Религиозно vs Научно толкување

Дискусија во форумот 'Религија' започната од exlexmk, 19 август 2010.

  1. MIKI1

    MIKI1 Поставувач на неодговорени прашања.

    Член од:
    10 јануари 2008
    Мислења:
    19.865
    Допаѓања:
    2.992
    Мислим...Да.
     
    На pozdrav eden topol му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Bodhidharma

    Bodhidharma Avatara

    Член од:
    17 септември 2011
    Мислења:
    5.355
    Допаѓања:
    3.241
    Суштината, односно битието е исто во сите тие карпи, камења, животни и луѓето, прото-свест да го наречеме. Тоа битие во комбинација со искуството овде во овој свет придонесува до настанување на нешто најчесто наречено душа кое што можеме да го изедначиме со поим наречен само-свест односно свест.
     
  3. Zornik

    Zornik

    Член од:
    16 јануари 2018
    Мислења:
    46
    Допаѓања:
    40
    Прилично тешко може да се нарече прото-свест. Повеќе одговара прото-воља.

    Има логика.
     
  4. alf

    alf

    Член од:
    28 јануари 2010
    Мислења:
    712
    Допаѓања:
    255
    Ако твојот пост го напиша за мајтап , не мора да одговориш . Се виде уште во почетокот дека е каша-попара.

    Си ги поврзал погрешно работи иако тие се дел од тебе и од секој човек, слабо нешто со самоанализа.

    Прво.
    Карактерот на човекот е поврзан со универзумот, вие го викате зодијак.На секое новороденче му се удира "печат" според распоредот на планетите . Во библијата тие(зодијакот) се преставени како 12 племиња.

    Второ.
    Слободната волја се појавува подоцна и не учествува во создавање на карактерот туку во негово нијансирање со добро и лошо.Стариот индијанец би рекол дека во секој човек постојат два волци , еден добар, а еден лош.Ќе победи оној кој го храниш повеќе.

    п.с. Но , ако твоето мислење не било напишано во мајтап, довршија реченицата од мојот предходен пост.
     
    Последно уредено: 11 јуни 2019
    На Zornik и pozdrav eden topol им се допаѓа ова.
  5. StefusRefus

    StefusRefus

    Член од:
    20 јули 2016
    Мислења:
    3.117
    Допаѓања:
    1.356
    Не се тоа планети, волци и соѕвездија. Карактерот и слободната воља се резултат на ДНК и воспитување и околина онаа земната не Алфа Кентаури...
     
  6. Zornik

    Zornik

    Член од:
    16 јануари 2018
    Мислења:
    46
    Допаѓања:
    40
    Ми се допаѓа постов! Не дека се согласувам со ова што си го напишал ама ми се допаѓа тоа што имаш некакво мислење и некакви теории за работи кои "нормалните" луѓе ич мува не ги лази. Добро е да се имаат теории - може да се случи еден ден да ја увидиш нивната апсурдност.
     
    На Хептаграм XI и Атеист им се допаѓа ова.
  7. alf

    alf

    Член од:
    28 јануари 2010
    Мислења:
    712
    Допаѓања:
    255
    Ги скокна почетокот и крајот во постот , молчењето го потврдува првото.
    За разлика од оние кои имаат некакво мислење или теорија , ти немора да чекаш ништо , за твоето мислење веќе ја увиде апсурдноста.
     
    На pozdrav eden topol му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Хептаграм XI

    Хептаграм XI Ιερός Γάμος

    Член од:
    13 февруари 2010
    Мислења:
    7.074
    Допаѓања:
    4.637
    Слушав еден ѓакон од православната црква како вели дека „науката бара како и кога настанал светот, а теолозите бараат кој и зошто го создал светот.“ Види ти теолози ќе одгатнат се преку верување, само да слета тој гулабот на светиот дух еден од тројцата за да им објави, туку така, бидејќи се молат, веруваат и палат кандила... нормално и градејќи палати од цркви до небото полни со злато и сребро и резби кои чинат многу - ама па и богот не доаѓа во лошо уреден дом, нели? :)

    Туку да се вратам на ова... зарем одговорот на „како“ кои го бараат демек научниците според попов, нема да ги однесе кон тоа да добијат и одговор на прашањето „кој“, кое демек го поставуваат поповите и верниците, и да се знае навистина што е одговорот на тоа „кој“ и дали воопшто постои потврден одговор на тоа „кој“? :)
    Зошто теолозите како верници веднаш ставаат рамки дека светот „мора да бил создаден од некој“, поточно тивко ни кажуваат дека е создаден од богови... бидејќи така пишува во библии и свети книги...

    И да, како науката постојано нешто „пронаоѓа“ (морав во цитати бидејќи православните верници постојано имаат таква критика кон науката дека постојано едно нешто пронаоѓа, па го прогласува за погрешно и на тоа ново додава итн итн, најдете им нзс ако можете) и постојано потоа вели не е тоа точно, има поточно...
    По се изгледа не знаат како оди со науката... за да не прерасне во догма, а да може да се користи новото знаење...

    Исто така ѓаконот барем кажа дека не треба буквално да се сфаќаат светите книги. Добро е. Нешто добро.
     
    Последно уредено: 12 јуни 2019
  9. MIKI1

    MIKI1 Поставувач на неодговорени прашања.

    Член од:
    10 јануари 2008
    Мислења:
    19.865
    Допаѓања:
    2.992
    StefusRefus,

    како ДНК ја одредува слободната волја?

    Дај одговор соодветен на прашањето и без „фаќање орман„, како што тоа го чиниш редовно...
     
  10. StefusRefus

    StefusRefus

    Член од:
    20 јули 2016
    Мислења:
    3.117
    Допаѓања:
    1.356
    На кратко ДНК кодира некои протеини кој не прават свесни и тоа ни дава чувство на слободна воља. За повеќе читај некој книга по неуробиологија.
     
  11. MIKI1

    MIKI1 Поставувач на неодговорени прашања.

    Член од:
    10 јануари 2008
    Мислења:
    19.865
    Допаѓања:
    2.992
    Ај ти читни троа појќе и кажи ми од кога слободната волја станала чувство?...:icon_lol:

    И убо ти реков-без „фаќање орман„, туку со соодветни одговори.
     
  12. StefusRefus

    StefusRefus

    Член од:
    20 јули 2016
    Мислења:
    3.117
    Допаѓања:
    1.356
    Слободна Воља е чуство дена сме ние ние и дека може да ги контролираме барем до некаде нашите акции. Тоа е тоа.
     
  13. MIKI1

    MIKI1 Поставувач на неодговорени прашања.

    Член од:
    10 јануари 2008
    Мислења:
    19.865
    Допаѓања:
    2.992
    Хмм...

    Мош‘ мислит‘ какво чувсто на слобода може да се ќари со добро брашно и саглам трава...

    Е-е-е....

    Не било до ДНК...
     
  14. StefusRefus

    StefusRefus

    Член од:
    20 јули 2016
    Мислења:
    3.117
    Допаѓања:
    1.356
    Ние сме во основа производ на ДНК така да тие работи делуваат на продукти на синтеза на протеини. Ние ме производ на интеракција на нашите составни елементи и средината.
     
  15. MIKI1

    MIKI1 Поставувач на неодговорени прашања.

    Член од:
    10 јануари 2008
    Мислења:
    19.865
    Допаѓања:
    2.992
    А ДНК е производ сама од себе...
     

Сподели преку: