Редици за храна во Венецуела

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
На популарниот сервис за фотки imgur се појавија серија фотографии кои покажуваат ред за храна во социјалистичка Венецуела. Редот е предизвикан од новата контрола на цените што ја воведе претседателот Николас Мадуро со цел да ја спречи инфлацијата.

„Законот за фер цена“ предизвика недостиг на основни продукти во продавниците, бидејќи според него се елиминирани основните начела на економијата – понудата и побарувачката. Имено, законот дозволува максимален профит од 30% и ги ограничува фирмите да нудат „фер цени“.

Како краен продукт таму има недостиг кој предизвикува редици долги со километри во кои луѓето чекаат и по неколку часа за да купат храна.

Нешто слично се случуваше и во сите социјалистички земји во минатиот век, вклучително и во Југославија каде имаше недостиг на одредени продукти (кафе, месо, тоалетна хартија и тн.) чија цена беше „заштитена“ од државата.

http://taratur.com/foto-plodovite-na-socijalizmot-red-za-hrana-vo-venecuela/
 
fkpromaja

In the Heaven.
Член од
28 јули 2012
Мислења
449
Поени од реакции
256
Типична американска работа, чекаја да заврши со работа големиот Хуго Чавез кој покажа како се води една држава и после да удрат по овој новиов. Ова едино може да ескалира кога ќе се среди со Украина пред тоа не. Зачекајте...Браво за Мадуро и Чавез. И ако е социјалистичка незначи дека е фашистичка, баш социјализмот е многу подобар од капитализмот според мене.
 
Член од
21 октомври 2009
Мислења
1.528
Поени од реакции
2.368
не сте биле во гоце во 3 сато да видите што е гужва за храна
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543
Можно е да и таму настане некоја обоена револуција. Венецуела има во изобилство нафта, извезува кафе и какао - значи се е можно
Самиот наслов над фотографиите кои ги има на тој imigur навестува нешто такво
Venezuela and the joys of Socialism.

Marchelo93

Дипломиран Џаболебар
Член од
10 јули 2011
Мислења
1.931
Поени од реакции
1.997
Што има лошо во тоа што Мадуро се обидува да го заштити бедниот народ.Ќе остваруваат газдиве профит?Да пак ќе остваруваат,ќе бидат богати,али не до толку што од бес да не знаат на што попрво да ги потрошат парите.Мора да се стави крај на безлимитното трупање богатство што неможат да го потрошат ни за десет животи на грбот на обичниот работник.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.450

Сето тоа е супер, но државата може многу повеќе и многу полесно да ги мотивира трговците да ги намалат цените со тоа што ќе воведе пониски даноци и царини, а истовремено ќе ги субвенционира трговците за да не работат со загуби.

И тогаш сите ќе бидат задоволни.

Но тоа не е случајот со Венецуела.

Венецуела е една од најподелените држави во светот, држава во која социјалистите трчаат по гласовите на сиромашните, а истовремено плукаат по богатите само затоа што се богати.

Ова не е нешто ново, Венецуела е поделена уште од 1980-те години, трговијата со нафта создаде огромен јаз помеѓу богатите и сиромашните, поради што прашање на време беше додека сиромашните да станат мнозинство и социјалистички идиоти од типот на Хуго Чавез и неговиот наследник Николас Мадуро дојдат на власт.

Ниту покојниот Хуго Чавез, ниту неговиот наследник Николас Мадуро во ниту еден момент не превзедоа одговорност за неуспесите на венецуелската економија, со која раководат повеќе од 15 години.

Инфлација, недостаток на најосновни прехранбени и хигиенски средства и суровини, забрана за употреба и трговија со странски валути, се само првичните поразителни последици на катастрофалните социјалистички политики на Хуго Чавез и на Николас Мадуро, за кои ниту покојниот Чавез некогаш призна и одлучи да сноси одговорност, ниту Мадуро делува како да планира да признае и да сноси одговорност.

Кога државата си го пика носот во туѓ приватен бизнис, тврдејќи дека може подобро да го води бизнисот наместо приватниот сопственик кој првично инвестирал во истиот тој бизнис, а не државата, тогаш работите резултираат вака како што резултираат во Венецуела - државата прво присилно ја превзема контролата врз приватните трговски фирми, па наскоро и станува јасно дека фирмите не можат да ги задоволат потребите на сите граѓани истовремено, па решението на државата е - ограничување на куповната моќ на граѓаните. Па така, една од најтазе новите мерки на Николас Мадуро за (де)стабилизирање на животниот стандард во Венецуела, е ограничувањето на дневната/неделната/месечната количина на леб, брашно, шеќер, сол и останатите прехранбени производи кои граѓаните на Венецуела секојдневно ги купуваат, од наједноставна причина - бидејќи трговските фирми кои државата ги национализираше, не можат да ги задоволат потребите на сите граѓани истовремено.

Или со други зборови кажано:

Не можеш сиромавиот да го збогатиш одземајќи од богатиот, бидејќи така само им ги менуваш местата - богатиот ќе стане сиромав и повторно ќе си го имаш истиот проблем со сиромаштијата и економската и социјалната поделеност.

Убаво кажа покојната Маргарет Тачер:

Проблемот кај социјализмот е во тоа што порано или подоцна ќе останете без туѓи (или подобро кажано - позајмени) пари за трошење.
 
Последно уредено:
Член од
28 март 2006
Мислења
17.663
Поени од реакции
12.059

во глобала социјализмот е хумано општество за разлика од сегашните. Тоа што не успеало досега, не значи дека не е функционално.
А што Тачер изјавила, јас би додал позајмените пари не се позајмени туку пари кои се враќаат кај првобитниот сопственик, номинално наречени позајмени.
Пропаѓаат и социјалистички и капиталистички држави. Украина, Хаити, Сирија, доколку дојде редот повторно на некоја балканска држава...како што читам САД се повторно вмешани во овие кризи, како што беа вмешани 2004 во Хаити. Секоја држава која не им е по "кејф" од било која причина на САД или неколку ЕУ членки, доживува дебакл, државен удар, нередија, кризи...
 
Никогаш не сум рекол дека капитализмот е совршен или имун на криминал и корупција.

Но социјализмот дефинитивно е уште помалку имун на криминал и корупција, бидејќи во една група на луѓе се лоцира целокупната власт и моќ во државата, што на крајот резултира со катастрофални последици.

Не дека и капитализмот ги има истите тие групи на луѓе во кои се лоцирани целокупната власт и моќ во државата, но сепак во социјализмот стапката на сиромаштија и намалената куповна моќ се многу поголеми отколку во капитализмот.
 
Праксата беше едно, теоретски требаше да функционира поинаку. Преку широк систем на делегирање и учество во сите сегменти на обичниот граѓанин во власта. Постоеја барем во нашиот теоретски модел, голем број општествени тела и делегации. Власта и моќта беше/требаше да биде распределена дури до ниво на месни заедници и општински интересни заедници. За ова можеби некој што изучува политички системи може повеќе да придонесе.
Причини за неуспех веројатно беа повеќе. Можеби разликата од неразвиени општества и со ниска свест на населението во еден модерен систем. Можеби активностите кои ги вршеше западниот систем со цел да се распаднат државите со социјалистичко уредување. Можеби комбинација од двете или повеќе фактори. Дали заради политичко прегрупирање, ефтини ресурси, работна сила и големи пазари, дали заради пристап до бесплатна питка јужноамериканска вода или нафта битно неколку држави членки на НАТО сеуште се длабоко вовлечени во вакви сценарија, САД пред се.
 
Во целост се согласувам со се што спомна, но сето тоа е во минатото, со исклучок на НАТО членките кои и понатаму, а особено САД, си ги пикаат носовите во држави кои не се членки на НАТО.

Но останува фактот дека социјалистите во Венецуела на чело со Хуго Чавез, а по неговата смрт на чело со Николас Мадуро, дојдоа на власт по демократски пат и ги имаа, а и сеуште ги имаат, сите потребни средства за создавање и одржување на нормална и функционална држава, но не го прават тоа, туку и после повеќе од 15 години откако дојдоа на власт во Венецуела, социјалистите наместо да стават крај на класните поделби - што е една од најосновните цели на социјализмот, го прават сосема спротивното - го продлабочуваат јазот помеѓу богатите и сиромашните и кога работите ќе тргнат наопаку, секогаш имаат дежурни виновници - капиталистите, профитерите, САД, Панама, Колумбија и не знам кои други држави, опозицијата, сите се виновни, освен самите социјалисти, кои одбиваат да признаат одговорност за своите постапки и одбиваат да сносат одговорност за своите постапки.

Ваквиот начин на однесување е типичен кај сталинизмот - ако жетвата е слаба, тогаш земјоделците краделе, природата и сушата како да не постојат. Ако економијата и индустријата не остваруваат раст, тогаш некој извршил саботажа. Секогаш некој друг им е крив, така што мора да им се признае на венецуелските социјалисти дека се малку помодерни во споредба со Јосиф Висарионович Сталин и неговите послушници. За разлика од Сталин, кој убивал милиони за да ги замолкне сите кои биле против него и неговата лична диктатура, венецуелските социјалисти претежно се занимаваат со оцрнување на личностите и делата на дежурните виновници - САД, Панама, Колумбија, венецуелската опозиција и сите останати.

Не велам дека западот не си го пика носот во Венецуела, но лично мислам дека западот повеќе профитира од социјалистичката влада во Венецуела, чиј што купувач на венецуелската нафта број 1 (ЕДЕН), иронично, се САД - кои според венецуелските социјалисти, се најголемиот душман на Венецуела и на светот. Но се додека Венецуела заедно со останатите држави од нафтениот картел ОПЕК го контролираат и го одржуваат производството на нафта на ниски количини, иако имаат огромни резерви на нафта, западот ќе профитира од високите цени на нафтата, а венецуелските социјалисти ќе остваруваат профит во американски долари, додека истовремено им го негираат правото на граѓаните на Венецуела да купуваат, продаваат и користат американски долари.

Во вакви околности, за жал или ќе се задржи катастрофалниот статус кво, кој со себеси нема да донесе ништо подобро за граѓаните на Венецуела, или работите ќе тргнат кон уште полошо.
 
fkpromaja

In the Heaven.
Член од
28 јули 2012
Мислења
449
Поени од реакции
256
Едноставно треба да се воведе систем на национализација, а не на приватен капитал и секој 2 да е сиромашен, нешто слично како во Белорусија. Цела држава си е богата невработеност 2%, нормално никој нема пари до бес како што имаат во капиталистичките земји, а и што ќе ти се? Зошто не покушаат да удрат во Белорусија, нормално дека неможат затоа што Лукашенко игра паметно со Путин.
 
Член од
30 декември 2014
Мислења
349
Поени од реакции
436
Лудиот психопат Николас Мадуро кој себе си се декларира како социјалист а нема ни С од социјализам во неговите политики, си намести втор мандат на фејк изборите во венецуела чија излезност беше само 25.8% за разлика од 80% пред 5 години каде Мадуро едвај беше избран за претседател со предност од само 1.5%.

Знаеме сите што направи психопатот во овие 5 години (за волја на вистината големи заслуги имаа и погрешните политики на неговиот претходник Чавез): Го огладне и осиромаши народот до даска, полицијата ги убиваше луѓето на протести, деца умираа поради неухранетост, додека килажата и стомакот на Мадуро растеа. Галопирачка инфлација, маркетите празни, луѓето се иселуваа во Колумбија, Чиле, Аргентина, Шпанија, САД. Повеќе меѓународни хуманитарни организации поудија помош на Венецуела од прехранбени производи до лекови, но Мадуро не ја дозволи доставата велејќи дека тоа е дел од меѓународен заговор.:popce::popce::popce:

Капка надеж беа парламентарните избори во 2015-та година каде опозицијата (инаку предводена од левоцентристичка партија) освои речиси двотретинско мнозинство, но по само недела дена од изборите Мадуро си основаше паралелен парламент. :lolzz::popce::popce::popce::popce:

Минатата година пак си организираше фејк референдум за таканаречено еднопартисо уставотворно собрание каде излезноста беше околу 13%, додека власта ја лажираше на 40тина проценти (како што и сега ја лажираат божем наводна 46% излезност за претседателските). Поради лажирањето на излезноста, доскорешната државна обвинителка (која важеше за десна рака на Чавез) покрена обвинение против Мадуро, по што тој експресно ја отстрани од функцијата и нареди нејзино приведување, по што таа беше приморена да избега од државата и доби азил во Шпанија.

И сега на овогодинешните претседателски избори, на кандидатите од најголемата опозициска коалиција им беше забрането учеството, а дел од нив се наоѓаат зад решетки. Затоа и 3/4 од граѓаните ги бојкотираа изборите.

Точно е дека за оваа мизерна социјално-економска состојба вина има и Чавез како и владите пред него. Чавез всушност на краткорочен план успеа да спроведе одредени социјални програми кои значително им помогнаа на најсиромашните. Но од друга страна целата економија ја темелеше единствено на експлоатирање нафта и пазете го ова: масовно печатење на венецуелански песози (која јака валута човече):cuc:. Па оттука и мало дете ќе процени дека со вакви потези ќе им се случи галопирачка инфлација. Задолжувањето ќе му беше далеку подобра опција.

Меѓутоа не смееме да заборавиме дека доколку Чавез беше жив ќе ги почитуваше демократските процеси во неговата земја. Тој дури и кога му направија пуч, ги чекаше редовните избори за по демократски пат да се врати на власт. И покрај тоа што ги злоупотребуваше пречестите референдуми само за да си изгради личен рејтинг, на еден референдум граѓаните не го поддржаа неговото барање и тој тоа го почитуваше.

И за крај ќе повторам, Венецуела под палката на Мадуро е се' само не социјалистичка земја. (Интересен податок: 80% од вработените во Венецуала работат во приватниот сектор)
 
Последно уредено:
B

Bafra

Гостин

Е што има во Венецуела ако не е социјализам ?

Како е дојдено до ова што ти го збориш а кажуваш не е последица од социјализам:

Го огладне и осиромаши народот до даска, полицијата ги убиваше луѓето на протести, деца умираа поради неухранетост, додека килажата и стомакот на Мадуро растеа. Галопирачка инфлација, маркетите празни
Имаат некоја индустрија развиено или се додека добиваа пари од нафтата не му ја мислеа.
Јавна администрација во 2014 била 29%, а за социјалните програми, нивната корист и последиците, сега ги гледаме.
А и сам си кажа дека е последица на еден ист систем, кој со децении функционирал исто:
Точно е дека за оваа мизерна социјално-економска состојба вина има и Чавез како и владите пред него.

И за крај ќе повторам, Венецуела под палката на Мадуро е се' само не социјалистичка земја.
Што е тогаш... комунистичка, капиталистичка, кралевина ....

Every Republic dies in corruption and Democracies have been corrupted by promising the people they will rob the rich to give them the riches. Republics and Democracies continue to exist until the corruption is so blatant it is no longer even hidden as the rulers become drunk with power and act out of arrogance. The voters become complacent for they are being bribed to remain silent with the old scheme plenty of food and circuses. Once the majority of the people are bribed and the rich have been exhausted or flee, then the benefits from the public treasury decline and taxes rise to try to sustain the bureaucracy focused on the very people who were once bribed. Margaret Thatcher put it best: Socialism works until you run out of other people’s money. Then the end is near for Republics and Democracies die by their own hand with the dagger wielded by corruption. Brutus kill Caesar because he was a member of the Oligarchy and Caesar was a member of the Populists defending the people. The Republic died with Caesar because the corrupt burst forth for everyone to see.

Cycle of Political Change comes around every 224 years. Even empires that have survived longer, still go through upheavals and reforms. History is delineated by an endless list of tax rebellions. The American and French Revolutions began as tax rebellions. This is the state of affairs and we have reached that crossroads where the arrogance of the officialdom is being exposed.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom