Религиски podcast во Македонија за одредена тема или актуелен настан

Член од
19 ноември 2021
Мислења
9
Поени од реакции
5
Здраво на сите... Би сакал да прашам дали освен овие дискусии по форумите, различни сајтови за религии, некаде во Македонија постои религиски подкаст каде на одредена тема или настан разговараат следбениците на различни религиии во живо-онлајн?

Поздрав
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.583
Поени од реакции
11.596
Тука на подфорумов Религија и те како знае да биде живо и онлајн, само да се погодат вистински субјекти кои ќе дебатираат, по можност од различни религии и учења :)
 
Член од
19 ноември 2021
Мислења
9
Поени од реакции
5
ОК...
Автоматски споено мислење:

Мојата идеја е да се организира вакво нешто, доколку успеам во тоа тука ќе објавам... Поздрав.
Автоматски споено мислење:
 
Последно уредено:

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.077
Поени од реакции
21.957
Мојата идеја е да се организира вакво нешто, доколку успеам во тоа тука ќе објавам... Поздрав.
Автоматски споено мислење:
Сериозно сакаш да започнеш Трета Балканска Војна ?
Сериозно мислиш дека има капацитет за такво нешто на Балканов ?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.583
Поени од реакции
11.596
ОК...
Автоматски споено мислење:

Мојата идеја е да се организира вакво нешто, доколку успеам во тоа тука ќе објавам... Поздрав.
Автоматски споено мислење:
Нема сеуште инфо од podcast на тема религија...?
 
Член од
19 ноември 2021
Мислења
9
Поени од реакции
5
Нема сеуште инфо од podcast на тема религија...?

Едит
Мене одговорот тука некој ми го префрли во друга тема, и нема смисла да пишувам на друго место. Конркетно постот кој беше за овде без никаква причина замина во „Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања“. Кога видов дека некој се поигрува со моите постови јас нема што да пишувам повеќе на оваа тема. Кај и онака е мртво и нема никој за дискусија исто и беше прифатено на шега прашањето, што исто така покажа дека засега такво нешто најверојатно нема да има. Поздрав
Автоматски споено мислење:

п.с она што може досега да се најде најблиску е на ЕКС-ЈУ јазиците некакви разговори помеѓу христијани и муслимани. Не знам дали ќе има и атеисти во иднина и слично.

Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.583
Поени од реакции
11.596
Беа преместени мислењата бидејќи се настрани од темата за podcast... и таму можеше да продолжиш со идеите што ги имаш поврзани со религиите, а тука да остане чисто да дискусија за podcast на македонски за да расправаме за религиите... и дали е тоа возможно и на кој му треба тоа?

Ако се планира ваков „подкаст“ како примеров што ти го сподели, не е пожелно. Ова се чисти исламски канали и таму нема дискусија...
Се расправаат 3-4ца претежно и си кажуваат едни на други што им фали едни на други... веќе видено.
Муслиман нормално ќе зборува негативно и ќе наоѓа пропусти во христијанството и јудаизмот, христијанинот исто така само во спротивен правец.

А ниту еден не прифаќа дека да не е јудаизмот - немаше да ги има ниту двете, кои пак со сет ум го негираат или видоизменуваат основниот закон кој што доаѓа од евреите, а кој е основа, срж на нивните религии....

Подкаст значи еден гостин или повеќе, еден водител кој што ќе ја држи темата на ниво и во правец да не се заталка и ќе се зборува за една тема.
Пожелно е гостите ако темите се религиозни, да бидат од иста религија или школа и да даваат одговори итн итн...
Инаку ќе биде расправија, докажување каде овие грешат каде оние грешат... што, целта е да се убедуваат сите дека исламот е последното најдобро нешто после христијанството?
Не е...
 
Член од
19 ноември 2021
Мислења
9
Поени од реакции
5
Во ред. Во ред тогаш, продолжете со монологот кој и да сте и како и да се викате не е битно, XY лик, кој веројатно е корисен тука на форумот. Мене ми беше целта како на форумот ете дали е можно наместо пишување позади никови, да се развие дијалог, затоа што не гледам разлика од тоа што некој се кара на „лајф“' или се кара на форум, освен пак велам што на форум е со лажен ник а на лајф се знае кој е. Затоа што гледам дека на 90% од темите на подфорумот Религија имате вие генерално завршни зборови па и тука нека остане така. Поздрав уште еднаш и пријатен ден.
 
Podcast нема ништо со форумов. Ако имаш што да зборуваш за религиите и разните учења, можеш и тука да зборуваш и ќе ти реплицираме и нема да ти биде монолог... има куп теми, може да отвориш тема и да се дискутира за она што ти сакаш да се зборува...
Ете како на темава што ти давам идеи како би можело тоа да се направи и да пробаш...

Тешко тоа да се направи... не изгледа убаво, си влетуваат едни во други во збор, не се почитуваат и директно во очи се гледаат со омраза.
На форум е подруго, тука тонот не се слуша кога пишува некој... ваму, неубаво.

Затоа дадов идеја ако се прави онлајн емисија, да биде тематска, со водител, со прашања интересни, нека бидат и двајца од различни школи, будист и муслиман пример (не знам за што би можеле да се скараат овие двајца) и водителот да ја води емисијата на ниво и да не е пристрастен кон една или друга религија.

Бидејќи ако правиш podcast и покануваш луѓе од различни религии и учења за да им кажеш како тие грешат во однос на Мухамед, Алах и во срцето тежнееш кон ислам - ништо не правиме. Тоа ќе ти биде уште еден обид за исламизација... јок таа работа, не гледам успех во тоа.

Поздрав и се надевам ќе најде плодна почва ова што ви го зборувам, да се примени за да се направи барем обид за нешто вакво како што велиш ти: podcast :)
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.286
Во ред. Во ред тогаш, продолжете со монологот кој и да сте и како и да се викате не е битно, XY лик, кој веројатно е корисен тука на форумот. Мене ми беше целта како на форумот ете дали е можно наместо пишување позади никови, да се развие дијалог, затоа што не гледам разлика од тоа што некој се кара на „лајф“' или се кара на форум, освен пак велам што на форум е со лажен ник а на лајф се знае кој е. Затоа што гледам дека на 90% од темите на подфорумот Религија имате вие генерално завршни зборови па и тука нека остане така. Поздрав уште еднаш и пријатен ден.
со кој бе дијалог?
со муслимани?
или со атеисти?

(да беше до мене сеа откоа го напишав ова, ќе слушнеше како прдам гласно)
 
Член од
19 ноември 2021
Мислења
9
Поени од реакции
5
Нема сеуште инфо од podcast на тема религија...?

Кој го праша ова? Очигледно некој на кого му е досадно на форумов па да нешто само да се праша или? Ако е така, ако е ова прашање за дијалог како велиш прдеж прашање, тогаш што очекувате кога прашувате што и до каде е со инфото а од друга страна се исмева ова со вакви постови.„Се уште“, не знам толку ли не е интересен форумов па овде сакате со некој пост-збор повеќе да (на)влажните. Не знам зошто филозофирање толку, не го бива и готово, крај. Очигледно дека како што светот се менува и веќе не се гледа телевизија и не се читаат весници, така времето на форуми полека иде, и разговорите во 4 очи се далеку по релевантни ако се бара искреност во дијалогот. Со копи-пејст и лажни никови мислам дека завшри времето, но ок, до тука нека биде.

пс. Доколку постои можност слободно блокирајте ми го профилот или деактивирајте го. Поздрав
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.583
Поени од реакции
11.596
Ништо нема лажно зад профил на еден форум, посебно ако членот е со години тука и има изградено став за нештата и лесно се воочува со малку читање на било која тема, каков е и што философија следи или застапува.

Во ова лудо време, само приватноста е богатство - со име и презиме, во „четири очи“ - само малолетни ќе наседнат, а тоа е лошо. Сеуште е голема омразата помеѓу христијани и муслимани врз основа на религија за да може во Македонија да се прави подкаст за „дијалог“ помеѓу истите...

Дали ќе се гледаме во 4 очи и ти ќе знаеш кој сум и како изгледам (што е лошо за мене) или овде може да дебатираш на било која тема што те интересира, нема да го промени мојот став за старите религии...

Нема зошто да се банира профил, разгледај ги другите теми и повели на дискусии, а ако не можеш да дискутираш на форум и да пишуваш, мир со тебе :)

Поздрав...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom