Епа господа, да ве подсетам на реалноста.
- Пушењето е штетно по здравјето.
- Пасивното пушење е штетно по здравјето.
- Ширум светот се носат закони како нашиот токму врз основа на овие факти. (помалку или повеќе слични)
Се додека не ги побиете горенаведениве работи со научни факти џабе ви е се. Законот е закон и ќе го почитувате.
Јас никаде не видов дека ТИ ги докажа горните работи.
И не вели дека
сите знаат
Нема што да докажувам, докажано е.
Леле Ванлок, објасни ми што е со непушачите кои не го поддржуваат законот?
Освен оној тромавиот факт дека не се доволно загрижени за своето здравје и дека не се доволно информирани за негативните последици од пушењето на оние околу нив.
Ние или сме глупи или реални. Јас би за второто.
Што со нив?
Секој има право на мислење, какво и да е. Поединец може да биде против или за законот од различни причини или мотиви. Тоа не е спорно.
Инаку уште стојам на она дека ако непушач е против законот, тогаш истиот или не е доволно информиран за последиците или не се секира за здравјето (се разбира можна а и честа е коминација од двете).
Ти на пример и Гиглс велите дека сте информирани од што заклучувам дека не ви е гајле за можните последици. Ваше право.
Иако да бидам искрен, во твојот случај се сомневам дека си доволно информиран кога тврдиш дека редовни лекарски контроли ќе те заштитат од пасивно пушење. Повторно, твое право.
Она што не ви успева при давањето подршка против законот, е она истото што не им успева ни на самите пушачи. Тоа е издржаност на барањата. Тоа што вам сите противници на законот, или не ви смета или не ве интересираат последиците по здравјето... тоа не е никаков аргумент
дека тие последици по здравјето постојат. Баш заради тоа е и донесен овој закон кај нас а и ширум светот се носат или се донесени вакви или слични закони.