Податоците ми се од пред +5 години (нема више шетање, младите имаат предност

), зависно од местото и отприлика времето кога сум бил. Искуствата се подруги
Прв пат '99 уште тогаш сите пушачи излегуваа пред зграда а во холовите, прикладно, беа ставени автомати за кафе.
Рим беше дозволено (у ствари тогаш немаше забрана ниту во кафанче) во фоајето на хотелот-пред 12 години.
Пред 8-10 години (од коа сум бил) можеше да се пуши било каде
Луксембург од секогаш бил вирдо град, стерилизирано место и сите вакви новотарии први ги применуваа (посебно европските институции Жан Моне објектот и сличните). Пред 2-3 години веќе имаше пепелници надвор.
Лисабон се пушеше у хотелскиот ресторан (немав доволно време и денови да проверам у кафана).
Будимпешта (до пред 7-8 години ваљда) се пушеше и у диско и у кафаните...насекаде.
Виена имаше пепелници дури во ВЦ во собите закачени на ѕид, поред тоалетна шоља. Пушевме у кафана (ова времето као џермани -пред 8-10 г.)
Лондон имаше посебна просторија за пушење.
Копенхаген имаше посебна тераса во самата институција со маси и столици, као луѓе пушевме. За кафана...малку беше скапо да припариме

Оребро беше доста строго, но имаше посебни простории со маси и отомани каде седиш пушиш и сркаш кафе. Стокхолом исто, имаше хотели со соби за пушачи и непушачи (одбрав за непушачи да не се двојам од колешките, сепак не одам сам). Бевме у 2-3 кафани каде не се пушеше (пак да не се двојам), но шведските колеги ми спомнаа дека имаше и места каде се пуши. На улица никој не ми бранеше, глеав и фрлени пикавци (не беше забрането и во другите земји).
Загреб до пред нивниот закон се пушеше насекаде...и кафичи и на работа (кај што нема компјутери) освен во канцеларии.
Варшава исто можеше во хотелот во ресторанот и во собите.
Братислава (тоа време) немав време да проверам кафана, но во пансионите можеше да се пуши.
Сега дал е така не знам, но овие информации ги имам од тогаш како такви (Стокхолм, Копенхаген и Луксембург најтазе). Дури и на аеродромите не беше сосем забрането, имаше места за пушачи.
Грција неам одено низ такви места, но од колешката пред месец дена добив инфо дека во големите (као Рамстор) маркети има места и за пушачи (башка има претходно дадено податок и од Сител дека можност за избор постои во Грција како членка на ЕУ).
Значи на некои места немаше забрана, на некои имаше, но имаше можност и за избор без забрана или каде имаше забрането (најчесто по фирмите и/или хотелите) постоеја посебни простории за пушачи.
САД неам идено, но од коментарот од човекот постиран во Нова Македонија се гледа дека и таму има можност за Неговото величество
Избор.
И ако забележиш, за разлика од она ти што го велиш Ванлок, јас не тргнував од постулатот "мене ми е добро, јас добро се осеќам, мене ми е таман..." туку од мнозинството и доколку повеќето беа непушачи се повинував на нивните желби...дружењето беше пред се-ако се непушачи идев со нив без цигара, ако се пушачи...уживав во дрогирањето. Но тоа е период од по недела, две или месец-па ќе издржам, а овде дома е цел живот.
На крају краева, доколку некој од (пред да се оженам) мое друштво недај боже се шприцал и со хероин или пушел марихуана, би бил со него било каде без разлика што тоа не го практикувам или ми смета.