Реорганизација на подфорум Свет (појаснувања, правила)

Статус
Затворена за нови мислења.

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Најверојатно забележавте дека подфорумот познат како Свет, доживеа извесна трансформација.

Подфорумот сега се вика: Вести и случувања, со тоа што е поделен на уште три подфоруми:

1. Македонија
2. Регион
3. Свет


Генералниот подфорум Вести и случувања содржи општи теми од светот и надворешната политика, потеоретски теми и теми кои биле доста активни и популарни во минатото, па решивме да ги оставиме во генералниот подфорум за полесно да можете да ги најдете.

Подфорумот Македонија е создаден со цел да се споделуваат новости или дискусии за Македонија. Што значи ова? Дали политиката се враќа на Кајгана? Одговорот е НЕ! Политиката и натаму е забранета, политички теми ќе бидат бришени и санкционирани, но во овој подфорум може да има дискусии кои се моментално актуелни за Македонија, вести кои влијаат на Македонија и кои се важни за општеството како такво, со тоа што партиски муабети и промовирање партии се најстрого забранети. Ако го отворите подфорумот, ќе забележите кои теми се таму преместени, па и по тоа може да се водите. Исто така добредојдени се и дискусии за надворешните односи на Македонија, анализи и слични новости.

Подфорумот Регион се однесува на сите вести, новости и дискусии поврзани со регионот, значи државите од Балканот + Романија, Унгарија и Турција. Секако тука припаѓаат и дискусиите за ЕУ и НАТО поврзани со регионот, т.е интеграцијата на регионот во ЕУ и НАТО, меѓународните односи и темите кои се важни за ова подрачје и државите во него.

Подфорумот Свет се однесува на сите случувања, меѓународни односи, војни, конфликти на светско ниво, заедно со анализи и новости кои влијаат на безбедносната состојба во светот, но и односите кои директно влијаат на мапата на светот. Анализа на главните актери, кој, како, зошто и каде - се тоа е добредојдено тука.

Значи, во суштина нема големи разлики и драстични промени, освен со додавање на подфорумот Македонија за кој сега ви се дадени и насоки и правила кои се надевам ќе ги почитувате.

Верувам дека оваа реорганизација ќе ви ги олесни дискусиите, ќе ви ги направи попрегледни и многу полесно ќе можете да ја најдете темата на дискусија која ви е потребна.

Темава ќе стои како важна и не е наменета за дискусија, туку како општ правилник.

На здравје реорганизација! :smirce: Уживајте во дискусиите!:pipi:
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.055
Поени од реакции
29.417
Тематската поделба и смената на генералното име не е проблематична. Но деградирањето на целата целина, да биде под-подцелина во подцелината ЖИВОТ - е тоа не само што е нелогично, туку е и... (ајде да кажам без влакна на јазикот) - глупаво.


Зошто (спред тебе/вас) тотално добра идеја е дискусиите како...
- интеграцијата на регионот во ЕУ и НАТО
- дискусиите за ЕУ и НАТО поврзани со регионот

- меѓународните односи и темите кои се важни за ова подрачје и државите во него
- државите од Балканот + Романија, Унгарија и Турција
- моментални актуелности за Македонија
- вести кои влијаат на Македонија
- новости и дискусии поврзани со регионот


... Да бидат бапнати како под-подцелина, заедно со подфорумите како што се:
- Љубов и секс
- Дом и семејство
- Гурманско катче
- Религија
- Мистерии



Сродни теми, нели? :rolleyes:



П.С. Ќе беше интересно, да ставевте прво една анкета за оценки на претстојната промена. Чисто од информативен аспект.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom