Редовен сервис на кола

Член од
28 декември 2007
Мислења
43
Поени од реакции
10
Сигурен сум дека многу од нас (меѓу кој сум и јас) незнаат точно кога односно на колку КМ да го извршат редовниот сервис. Под тоа подразбирам промена на масло, филтер за воздух, филтер за полен, филтер за гориво, свеќици, каби за свеќици, антифриз, фреон и се останато. Се надевам дека на форумов има стручни лица односно некој кој се разбира во овие работи па ке може да ни помогне околу редовното сервисирање на нашите автомобили.
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Здраво. Сигурен сум дека ќе се најди некој да ти помогни околу одржувањето и редовниот сервис на возилото.

Пред тоа треба да ни кажиш, што возило имаш, која година е произведено, колку време го имаш и што имаш сменето до сега на него?
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.297
Поени од реакции
7.254
Сигурен сум дека многу од нас (меѓу кој сум и јас) незнаат точно кога односно на колку КМ да го извршат редовниот сервис. Под тоа подразбирам промена на масло, филтер за воздух, филтер за полен, филтер за гориво, свеќици, каби за свеќици, антифриз, фреон и се останато. Се надевам дека на форумов има стручни лица односно некој кој се разбира во овие работи па ке може да ни помогне околу редовното сервисирање на нашите автомобили.
Па кога ќе менуваш масло, добро е да смениш све остало, а во зависност од тоа дали моторот е дизел или бензин, мислам се менуваше на секои 10 000 - 15 000 изминати километри.
 
Член од
28 декември 2007
Мислења
43
Поени од реакции
10
Имам Фиат Пунто 2000 год. 1200 кубика. Го имам 3та година, има реални 160000. До сега сум сменил на 150000 свеќици NGK и кабли Champion (по совет на мој пријател), масло на 10000км, превентивно сменив ребраст, клинест и клима каиш. Ми рекоа дека антифриз се менува на две години така да есента го сменив.
--- надополнето: 18 јуни 2013 во 16:50 ---
Сакам да знам на колку КМ се менуваат свеќиците и дали при нивна промена треба да менувам и кабли?
Масло заедно со филтер за масло и филтер за воздух и гориво ми кажале дека се менува на 10000км дали сум во право?
На колку КМ се менуваат каишевите?
Дали има потреба од промена на глицерин и некој други течности?
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.227
Поени од реакции
78.808
Мене оваа година ми истекува гаранцијата. Aygo 2008.
Што понатака?
Да идам пак у Тојота секоја година на сервис или да барам по приватни други (ваљда е поевтино)?
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343

Антифриз на две години.
Свеќици до кога траат или на 60000 км. Менувај и кабли со нив.
Каиши велат до 60000 км или ако не минеш толку, тогаш на 5 години.
Глицерин... и тој ги губи својствата, јас менувам на 5 години.
Масло... 10000 км или година дена ако не поминеш 10000 км.
Исто е и со сите филтри (полен, воздух, масло, гориво...)
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Мене оваа година ми истекува гаранцијата. Aygo 2008.
Што понатака?
Да идам пак у Тојота секоја година на сервис или да барам по приватни други (ваљда е поевтино)?
Мислам дека еден од постарите сервисери што работи или бил вработен во Тојота си има приватна работилница дома и ќе те чини поефтино да го правиш сервисот кај него.
Кога го купував возилото лани последниот сервис на 90.000 км не беше внесен во сервисната книшка, но жената од каде што го купив возилото ми објасна дека слично како и тебе и поминала гаранцијата, па се решила да го прави сервисот кај него од причина што добила буквално иста услуга како и во сервисот за помалку пари.
Распрашај се кој е тој сервисер и во случај ако не можеш да го најдеш, мислам дека имам телефон сеуште од жената од каде што ја купив колата и ќе го најдам бројот за тебе.
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.668
Поени од реакции
21.740
Филтрите е добро да ги менуваш на 10000-15000 километри или на една година, односно што попрво од овие 2 ти дојде. Најбитни ти се маслото и филтрите за масло, на нив не треба да се штеди и треба да се земаат поквалитетни и по можност уште на 10000 промена. Останатите филтри не се толку страшни и може и на 15 000. На секои 50-60000 идат посериозните проблематики. Тогаш треба да се ѕирнат плочките и дисковите при што со голема веројатност плочките ќе треба да се променат а дисковите е пожелно да се корегираат. На таа километража обично се менува и ребрастиот каиш, некои викаат дека може и подолго до кај 80-90000 но ако сред возење ти се сјебе ребрастиот каиш можеш само да се сликаш така да паметно би било до кај максимум 70-75000 да се смени. Тогаш се менуваат и пмевматици и тука исто не треба да се штеди на нив. Така да некаде од 50 000 до 60 000 километри ве чекаат големите трошкови и однапред удрете си некоја заштеда за тоа. На 80 000-90 000 треба да се сменат и дисковите ако до тогаш е се во ред. Глицерин да се дотура по потреба, свеќици исто така. Имајте си обавезно европски сет за пат флуоресцентен елек, прва помош и иако не е задолжително многу пожелно да имате и ПП апарат, дигалка, ланци и јак клуч со димензија од штрафовите на бандажите за во случај на менување гума како и кабли за стартување на возило и сијалички нарочито средно и долго светло-резерва.

Додека ви е возилото под гаранција, сервисите треба да се прават кај овластениот сервисер затоа што кај сите овластени дистрибутери стои клаузулата дека гаранцијата се губи доколку сопственикот го сервисира возилото кај неовластени лица или не го сервисира во предвидените термини (најчесто тоа се од 10 000-15 000 или една година што попрво дојде). По истекот на гаранцијата поевтино ќе поминете ако сервисот го правите кај приватањаци но една работа што треба да ја знаете е дека приватниот мајстор мора да ви биде проверена личност затоа што знам премногу случаеви со подметнати стари филтри, дури и старо масло, неквалитетна услуга, стари делови и аматеризам и дури и понекогаш поскапа наплата од самите овластени сервисери. Најпаметно е прво да си прашате кај овластените дистрибутери цена и да направите компарација на 2-3 други места. Исто така имајте во предвид дека при евентуалната продажба на возилото, многу луѓе ќе сакаат да ја видат вашата сервисна книшка па тешко ќе ви оди со убедување дека редовно сте оделе на сервис, или дека сте оделе ама кај проверени мајстори, но кај проверен еснаф мајстор е секако поисплатливо отколку кај овластените застапници.

Со среќа и грижете се за вашите возила. Не треба да напоменувам дека за голем дел од нас тие се де факто втор дом, а колку само пробелми можат да настанат од неисправноста на истите.
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Имам ново возило.
Да прво да кажам заборавив дека многу добра тема.
... еве по точно четири години близу сум до 15,ооо км. значи малку го користам.
До сега сменив три пати масло, дали да чекам сега 20.ооо км за пак да сменам или треба на година како што пишувате. Друг проблем нема.
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
Имам ново возило.
Да прво да кажам заборавив дека многу добра тема.
... еве по точно четири години близу сум до 15,ооо км. значи малку го користам.
До сега сменив три пати масло, дали да чекам сега 20.ооо км за пак да сменам или треба на година како што пишувате. Друг проблем нема.
Јас со Ксарата за 10 години откако ја купив нова до сега имам поминато 44000 км. Возам колку тебе отприлика.
За тие десет години, на 5 години ги менував гумите, двапати каиши, двапати глицерин...
Масло на година сосе филтри... Не е штетно често да се менува.
Друг проблем не сум имал.
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Масло во мотор може да се смени и на 5000 километри исто и филтерот за масло.
Кај бензинците ребраст и клинест каиш можат да се сменат од 80-100000 км,додека на дизелите на 50-60000 км.
Филтер за воздух може да се смени на 10000 километри или во завиност од тоа каде се вози колата.
Филтер за полен ќе си провериш ако е сив треба да го смениш,јас цитроенот 10 години го возам без филтер за полен па немам никаков проблем.
На дизелите(турбашите)препорачливо е поредовно менување филтер за воздух
Плочки се менуваат 3 према 1,односно напред 3,назад 1 и препорачливо е на трето менување плочки напред да се сменат и предните дискови.
Гуми препорачливо е да се сменат кога ќе почнат да го поминуваат вториот граничник или ако возиш 120-140 кога врне и поминеш низ вир,а те занесе колата тоа значи дека треба да се сменат предните гуми.
 
Член од
29 јануари 2010
Мислења
1.619
Поени од реакции
1.551
[quote="Fringe, post: 5949692, member: 51697"
Гуми препорачливо е да се сменат кога ќе почнат да го поминуваат вториот граничник или ако возиш 120-140 кога врне и поминеш низ вир,а те занесе колата тоа значи дека треба да се сменат предните гуми.[/quote]

Ако поминеш со 140 низ вир док врне тоа значи дека си луд ,остај ти гуми
 
Член од
28 декември 2007
Мислења
43
Поени од реакции
10
Препорака за некој добар сервисер (се работи за мојата кола) бидејки во Автомобиле цените се премногу високи за мојот стандард, а и колата е далеку од нова. Ваш предлог на сервисер кој би можел редовно и квалитетно да ми ја одржува колата без да ме лаже и дере :). Колку што ми кажа еден пријател ми се ближело менување на дискови при следната промена на плочки. Претходниот пат кога менував плочки ставив Woking (графитни) но за кратко време почнаа да шкрипат така да не би рекол дека се квалитетни. Исто така постојано ми свети air-bag сијаличката што би можело да биде тоа?
--- надополнето: 20 јуни 2013 во 16:04 ---
Да се надоврзам..ми кажувале дека за инталијански возила исклучиво масло Селениа, дали има врска тоа или се работи за бизнис трик. Какво масло препорачувате, дали се шкарт или оргинал во Македонија, доколку има оргинал кое и од каде?
 
За каква кола станува збор.
Ако малку се разбираш во коли не можат да те одерат,секако во овластен сервис е скапо ама затоа има алтернатива кај некој пријател на пријател па другарна брат му во гаража.
Сијаличката за аир бег може да свети ако е удрена колата и не е ставен нов аирбег и не е ресетиран компјутерот.
Масло за во мотор во глобала е исто и од иста суроовина се прави,различен е производителот и името.
Ретко кога ќе ми останат повеќе пари ставам квалитетно масло(total quartz 5000 или 7000),во повеќе случаи ставам турско или иранско.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.663
Поени од реакции
213
за сијаличката за еирбег мора да се направи дијагностика за да се види што е па да се решава проблемот...на новите коли ако имала удес неможеш да го ресетираш компјутерот мора да се флешува ;)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom