноста да бидат пронајдени и остатоци од манастирски комплекс направен од скромни градби.

„На островот треба да се вршат уште ископувања, бидејќи не откриваме, на пример, населбинска керамика од среден век поради што сметаме дека не постоело континуирано живеење во тој период, можеби само со монаси кои кои граделе цркви и ги живописувале Една од најдоброзачуваните и најубавите е црквата ’Свети Петар‘“, која денеска е зачувана до кров. Иако не беше во рамките на археолошките ископувања, се обидов да видам дали е градена пред 14 век што е регистрирано со мозаиците и се покажа дека оваа еднобродна црква е налегната на тробродна што веројатно била градена некаде во 10 век. Фреските на ’Свети Петар‘ се многу значајни не само од ликовен, туку и од иконографски аспект, бидејќи на нив е претставена многу ретката тема, таканаречниот Акатист или Богородична песна, влегувањето во Ерусалим, што е алузија на освојувањето на Цариград“.

Битракова наоѓа во истражувањата многу аналогии со животот и истражувањата што се водени на островот Свети Аил, на грчката територија. Откриените монети од цела античка Македонија говорат дека жителите на Голем Град во антиката веројатно тргувале со кожа. „Брегот бил преполн со животински свет, веројатно таму е ловено, а освен со кожа,тргувано е и со други производи. Се'што се случувало во Античка Македонија на некој начин го регистрираме тука и затоа имаме многу луксузен златен накит од 4 век пр.н.е. сребрен од 5 пр.н.е. пронајден во затворени гробни целини. Но, пронајдовме и многу убав наод, златен накит од доцната римска епоха од 4 век. Откривањето на тие мали, а значајни наоди ме тераше да продолжам со истражувањата, а и сега ми се предизвик за понатаму“, вели археологот.

Меѓу значајните и интересни податоци е и фактот дека во триесеттите години на минатиот век еден монах што живеел на островот го подигнал северниот ѕид на црквата „Свети Петар“ и и направил и покрив. Се' уште не е познато како се нарекувал Голем Град ниту во антиката ниту, пак, во средниот век, но мештаните и во минатото точно знаело каде се наоѓале остатоците на црквата „Свети Димитрија“ каде што оделе да палат свеќи како и во „Свети Петар“. „Од нив во 1967 година дознавме каде е ’Свети Димитрија‘ и со тоа почнаа археолошките ископувањата. Таму, меѓу другото, откривме и ампули во кои е донесувано свето масло од црквата ’Св Димитрија‘ во Солун, бидејќи такви таму и се изработувани во 13 и 14 век“, вели академик Вера Битракова-Грозданова.

Таа препорачува дека треба да се продолжи со конзервација на објектите за што е задолжен Заводот за заштита на споменици и музеј од Битола, но дека најитна конзервација и' е потребна на црквата „Св. Петар“. И покрај докажаните културно-историски вредности на островот, таа не е задоволна од досега покажаниот интерес и третман на Голем Град од страна на локалните власти од Ресен, со чест на ретки исклучоци.

ова од 2012 последно
 
Член од
4 ноември 2012
Мислења
137
Поени од реакции
53
13.Евла
Евла е село во Општина Ресен., надморска височина 925 метри, површина на атарот 26,1 км2, според последниот попис во 2002 имало 106 жители.
На шест километри патување од ова село се наоѓа манастирот св. Спас, до кој може да се стигне само пеш или доколку сте упорни со теренско возило. На празникот Св. Спас кој секоја година се прославува на различен датум доаѓаат луѓе од целата Преспа, а доаѓаат луѓе од околните села кои припаѓаат под охридскиот регион кои одлучиле да дојдат пеш во овој прекрасен манастир.


14.Езерани
Езерани е село во Општина Ресен., надморска височина 857 метри, површина на атарот 6,6 км2, според последниот попис во 2002 имало 203 жители.
Езерани е село кое неколку пати ја променило својата локација. Најпрво било на локацијата куќиште, од каде што се преселило поради надоаѓањето на Преспанското Езеро. Второто преместување било на локацијата г‘рмада, додека пак со третото преместување се преселило на местото каде што се наоѓа и ден денес.
Во близина на Езерани се наоѓа резерватот за птици „Јасен“ каде што се одгледуваат ретки видови на птици, како и пречистителна станица (колектор) за водите на Преспанското Езеро. Пред околу петнаесеттина години постоел рибник кој денес не е во употреба.


15.Златари
Златари е село во Општина Ресен., надморска височина 1040 метри, површина на атарот 15,9 км2, според последниот попис во 2002 имало 118 жители.

16.Избишта
Избишта е село во Општина Ресен., надморска височина 960 метри, површина на атарот 7,1 км2, според последниот попис во 2002 имало 176 жители.


17.Илино
Илино е село во Општина Ресен., надморска височина 1020 метри, не е населено ( расело) и не се водат катастарски податоци за селото.


18.Јанковец
Јанковец е село во Општина Ресен., надморска височина 890 метри, површина на атарот 9,1 км2, според последниот попис во 2002 имало 1169 жители.
Национална структура на жителите :македонци 1149 албанци 0 турци 6 роми 0 власи 7 срби 6 бошњаци 0 други 1
Селото се наоѓа во средишниот ракав од северниот дел на плодното Ресенско поле, некогаш 2 км северно, а денес е предградие на Ресен. Јанковец граничи од север со Избишта и Кривени, од исток со Златари, од југ со Ресен и од запад со Болно. Јанковец е рамничарско село на надморска височина од 890 метри.
По средината на рамничарскиот дел тече Голема Река, која никогаш не пресушува, а нејзините води се користат за наводнување на крајбрежните обработливи површини.
Потеклото на името на селото Јанковец, според кажувањето на постари жители на селото, се вели дека името го добило по прво населениот човек, некој си Јанко и според неговото име селото било наречено Јанковец. За името на селото постојат и други преданија.
Во селото има куќи кои, поради својата старост и убавина се ставени под заштита на државата, како на Ванчу Икономовски и Теговци.
Во Јанковец постојат три цркви и еден манастир. Црквата “Св. Атанас”, се наоѓа во селото, не е забележана ниту се памети годината на нејзината изградба. Се претпоставува дека е постара од манастирската црква “Св. Богородица”. Црквата “Св. Никола”, на околу 1 км источно од селото, Црквата “Св. Јован” се наоѓа во селото и е осветена во 1866 г.
Во селото се наоѓа манастирот “Св Богородица”, кој се претпоставува дека е изграден пред 18 век. Во неговиот склоп постои манастирска црква, бидејќи пред 1866 година други цркви во селото немало.

19.Козјак
Козјак е село во Општина Ресен., надморска височина 868 метри, површина на атарот 6,3 км2, според последниот попис во 2002 имало 117 жители.


20.Коњско
Коњско е село во Општина Ресен., надморска височина 857 метри, површина на атарот 3,9 км2, според последниот попис во 2002 имало 4 жители.


21.Крани
Крани е село во Општина Ресен., надморска височина 960 метри, површина на атарот 6,1 км2, според последниот попис во 2002 имало 416 жители.


22.Кривени
Кривени е село во Општина Ресен., надморска височина 950 метри, површина на атарот 17,2 км2, според последниот попис во 2002 имало 27 жители.
Селото Кривени се наоѓа на околу 6 километри северно од Ресен,длабоко вовлечено во една од пазувите на на планината Бигла и од сите страна опкружена опкружена со нејзините истурени разграноци.


23.Крушје
Крушје е село во Општина Ресен., надморска височина 1040 метри, површина на атарот 21,2 км2, според последниот попис во 2002 имало 107 жители.


24.Курбиново
Курбиново е село во Општина Ресен., надморска височина 960 метри, површина на атарот 13,5 км2, според последниот попис во 2002 имало 137 жители.
Манастирот “Св. Ѓорѓи„ се наоѓа во атарот на село Курбиново


25.Лавци
Лавци е село во Општина Ресен., надморска височина 926 метри, површина на атарот 16,6 км2, според последниот попис во 2002 имало 134 жители.


26.Лева Река
Лева Река е село во Општина Ресен., надморска височина 950 метри, површина на атарот 24,6 км2, според последниот попис во 2002 имало 60 жители


27.Лескоец
Лескоец е село во Општина Ресен., надморска височина 1025 метри, површина на атарот 24,9 км2, според последниот попис во 2002 имало 12 жители

 
Член од
4 ноември 2012
Мислења
137
Поени од реакции
53
Фреска со гробот на Александар Македонски во манастирот во с.СливницаСпектакуларно откритие идентична фреска со светиот Сисое над гробот на војсководецот, каква што има во манастирот во Преспа има и во „Варлам“ на Метеори. Идентична фреска, на која е прикажан светецот Сисое над гробот на војсководецот Александар Велики...
...освен во манастирот „Варлам“ на Метеорите во Грција, постои и во Сливничкиот манастир „Рождество на Пресвета Богородица“ во Македонија. Ова го откри Ленче Kрстеска, магистер по фрескосликарство и иконографија, која подолг период ги истражува фреските со костурот на Александар Македонски во храмовите на овие простори.
- Во Сливничкиот манастир, кој датира од 17 век и изграден на падините на планината Баба над Преспанското Езеро, во јужниот дел на долапот од прозорецот е насликана фреска со светиот преподобен Сисосе Велики. Тој е прикажан со кренати раце и залудувачки гледа над гробот, односно кон костурот на Александар Македонски. Фреската побудува чувства на збунетост и не ве остава рамнодушен, туку, напротив, ве тера да размислувате што зографот сакал да каже - вели Kрстеска.

Според преданието за свети Сисое Велики, кој бил од Египет и живеел во првиот век од новата ера, тој во пустината го пронашол гробот на Александар Македонски. Kога го видел се ужасил и рекол: „Kолку голем човек беше, а сепак сега е само прав и пепел“. По ова, го затворил гробот и никому не му го покажал. На фреската на старословенско писмо пишува: „Самата таа глетка, гробу, ме плаши и прави срцето да лее солзи додека размислувам за долгот што ние, сите луѓе, го должиме. Kако воопшто можам да го поднесам? О, смрт! Kој може да те избегне?“
Kрстеска вели дека на западниот влез во црквата во Сливничкиот манастир пишува дека е изградена и живописана во 1607 година во периодот на јеромонахот Никанур. Во нишата, над западната врата, каде што е претставена Богородица со Христос, зачувана е сигнатура на зографот Никола, автор на фреските на црквата.
При посетата на Метеорите во Грција, во манастирот „Варлам“ над вратата на влезот ја видела истата фреска на свети Сисое и костурот на Александар Македонски во кој гледа со чудење и со размислување.
- Идентична фреска, истата композиција. На натписот на левата страна пишува дека костурот е на Александар Македонски. Според пишаната литература, манастирот „Варлам“ почнале да го градат браќата-калуѓери од Јанина, Нектар и Теофан, во 1518 година. По нивната смрт, манастирот продолжил да цвета. Во манастирот, пак, пишува дека бил дограден во 1535 година. Во апсидата на светилиштето на црквата „Три јерархи“, која е прва изградена на карпата Варлам, соѕидана е плоча со датум 1627 година - вели иконографката.

Според Kрстеска, досегашните претпоставки биле дека фреските во „Варлам“ се зографисани во 1566 година од свештеникот Јорго Епископ од Тибе и од неговиот брат Франгос Kателан, водечки претставник на критската школа од кого се најдени многу фрески во манастирот „Големиот Лавра“ на Света Гора. Но, таа не ја исклучува можноста двете фрески на свети Сисое да имаат македонски автор.
- Од фотографиите на фреските во Сливничкиот манастир и во „Варлам“ се гледа дека се многу идентични, дури и исти. Се поставува прашањето дали истиот наш зограф Никола ги насликал фреските во двата манастира. Дали се точни годините на градба што постојат во литературата? Важно е тоа што во Сливничкиот манастир имаме сигнатура и потпис од зографот, а во „Варлам“ за тоа нема точни податоци - вели Kрстеска.
--- надополнето: 20 април 2013 во 20:12 ---
Во Ресен ќе се одржи аудиција за споредни улоги за филмот ``Децата на Сонцето``
На 26 април (петок) во Домот на култура „Драги Тозија“ во Ресен од 12 часот на пладне, па се до 19 часот ќе се одржи аудиција за споредени улоги и статисти за филмот „Деца на сонцето“ кој наскоро ќе се снима во Преспа, во режија на Антонио Митриќески. За таа цел се покануваат да дојдат на аудиција сите заинтересирани над 18 годишна возраст.


Речиси сите локации за снимање се наоѓаат покрај езерото Преспа, каде што ќе бидат изградени и адаптирани објекти. При тоа, филмската екипа внимава и ќе обрне сериозно внимание кон зачувување на природата, бидејќи, над се, целта на режисерот е да ги покаже убавините на Преспа.
Филмот е според сценарио на култниот писател Гордан Михиќ. Ова е трет игран филм на Митрикески на кој му предходат „Преку езерото“ во 1997 година и „Како лош сон“ во 2003 година. Планирано е да се снима 36 дена. Најголемиот дел од средства се обезбедени од Филмскиот Фонд на Република Македонија, а неколку други држави влегуваат во овој проект како малцински.


 

Kajgana Shop

На врв Bottom