Пред да почнеме со носијата, треба да се знае, дека материјалот го детерминира дизајнот. Значи да се работи со метал и да се преде не е исто. Во ткаенината дизајнот е ограничен.
Постои една книга од наш автор, каде е добро објаснет патот на дизајнот низ материјалите. Сега колку е се тоа точно, може да се нагаѓа.
Но еве за почеток. Од сликата на претходниот пост
фигурата број 9 е застапена колку сакаш, се разбира стилизирана. Обично ја има на черги и перници (за спиење и седење)
Само јас дома имам две парчиња од вој дизајн, черга и перница. Секој кој дома му останал стар материјал, мора да го има. Треба сега подетално да побарам, слични дизајни има и за другите.
Нешто сличен дизајн е и овој доле. Тој е од сокај, дел од носија која жените ја носат на глава во Македонија како Калашите.
Како 8-ци (без рацете). Дека е ова исконски дизајн ќе ни потврдат Навахо Индијанците.
Барем за нив се знае дека не се мешани.
Е сега во Америка викаат дека тоа значело обезглавени тела. Додека во Персиските држави тој симбол претставувал желба за мажење (затоа девојките го носеле) што е случак кај нас, се наога на женска носија и тоа која се носи во свечени моменти.
Интересно е што со Навахо никогаш не сме биле во контакт но тие имаат доста исти дизајнови. Лево доле е Македонски, десно доле е Навахо.
Уште сличности, лево Македонски, десно Навахо
Овие екстремни шари служат како амајлии против уроци и слични работи. Некои се ставаат под седлата на коњот, за да штитат од лоши земјени влијанија.
Најинтересна черга на Навахо Индијанците е онаа која ги има идентичните симболи како од Плаошник и нашата носија. Штета што неможам да најдам подобра резолуција.
Ете, ова чергиче го има стилизираниот симбол бр. 9, А за нас интересно е што ја има свастиката а поред свастиките е и симбол со две црвени и две бели полиња (од нашата носија)
Како е можно волку сличности, а не се виделе никогаш, ниту се сродни народи. Веројатно тоа е природниот пат на човековата мисла.