Револуција на True Crime жанрот

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
23.809
Поени од реакции
33.134
Благодарение на Нетфликс, во последниве две години се случува револуција на True Crime жанрот. За прв пат овие документарци станаа мејнстрим и се повеќе и повеќе луѓе се качуваат на вагонот. Нетфликс ги понуди документарците на милионска публика и почна со продуцирање свои филмови. Некои од нив постигнаа огромна гледаност.

Од сите жанрови True Crime се издвојува по гледаност. Постои некоја причина поради која е лесно човек да се навлече на овој жанр, а не ја разбираме добро. Јас на пример не сум голем фан на крими филмови колку што сум на овие документарци. Можеби затоа што документарците зборуваат за вистински настани кои во исто време се шокантни до таа мера што мозокот не може да прифати дека станува збор за реалност. Кога некои од овие настани не би се случиле, а некој режисер би снимил игран филм во кој би прикажал иста таква приказна како во документарецот, веројатно би го искритикувале. Би рекле дека приказната е бесмислена и дека не може да се случи во вистински живот. Но реалноста е почудна од фикцијата...

Само да спомнам дека иако го пофалив Нетфликс, ова не е тема само за документарците на Нетфликс туку е тема на која можеме да препорачаме и да продискутираме за некои од овие филмови, само без спојлери.


Еве неколку предлози,нови и стари.

Најпопуларен во последно време е Making a Murderer, две сезони од по 10 епизоди има до сега. Веројатно нема кој не слушнал за овој.

Деновиве актуелен е The Ted Bundy Tapes кој зборува за озлогласениот сериски убиец од минатиот век во Америка, Тед Банди. Има 4 епизоди.

Еден од оние кои ми остави впечаток е The Confession Tapes , посебно првите две епизоди кои зборуваат за ист настан. Се работи за луѓе кои признале извршено кривично дело под сомнителни околности.

Од тие на кои ми текнува во моментов дека сум ги гледал а се на Нетфликс, да ги спомнам уште и Amanda Knox, Evil Genius и The Innocent Man.

Од постари филмови кои не се на Нетфликс, документарецот за Iceman, Paradise Lost (овие два се на HBO) и O.J. Made in America.

Тоа е тоа што ми текнува во моментов.

@џимеј
 
Последно уредено:
Член од
20 јули 2014
Мислења
2.386
Поени од реакции
5.712
Most Evil со Мајкл Стоун на Дискавери ми беше еден од поинтересните документарци, особено методот којшто го користеше за да ги рангира злостирниците на скалата на злото. Четири сезони се, вкупно 38 епизоди, летоска ги изгледав повеќето.
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.146
Поени од реакции
11.940
Sunny имаа јака епизода, пародија на вакви документарци.
Making Dennis Reynolds a murderer :D
 
Член од
2 јули 2015
Мислења
26
Поени од реакции
24
Одлични препораки се сите овие. Evil Genius ми е можеби една од нај зафркнатите приказни, плус одредени снимки што у живот мислев дека нема да видам. Но има уште по мрдната. The Jinx е приказна за животот на Robert Durst, склопена во 6 епизоди по саат време. .Малце спора е на средината ама све ќе се исплати ако догледате до крајот.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
3.771
Поени од реакции
9.131
Еј браво за темава, мене на пример многу ме интересираат вакви работи и во слободно време гледам документарци, клипчиња и читам за актуелни некои случаеви на осудени луѓе, секако ме интересираат и такви кои се од далечно минато, ама некако тие што сеуште траат и секој ден може да има апдејт за нив, повеќе ме интересираат. Искрено имав чуено за овие првиве две серии во воведниот пост, ама не знаев дека се за вистински настан, обавезно ќе ги гледам сега откако ја направи темава и дознав дека се real story.

Еден од случаевите што ми падна на памет, најверојатно со слична тематика како наведените во воведната објава, е случајот на Darlie Routier. Eve линк од еден од неколкуте документарци за неа, но за најдобро да се запознаете со случајот, па потоа да влагате во детали за него, би ве советувал најпрво да го гледате видеото 5 People on Death Row Who May Be Innocent, нејзиниот случај е од 12:22 до крај, вистинскиот повик до полиција е во видеото(вознемирувачко е малку) и сите детали за случајот. Ако сакате да сте во тек со случајот има фб страна за неа, која ја завзема страната дека таа не е виновна, еве линк до Notes, каде што има за многу докази што се најдени од случајот и за многу муабети што се вртеле околу случајот, убаво објаснето. Да не ви објаснувам за што и како е случајот, ви дадов во прилог и повеќе од доволно материјали, ако случајно некој го интересираат вакви нешта да си има се на купче, и обавезно прво да почне со видеото тоа што ви реков од 12:22 до крај :)
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
23.809
Поени од реакции
33.134
но за најдобро да се запознаете со случајот, па потоа да влагате во детали за него, би ве советувал најпрво да го гледате видеото
Јас преферирам да изгледам документарец без никакво предходно инфо. Колку помалку знам, толку повисок шок-левел. После документрецот навлегувам во подлабоко истражување.

Инаку нема многу врска дали се нови или стари филмовите. Гледај ги тие постарите па ќе видиш, посебно Paradise Lost. Тоа и по 30 години да го гледа некој, пак ќе биде еден од најшокантните и најпотресни документарци.

P.S.
фала на препораките!
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
3.771
Поени од реакции
9.131
Јас преферирам да изгледам документарец без никакво предходно инфо. Колку помалку знам, толку повисок шок-левел. После документрецот навлегувам во подлабоко истражување.

Инаку нема многу врска дали се нови или стари филмовите. Гледај ги тие постарите па ќе видиш, посебно Paradise Lost. Тоа и по 30 години да го гледа некој, пак ќе биде еден од најшокантните и најпотресни документарци.

P.S.
фала на препораките!
Не мислев на стар филм, туку стар случај, кој веќе одамна е решен, дека периодов повеќе ме интересираат сеуште актуелни случаи, а не тие одамна што се решиле, тоа ми беше муабетот. Иначе дали е стар или нов филмот воопшто не ми менува ништо ни мене. Paradise Lost ќе го гледам во најбрзо време, а тоа спомнав дека прво клипчето е подобро да се гледа, дека документарецот доста повеќе е базиран на доказите и активностите откако веќе се случило убиството, ама секако може и директно на документарецот ништо посебно не се губи. П.с. Убаво е вака кога на јутуб може да се најдат документарци за некој случај, па времето колку си гледал, уште толку време читаш по коментари разни мислења и дискусии на луѓе за случајот и материјалот опфатен во документарецот(y)
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
17.437
Поени од реакции
27.145
The Keepers isto e poznata ama uste ne sum ja zavrsil

Go pravat netflix ova dosta solidno, i primamlivo. I sozdade dosta publika.
Jas ne mozev da ja ostaam Making a Murderer, u eden den...

Ted Bundy e najprivlecen psihopat za gledanje definitivno, i zalno e sto prvo sakav da go gledam filmov so zac efron ffs, ama nema da oddoleam, ke go gledam netflix definitivno
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
23.809
Поени од реакции
33.134
The Keepers изгледав 4 епизоди ама многу бавно темпо и ми здосади. Ако се подобрува натаму кажи да ја догледам.
 
Член од
7 април 2015
Мислења
1.297
Поени од реакции
663
Член од
8 јануари 2013
Мислења
3.771
Поени од реакции
9.131
Кој го интересираат clues во криптирачки оставени писма оставени од еден сериски убиец, т.е. случајот за Зодиак, чиј идентитет сеуште и после толку години не е откриен.

The Hunt for the Zodiac Killer , епизодите ги имате на DailyMotion - клик
Еве и документарец направен за него - клик


Доста мислат дека Zodiac е еден од малкуте случаи на perfect crime, многу биле обвинети дека токму тие се Зодиак, но реалноста за жал покажала дека никој од нив не е вистинскиот идентитет на Зодиак.


 
Последно уредено:
Член од
27 април 2009
Мислења
1.936
Поени од реакции
1.849
Најболното што имам читано/гледано се овие
Dnepropetrovsk maniacs
Двајца 19 год украинци. осудени за 21 убиство и притоа ги снимале некој од жртвите, немам начекано на некој ептен добар документарец едино овај ама случајов е еден од најпотресувачките и најгадни за кој што имам слушнато.

ПС: Некои од видеата кај што ги убиваат и снимаат жртвите ги има по нетов ама не препорачувам да се гледаат.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
23.809
Поени од реакции
33.134
На врв Bottom