Религијата во современото општество

Член од
19 април 2008
Мислења
302
Поени од реакции
25
Какво место има религијата во современото општество? Како ја чувствувате религијата во денешното општество?
Што е со трендот холивудските ѕвезди да стануваат будисти?

етц етц етц
 
Г

Господ

Гостин
Религијата веќе нема место во модерното општество.
Науката јури напред,одговарајки на секакви прашања и животни загатки
така да прашање на време е кога целосно луѓето ќе ја загубат
потребата од религија.
Тренд како тренд,не дека навистина го сфаќаат будизмот,туку онака површно
го прифаќаат за публицитет.
Едно време идиотон Круз пробуваше цел холивуд да го посекташи со скиентологијана еве сега будисти стануваат.
Потребата на толпата за религија одамна е исчезната,останата е илузијата
подготвена од страна на малкумина кои религиите ги користат и
извртуваат во своја полза.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Какво место има религијата во современото општество? Како ја чувствувате религијата во денешното општество?
Што е со трендот холивудските ѕвезди да стануваат будисти?

етц етц етц
1. Местото од мојата религија е истото она како и пред 2 000 г: лична желба за комуникација со Бог и спасение на душата своја.
2. Религиозноста кај луѓето опаѓа, согласно предвидувањата од Св. Ап. Павле, кој вели дека љубовта кај мнозина ќе олади...
3. Тренд кај холивудските световно славни фаци не е саде будизмот, туку и се она кое е нехристијанско, туку демонско. Лукавиот (ѓаволот) постојано наоѓа начини како да ги намами маловерните да му се обраќаат нему а не на Бога. Во случајот со холивудските фаци, лукавиот ја користи човековата идолопоклоност, т.е. себеидентификувањето со некоја холивидска славна фаца па преку таа идентификација на обичниот смртник со холивудиската ѕвезда, ја поприма и религијата од својот идол. Ако Ричард Гир се одреди за будизмот а Мадона за јудејската кабала, така и оние кои ги имаат Гир или Мадона за свои идоли, многу лесно ќе се приклонат кон религијата од својот идол.
 
Член од
24 јули 2008
Мислења
666
Поени од реакции
134

sakas da kazis deka vo primerov budizmot e "religija" sozdadena od lukaviot? :pos2:
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
sakas da kazis deka vo primerov budizmot e "religija" sozdadena od lukaviot? :pos2:
Прашањата кои во себе го содржат и одговорот, ги нарекуваме реторички прашања.

Ти, секако, ќе се потрудиш да ме убедиш во спротивното, така?
 
831

HOATH IAIDA
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.661
Поени од реакции
11.676
Прашањата кои во себе го содржат и одговорот, ги нарекуваме реторички прашања.

Ти, секако, ќе се потрудиш да ме убедиш во спротивното, така?

Тешко на таа планета или универзум, каде лукавиот наоѓа свое место, а налет тоа дури и создава....

Религиите во современото опшество не се добредојдени. Нивната основна и главна цел им е ширење омраза, нетрпеливост и цела војска на слепи следбеници кои им служат како средство за остварување на ХХ цели. Со радост посматрам како религиите, полека но сигурно пропаѓаат во бездната на неповратот, време е за новиот ЕОН и новите вредности каде Бог ќе се посматра на поинаков начин од досегашниот...

П.С. Аpo pantos kako daimonos (поздрав до религиите)!
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Да, што значи:

- време е за целосно отпадништво од Бога
- време е да настапи ерата на „водолијата„
- време е да настапи „Њу ејџ„-от
- време е на настапи окултизмот
- време е да настапи...

Со еден збор, време е да дојдат лажниот пророк, лажниот месија и лажниот бог, оти отпаѓањето од Вистинскиот Бог мора некако да биде пополнето: значи, немањето Вистина, треба да биде пополнето со лага, оти „трето„ нема...
 
Можеби тој "лажен" пророк е оној вистинскиот кој ќе ја проговори вистината за корумпираноста на религиите и ќе ги отстрани од лицето на земјата, можеби сепак нема да биде лажен, никогаш не се знае...

Се согласувам за водолијата, њу ејџ, окултизмот нема потреба од некаков јавен настап, премногу свети работи се вклучени во него за да би бил достапен за секого...
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
На тој што не може да си создаде свои морални вредности топло му препорачувам да стане верник на некоја вера.
На разумните, не им треба.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
1. Како се создаваат „свои„ (???) морални вредости?
2. Како да комуницираат личностите меѓусебно, ако секој поединец е убеден во вистинитоста од „своите„ морални вредности?
3. Чии „свои„ вредности ќе бидат точни, ако секој поединец вели дека токму неговите се точни?
 
Moralnite vrednosti se univerzalni bi rekol. Ne znaci deka ako nekoj ne veruva vo Bog, deka e nemoralen. Bas sprotivno, onie koi propovedaat, poradi znacenjeto na religijata, ja iskoristuvaat istata za nemoralni raboti. Mene ne mi treba da veruvam vo nekoj Bog za da ziveam moralen zivot, zasto najgolemiot broj vernici poradi stravot od Bozjata kazna ziveat prilicno moralno, no jas ziveam moralno i bez ubeduvanjeto deka Bog e nekade okolu nas i ne gleda, i deka ke platam za svoite grevovi ako gi napravam sekako.
 
Г

Господ

Гостин
Вака сега.
Моралот не го измислија Пахомие и Вранишковски,не го измисли Исус,ниту Мојсеј ниту Бог...го измислија луѓето.
Божјите заповеди во христијанството се извадоци од египетската Книга на Мртвите,се разбира,зачинети со "Клањај му се на твојот Бог и само нему служи му".
Токму така немезис,моралните вредности се универзални.
Долго пред христовото раѓање се знаело дека неморални постапки како убивање и крадење се лоши и сепак имало поединци кои ги практикувале...исто како и сега.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Местото на религијата во современото општество ќе зависи од подготвеноста и способноста на соодветните институции кои ја претставуваат да воспостават квалитетна и што почесна комуникација со верниците. Се`додека религијата е предмет на најширока злоупотреба, секој ќе има право да се сомнева во нужноста од нејзино постоење во рамки во какви што ја има денес.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom