Република Македонија и проблемот со јужниот сосед.

Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Ова се вести т.е. информации кои повеќето од нас ги знаат или би требало да ги знаат , ама ете едно мало потсетување и запознавање на оние кои досега не добиле прилика да ги прочитаат овие дополнителни вести.

Бр.1

04.11.2004 00:00
На 8 септември 1991 година со убедливо мнозинство - 95% од граѓаните што излегоа на референдумот, позитивно одговорија на референдумско прашање „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“.
Резултатите од референдумот на кој му предходеше усвоената Декларација за независност во првиот повеќепартиски македонски парламент на 25 јануари 1991 година, беа еуфорично прославени вечерта со народен собир на плоштадот „Македонија“ во Скопје.
Формално волјата на народот за самостојна држава беше потврдена со Декларација за прифаќање на референдумските резултати на 17 септември 1991 во Собранито на Република Македонија.
На 17 ноември 1991 година усвоен е новиот Устав, кој десет години подоцна беше надополнет по конфликтот во 2001 и потпишувањето на Рамковниот договор.
Меѓународно правниот субјективитет на државата дефинитивно беше потврден на 8 април 1993 година кога со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации, Македонија беше примена за 181 полноправна членка на Светската организација.
Сепак, поради противењето и притисоците на Грција, која не го прифаќа нашето уставно име, зачленувањето во ОН беше направено под привремената референца Поранешна Југословенска Република Македонија.
Поради несогласување со името и државното знаме на Република Македонија, Грција во 1993 година воведе целосно трговско ембарго кон Македонија. Трговската блокада беше во сила 18 месеци се до октомври 1995 година кога Македонија го промени државното знаме.
Македонија и Грција под покровителство на ОН почнаа преговори за надминување на спорот со името со посредство на американските дипломати Сајрус Венс и Метју Нимиц. Односите меѓу двете земји значително се подобрија по потпишувањето на привремената билатерална спогодба за соработка во 1995 година по укинувањето на едностраното ембарго.
Грција оспорувајќи го името на Република Македонија, досега имаше поддршка од сите земји-членки на НАТО освен од Република Турција, прва земја што ја призна Република Македонија под уставно име.

Бр.2

26.10.2005 00:00
„Битката за Македонија“ осветнички се разбуди, заканувајќи се дека ќе ги отруе грчко-американските односи и мирот и хармонијата на Балканот ќе ги фрли в ќош.
Центар на спорот е трапезоидниот регион со два милиони жители, кој излезе од немирите во поранешна Југославија како независна држава со древното име Македонија.
Грците инсистираат дека треба да се нарекува „Поранешна Југословенска Република Македонија“ - ПЈРМ скратено, бидејќи „Македонија“ е област во Грција.
Но, новата држава не сака да живее со несмасен акроним и смело и се спротиставува на Грција со тоа што се нарекува Македонија.
Минатата недела Грција се закани со економски и политички санкции против осиромашената република.
Метју Нимиц, специјален претставник на ОН, се очекува да поднесе конечна компромисна формула. Постојат сомневања во прифатливоста за двата протагонисти Атина и Скопје, главен град на штотуку испилената земја.
Според американски извори во Атина, Нимиц планира да поднесе оставка во ноември без да придонесе за разрешување на спорот.
Дипломатите веруваат дека досега играта стана многу повеќе од она што за набљудувачите од страна беше комичен семантички проблем. Тоа стана замрсено клопче кое ги вклучува повредената грчка гордост, американската нестрпливост и македонската иднина.
Според Грците, името „Македонија“ треба да се однесува само на нивната северна провинција, каде е роден Александар Велики.
Со употребата на терминот „Македонија“ од страна на друга држава, тие сметаат, дека е арогантно, па дури и создава впечаток на територијални претензии.
Во грчката врева дека ќе ги блокира плановите на Македонија (или ПЈРМ) за членство во Европската унија и НАТО, минатата недела по втор пат САД се вмешаа во битката кога Николас Барнс, американски државен потсекретар за политички прашања и поранешен амбасадор во Атина, ваквиот притисок го опиша за „срамота за Грција“.
Лутите грчки политичари со широк дијапазон зборови луто возвратија дека имаат право да ги користат сите дипломатски оружја за да го бранат ставот со кој се противат на се што нема да биде акронимот ПЈРМ.
Воведниците во Атина се прашуваа дали Грција треба за САД да остане најомилен партнер, на кој најмногу може да се потпре на Балканот.
Минатата есен, грчките темпераменти се разпламтија кога претседателот Буш го употреби името „Република Македонија“. Атина тоа го интерпретираше како формално признавање на земјата под тоа име, а и како знак за другите влади. Најмалку 10 нации го следеа примерот, оставајќи ја настрана грчката чувствителност.
Нимиц размислуваше да го предложи името „Република Македонија - Скопје“, но сугестијата беше одбиена од страна на Владата на претседателот Бранко Црвенковски во Скопје.
Грците сметаат дека треба да се држат до своето оружје и ако е неопходно да го пресечат економското јаже на спасот на Македонија кое води во Европа и нејзините аспирации за членство во НАТО


Бр.3

21.01.2008 13:21
Преговорите меѓу Македонија и Грција за разликите околу името се повеќе се интензивираат, особено со забрзување на евроинтеграциски процеси на Скопје.
Македонското име и историја, особено по распадот на Југославија во 1991 година, стана предмет на расправа меѓу двете држави.
Клучниот грчки аргумент беше дека користење на името Македонија, од друга освен грчка страна, е „безбедносна закана“.
Ова стана и главно грчко оправдување за сите политички и економски притисоци што ќе следат наредните години, иако 17 години македонска независност покажаа „ирационални слабости“ на тој став.
Македонија, по осамостојувањето, во 1992 година поднесе апликација за прием во Организацијата на Обединетите Нации под уставното име Република Македонија.
Наредната година, на 7 април, Советот за безбедност на ООН посочи дека иако државата ги исполнува критериумите за прием, прашањето за името треба да се реши „во интерес на мирот и добрососедски односи во регионот“.
Генералното собрание, последователно, на 8 април едногласно го усвои приемот на Македонија во ООН, но под референца, односно привремено име поранешна југословенска република Македонија (Former Yugoslav Republic of Macedonia).
Повеќето меѓународни организации ја прифатија кратенката, вклучително и ЕУ, НАТО, Меѓународниот монетарен фонд како и Меѓународниот олимписки комитет.
Процесот на решавање на прашањето започна да се одвива преку Резолуциите 817 и 845 на СБ во кои се повикуваат страните да ги продолжат билатералните разговори под покровителство на генералниот секретар на ООН со цел изнаоѓање решение за името.
Во меѓувреме, лидерите на државите-членки на ЕУ во 1992 година ја усвоија таканаречената Лисабонска декларација, со која од Македонија ултимативно се побара да се откаже од името во каков било контакт со Брисел.
Овој европски документ речиси целосно ги намали надежите на Македонија дека ќе може политички и економски меѓународно да делува под уставно име.
Сепак, под притисок на САД, но и на одлуката на Русија да ја признае Македонија под уставното име истата година, некои тогашни европски сојузници на САД почнаа да го менуваат курсот по ова прашање, а ставовите подоцна, значително да ги омекнат.
Грција, истата година, воведе економско ембарго кон Македонија, по што Скопје беше принудено освен отстапката за прием во ООН, да го смени знамето и Уставот, за кои Атина тврдеше дека имаат „иредентистички елементи“.
Односите меѓу двете страни добија „попозитивен тек“ дури во 1995 година, по симнување на ембаргото и потпишување на Привремената спогодба на 13 септември чија што временска рамка траеше 10 години.
Спогодбата, со која видно се нормализираа односите, предвидуваше името да е предмет на билатерални преговори согласно резолуциите на СБ. Целта на преговорите беше да се отстрани привременото име со име „прифатливо и за двете страни“.
Во меѓувреме, медијаторот Метју Нимиц беше именуван за главен преговарач меѓу двете страни, и „сведок“ на неколку предлози за промена на името и од двете страни.
Зависно од политичките услови, регионалната ситуација а најмногу од политичката номенклатура, имаше неколку неуспешни предлози - Нова Македонија, Северна Македонија, Република Нова Македонија, како и Republika Makedonija - Skopje.
Прашањето за името, за првпат по многу години, на 25 април 2005 година, беше споменато и во заклучоците на Советот за надворешни работи на ЕУ, каде двете страни беа охрабрени да изнајдат заемно прифатливо решение за името.
Ова беше првиот сигнал дека Брисел сериозно размислува да го забрза процесот за решавање на ова прашање, уште повеќе по кандидатскиот статус за прием во ЕУ, што Македонија го доби во декември 2005 година.
Сепак, на ова му претходеше унилатералното признавање на уставното име на Македонија од страна на САД на 4 ноември 2004 година, како една од трите постојани членки на СБ на ООН што го признаа уставното име - Кина и Русија, и уште околу 110 држави во светот кои ја именуваат Македонија како Република Македонија.
Медијаторот Нимиц, оттогаш, даде неколку предлози за името, од кои Македонија некои ги прифаќаше како добра основа за преговори, а некои целосно ги отфрли. Истото се случуваше и од грчка страна.
Рамката за разбирање на медијаторот Нимиц, понудена во декември лани, беше последниот предлог чиј дел каде се наведува дека Македонија треба да користи меѓународно име различно од уставното, Скопје категорично го одби.
Преговорите што денеска продолжија во Охрид, за првпат надвор од Њујорк, отвораат „нова врата“ во односите со соседна Грција.


Па се до ден денес....
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
704
Поени од реакции
260
...И се понатаму,додека на некој не му пукне филмот па да ќариме нешто или пак да не ќарат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom