nE0n1nja
Eat nerds get shredded
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 3.468
- Поени од реакции
- 3.270
Ме мрзи сам да пишувам воведен пост, затоа ќе ја залепам овде оваа статија од gol.mk:
В недела започнува еден од најтешките авто-мото маратони, релито Дакар, каде што за 12 дена натпреварувачите ќе минат околу 7.500 километри. 42-то издание од трката за првпат ќе се вози во Саудиска Арабија, со старт во Џеда и финиш во Квидија, во близина на Ријад.
Стандардно во релито ќе се натпреваруваат во пет категории и тоа: мотоцикли (147), четирицикли (23), автомобили (87), камиони (45) и УТВ возила (46). Годинава се очекува едно од најитересните изданија, во кое учество земаат многу победници со различни возила.
Во мото конкуренцијата акцентот повторно ќе биде на тимот КТМ и шампионот Тоби Прајс, како и поранешните освојувачи и колеги Сем Сандерленд и Матиас Валкнер.
Кај автомобилите, минатогодишниот освојувач Насер Ал Атијах од Тојота и неговите тимски колеги ќе се обидат да ја задржат круната. Сепак, тоа ќе биде тешко против легендите Стефан Петархансел и Карлос Саинц од Х-реид Мини Купер.
Можеби и најинтересен за гледање ќе биде деби настапот на поранешниот светски шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо. Како тимски колега ќе го има сонародникот и победник во мото конкуренција Марк Кома, чие искуство треба да го води Алонсо.
извор: gol.mk
Толку од воведот, е сега мене највеќе ме интересира дали некоја од нашиве телевизии ќе врши пренос, видов нешто Алфа, ама многу штуро е со информации на оваа тема, а на програмата на Алфа за утре (недела) нема ништо..

- Најавата за рели Дакар 2020: