Во ред. Во ред тогаш, продолжете со монологот кој и да сте и како и да се викате не е битно, XY лик, кој веројатно е корисен тука на форумот. Мене ми беше целта како на форумот ете дали е можно наместо пишување позади никови, да се развие дијалог, затоа што не гледам разлика од тоа што некој се кара на „лајф“' или се кара на форум, освен пак велам што на форум е со лажен ник а на лајф се знае кој е. Затоа што гледам дека на 90% од темите на подфорумот Религија имате вие генерално завршни зборови па и тука нека остане така. Поздрав уште еднаш и пријатен ден.
Podcast нема ништо со форумов. Ако имаш што да зборуваш за религиите и разните учења, можеш и тука да зборуваш и ќе ти реплицираме и нема да ти биде монолог... има куп теми, може да отвориш тема и да се дискутира за она што ти сакаш да се зборува...
Ете како на темава што ти давам идеи како би можело тоа да се направи и да пробаш...
Тешко тоа да се направи... не изгледа убаво, си влетуваат едни во други во збор, не се почитуваат и директно во очи се гледаат со омраза.
На форум е подруго, тука тонот не се слуша кога пишува некој... ваму, неубаво.
Затоа дадов идеја ако се прави онлајн емисија, да биде тематска, со водител, со прашања интересни, нека бидат и двајца од различни школи, будист и муслиман пример (не знам за што би можеле да се скараат овие двајца) и водителот да ја води емисијата на ниво и да не е пристрастен кон една или друга религија.
Бидејќи ако правиш podcast и покануваш луѓе од различни религии и учења за да им кажеш како тие грешат во однос на Мухамед, Алах и во срцето тежнееш кон ислам - ништо не правиме. Тоа ќе ти биде уште еден обид за исламизација... јок таа работа, не гледам успех во тоа.
Поздрав и се надевам ќе најде плодна почва ова што ви го зборувам, да се примени за да се направи барем обид за нешто вакво како што велиш ти: podcast