Регистрирање на фирма?

Член од
27 декември 2015
Мислења
67
Поени од реакции
42
Здраво, сакам да основам едукативен центар за деца. Па ме интересира како оди отварање и каква е процедурата, дали е потребно посебно образование или некој посебен курс. Би работел со деца од 1до5 одделение. Некој што е поупатен да ми помогне. Ви благодарам
 
Ibrakadabra88

Дипломиран инжинер по информатички технологии
Член од
2 декември 2007
Мислења
62
Поени од реакции
50
Дали некој знае, дали може да се отвори консултантска фирма без ниту еден вработен (освен управител) и кои би биле давачките кон државата доколку има и нема примања истата.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.515
Поени од реакции
34.572

Можеш, а за трошоци: плата за вработениот (управителот), банкарски трошоци (електронско банкарство и сл), сметководител (3-5к ако немаш многу фактури), завршна сметка околу 7к мислам беше, комунална такса кон општината (секоја е различна, 100-200 евра годишно), лиценци за софтвери, канцеларија ако сакаш да имаш (можеш и на домашна адреса), трошоци при отворањето за адвокат/сметковител, гравирање на печати, ако работиш и со мкд институции токени за потпис/печат и ако ти требаат некакви лиценци/овластувања сметај ги и нив.
За ДООЕЛ ќе треба да собереш 5к основачки влог, не мора веднаш, може да биде и со опрема ако немаш пари но за тоа ќе ти треба проценител.
 
Член од
11 април 2023
Мислења
2
Поени од реакции
0
Поздрав до сите во форумов . Прошла година отворив фирма ДООЕЛ во која сум јас управител , но не и вработена . Размислувавме и правевме планови со сестрами за консалтинг агенција за ИТ сектор , но ни се случија некои семејни проблеми и се фокусиравме целосно на нив , фирмата си остана така . Никогаш немало пријавен вработен во неа .
Отворена е преку адвокат , отворив сметка во банка со токен за плаќање , сметководител не ангажиравме , оснивачкиот влог на одложено плаќање , единствениот прилив и одлив во случајов беа околу 2000 денари кои што ги внесов самата за токенот , и после се случи што се случи .
Фирмарина ми пристигна пред два месеца но ја немам платено , ме фати страв за завршна пресметка ако не поднесам па ангажирав сметководител и ми ја поднесе со потпишување на изјава дека фирмата нема деловно дејствие во текот на годината (како што ми објасна тој со 0).
Имам пријател кој заглави со една фирма и имаше времена забрана за отварање на фирма (доста долга како што ми кажуваше тој) , одкако помина забраната тој отвори нова , работеше со неа , па отвори трета за после неколку месеци да му стигне забрана за втората а третата функционира најнормално . Мене овие работи не ми се јасни и ми изгледаат нелегални ама тој си знае јас неможам да му се мешам .
Сакам да знам само што ќе се случи со мојата фирма и дали јас би добила некаква забрана .
Не сум во состојба да плаќам ништо дополнително и затоа фирмарина нема да платам (можно е и да доцнам не видов рокот).
Уште малку ќе направи година , немам оснивачки влог внесено и сигурно нема да внесам (немам за фирмарина камо ли за оснивачки).
Сакам да знам што ќе се случи во оваа ситуација , а несакам и да добијам долга забрана 5-10 години , ако немам средства сега да започнам со сопствен бизнис , може ќе имам наредна година ама ако има забрана ништо од тоа . Пријателот ме советува да отворам сега нова , па со оваа што сака нека биде (како што направи тој) , но пак сакам прво да слушнам мислење и од некој постручен а гледам дека овде на форумов ги има . Тој ми спомна и за оснивачкиот влог , дека сум можела и да го внесам и да го изнесам , да платам данок на тоа и готово (после веќе немале да ми бараат оснивачки влог) , или непаричен влог т.е. предмети итн... , но сепак си стои на првиот совет да си отворам нова . Не ги разбирам овие работи ќе ве замолам за совет сите што сте постручни .
 
Член од
14 февруари 2013
Мислења
1.709
Поени од реакции
2.036

Општината не ја интересира ти дали имаш работено или не, фирмарината е КОМУНАЛНА ТАКСА за ИСТАКУВАЊЕ НА ФИРМИ(регистрирани фирми). Земи плати си ја фирмарината, да не биде како со данокот на имот половина Скопје блокирани сметки. Оснивачкиот влог можеш да го направиш со проценка(предмети проценети од проценител) или пари. Евентуално можеш да прашаш во Централен Регистар за бришење на фирмата( по закон во рок од 1 година доколку не внесеш влог, фирмата се брише). Не си играјте играчки, Централен и УЈП ептен е стегнато, ќе го јаде некој за пример у државата.
 
Види вака , законот го знам , не побарав да ми каже некој што треба да направам , него да ми каже што ќе се случи ако не го направам тоа што треба да го направам . Ама ти изгледа сакаш да се правиш паметен овде на форумов , додека пак ''паметните'' нудат правни совети во приватна порака за одреден надоместок . Сметав дека е ова форум и дека ќе има некој што имал слично искуство и ќе сподели .
Неможам јас да го јадам , може фирмата да го јаде со блокирана сметка , затоа и напоменав дека е ДООЕЛ , во мојот случај јас лично не одговарам со ништо . И адресата на која се води е под кирија без никаков договор (за седиште на фирмата можев која сакам адреса да ја ставам)

Ме интересира дали после бришењето ќе добијам забрана за да отворам нова . Еве и доколку следува забрана , ако отворам сега нова , дали таа забрана (што би ја добила за 1 месец) ќе влијае на новата фирма.

Подобро да платам за отварање на нова , него за фирмарина . Секако без оснивачки влог ќе ме избришат , зошто да им платам фирмарина . Па извини дечко ама мене парите од небо не ми паѓаат , и лесно е да кажиш земи плати ја . Пишав погоре дека немам , а тебе штом ти е така лесно да пишеш , па што не одиш и да ја платиш , биди мангуп до крај .
Ако знаеш да ми одговориш на прашањата , одговори ми , ако не , немаш потреба да солиш памет . Законот го знаат сите , и го прекршуваат сите , јас си прашав за последиците само , ако незнаеш подобро молчи си , ќе си поиграм јас малку и со централен и со ујп , па ќе ти кажам за и ти да знаеш
 
Како не одговараш ништо ако си управител?

Во твојов случај мислам дека може УЈП може да ти ја затвори по службена должност (обично чекаат 2-3 месеци откако ќе помине таа 1 година), но колку што сум запознаен може да ти изречат и пријава (прекршочна ако сум го сфатил добро сметководителот).
Најдобро да си ги подмириш долговите и да си разговараш со адвокат/сметководител како може да поминеш најбезболно. (сум слушнал и за случаеви каде минале без ништо, но како што ти спомена членот погоре може да послужиш за пример и да платиш за сите).

Инаку на никој не ни доаѓаат парите од небо, но во моментот кога сме се фатиле на орото сме потпишале дека ќе играме по нивните правила.
Не постои институција која ја мразам повеќе од УЈП, а уште помалку ми е мерак да плаќам данок или аконтации секој месец, НО, правилата се тие.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom