Реиши печурки

Итар Пејо

Слободен Радикал
Член од
10 октомври 2011
Мислења
736
Поени од реакции
660
Пробал некој, знае нешто, има искуство???
Пишува дека помага за се и сешто бла бла бла...ама со оглед дека секој ден има нови и нови "100% природни" капсули, екстракти и разно разни тракаташки кои чуда прават некако скептицизмот преовладува. Па повелете....
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Не сум пробал пошто не ми требало ,но не би рекол скептицизам туку сурова логика ако постои такво нешто што помага за се нели сите би знаеле за него?
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.793
Поени од реакции
6.206
Реиши е медицинска печурка како и шитакето и некои други видови....не е лек за се како што ја рекламираат....но секако е добар додаток на секојдневната исхрана кој го зголемува имунитетот.....но многу погрешно е кога од некоја секојдневна исхрана се прават таблети или капсули и се продаваат како лек и се рекламираат дека се подобри од нетаблетираниот производ

печурките содржат соединенија кои покажуваат различни медицински својства кои на организмот му помагаат да се изборат со клетките на ракот, потоа со разни вирусни и бактериски инфекции и слично

Подетално
http://en.wikipedia.org/wiki/Lingzhi_mushroom
http://en.wikipedia.org/wiki/Medicinal_mushrooms

малку познат факт е дека тратот (габа која живее паразитски на дрво) уште праисторискиот човек ја користел не само за палење на оган туку и за сопирање на крварење, глисти во цревата и слично

една многу потентна и интересна печурка (габа) за која малкумина знаат е Чага или Чанга од која жителите на Сибир прават чај....медицинските испитувања покажуваат дека екстрактот од овва габа има изразано антитуморно дејство но притоа не ги уништува здравите клетки

http://en.wikipedia.org/wiki/Inonotus_obliquus

Ви продаваат таблети за слабеење од јаболков оцет кои чинат 500+ денари наместо да пиете природен јаболков оцет кој чини 70+ денари литар
Ви продаваат капсули од лук за намалување на притисок кој чинат 500+ денари наместо да јадете лук кој чини 120+ денари килограм
Ви продаваат екстракт од коприва за зголемување на виталноста наместо да јадете семе од коприва со јогурт
вакви и слични примери има многу....во ред е да се прават таблети онаму каде што дозирањето е битно и поголема доза може да биде штетна...но секојневната исхрана да ја земените со таблети е глупост
 

Итар Пејо

Слободен Радикал
Член од
10 октомври 2011
Мислења
736
Поени од реакции
660
Абе другар мене ми е јасна работава ама ме интересираше дали некој пробал и што почувствувал...има исто и кафе во комбинација со реиши демек....
Познато ми е тоа со тратот и знам точно како изгледа ама не сум пробал никогаш (додуша глисти немам фатено досега а и не планирам:D)
А ова со капсуливе како тргнало ќе почнат и пенис во капсули да продаваат кој ќе биде 100% потврд и поиздржлив од овој обичниот што се носи секој ден во гаќи стуткан :pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom