Реики техниката од прв степен се применува со полагање на раце на своето или на туѓо тело. Кога преку обука на курсевите за Реики техники енергетската структура за канапизирање на универзалната животна енергија се оспособи повторно, енергијата тече низ темето до градниот кош каде што се разгранува во рацете и се запира во дланките. Во оваа техника не се работи за давање на универзална животна енергија туку на телото му се овозможува впивање на енергијата. Кога рацете со отворени канали ги положиме на некој дел од телото, тогаш тој дел ја впива Универзалната животна енергија која во себе, пак ја носи, информацијата за хармонбија со природните закони и се на што таа наиде, а не е во склад со тие закони, таа го доведува во склад. За човекот да се биде во склад со природните закони, значи да се живее во здравје, љубов и благосостојба.
Прва и основна пречка, одговорност за погрешниот начин на живот, како и за болестите е стресот. Начинот на живот стана секојдневно собирање на стрес како реакција на настаните што, од било какви причини на одговараат. Секогаш кога телото како одговор на непријатни настани изреагира произведувајќи стрес, ние стресот го складираме секаде во нашето тело. Од ден на ден, во телото се повеќе се собира стрес, што можеме да го поистоветиме со ментално ѓубре што го валка телото. Секој нанесување на стрес, го спречува нормалниот проток на енергијата низ телото и станува подлога за создавање на болест. За да живее и да се развива болеста, потребна е и храна, а тоа се стресовите во телото. Што повеќе атрес, толку повеќе слабее природниот одбранбен механизам, во телото, а со тоа се овозможува производство на друг фактор одговорен за лошите психички состојби и болести, а тоа се тешките мисли и емоциите.
Комбинацијата на стресот, тешките мисли и емоциите неминовно резултира со некоја болест. Секој таков процес, прво се случува на енергетско, а потоа се спушта на физичко рамниште.