Сакам да отворам фирма и да купам машина за изработка на машински делови. Машината беи ме чинела околу 20 илјади евра и би би била увезена од странство. На тоа треба да платам 18%ДДВ (3600 евра). На кој начин би можел да си направам поврат на ова ДДВ? Дали ќе треба да продадам роба во вредност од 20 илјади евра за да би можел да направам поврат на овие 3600 евра. Тоа е скоро невозможно да го направам во првите 2 години.
Дали ако се регистрирам како занатчиска фира би можел да постигнам некое олеснување?
Било каков стручен совет би ми бил од голема корист.
Благодарам
За да можеш да направиш поврат, треба фирмата да ти е регистрирана за ДДВ, затоа што само со основање на фирма во Централен Регистар таа по дифолт не е ДДВ обврзник. За регистрација за ДДВ има повеќе начини:
- 15 дена од започнување на вршење на дејност;
- доброволна регистрација до 15 јануари секоја година;
- по надминување на промет од 1,000,000 денари.
Откако ќе добиеш решение за ДДВ обврзник, можеш да вршиш поврат на ДДВ и дури тогаш треба да ја увезеш машината. Како ДДВ обврзник треба да поднесуваш ДДВ пријава. Во твојот случај би бил квартален ДДВ обврзник и првата ДДВ пријава би ја поднел до 25 април и би се однесувала за првото тромесечје од 2018.
За самиот поврат имаш две опции, или со ДДВ пријавата означуваш дека сакаш парите да ти се вратат во кеш на сметка, или ги оставаш да се евидентира претплата на ДДВ која ќе ја пребиваш со понатамошните обврски за ДДВ ако планираш да продаваш во Македонија.
Со работењето ќе вршиш и други набавки на материјали, струја и.т.н и на нив можеш да вршиш поврат на ДДВ. Практично, ако го пребиваш ДДВ-то, треба да имаш разлика во цена на сите купени материјали и твојата продажна цена од 20,000 евра за да бидеш на 0 со ДДВ-то од машината.
Е сега, ако си свесен дека за две години нема да направиш вкупен промет 20,000 евра, може треба да размислиш за оправданост на инвестицијата.