Рафтинг на Тара

SpiderWeb

ја заменува титулата под името во вашите мислења.
Член од
12 мај 2008
Мислења
632
Поени од реакции
622
Во последно станува се попопуларна дестинација, и мислам дека заслужува тема. Можеби не требаше да ја отварам темата во Црна Гора, бидејќи самите рафтинг центри се во Босна, па ако администраторите сметаат дека не и е местото тука, нека ја префрлат.

Има повеќе страни на интернет што нудат рафтинг, јас ја избрав оваа понуда заради поволната цена и добрите рејтинзи на TripAdvisor.

Она што сакам да знам е, по кој пат е најдобро да се оди? Google Maps вика дека од Битола има 3 опции: преку Албанија, преку Косово и преку Србија. Размислувам помеѓу Албанија и Србија. Разликата во километри е 200+ преку Србија во однос на Албанија, но времетраењето на патувањето е само половина час. На темата за Црна Гора прочитав дека во Албанија било добро да се избегне Тирана, и да се заобиколи преку Драч, другите патишта биле добри.

Споделувајте предлози/мислења/искуства, не само за патот, туку и за престојот и рафтингот, доколку некој бил или размислува да оди.
 

WeAreWhoWeAre

Mia san mia
Член од
12 јули 2015
Мислења
244
Поени од реакции
511
Пред две години бев, дефинитивно пак би отишол, еден од најдобрите искуства досега. 3+ часа спуштање по Тара, почнавме од Црна Гора па завршивме во кампот ДМД каде и бевме сместени во Босна. Мое прво идење во Босна, имаат неверојатна природа и реки, домаќините беа предобри со преубава храна. Ќе ти напишам утре повеќе.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom