Репарирање на када

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
Кој е најдобрар начин да се репарира оштетена када? Има ли кај нас луѓе што го прават тоа? Кадата на неколку места била оштетена од удари на неколку мали површини и со текот на времето оштетувањето се има проширено.

Не сум на таа локација па не можам да сликам но оваа слика од интернет најблиску го доловува оштетувањето.

Annotation 2020-09-03 102915.jpg
 
TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797

Прегледај го приврзокот 264814
Дупната е на тие места каде што е заокружено? Керамична или метална?....мене ми личи на зидана, керамична
Зошто имав сличен случај во станот што го издавам
 
Последно уредено:

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
Дупната е на тие места каде што е заокружено? Зошто имав сличен случај во станот што го издавам
Не е скроз дупната, но под оштетувањето е кородирана.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.784
Поени од реакции
15.396
Кој е најдобрар начин да се репарира оштетена када? Има ли кај нас луѓе што го прават тоа? Кадата на неколку места била оштетена од удари на неколку мали површини и со текот на времето оштетувањето се има проширено.

Не сум на таа локација па не можам да сликам но оваа слика од интернет најблиску го доловува оштетувањето.

Прегледај го приврзокот 264814
Тоа е нешто како стопено стакло...истругај го со брусалица со оној камен со шмиргла ама полека, не шири многу. Стави му прајмер за акрилна боја и земи некој грам боја смешај дома...двокомпонентна е, ќе мора у шприц ама брзо напрај го тоа затоа што ќе ја сјебе пластиката брзо. Ако знаеш некој автолимар/автолакер или помини у некој сервис ќе те услужат ваљда.
 
TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Не е скроз дупната, но под оштетувањето е кородирана.
Кај мене беше проблемот во тоа што го имаше во целост изгубено сјајот, цела беше потемнета во различни нијанси и ништо не ја переше. Се работи за керамична када. Решение најдов со тоа што купив Спреј за када....го купив во Јоди. Убаво исчистив, исушив, искантирав и ја префарбав. Со две поминувања ја направив како нова. Еве веќе четри години од тогаш се поминати, станот ми е издаден и се е во ред.
А за проблеми како што велиш корозија и сл. сум слушнал....но не сум сигурен, имало некое решение со онаа смола како со која што лепат пластика на кола (браници и сл) да се нанесе во кадата, па да се ишмиргла и да се офарба. Е сега колку е тоа успешно и трајно.....стварно не знам. Ова ти го кажувам од муабети со луѓе со кој што сум зборел.

*edit
Еве сега само што му се јавив на другаров што имаше проблем како кај тебе.....автолимар (познаник) му го средил проблемот за 500 денари на начинот како што ти кажа @Bodhidharma две години од тогаш поминати....никаков проблем, направено без воопшто да се познава каде било оштетувањето.
 
Последно уредено:

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
Одлично, фала ви многу, ќе видам што ќе направам па ќе ве известам за резултатот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom