Реалност vs Фантазија

  • Креатор на темата FilipMacedon
  • Време на започнување
F

FilipMacedon

Гостин
Кој ги искусил и двете состојби знае за што зборувам(а верувам дека скоро сите се искусни и во двете)...но од една страна ми остава филозофска дилема дали и двете се нужни појави,каде што прво мораш да имаш фантазија,па за да создадеш реалност или пак едното со друго не одат никако...
Со реалноста ја гледаме стварноста,нашите можности,лимитот и најчесто сето тоа е извор на депримираност,неостварени желби ,фрустрираност и др.
Со фантазијата гледаме она што би можеле да го направите,и најчесто за работите кои фантазираме често ги идеализираме,и се разбира сета фантазија во главата ни создава пријатно чувство и нечесто сакајќи тоа да е реалност,си ја замислуваме фантазијата како реалност(но тоа е друга тема :))

Но кога би биле во состојба да имате 15/30 минути слободно време,за што би ги употребиле како индивидуа,за согледување на реалноста или за креирање на фантазијата??
 
Член од
26 јануари 2010
Мислења
908
Поени од реакции
185
Би требало да е фантазија,па потоа да стане реалност...Пошто еве да речеме ти уште од дете си фантазираш дека ќе станеш фудбалер и ќе станеш богат....И пополека почнува да станува реалност тоа,се запишуваш во некој клуб да тренираш па на 17-18 години те земаат во некој клуб и почнуваат да те плаќаат,значи веќе заработуваш,потоа добар играч си и атрактивен...од кај знаеш иде некој од италија и те земаат во Фиорентина да речеме,е тогаш веќе фантазијата станала реалност...

Или еве ај ова остави...
да речеме си фантазираш како си купуваш убав автомобил,како градиш голема куќа и викендица итн,итн...
потоа добиваш на лото,или од некаде сепак најдуваш пари,да речеме ги заработуваш веќе некое време...и потоа си купуваш автомобил,градиш куќа и така...
 
Член од
15 јуни 2011
Мислења
386
Поени од реакции
98
Прво, на некој начин мислам дека тој што нема никаква фантазија или за секој предлог што и да било има одговор ај не фантазирај е вечен песимист и мислам дека нема многу да постигне во животот, за разлика од тие со поголема фантазија која им овозможува и нови погледи на животот и дава мотивација од друга страна за да го исполниш тоа што го сакаш да докажеш на себеси како прво дека ништо не може да те спречи во остварувањето на соништата.
Второ, има различна фантазија сигурно нема да фантазирам дека летам со крилја и да се надевам дека ќе стане реалност :LOL:
 
Член од
10 февруари 2011
Мислења
894
Поени од реакции
398
Има голема разлика !! и ја фантазираам како еба*ам некоја од Brazzers !! ама во реалноста никогаш тоа нема да се случи !! :( :( :( :( :( :( :(
 

LGBT

Weird
Член од
20 јули 2011
Мислења
329
Поени од реакции
157
Се што можеш да имаш во главата (мислите/фантазијата) можеш да го имаш во "рацете".
Но, доколку се трудиш тоа да го имаш. Ако остане само на фантазија, тешко.

Ако јас сонувам за убав автомобил, убава куќа, а не учам или не се занимавам со некој подобар занает да го остварам тоа, пак нема да го имам.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.942
Поени од реакции
1.750
Јас се обидувам да си ја вратам фантазијата која ја имав на 5 годинки. Фантазијата е генијалност, основа на уметноста, слобода, бесконечност, неограниченост и пред се` уживање. Кога би успеал да си ја вратам таа моќна фантазија ќе бидам најсреќниот на универзумот. Фантазијата е таа која раѓа идеи, а не реалноста. Реалноста за мене не постои. Постои само перцепција на настани, ама никогаш нема да знаеш дали перцепираш правилно или само како што ти сакаш да го перцепираш. Човек без фантазија е мртов човек.
 
Член од
26 август 2011
Мислења
94
Поени од реакции
33
Зависи кога како..порано, пред 10-11 месеци, многу забегував во фантазија..едноствано, постојано и постојано..после некако почнав да и обрнувам внимание на реланоста се до денес, каде што мн. малку време посветувам на фантазијата. А еве што се случува кај мене: кога фантазирам за некои работи, е во последно време кога ќе станат тие работи реланост, не сум кој знае колку среќна..иако сум фантазирала за нив. Како и да е, зависи кога како. Да имам 15 мин. некогаш ќе се посветам на фантазијата, ама почесто тоа би било реалноста.
 
R

Roten 96

Гостин
Голема е разликата помеќу фантазијата и реалноста.Фантизијата не секогаш може да стане и реалност.
 

Hyperz

Изгубен во времето и просторот...
Член од
13 август 2011
Мислења
715
Поени од реакции
423
Реалноста е огромна болка, проблем до проблем, секојдневни грижи и стресови...Најлошото место на целиот свет.Фантазијата од друга страна е нешто подобро, за момент те носи чекор напред, таму каде што сакаш да бидеш, те прави онаков каков што сакаш да си.Фантазија без реалност неможе. но не е можно ниту обратното, реалност без фантазија.Секое нешто за кое што сум фантазирал сум го остварил, порано или подоцна коцките на времето си доаѓаат на место и јас го добивам она што го сакам.Слободното време/ а и она помалку слободното често ги трошам на фантазија, и сметам дека не е залудно потрошено.Најдобрите идеи ми доаѓаат после поминато некое време фантазирајќи, најдобро се чуствувам после тоа.Штета што неможам да го забрзам поврзувањето на реалноста со фнатазијата, светот би бил подобро место за живеење.. :)
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.574
Според мене секоја фантазија е нечија визија за иднина, нешто ново што го развива креативниот ум. Во реалноста знаеме се што и како е, знаеме колку смрди денешната реалност. Во кратки црти кажано денешната реалност е пари интерес политика 99% и уметност и музика 1%. Е уметноста е таа која е креативна заедно со музиката, и не прави да се чувствуваме убаво, и баш заради тоа јас ја охрабрувам фантазијата. Таа ни дава идеи за подобрување на реалноста.
--- надополнето: Sep 4, 2011 10:47 AM ---
Има голема разлика !! и ја фантазираам како еба*ам некоја од Brazzers !! ама во реалноста никогаш тоа нема да се случи !! :( :( :( :( :( :( :(
Ако ти така си зацрташ во главата 100% нема да се случи, а ако пробаш да и се пуштиш на некоја таква во дискотека ке имаш најмалку 1% да ја ќариш.А ако со самото приоѓање ти се насмее, тогаш шансите ти се поголеми од 50%, бидејки со самото насмевнување таа ти покажува интерес за тебе. Така да барај ги тие што се смејат и личат на девојките од Brazzers, и не изигравај мачо туку кажи некој ја шала што ке ја насмее уште повеќе.
И сега што е подобро, мојата фантазија или твојата реалност?
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.942
Поени од реакции
1.750
Голема е разликата помеќу фантазијата и реалноста.Фантизијата не секогаш може да стане и реалност.
...ама фантазијата ти ја нути целата слобода која реалноста ти ја ограничува. Јас обожавам кога ми работи фантазијата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom