Io Sono Interista
The original, one and only IoSono.
- Член од
- 21 декември 2007
- Мислења
- 28.321
- Поени од реакции
- 57.791
Благодарение на Нетфликс, во последниве две години се случува револуција на True Crime жанрот. За прв пат овие документарци станаа мејнстрим и се повеќе и повеќе луѓе се качуваат на вагонот. Нетфликс ги понуди документарците на милионска публика и почна со продуцирање свои филмови. Некои од нив постигнаа огромна гледаност.
Од сите жанрови True Crime се издвојува по гледаност. Постои некоја причина поради која е лесно човек да се навлече на овој жанр, а не ја разбираме добро. Јас на пример не сум голем фан на крими филмови колку што сум на овие документарци. Можеби затоа што документарците зборуваат за вистински настани кои во исто време се шокантни до таа мера што мозокот не може да прифати дека станува збор за реалност. Кога некои од овие настани не би се случиле, а некој режисер би снимил игран филм во кој би прикажал иста таква приказна како во документарецот, веројатно би го искритикувале. Би рекле дека приказната е бесмислена и дека не може да се случи во вистински живот. Но реалноста е почудна од фикцијата...
Само да спомнам дека иако го пофалив Нетфликс, ова не е тема само за документарците на Нетфликс туку е тема на која можеме да препорачаме и да продискутираме за некои од овие филмови, само без спојлери.
Еве неколку предлози,нови и стари.
Најпопуларен во последно време е Making a Murderer, две сезони од по 10 епизоди има до сега. Веројатно нема кој не слушнал за овој.
Деновиве актуелен е The Ted Bundy Tapes кој зборува за озлогласениот сериски убиец од минатиот век во Америка, Тед Банди. Има 4 епизоди.
Еден од оние кои ми остави впечаток е The Confession Tapes , посебно првите две епизоди кои зборуваат за ист настан. Се работи за луѓе кои признале извршено кривично дело под сомнителни околности.
Од тие на кои ми текнува во моментов дека сум ги гледал а се на Нетфликс, да ги спомнам уште и Amanda Knox, Evil Genius и The Innocent Man.
Од постари филмови кои не се на Нетфликс, документарецот за Iceman, Paradise Lost (овие два се на HBO) и O.J. Made in America.
Тоа е тоа што ми текнува во моментов.
@џимеј

Последно уредено: