Реакции на Законот против пушење на јавни места

Дали законот ке влијае врз економијата и слободното право на избор


  • Вкупно гласачи
    714

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.774
Поени од реакции
34.033
Е па господине Фити (Таки?), со среќа граѓанската непослушност... ваков срдечен прврзаник на отпорот како тебе сигурно ќе земе веднаш да запали една пред првиот полицаец! Не се откажувај, не можат они да ти напишат толку казни колку што ти можеш да испушиш... Ако си доволно упорен и посветен, (како Ганди некогаш) сигурен сум дека владата некогаш ќе увиди дека си „во право„ и ќе го укине Законот против пушење.

...а ови што слепо го бранат законот и кои се толку многу загрижени за нивното здравје нека појдат на систематски преглед ми се чини дека многу повеќе ќе им најдат холестерол ...
Се насмеав...
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
295
Поени од реакции
105
Е па
Се насмеав...
Добро бре дете, повеќе од месец дена ти се расправаш со сите други. Па да беше лично твое дело законот ќе ти досадеше, сега почна да стануваш дежурно сметало. Шо е многу многу е. Најди друга занимација, лебати.
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
постои нешто што се вика граѓанска непослушност што во светот сменила цели режими на управување па камо ли не еден закон за пушење само што македончево нема стискавец за такво нешто.
би се согласил со идејата на еден од членовиве, газдиве на локали кој што сакаат да им се пуши во локалот да си плаќаат лиценца за тоа
а ови што слепо го бранат законот и кои се толку многу загрижени за нивното здравје нека појдат на систематски преглед ми се чини дека многу повеќе ќе им најдат холестерол во крвта или некакви си бактерии од неправилна исхрана отколку последици од тоа што вдишувале чад од цигари
лиценца? и шо дека? лиценца мене ми изгледа на арач!!! кај забрана па сеа и лиценца.. ајде ке ти опне таму некоја огромна сума и ко арач му доаѓа... попаметно е при самата регистрација на локалот дали е кафич или кафана или шо и да е во документите потребни за негово отварање да стои дека е наменет за пушачи!!!
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.774
Поени од реакции
34.033
Добро бре дете... дежурно сметало. Шо е многу многу е. Најди друга занимација, лебати.
Сине... прво од каде знаеш на која возраст сум па да ме нарекуваш дете? :)
Второ не се расправам, туку расправам... за Законот против пушење. Нешто што Ти почесто не го правиш одколку што го правиш.. поинтересен изгледа сум ти јас одколку законот.

Можеби заради тоа што за самиот закон и немаш веќе што да кажеш...? :wink:

Дискусијава не ми е занимација, едноставно интресно ми е да дискутирам на оваа тема... Ок можеш и занимација да употребиш како термин... занимација накоја имам право колку што имаш и ти.
Законот против пушење, според мене, е најдоброто нешто во последниве години, од законско-правен аспект на заштита на општото здравје. (повторно, од моја гледна точка)
 
Член од
22 ноември 2009
Мислења
644
Поени од реакции
156
Е па господине Фити (Таки?), со среќа граѓанската непослушност... ваков срдечен прврзаник на отпорот како тебе сигурно ќе земе веднаш да запали една пред првиот полицаец! Не се откажувај, не можат они да ти напишат толку казни колку што ти можеш да испушиш... Ако си доволно упорен и посветен, (како Ганди некогаш) сигурен сум дека владата некогаш ќе увиди дека си „во право„ и ќе го укине Законот против пушење.


Се насмеав...
-како прво по националност сум македонец
-како второ не сум пушач
-како трето не сум да се укине законот туку да се измени за да им одговара и на едните и на другите
-како четврто баш ми е мило што те насмеав сигурно имаш блескаво бела насмевка пошто толку многу се грижш за твоето здравје па вреди човек одвреме на време да ја изнуди
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.774
Поени од реакции
34.033
Ок, де... се шегував (алудирав на еден поранешен министар за финансии). Не е дека имам проблеми со националностите, ниту тоа може да те дискредитира на било кој начин.

Елаборирај малку на тоа како мислиш дека со лиценци може да се „подобри„ законот.
На пример спомна лиценци за „пушачки„ кафичи. Колку би требало да коштаат (малку, средно, многу, многу-многу) лиценците? Кој процент од сите кафичи би можел да биде пушачки или непушачки? На кој принцип би ги „делел„ таквите лиценци...?

Што станува со вработените што полно работно време (а и екстра, пошто најчесто по 12 саати работат една смена) ќе треба да бидат изложени на димот. Ќе се вработуваат само пушачи? (дискриминација) Зарем и за пушач не е штетно 12часа изложеност на густ тутунски дим? Што станува со сите други што по службена дејност треба да одат таму? (хигиеничари, наразлични сервисери, иснпекции...)

Ме разбираш? Проблемот е покомплексен од едно едноставно „Нека уведат лиценци!„... Ако сакаш да си објективен и конструктивен, пробај да изнајдеш комплетно решение.
А инаку, нормално дека ќе се смеам за твојата „загриженост„ за моето ниво на холестерол, или некакви си бактерии од храната (?!?!?) Мојот холестерол не е тема на дискусијава...
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
За овој закон има само три збора...

недоречен, малициозен и глуп!
 

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Бидејќи во тие неколку дена отидоа многу мислења, ќе променам позиција и ќе го пофалам законов.
Нормално е за земја која има амбиција за партиципација во европското семејство да има ваков закон со кој ќе се обиде барем колку-толку стави крај на тој ужасен порок ко што е пушењето.
Никотинската зависност е реална, исто и последиците.
Ракот на дишните патишта, како и другите здраствени проблеми, се во директа корелација со зголемувањето на пушењето.
Пушењето не е прашање на избор, туку е прашање за здравје.
А ако сите партиципираме во еден и исти здравствен систем, нема што да се очекува да придонесуваме за лечење на оние кои намерно си предизвикуваат да им се влоши здравјето.
Плус, Македонија нема што да биде земја која се занимава со тутун.
Ако било традиција не значи дека е и правилно.
Нека си најдат друга работа, нека садат јаготки.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.899
Поени од реакции
23.302
ајде вака да напрајме .сите кои толку се палат на европска унија и на западна цивилизација и се што е западно , а се страмат од се што е традиционално наше или наш менатлитет фино лепо пасошите в џеб и правец европска унија и оставетене нас простите балканци да си живееме како прости балканци.и ете со еден удар две муви.ем вие ке си живеете со подобар стандард, нема да се страмите да речите дека сте од балкан уште помалце од македонија, ке ги имате сите придобивки на западната цивилизација па и законот за пушење во комплет, а ем нас ке не оставите на рајат и нема да се трудите да не просветлите и да не изнесете на прав пат, ем ние ке си живееме со сите мани и пороци кои ги носи традицијата и нашата необразованост без вас да ве трујаме.и на крајот сите среќни и весели.сега некој ке речи ама јас сакам тука во македонија, сакам таа да биди како западна европа и бла бла бла.и тоа држи вода ама тогаш нема да биди онаа македонија која сите си ја сакаме и си ја знаеме туку ке биди шознам шведска данска ирска.....така да тие шо си ја сакаат ваква каква што си е нека си останат и нека си ги сносат последиците од таа одлука( пушење пиење играње мрсно јадење пцуење пеење дружење одење на кафе ненајавен........), а другите нека одат каде тоа веке е решено по нивни терк,а ако некогаш им се јави желба за стариот крај ке си дојдат на одмор и ке се потсетат како било тоа таму долу а македонија ке ги чека онаква каква што ја напуштиле неизменета со сите мани и традиции кои ја прави она што е и она што не разликува од просечниот просветлен и образован европјанин.
ако размислиш подобро и не е така лоша идеја.јас лично знам луѓе веќе кои заминале и се воодушевени и немаат намера да се вратат.
ПОБРЗАЈТЕ ИДНИНАТА Е ПРЕД ВАС ЗОШТО ДА ЧЕКАТЕ ЗОШТО ДА НЕ БИДЕТЕ ЕДЕН ОД НИВ.ЕВРОПА ВЕ ЧЕКА. КОЛУ ПОВЕЌЕ ВРЕМЕ СТЕ ТУКА ПОМАЛЦЕ ЌЕ ПОМИНТЕ ВРЕМЕ ТАМУ!!!!!
 

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
ајде вака да напрајме .сите кои толку се палат на европска унија
Тие за кои си гласал и ќе гласаш се палат на ЕУ. Немаме ние некој избор во тоа.
Освен, оние кои сме ги избрале, да ги изберат и законите кои се нормални низ ЕУ.
Или, да речат не ни треба ЕУ, што никој не би го направил.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.774
Поени од реакции
34.033
ајде вака да напрајме .сите кои толку се палат на европска унија и на западна цивилизација и се што е западно , а се страмат од се што е традиционално наше или наш менатлитет фино лепо пасошите в џеб и правец европска унија и оставетене нас простите балканци да си живееме како прости балканци.....и на крајот сите среќни и весели.
По твојата логика сега јас треба да ти кажам, ајт у Бурунди, Нигерија или таква некоја земја. Таму можеш да плукаш, да фрлаш сенешто и да пушиш кај ќе стигнеш...

Не го мешај тутунот со другите традиции, за тутунот збориме овде. Односно за потребата да се игнорира се (сметање, штетни последици по здравје, итн) за сметка на сопствениот комфор.
 

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Мислам дека во законот има некоја дупка која дозволува пушење на отворен простор, значи по улици или пред кафичи.
Тоа треба да се укине ако се сака да се постигне вистинска реализација.
Ако нема каде да оди некој за да пуши, ќе го испуши.
Ќе се дотера нацијава, ама само строго, со скоро ќотек.
Мора и поголем ангажман на полицијата, фино е што им ставаат на норма казнување.
Значи мораат во текот на денот да казнат неколкумина, кои нормално постојат, само претходно им прогледувале низ прсти.
Кога добро ќе се наштимува системот, сабја не го бие веќе.
Има поединци во редовите на МВР кои се зафркаваат, а треба да бидат максимално ангажирани, бидејќи законите се тука, за да се спроведуваат. Помалку емоции, повеќе правила.
 

Марко!

Алфа
Член од
6 февруари 2010
Мислења
272
Поени од реакции
14
Порано кога ќе влезеше во клуб или кафич, првата работа шо ја воочуваш е дека сите ги гледаш низ призма на чад...веднаш до (скоро) секоја чаша имаше запалено цигара и од страните или горе имаше поставено проектори(ласери,што ти знам)и кога ќе погледнеш како светат у чадот, и слушнеш музика до даска знаеш дека си на правото место.

Сега, со новиот закон влагаш у кафич и се е како полу-замрено, летаргично итн.

Бар без чад од цигари не е бар.

Нека се забрани пушењето во места каде се приготвува храна,а не по маалски кафичи.
 

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Порано кога ќе влезеше во клуб или кафич, првата работа шо ја воочуваш е дека сите ги гледаш низ призма на чад...веднаш до (скоро) секоја чаша имаше запалено цигара и од страните или горе имаше поставено проектори(ласери,што ти знам)и кога ќе погледнеш како светат у чадот, и слушнеш музика до даска знаеш дека си на правото место.

Сега, со новиот закон влагаш у кафич и се е како полу-замрено, летаргично итн.

Бар без чад од цигари не е бар.

Нека се забрани пушењето во места каде се приготвува храна,а не по маалски кафичи.
Направи си илегален кафич во подрумот на зградата и таму пушете.
Ако ве фатат повикајте на револуција.
Така се менува системот, мали луѓе од различни места, со заеднички интереси, за иста цел.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom