Реорганизација на јавната администрацијата

Член од
28 март 2006
Мислења
17.663
Поени од реакции
12.059
Воопшто не се согласувам со тебе.
Постарите ке се согласат да го ослободат работното место за добра отпремнина, ако ја понудат нели таа опција како што наговестуваат, но што со младите, во кои приватни фирми они ке се запослат во нашава држава и се разбира за кој личен доход, за крпен живот??
Не е така лесно со години натрупувана јавна администрација да ја трансформираш и да ја намалиш а да нема проблеми, тс да се направи општи хаос.
прво, не знам дали збориш за јавна или државна администрација.
Отпремнина, колкава мислиш ќе ти биде отпремнина. 10.000 евра? Прво сумата е нонсенс гледано по лице и вкупно од буџет (не е тоа телеком), второ е помалку од недоволна за да кажеме уште 5 години до пензија. Или ќе вложиш во приватен бизнис? Кој, на тие години? Со какви вештини располага лице кое е оддалечено од факултетот светлосни години, второ, нема искуство во водење бизнис, трето...ај да не набројувам.
но што со младите,
младите, прво се запослени бездруго 99% со партија (а се збори за департизираност) за разлика од постарите кога скоро и да немаше партии. Тоа е една причина. Втора е што имаат релативно свежо факултетско образование како и далеку повеќе вештини и моќ на учење нови работни задачи од постарите.

И како што ги разбрав овие од миоа, прво ќе се види дуплирани ингеренции на институциите, веројатно и други фактори па после ќе се размислува за нешто повеќе. А тоа со техничка влада ни со никаква не треба да е дозволено. Само надпартиска или експертска. А такво нешто не постои.

Во секој случај, вакво нешто само по себе може да го сруши пазарот на работна сила. Размисли зошто

И четврто, збориме што би било, кога би било.
 
Последно уредено:
Член од
24 март 2010
Мислења
15.125
Поени од реакции
25.516
Едноставно е решението. Замрзнување на платите на цела администрација на сегашната состојба во наредни 20 години. И проблемот со пренатрупана администрација ќе се реши сам од себе.
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.024
Поени од реакции
19.501
Реорганизација на јавна администрација ќе правеле, ќе трансформирале нешто, ќе намалувале, ќе департизирале. Добро, има ли уште малоумни идиоти кои веруваат дека кловновиве на власт сериозно се загрижени и заинтересирани за некаква департизација и професионализација на јавната администрација!? :LOL:

Таа реорганизацијата не е ништо друго освен ослободување на работни места за нивните партиски овци, потрчковци и плакатолепачи.

Пред камери и народ се збори едно, во позадина се врши брутална партизација на институции. За два месеци 4131 партиски овци на државна цицка.

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.910
Поени од реакции
12.395
Прекрасни ми се овие просветлувања на одредени членови. Кога пред 5 години се правеше буквално исто, тогаш владата неуморно работаше на отварање нови работни места за младите. Сега одненадеж истата пракса се карактеризира како силовање на системот :(
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.289
Поени од реакции
15.490
Да можеа да се вработат приватно за повисока плата немаше државно да идеа. Чист пример човек што го познавам работеше за 15 илјади денари за приватна компанија обезбедување, после некое време се вработи државно буквално на исто место плата 35000 илјади плус бенефиции кои си ги носи државната работа.(празници. бонуси итн)

Кај нас да ја средиш администрацијата значи да изгубиш на следни избори, а сите што бркаат власт се тотално спротивно од алтруисти.
Малце те лажел можда човекот, ако работел обезбедување, тешко дека и државно зема 35. 000.
Еве јас одма си давам отказ, само кажи каде даваат 35к за обезбедување?
Немој само да ми кажеш сеа обезбедување на претседателот или премиерот.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.496
Поени од реакции
9.406
Едноставно е решението. Замрзнување на платите на цела администрација на сегашната состојба во наредни 20 години. И проблемот со пренатрупана администрација ќе се реши сам од себе.
Зошто мислите дека администрацијата генерално не работи ништо, дека немаат и они стресна и одговорна работа???? На клатачите на врата кои воопшто и не одат на работа не мислам...
Како и да е, НИЕ што сме административци, сме за жалење, ние сме како пинг понг топче кое го удара секоја партија која доаѓа пред избори:(
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.665
Поени од реакции
4.387
Малце те лажел можда човекот, ако работел обезбедување, тешко дека и државно зема 35. 000.
Еве јас одма си давам отказ, само кажи каде даваат 35к за обезбедување?
Немој само да ми кажеш сеа обезбедување на претседателот или премиерот.
Елем. Знам дека звучи како БС ама вистина е. Него го посочив пошто работеше прво приватно, а има уште десет души кои се директно вработени државно. Не обезбедуваат личност туку место и работата им е буквално да спијат по цел ден пошто ако сака некој да направи нешто со оглед дека местото е од отворен тип е многу лесно.(саботажа или шпиунажа)

П.С Ако знаеш дека за Елем 25 000 мкд плата беше за жена да им фотокопира документи не е ни ова чудно.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Најбезболно кратење на администрацијата, за политичките партии кои се на власт, е да ги избркаат неопределените. Така ќе ги зачуваат работните места на своите членови и после паѓањето од власт.
Знам дека нема многу неопределени во јавна администрација, после децении партиски непотизам. Но, тие што останале, кога би се избркале, би се скратила бројката на вработени во администрација, а би се зачувале местата за партиски подобните (од двете партии, "за да после другите не ги бркаат нашите"), односно би се задржале гарантираните гласови за на избори.
... се сложувам со ова констатација, дека нема да биде чудно да се спроведе, само заборави еден факт, дека ТОКМУ тие неопределните се тие кои во моментот единствено ја знаат и ја работата својата административна работа, другите ако останат сами без овие неопределни „избркани“ тогаш се појавува поголем проблем иако намалена администрација нема „кој вистински ќе работи“ ќе има само партиски вработени кои само ќе земаат плата, ама нема кој да работи ? :toe:
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.125
Поени од реакции
25.516
Зошто мислите дека администрацијата генерално не работи ништо, дека немаат и они стресна и одговорна работа???? На клатачите на врата кои воопшто и не одат на работа не мислам...
Како и да е, НИЕ што сме административци, сме за жалење, ние сме како пинг понг топче кое го удара секоја партија која доаѓа пред избори:(
Не дека не работите ништо, ама тоа што го работите, со еднократна инвестиција од 100тина милиони евра може да се автоматизира, и сервер да ве замени скоро сите.

Ако ти е толку тешко, не ја трпи таа тортура, дај си отказ, и фати си работа во реален сектор. Таман ќе почнеш и реално да придонесуваш во буџет, и со твоите пари да им го олесниш животот на останатите репресирани.
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Зошто мислите дека администрацијата генерално не работи ништо, дека немаат и они стресна и одговорна работа???? На клатачите на врата кои воопшто и не одат на работа не мислам...
Како и да е, НИЕ што сме административци, сме за жалење, ние сме како пинг понг топче кое го удара секоја партија која доаѓа пред избори:(
Затоа што на местата каде имаше по еден или двајца вработени сега се десетмина.
И затоа што некогаш за еден документ ми требаше еден ден, сега треба три дена да губам.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
На кој му е стресна и одговорна работата во администрација и да не е пинг понг топче кое го удира секоја партија пред избори нека оди во приватно.
Едноставно е.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Едноставно велиш, а???? Е ајде де, сите нека одат во приватни фирми, кој ке ја работи тогаш таа административна работа, Цацко???

Значи, не ме разбирате, прашањето ми беше за каква реорганизација на администрација станува збор?
Јас работам во здравствени установа, во која за првпат се направи дискриминација, сите да добијат покачување а само админстрацијата ја изземаја.
Како би се чувствувале вие на работа да ви се случи истото, сите да добијат по нешто а вие едно големо ништо?
:(
@Паланчански, во која здравствена установа си чекал документ три дена?
Владата имаше средби со синдикатот на здравство за да се најде модус со кој ке не прекрстат во здравствена администрација и ке не одвојат од другата...се отиде у вода, лажни ветувања, ко по обичај.

Најболно е што вчера го изгласаа законот за вработените во армија и со кој закон се стекнуваат сите вработени, без оглед дали е војно или ЦИВИЛНО лице со право на надоместок или закупнина на стан од 7000 денари секој месец....епа браво, таа администрација, тие државни службеници, ете сите тие вредат повеќе од нас што работиме во здравство, па и во другите институции...НЕМА ПРАВДА, рече Калимеро, нели.
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.373
Поени од реакции
1.945
Зошто мислите дека администрацијата генерално не работи ништо, дека немаат и они стресна и одговорна работа???? На клатачите на врата кои воопшто и не одат на работа не мислам...
Како и да е, НИЕ што сме административци, сме за жалење, ние сме како пинг понг топче кое го удара секоја партија која доаѓа пред избори:(
ВИЕ, што сте јавна администрација, сте најголеми виновници за тоа што дојдовме на ова дереџе.

ВИЕ сте најголемите измеќари и газолизачи во Македонија.
Тие, што мајката и ја ебаа на Македонија, го направија тоа, со ваша помош, поради ВАС немаше отпор, ВИЕ сте тие што го гушевте, и што се уште го гушите отпорот против погубните политики на естаблишментот. ВИЕ сте војската на гробарите на Македонија.

Тешко ти е? Оди во Дрекслермаер, оди во Ван Хол, во Џонсон, еден куп ги има. Стално бараат работници.
Ако не ти чини таму, ако ти се малку пари таму, оди на брод, оди во Авганистан, Ирак, шо чекаш?
Има таму еден куп наши луѓе, од нив плата зимате, од нив живее државава.
 
Камо да беше администрацијата виновна за ова дереџе на кое дојде оваа наша пуста државичка која остана без име, без историја, без ништо......ама нека ти биде, ако така ти е полесно на душата со оваа најголема пишана глупост.....поглупо АМИН:popce:
 
Добро бе ти, шо мислиш, дека не знаеме како се влегува во администрација?

Кој дел не ти е јасен од тоа "глупоста" шо сум ја напишал? Кажи слободно, ќе се потрудам, ќе ти објаснам.

Туку, пред да напишеш нешто друго, на темава, не би било лошо да објасниш како влезе ТИ во администрација.

- Беше најдобар на конкурс, и мораа да те примат?
- Лепеше плакати и лижеше газови по локални штабови?
- Имаш некој близок роднина на функција?
- Му го лапна на xyz?
- Даде пари?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom