Здраво, пред некој ден го исчитав целиот форум за регистрација на фирма ама бев и кај еден регистрационен агент за да се распрашам за се што ме интересира за отворање на форма трошоци и слично. Па за да бидете и вие во тек сакам да споделам со сите...
1. Регистрирање на фирма сега се прави кај регистрационен агент (листа на регистрациони агенти имате на страната на Централен регистар на Македонија)
2. За регистрација на фирма ви е потребно само лична карта и регистрационит агент ја регистрира фирмата во централен. Постапката се прави за 24 часа отприлика и истата чини 0 денари.
3. За пополнување на документите на регистрациониот агент му давате 1500 денари, но можете и сами да си ги пополните.
4. За услугата „регистрација на фирма за 0 денари“ регистрациониот агент кој обично е сметководител или сметководствено биро може да ви бара услов тој да ви биде сметководител, но тоа не е законски односно не смее да ве условува. Ако сакате може тој да ве регистрира, а да ангажирате друг сметководител.
5. Како што е и претходно спомнато во форумот ќе спомнам и сега дека можете фирмата да ја регистрирате како ТП (Трговец Поединец) при што одговарате со сиот свој имот и сте регистрирани само за една дејнот односно сте ограничени ако планирате да се проширувате да имате увоз-извос итн, или како ДООЕЛ (Друштво со Ограничена Одговорнот на Едно Лице каде сопственик е еден) или ДОО (Друштво со Ограничена Одговорнот каде има повеќе сопственици, односно партнери). Кај ДОО/ДООЕЛ предноста е тоа што се регистрирате за повеќе дејности и одговарате само за основната главнина кој треба да биде во износ од 5.000 евра
5. Основната главнина од 5.000 евра може да биде во пари или во опрема. Наводно порано било многу полесно да се стават стари работи од дома и да се проценат со поголема вредност од што навистина се, но сега било построго иако верувам дека сепак е можно тоа да се направи. Ако сакате да внесете пари тогаш можете веднаш или во рок од 1 година од отворањето на фирмате да ги внесете парите на сметката која ќе ја отворите со регистрирањето на фирмата. Парите понатака ги користите за работење на фирмата.
5. Е сега трошоци за фирма ќе напоменам неколку што ми текнуваат сигурно има повеќе
- регистрација на фирма 0 денари или 1500 денари ако плаќате за подготовка на документите
- фирмарина (годишно) - 7.000 денари за Скопје
- сметководтво (месечно) од 1.500 - 3.000 може и повеќе
- радиодифузна такса
- за архивско работење не треба, поточно со некој нов закон не треба дури ни печат да се купува кој е околу 1.000 - 2.000 ден претпоставувам
- вработени околу 15.000 денари месечно за плата и придонеси (незнам точно)
- фискална каса - ако работи со физички лица....
За останатите трошоци може да ме дополните или да прочитате преходно во темата.
6. Фирмата за да стане ДДВ обврзник мора да надминува приход од 1.000.000 денари годишно. Значи во моментот од годината кога ќе го надмине овој праг треба да се префрли како ДДВ обврзник. Предностите и слабостите зависат од дејноста во која фирмата ќе работи. Според мене, Слабост е тоа што крајниот производ/услуга ќе биде поскапа доколку е со ДДВ, Предност е тоа што фирмата може да бара поврат на ДДВ-то, а исто така доколку соработува со фирми кои се претежно ДДВ обврзници повеќе ќе одговара бидејќи и тие ќе може да си го повратат ДДВ-то. Значи решете дали за вас е подобро да сте ДДВ обврзник или не и доколку сакате можете да станете ДДВ обврзник и од старт на фирмата.
7. Дали може фирма без вработен?? - Ова беше едно од главните прашања кој мене ме интересираа - Да, може сеуште.
Кога се регистрира фирма се наведува сопственикот на фирмата. Сопственикот може да не биде вработен во фирмата и еден сопственик може да биде споственик на повеќе фирми.
Фирмата треба да има и управител. Управителот може да биде и сопственикот на фирмата или друго лице. Управителот треба да биде вработен во фирмата.
Доколку управителот е вработен во друга фирма (пријавен на полно работно време) може во оваа фирма да не биде вработен и тоа е единствен начин да имате фирма без вработен. Доколку е пријавен на пола работно време во дрѕга фирма, во оваа исто треба да биде пријавен на пола работно време и слично....ме сваќате нели...
Ако управителот го отпуштат од другата фирма мора во најкраток можен рок да се вработи во фирмата со полно работно време.
Е сега...наводно...било многу сомнително на УЈП фирмата да нема вработен, а да остварува голем приход (пример повеќе од 10.000 евра годишно), па може да се ве фатат на пик нели како може фирмата да работи толку профитабилно брз вработен...
8. Затворање на фирма (за не дај боже) има две опции: стечај или ликвидација
- Стечај - фирмата мора да биде активна 5 години и 45 дена да и биде затворена сметката (овој процес е подолг и помачен и знали дека фирмата има долгови кои неможе да ги исплати...)
- Ликвидација - ова е побрз и побезболен процес доколку се платени сите даноци, побарувања и долгови на фирмата истата може да се затвори за 30/60 дена и истото чини 250 Евра.
Ова се прашањата кои мене ме интересираа и за кои се распрашував. Се надевам дека на некој од вас ќе им бидат од корист и со среќа
)