Тема за која одамна сакав да пишам нешто ама ради многу причини не стигнав да видам дали има и каде се наоѓа дадената. Сега гледам дека се напишале многу страни и најголемиот дел од постовите се субјективни гледишта кои се под вилјание на одредени емоции. За да може да се анализира проблемот малку подобро јас мислам дека треба посебно да се анализира проблемот со пушењето на јавни места пред се наменети за дружење и лежерни активности и посебно да се анализира практичната примена и спроведување на законот кој треба да ги дефинира решенијата за дадениот проблем.
Значи прво во однос на самиот проблем со пушењето во јавни места наменети за социјални активности мора да се согледа дека постои одреден конфликт на интереси, односно како иако многу тивок сепак сериозен социолошки проблем.
Имено прво на сите треба да ни е јасно дека човекот е социјално суштество, кое има вродена потреба од социјализирање со други од неговиот вид, пред се поради тоа што тоа е најдобриот начин за наоѓање партнер за оставање потомство. Тоа значи социјализирањето со што е можно поголем број индивидуи е од многу висок приоритет во животот на скоро секој човек. Со внесувањето на цигарите во просторите каде што тоа социјализирање (кафичи, дискотеки итн.) се создаваат две групи, тие што пушат и тие што не пушат. Последиците од самото пушење како пред се мирисот, задушливиот воздух како и зголемениот ризик за одредени долгорочни здравствени проблеми се последици со кои пушачите се помирени и свесни за нив или се понесени од зависноста од никотинот и несвесни. Од друга страна се непушачите кои сите се свесни за последиците од престојување во простории во кои се пуши и на сите непушачи сигурно би им било многу помило кога после социјализирање во јавните простории за социјализирање нема облеката и косата да им го носат мирисот на цигарите како и да не мораат да го дишат задушливиот возух и со тоа да си го зголемуваат ризикот за подолгорочни здравствени проблеми. НО бидејќи непушачите како човечки суштества потсвесно знаат дека социјализацијата е многу важна и знат дека поважно е да се зголемат шансите за наоѓање партнер што порано и оставање потомство за сметка на зголемениот ризик за пократок животен век од ситуацијата кога послабо би се социјализирале и драстично би си ги намалиле шансите за наоѓање партнер и со тоа оставање потомство за сметка на тоа да неморат да го трпат мирисот, задушливоста и помалиот ризик за подолгорочни здравствени проблеми.
Преку ова гледаме дека во ситуацијата каде е дозволено пушење во јавни простории за социјални активности непушачите се приморани да ги трпат или зависноста или желбата за уживање во цигарите од страна на пушачите, што може да се протолкува или како одреден вид на уцена однсоно дискриминација.
Ситуацијата каде што е забрането пушење во јавните простории за социјализација пак се јавува проблемот на еднаквоста на пушачите и непушачите како човечки суштества кои би требало да ги уживаат истите права и слободи, односно може да се протолкува како дискриминираки за пушачите
Тука како прва наивна идеа доаѓа физичката поделба на јавните простории на пушачки и непушачки, НО ова е всушност нешто што и е коренот на проблемот односно зошто непушачите досега и покрај сите негативни страни се социјализираа во јавните простории заедно со пушачите или каде што се социјализираат и пушачите. Имено ако се спроведе физичка поделба на јавните простори за социјализиација се почнува со нова сегрегација на народот што како прво не е добро за целото општество и ќе создаде дополнителни социјално-политички тензии, а како второ и побитно од тоа губат и пушачите и непушачите бидејќи преку дадената сегрегација и на двете страни им се намалуваат можностите за социјализација како активност од висок животен приоритет.
Така да моделот каде во јавните простории за социјализација е забрането пушењето, со дадена можност пушачите на одреден период да излезат надвор со затворените простории за социјализација на отворено или во специјално вентилирани мали простории ненаменети за социјални активности (како што се случајот со тоалетите) да можат да си го уживаат правото и слободата за пушење е јасно дека овозможува ограничена слобода за уживање во едно нивно задоволство. Ова пушачите сепак можат да го толкуваат како еден вид дискриминација но сепак не толку голема дискриминација бидејќи не им е забрането правот и слободата во уживање на цигарите туку само просторот.
Сумирано, очигледно е дека нема решение каде ниедна од страните не е дискриминирана, а решението да не доведува до сегрегација и попречување за поширока социјализација на луѓето.
Затоа пред да почнете да го подржувате или осудувате моделот каде е забрането пушењето во јавни простори наменети за социјализација треба да ставите на кантар и да процените што е побитно: правото за уживање на одредено задоволство кое не е од витално занчење за човекот како популација, ИЛИ, неприморувањето на дел од човековата популација да ги трпи последиците од уживањето во задоволството на другиот дел од населнието при активност од витално знчење за човекот како популација имено социјализацијата.
Е сега во однос на тоа како тој модел би требало да е спроведен и како се спроведе мора да се забележи дека финансиско-социолошките последици ќе беа многу поблаги воколку воведувањето на дадениот модел се случеше негде на сред пролет, каде навикнувањето на забрането пушење во затворен простор ќе беше психолошки полесно и немаше да има здравствени последици како сега во зима. Бидејќи ако воведувањето се случеше на пролет, ќе имаше време и простор за да се најде решение за во зима да може да се пуши надвор без пушачите да бидат изложени на многу ниски температури, односно ќе се создадеше простор за опремување на јавните простори за социјализирање со специјални мали вентилирани кабини наменети само за пушењењ а не и за социјлизација.