Резиме на СП

Како го оценувате СП?

  • а)Се играше добар,брз,модерен ракомет

    Гласови: 8 72,7%
  • б)Моожеше и подобро

    Гласови: 3 27,3%
  • в)Квалитетот на Ракометот оди во надолна линија

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    11
  • Гласањето е завршено на .

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Завршна тема за СП,ваши впечатоци ,импресиии за тоа кој како изигра и дали се исполнети вашите очекувања?Дали се играше добар ракомет?
Заврши 25тото СП,рекордно по бројот на гледаност и посета на трибините,уште повеќе по податокот што мечот од 1/8 финалето на Франција со Исланд го следеа неверојатни 28 илјади гледачи на стадионот на ФК Лил кој специјално за потребите на СП беше преадаптиран во ракометна сала.:shook:
Се на се добра организација,убави сали,пред се салата во Нант,и секако реновираната Берси,иако некои репки се жалеле на хотелите,сместувањето,храната итн,но сепак генерално се добро помина,можеби малку со распоредот се потфрли затоа што СП траеше 18 дена,рекордно време,малку збиен распоред за 9 мечеви,посебно тој распоред од четвртфинале,некако премногу развлечена дојде таа програма,тие што играа во сабота 1/8 финале имаа еден ден плус за одмор,па потоа Франција играше прва во 1/2 финале,малку тука направија некоја збрка која наиде на низа реакции,посебно за тој меч за 3то место што го ставија да се игра веднаш наредниот ден по второто полуфинале,се од една цел,да соберат шо повеќе пари од полнење на Берси,јебига скапа играчка е организација на едно првенство,дури и за една Франција,мора од некаде да се извадат парите.
Како и да е заврши се

Франција
Очекувано прва,реално немаше МАЖ за нив,посебно на домашен терен,иако покажаа некои слабости кои беа видливи на мечот со Шведска кога на мускули успеаа да се провлечат понатаму,потоа се беше рутина,во финалето без мака успеаа за само 10ина минути во второ да ја решат целата таа неизвесност,иако во прво Норвешка успеа да најави некое изненадување,ама издишаа брзо.
Сепак да се победи една Франција среде Берси е речиси невозможна мисија,со само 20ина минути добра игра не се прави ова,апсолутно заслужено злато,нема збор овде,крунисана е една генерација на врвни играчишта кои полека но сигурно заминуваат во историјата,како Тити,Нарцис,па и Гигу,Абало,можеби и Сораиндо и Карабатакот за брзо,иако како играат овие уште некоја година ќе тероризираат.
Добија нов бран играчи,пред се Ремили,Фабрегас,Дика Мем е звезда у успону,веќе докажани играчи како Мае,Порте,Лука Карабатиќ итн,имаат страшен ростер,уште долги години ќе бидат во врвот,прва шанса да се докажат ќе е на теренот на можеби најголемиот ривал,Хрватска 2018.
Норвешка
Од валјлд карта до сребро,апсолутно заслужено,иако не се сеуште стабилни да играат на долг рок квалитетно,повеќе им лежат турнирски мечеви,кога ќе играат квалификации како да се губат,ете доказ со Литванија што изгубија:pos:
Страшен потенцијал имаат но сеуште се зелени,затоа што се лесно предвидливи,посебно за големите репки како Франција кои лесно се адаптираат на таа страшно брза игра,вчера во прво газење на Норвешка,летаа по терен во второ свеста им ја зедоа Французите,премногу лесно беа прочитани во тоа големо финале,како во некоја битка кога помалкуброен противник оди на прв јуриш,има некој успех ама потоа тактички ја губи војната,ете тека делуваа вчера,тотално фатени во стапица,како глувци,но сепак реално немаа сили за една Франција во финале.
Ќе видиме како ќе оди приказната со Норвешка,ама како тргнале имаат голема иднина во ракометот.
Словенија
Можеби за некои изненадување но за тоа што го вложуваат во ракометот не е никаква новост ова,сепак големи инвестиции се фрлени во тие шоколи,клубови,какви играчи само вадат,екипи како Рибница:icon_lol:,можете да замислите само колку играчи како Гребенц,Хингеман чекаат на врата,а кога ќе се надодадат играчите кои не беа викнати како Гајиќ,Бомбач,Скубе,па и Зорман зошто да не,Миха Жвижеј,ова е една сериозна селекција.
Ќе видиме и тие како ќе се развиваат понатаму,овде реално имаа и среќа,со Катар во 1/4 финале,реално најдобра ждрепка имаа,дали ќе успеат да направат нешто повеќе во Хрватска,видечемо?
Хрватска
Овие од улога на ПОКОЈНИК па потоа исто како во Полска изненадувачки се трансформираа во ПОЛКОВНИК па по тие два инфаркт мечеви повторни се УПОКОИЈА.:icon_mrgr:
Големи критики доби Бабиќ,за тоа шо изигра Хратска во тие завршници со Норвешка,од праг на финале и речиси сигурна бронза дојдоа епитетот НАЈГОЛЕМИ ЛУЗЕРИ ОД ПОБЕДНИЦИТЕ:)
Ќе следуваат големи реформи,веќе врие,за утре е најавено дека Бабиќ добива клоци,веќе Лино почна да се умилкува,да се нуди,рекламира и реално нека си го фаќа патот другарчето(повеќе во темата за репката)
Се спремаат за ЕП наредна година,таму уште отсеа кажаа дека се освен злато е неуспех.
ОСТАНАТИ РЕПКИ,да не речам ЛУЗЕРИ:icon_lol:
Шведска

За овие ми е најмногу криво,кој малер го имаа да налетаат на Франција,уште во 1/4 финале,преубеден сум дека доколку го имаа патот на Норвешка до финале друга песна и историја ќе беше испиѓшана на крај,најмногу импресионираа Швеѓаните,страшна репка,доколку успеат да се средат и да ископаат уште по некој шутер во тандем со Лукас Нилсон и Лагердин ќе бидат страшна репка во наредните 10 години,допрва доаѓа нивното време.
Шпанија
Тотално разочарување,изгубени тоталка,и во одбрана освен на тие први мечеви се друго беше очај,не дојде до израз можеби ТОП 3 најдобар пар голмани,едноставно од таа порозна одбрана не успеаа да се истакнат,одбраната шуплива,со многу пукнатини,нападот безидеен,се одеше преку крила,како никогаш досега не дошле на едно СП со толку сиромашен напаѓачки арсенал,Агинагалде на линијата неупотреблив,едноставно прочитана книга беа Шпанците,готови беа со Бразил,се извлекоа,со Хрватска го лапнаа,толку беше силата,го избркаа Кадењас за да донесат копија на неговото водење од клупа,ротација по шаблон,лесно предвидливи..
Катар
Шта речи за овие легенди?
И самите не знаат како им успеа да победат со Германија,уште долго време ова ќе е една од најголемите загатки во историјата на ракометот:icon_mrgr:
Кец на десетка,од изгубени во групата дојдоа до 1/4 финале,бонус добија,и повеќе од шо заслужија.
Унгарија
Изненадија со Данска,страшна игра во одбрана,но со Норвешка добија лекција по ракомет,исто како Норвешка шо доби туторинг по ракомет од Франција.
Сепак за земја која фрла огромни пари во ракометот и самиот пласман во ТОП8 е голем успех,сеа со Врањеш на чело можеби ќе одат левел плус,не остава ништо на случајноста малиот:D
ОСТАНАТИ ГУБИТНИЦИ:kuracc:
Данска
Шо да се коментира за овие гревови?:pos:
Од врвот на Олимп до најголеми клошари,шо ти е живот:icon_mrgr:
Се виде и кај нив по тие мечеви со Бахреин,Катар дека нешто чкрипи,но самите си се криви,влегоа премногу потценувачки во дуел со една силна репка и добија ќотек,додека се свестија шо ги снајде веќе беше доцна.
Но кај нив има и во секое лошо добро,тие се како птицата Феникс,кај нив неуспехот не остава никаква трага,тие и да освојат злато и да се последни не менуваат ништо во својата игра,веќе во Хрватска ќе ги видиме пак во улога на еден од главните кандидати за медал,веќе видена приказна,страшно нешто се овие Скандинавците,можеби тој недостиг на емоции ги прави толку успешни,да беше Хрватска на пример на нивно место да испаднеа уште во 1/8 финале ќе го запалеа Бабиќ на ТРГОТ БАН ЈЕЛАЧИЌ:)
Исланд
Успех за нив е што дојдоа до втора фаза,со оглед на околностите,и тие имаат добра иднина,толку мала земја а продуцираат страшен кадар.
Белорусија
Овие се ДОБИТНИЦИ:zloo:,хаха,којзнае која пара ја имаат лапнато:zloo:,директно инвловирани во двата најматни мечеви на СП.
Онај КРИМИНАЛ СО ЧИЛЕ ШО СЕ СЛУЧИ е секако добитник на црн бумбар без конкуренција
Бразил
Требаше да тепаат со Шпанија,заслужија,незаслужено испаднаа,како и да е,пласманот во ТОП16 за нив е топ пласман.
Египет
Истото се однесува и за овие,добар фајт дадоа во 1/8 финале со Хрватска,ДОБАР ДОЈАМ ОСТАВИЈА.:cool:
Русија
Ни бледа сенка од некогашната мечка во ракометот,одамна се далеку од елитата,како тргнале тешко ќе се вратат назад.
:oeoeoe:
За овие легенди во нашата тема:icon_lol:
ПРЕЗИДЕНТ КУП
Шта речи коју послуку порати за овие лузери.
Единствено Полска да се спомене,ејјј до кое дереџе дојде Полска,за само неколку месеци,од продолжение за пласман во финале на ОИ до дереџе да играат со Јапонија,Саудиска Арабија,Аргентина во Президент купот на ракометни лузери и ревијални учесници на првенства.:pos:
Барем освоија пехар ако ништо,макар и лузерски президент куп:cuc:
Ќе видиме сеа колку ќе успеат да вратат од ова шо го изгубија,сепак не е лесно да се смени речиси цела една репка која одбележа толку години.
Ваљда знае шо работи Талант,не ми се верува до толку неспремно да влегуваат во вакви ризици,можеби и кај нив ќе упали кецот како кај Хрватите кои во 2002 беа на исто вакво ниво како Пољаците,последни на ЕП па потоа дојдоа до светеско злато,ќе видиме.
Тоа е тоа.
На крај малку и за ОЛ СТАР ТИМОТ.
Најдобар Голман
:Овде ИХФ напрај голема грешка според мене,наместо Торнбјорн Бергерут кој искина на цело првенство,дури и на вчерашното финале кога имае 13,14 супер тешки одбрани тие го одбираат ВЕНСАН,абе ајде таму немој да ме јебеш,без разлика шо Венсан успеа да ги извади и со Шведска и вчера но кога ќе се сумира целото првенство каде каде подобри претстави имаше Бергерут,дури и голманите на Шведска беа подобри од Венсан,ама јебига,мораше и некој од Франција да пуштат во таа идеална постава.
Лево крило-Јери Толбринг,апсоутно заслужено,искина младичот.
Десно крило-Кристиан Бјорнсен,и за овај заслужено,иако и Екберг можеше да се убаци овде,страшно првенство имаше Никлас.
Пикер-Бјарте Мирхол,ТОТАЛНО ЗАСЛУЖЕНО,МАШИНА.
Лев Бек-Сандер Сагосен,овде некако на стара слава,реално дечкото потфрли на големите мечеви,со Хрватска беше изгубен,со Франција НЕ ПОСТОЕШЕ,се изнаигра со Бразил,Македонија,Унгарија,во јаките мечеви се изгуби тоталка,посебно вчера,реално не заслужи дечкото со симпатични уши да е во топ7 на првенството,премногу му набилдаа си-ви,иако реално како ретко кое првенство доста слаб ефект на левите бекови,сиромашна понуда,немаше некој кој делеше,се беше некако стихијно,за разлика од времето кога имаше доста поголема понуда на јаки леви бекови,најголемо разочарување е Микел Хансен,овај требаше да е најдобар лев бек,ама го снема, коа ќе се види дека Карабатакот е МВП на цело првенство немаше ни некој избор.
Среден бек-КРКМАТА,и овде според мене е грешка,повеќе Циндриќ заслужи отколку Кркмата,реално Циндриќ беѓе тој кој на раце ја носеше Хрватска цело првенство,Кркмата повеќе придонес даваше во одбрана и мотивација,дури и Марко Безјак повеќе покажа на среден,страшен играч,на стара слава Кркмата уште една награда лапна.
Десен бек-Недим Ремили,нема збор овде,апсолутно заслужено,иако во споредба со Киро е сеуште мало дете,ама сепак со тоа шо речиси сам ги реши Исланд и Шведска плус тоа шо е од Франција беше пресудно за ова,
МВП-Карабатакот,заслужено,иако ова првенство како да го одигра со пола сили,немаше н потреба да зема се во свои раце,сепак беше главна ударна сила кај Французите,без него беа сосема друга репка.
Тоа е тоа народе.
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.146
Поени од реакции
2.985
Браво за @Tomasino, oдлично кажано. Исто и јас имам исто мислење, да не должам на широко. Очекувано според мене Франција си освои, тешко дека се очекуваше некој да ги победи среде Франција. Шведска и Норвешка за мене најпријатни изненадувања. Одлична, модерна и брза игра прикажаја и двете, сигурно им предстои добра иднина во наредниве години.

Нешто што ме изнервира и мене е all star тимот. Како прво мораше Бергерут од Норвешка да биде прв голман, одлично го избрани цело првенство, страшен голман. Срамота е Жерар со 2 и пол добри утакмици да добие место во тој тим. Крилата горе - долу тој е изборот, како што кажа и Томасино можеше и Екберг да биде наместо Бјорнсен, немаше да биде незаслужено. Мирхол исто така сосема заслужено за пикер, и Сагосен и Ремили. Ама како Дувњак се најде во овој тим е чудо, очај беше цело првенство. Па ако толку им беше да постават некој од Хрватска во тимот, Циндриќ ќе беше сосема позаслужено.

За Карабатакот беше очекувано, иако речиси цело првенство го изигра на едно нормално ниво за него. Не да игра некои страшни партии, да форсира, туку играше колку што треба и во напад и во одбрана.

Факт е и дека на ова првенство немаше играчи кои ептен отскокнуваат со перформансите, Карабатакот солиден, Сагосен партали правеше во првите мечеви, на последниве 2-3 се изгуби иако реално според голови и асистенции имаше страшно првенство. Хансен имаше неколку добри мечеви, ама рано испадна Данска, исто како и Кире кај нас, ама сепак си лапна најдобар стрелец. :icon_mrgr:
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.515
Франција не ни требаше да е во финале.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom