Религијата во пандемија на коронавирус Covid19!

mickey mouse

Багабонти
Член од
5 септември 2011
Мислења
992
Поени од реакции
2.765
ДАЛИ Е ОПАСНО ДА СЕ ПРИЧЕСТУВА ОД ЕДНА ЛАЖИЦА?
За проверената повеќе од илјада години пракса без страв да се употребува општата лажичка при причестувањето Лажица (од грч. Λαβις– клешти, маша) е специјална мала лажичка со крст на крајот од долгата рачка, со која се извршува причестување на лаиците и црковнослужителите.
Грчкиот назив на лажицата напомнува на клештите, со кои серафимот го зел разгорениот јаглен и ја допрел устата на пророкот Исаија (Ис 6,6). Причестувањето на лаиците со помош на лажица во една духовна смисла покажува дека верните во Христа се соединуваат со Бога преку Црквата, која ги храни нив со духовна храна. Исто како и сите свештени садови, и таа се прави од скапоцени метали или метали што не рѓосуваат. За оние што никогаш не се причестувале со Светите Христови Тајни, ќе истакнеме неколку моменти што говорат за проверената повеќе од илјада години пракса без страв да се употребува општата лажичка:
1.Свештенослужителот секогаш последен се причестува. Тој ги употребува преостанатите Дарови. Еве што кажува за тоа отец Александар Григорјев, старешина на затворскиот храм посветен на светиот благоверен и велик кнез Александар Невски во затворот „Крстови“ и храмот посветен на светиот Николај при Воено-медицинската академија: „Јас бев ипоѓакон од 1979 година. Потоа долго време служев како ѓакон и гледав како служат многу стари протоѓакони. Кога свјатејшиот патријарх беше во посета на митрополитот Санкт-Петербуршки и Ладожски, јас бев економ и насекаде патував со него. Понекогаш од 10 чаши се причестуваше огромен број луѓе и потоа истите тие чаши се употребуваа. Самите сфаќате дека помеѓу илјадниците причесници најверојатно има и болни луѓе. И нашите протоѓакони, кои служат по четириесет и повеќе години, до ден денес ги употребуваат преостанатите Дарови и од ништо не боледуваат. На Бога Му служи целиот свет и Нему Му се потчинуваат дури и бактериите и микробите. Во сите времиња епидемиите и болестите се сметале како казна Божја. И заштита од нив секогаш биле молитвата и Светите Тајни.“

2.Причестувањето се извршува во многу болници и затвори. Тешко е да се претпостави дека администрацијата на тие установи е сочинета од убедени православни христијани. Исто така е тешко да се претпостави дека тие намерно ги затвораат очите при распространувањето на опасни инфекции. Освен тоа, таму добро е прилагодена статистиката на заболувањата.

3.Во минатите векови, кога сèуште немало вакцини, луѓето не престанувале да се причестуваат дури и во време на епидемии. Зар народот не би ја забележал оваа опасност? 4.Атеистите се обидуваат да искористат различни аргументи против религијата, но поради чудесниот тек на околности, „забораваат“ на овој аргумент. Иако даваат некакви слаби „докази“ како, на пример, дека светата вода има чудесни својства благодарение на среброто (иако водата често се зема директно од река, се осветува со дрвен крст и се налева во пластични шишиња). За воцрковениот христијанин, оваа ситуација е кардинално спротивна, зашто ние во молитвите пред причестување од Господа просиме (не ние, туку) Тој да не се згнаси од нашите усти: Како што не си ја отфрлил сличната на мене грешница, која дошла и се допрела до Тебе, смилувај се и над мене, грешниот, кој доаѓам и се допирам до Тебе. И како што не си се згнасил од нејзината нечиста уста, која Те целиваше Тебе, не гнаси се и од мојата уста, поскверна и понечиста од нејзината, не гнаси се од нечистите и скверни усни, и од мојот понечист јазик. Но, жарта на пресветото Твое Тело и чесната Твоја Крв да ми биде за осветување, просветување и утврдување… (Молитва на св. Јован Златоуст) *** Од житието на светителот Јован Шангајски и Сан-Франциски: „Госпоѓата Мењшикова била касната од куче. Таа или не ги примила пропишаните инјекции (вакцини) или тоа го сторила невнимателно… и заболела од страшната болест. Дознавајќи за тоа, владиката Јован побрзал со Светите Дарови кон жената на умирање. Кога ја причестил, таа доживеала напад: почнала да пени и ги плукнала штотуку примените од неа Свети Дарови. Но, Светите Тајни не смеат да бидат фрлени, и владиката ги собрал и ги употребил (изел) нив, коишто биле плукнати од болната жена. Прислужниците што биле со него повикале: „Владико, што правите?! Лудилото е многу заразно!“ Но, владиката со спокој одговорил: „Ништо нема да се случи, тоа се Свети Дарови“. И навистина ништо не се случило. *** Од книгата на ѓакон Андреј Кураев „Црквата во светот на луѓето“. – Околу прашањето за гадливоста. Кај нас причестувањето со Христовите Тајни се извршува со една лажица. Зошто треба да ги отфрлам таквите мисли како: дали е здрав или болен човекот кој се причестува пред мене? – Тоа не е добро, тоа се невоспитани мисли. – Ама тие се испровоцирани. – Тие се испровоцирани од истото што го испровоцирало Јуда. Дванаесетте апостоли не се причестувале од лажица, туку тие пиеле од една иста чаша. Замислете си дека сте 13-тиот апостол, влегувате на Тајната вечера и велите: „Ах, овие мажишта тука се валкани, галилејци – провинцијалци. Од кога се немаат избањато? Да не се болни од нешто? Јас нема да се допирам со моите усни на заедничка чаша по нив!“ А Литургијата е токму Тајната вечера. Добро, не сакате богословски, ќе ви кажам медицински. Јас сум ѓакон. Откако сите парохјани ќе се причестат, тоа што останало во чашата, треба јас да го испијам. Потоа треба да ја измијам чашата, па дури и таа вода не смеам да ја излијам, туку повторно треба да ја испијам. Од аспект на хигиената, сите зарази што постојат во мојата парохија, а тоа значи сите болести во Москва, се мои. Ве уверувам дека во текот на 15-те години од мојата служба како ѓакон, ниту еднаш не сум боледувал од инфективни болести. А кога бев само студент на Универзитетот и во Богословијата, тогаш секоја зима боледував од нешто – инфекција или грип – по десет дена лежев. На крајот на краиштата, во што веруваш.
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.128
Поени од реакции
2.767
Денес џамијата во Бит пазар, била полна...
Петок, ден за молитва. Тоа го викаат тие џума...
Полна џамијата и внатре и во дворот...
За полицијата и органите на прогонот, што е разликата Вевчани, православните храмови и Водици, каде апсеше !
Спасовски, Заев ???

Јас за Водици се капам 21 година со ред. Шуќур што еден час, час и пол закаснав откако полицијата им пишеше казни на тие што се искапиле...
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.128
Поени од реакции
2.767
skr.jpg

Масовните собири на еден од најголемите христијански празници се забранети, ама битно на 26 јуни оваа година немаше никаква забрана за парадата на гордоста каде што се собраа илјадници луѓе од минимум десет држави од Европа... Или можеби баш тој ден на 26 јуни не се ширеше вирусот...
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.953
Поени од реакции
17.715
Прегледај го приврзокот 305001

Масовните собири на еден од најголемите христијански празници се забранети, ама битно на 26 јуни оваа година немаше никаква забрана за парадата на гордоста каде што се собраа илјадници луѓе од минимум десет држави од Европа... Или можеби баш тој ден на 26 јуни не се ширеше вирусот...
Музичка вечер нема ништо со нашата религија како што знам. Литургијата е дозволена така да тоа е најбитно, проблемот ќе настане кога таму нема да можеме да одиме, се додека литургијата ја има е добро, а музичка вечер може да се направи секоја вечер.

Но ти ја сфаќам поентата.
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.128
Поени од реакции
2.767
Музичка вечер нема ништо со нашата религија како што знам. Литургијата е дозволена така да тоа е најбитно, проблемот ќе настане кога таму нема да можеме да одиме, се додека литургијата ја има е добро, а музичка вечер може да се направи секоја вечер.

Но ти ја сфаќам поентата.
Eве ќе ти кажам што е поентата. Бројката на луѓе што се собираат за најголемите христијански празници и лани и годинава е драстично намалена во однос на другите години. Чим е намалена бројката што има тука спорно? Што тука смета? Пример колку слабо народ имаше секаде за Василица во Вевчани, Куратица, Водици во Охрид, литијата во чаршијата во Струга лани за Ѓурѓовден (абе речиси двајца без тројца)... Колку слабо народ имаше лани и годинава по гробиштата за денот Духовден???

Ама река од народ за парадата на гордоста од илјадници луѓе тоа не им сметаше. И плус ни маски носеа ни ништо... И држеа ли дистанца од минимум метро и пол??? Значи битно е да се одржуваат разно разни одвратни и болни настани и тогаш баш тој ден не се шири вирусот!!!
 
Лаик

Романтичар
Член од
4 август 2018
Мислења
1.428
Поени од реакции
3.134

Нашите непријатели не губеле и не губат време низ историјата и до ден денес во проучување како да го уништат православието на овие простори,овие години се клучни да ни го зададат и конечниот удар...верата(православна) и ние како поединци сме комплетно хакирани ако може така да се каже со ај ти речник...
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.128
Поени од реакции
2.767
Нашите непријатели не губеле и не губат време низ историјата и до ден денес во проучување како да го уништат православието на овие простори,овие години се клучни да ни го зададат и конечниот удар...верата(православна) и ние како поединци сме комплетно хакирани ако може така да се каже со ај ти речник...
Е не реков за нашите непријатели туку нашата власт сака да го уништи православието...

Како една недела пред Велигден, Духовден, Божик, бројката на заразени се зголемува „на рекордно највисоко ниво“???

А како една недела пред Рамазан Бајрам, Курбан Бајрам бројката на заразени се намалува на рекордно најниско ниво???

Како мајката оваа година од 19 до 26 јуни имаше најмал број на заразени? Па се знае што настан се одржа на 26 јуни?

Ако правиш визита/именден/куќна слава/селска слава/веридба, во каурска куќа полиција има право да ти влези и да ти пише казна.

Ама полиција нема право да влези во куќа каде што се прават свадби, сунети или свечено отворање на некоја џамија во селата Велешта, Горна и Долна Белица, Шум, Теферик, Лабуништа, Октиси, Гостивар, Тетово, Арачиново, Чаир, Сарај, Матејче, Ваксинце, Слупчане, Липково... И тоа народ дојден од разни земји Швајцарија, Германија, Австрија, САД ...
 
Е кој е крив за ова?
Додека џамиите се полни, црквите се празни, додека они живеат во верата ние живееме надвор од неа, они ја практикуваат а ние само ја дискутираме.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.658
Поени од реакции
11.689
Е кој е крив за ова?
Додека џамиите се полни, црквите се празни, додека они живеат во верата ние живееме надвор од неа, они ја практикуваат а ние само ја дискутираме.
Политиката е крива, во однос на старите религии. Старите религии се мешаат во уредувањето на државите и политиката бидејќи се пастири на голем број гласачи и тоа не може да го негирате. Дали мислите дека се битни самите религии и учења? Не се... бројноста е битна, но не во духовна смисла колку е веродостојно и вистинско некое учење туку за да се искористи обичниот човек за земски политики.
Затоа ви е вака како што ви е... сето доаѓа од авторитетите на кои вие се надевате дека ќе ја „поправат работата“ кои тие самите ја расипале одамна.

Само вие зборувате за полно, празно, бројности...

За живеење во верата (што и да значи тоа во христијанска смисла) сигурно не е мерило дали на некој празник имало на бројност доволно луѓе или не во храмовите...
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.128
Поени од реакции
2.767
Е кој е крив за ова?
Додека џамиите се полни, црквите се празни, додека они живеат во верата ние живееме надвор од неа, они ја практикуваат а ние само ја дискутираме.
Tие измеѓу нив ептен си ја практикуваат верата. За двата Бајрама на сиромасите луѓе помагаат со храна и ќе им дадат по некој динар. Недела дена пред Бајрам се во нивните маркети, зелени пазари, пиљарници, месарници поефтинува, а кај нас за Божик и за Велигден 35 - 40% се поскапува... Ретко некој наш што ќе помогне на некој сиромав, изнемоштен со храна за Божик, Велигден...Абе нашиве гревот не си го даваат, па дури и болест не би дале...

За кратко време собраа пари за изградба на највисоката џамија во Македонија во Охридската чаршија... И тоа преку 1.000.000 евра...Не само од овде и со донации од нивните што живеат во Швајцарија, Германија, Австрија, Италија...
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.883
Поени од реакции
7.263
1632255042188.png

“There is no alternative: We either build the future together or there will not be a future,” Pope Francis said frankly in an important keynote address to participants at the high-level inter-religious meeting in Abu Dhabi on Feb. 4.
Добро е да ја градиме иднината заедно, ама цената за тоа ќе да е доста висока.

Сега ми е јасно и сведок, како претходно успеале народот да го натераат од повеќе богови, да веруваат само во еден :cuc:
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.658
Поени од реакции
11.689
Сега ми е јасно и сведок, како претходно успеале народот да го натераат од повеќе богови, да веруваат само во еден :cuc:
Како може денес да те натераат? Може сам да се убедиш заради X причини... но да те натераат....?
Во време кога не ти даваат да седнеш на кафе ако не си вакциниран, како може да те убедат дека е во ред и ќе може да собираш во храмови куп луѓе?
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.883
Поени од реакции
7.263
Воспоставување на комунизмот низ цел свет, поддржано и од религијата (папата).
Од 21:00 мин

Kajgana Shop

На врв Bottom