Расчистување на дилемите за Венко Марковски

Член од
15 мај 2008
Мислења
947
Поени од реакции
99
Вистините и контроверзиите за Венко Марковски (5)

Бил против српски букви во македонската азбука
Венко протестирал поради тоа што не била прифатена азбуката на првата Комисија составена од најдобрите познавачи на македонскиот јазик
Виктор Цветаноски


На тоа Колишевски рекол: „И треба да се објави, зошто вербално Венко да се напаѓа или да се брани. Неговите дела најдобро зборуваат за него, па самиот читател нека оценува што е вистина“.
И јас сум за тоа. Не мора да биде тоа рехабилитација, нека биде запознавање на ликот и делото на Венко, околностите во кои творел, неговото дневно политичко опкружување.

Па читателите сами ќе одлучат дали е светол или темен лик во нашата историја, или пак и двете, затоа што скоро и да нема таков човек кој дали од лични или некои други интереси не преминал "On the dark side".

Гледајте што се денес прават нашите политички проститутки, зошто мислите дека тогаш било нешто поразлично, напротив, било многу поизразено.
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634


Рехабилитација на Венко Марковски не е можна бидејќи тој е поет кој самиот доброволно си отиде од оваа земја, доброволно се откажа од македонската нација и од македонскиот јазик. Тој е контроверзна личност за која секогаш ќе има про и контра ставови, но тоа не значи дека не треба и натаму да му се проучуваат личноста и делото, рече академикот Гане Тодоровски на вчерашното претставување на новиот број на списанието „Синтези“, кое првпат по половина век ја објавува поемата „Современи парадокси“ од Венко Марковски, за која е осуден на пет години затвор на Голи Оток.

Академик Тодоровски јасно го искажа својот став против рехабилитација на Венко Марковски, во смисла на правен акт, поради неговите јасно искажани противмакедонски ставови во книгата „Крвта вода не бидува“.

- Таму Марковски пишува дека Македонија не постои, дека не постојат ниту македонски народ и македонски јазик.
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Ги има ли некој скеновите од оригиналната биографија на Венко и таа на неговиот „близок пријател“ кои се дијаметрално спротивни а Фокус ги објави пред некое време откако доби пристап до архивите каде беа чувани?
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
Збориш за Гане Тодоровски? Авторот на поемата „За мајка Србија“ ???

Или „не е време“ сега и Ганета да го обработиме на кај бил наклонет?
Зборам за ИЗЈАВИТЕ ОД УСТА НА ВЕНКО, проверливи во денешно време...

што толку тешко ти пага ??? човекот се пдродил, ни прв ни последен

дај контра доказ
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
дај контра доказ
Веќе имаш...изгледа не си го прочитал.
Бугарската историографија, тоj феномен на човечката ограниченост и тенденциозност, најчесто агресивно попагира нешта коишто се на границата меѓу фалсификат и став/теза на "историчар".

Во времето на Тодор Живков, кога во Бугариjа отворено се прават репресии врз етничките малцинства - Турци, Роми, Власи, итн., а истите се добро документирани, кон Македонците со Македонска национална определба и етничко сознание, Бугарите промовираат став дека:

“Кр'вта вода не става...” е написана оште през 1971 по пор'ка на самија Тодор Живков, којто в интерес на истината имаше относително обективен поглед по т.нар. македонски в'прос.

Значи се говори за "ОБЈЕКТИВЕН ПОГЛЕД ПО МАКЕДОНСКИОТ ВОПРОС" од страна на Тодор Живков,:uvo: што во превод значи дека ГЕНОЦИДОТ спрема Македонците не го коментираат и не го ставаат во контекст на активноста на бугарската влада во тој период против Турците, Ромите, Власите итн., туку “македонскиот вопрос’’ го изолираат од севкупниот амбиент во државата, и репресиjата jа прикажуваат како оправдана и објективна.

Безсрамно напоменувајки дека Тодор Живков во времето на ПОБУГАРЧУВАЊЕТО на сите етноси во Бугарија ја злокористел големината на поетот/писателот Венко Марковски, и му наредил да напише книга со историска тематика во кој ке бидат вметнати трагикомичните тези на БАН и на руската романтичаркса историографија.

Дека “Крвта вода не става’’ нема никаква историска “ниту било каква друга вредност (освем бугарашко-пропагаторска) покажува фактот што иако книгата била порачана и напишана од Тодор Живков, таа сепак не била искористена за нејзината првобитна намена да биде одговор на трите тома на “Историјата на Македонскиот народ’’, печатена во Скопје, 1969 год.

Останува нејасно дали книгата нарачана од Живков не била употребена заради нивото на глупоста на бугарските “аргументи’’ или дошло до промена на стратегијата па подоцна решиле да користат езгаплари като Горги Младенов од Торонто, Методи Димов и слични.

Еве како тоа е укомпонирано -- обратете внимание на болдираното -- им пречи дека потекнуваме од Александар Македонски, а ни наметнуваат дека предците ни биле турко-монголите на Аспарух и Кубер:

“Кр'вта вода не става” е дело на поет, објавен, при това с'всем основателно, за револјуционен. Поет, којто е носител на нај-високата д'ржавна награда на Народна република Б'лгарија – Димитровската (1969 г.), којто е избран за академик от Б'лгарската академија на науките и е удостоен от всемог'штата партија-д'ржава с честта на два п'ти да види издадени свои “Избрани произведенија” – през 1975 г. в два тома (с предговор от акад. Пантелеј Зарев), а през 1985 – в четири обемисти и представителни книги голјам формат с обшт обем над хилјада и петстотин страници. И, в крајна сметка, написаната от так'в тачен от властта автор книга не се срешта с читателја! Оште повече, че “Кр'вта вода не става...” е написана оште през 1971 по пор'ка на самија Тодор Живков, којто в интерес на истината имаше относително обективен поглед по т.нар. македонски в'прос.

Книгата е издадена едва през 1981 г. (!) от издателството на БАН. Какво обаче означава “издадена”, след като фактически тја е само отпечатана без да се појави по книжарниците.

Тодор Живков преку Венко Марковски:

24 25
ПРЕДГОВОР
О, неразумне и јуроде!
Поради что се срамиш
да се наречеш болгарин...
Паисиј Хилендарски,
Банско – Македонија
Фактите са свидетели на миналото. С'дници са. Технијат
с'д е неподкупен. Те са неми и ни карат да м'лчим,
изискват уважение. Фактите са р'цете на историјата, символ'т
на истината. Те могат да б'дат само фалшифицирани.
Онија, които фалшифицират фактите, се наричат
фалшификатори на фактите. Историјата с'што може да б'де
фалшифицирана. Онија, които фалшифицират историјата,
се наричат фалшификатори на историјата.

През 1969 година в Скопие излезе в три тома една книга.
С'чинителите є ја нарекоха “Историjа на македонскиот
народ”. Фалшификацијата като јавление не е непозната
на историјата. Фалшификација обаче от този род историјата
не познава. Понјакога и нај-грубите фалшификатори
пројавјават чувство на срам и отговорност. За с'чинителите
на тази книга тези човешки качества са непознати.
Иска им се да б'дат историци с нова мисија и посланици
на нјакаква неземна vis maior justitiae, с'вест, којато е дошла
на земјата да ос'ди неправдата и да в'зстанови владението на
истината, а в дејствителност нјакои от тјах са специфи чни духовни
недоразуменија. Това са гробари, които в к'сна ношт с фенери и лопати
т'рсјат в гроба на Александ'р Македонски прародината на македонските
славјани. Тези иманјари блуждајат в царството на историјата и дирјат ковчег
с реликви и скрижали на измисленото от тјах.

26
Те себе си надигат срешту себе си, самозаблуждават се, војуват,
искат да не са това, което са. Искат да са това, което
не са, и всички, които не са като тјах, да станат като тјах.
Која е обаче тази сила, којато ште сб'дне мечтите им и
ште прев'рне с'ништата им в дејствителност? В'ображението
ли? В'ображението е изкуство. То е сила в изкуството
и слабост в историјата. Историјата не е в'ображение.
Желанието ли? Желанието е пропаганда. То е сила
в пропагандата и слабост в историјата. Историјата не е
желание. Предпоставката ли? Предпоставката е теорија.
Тја е сила в теоријата и слабост в историјата. Историјата
не е предпоставка. Без ор'жие са. Фалшификациите, които
те разменјат за истини, не са п'т к'м победа. Т'рсјат
светлина да в'зв'рнат радостта на очите си. Тази светлина,
којато може да в'зв'рне радостта на очите им, не
е заблуда. Навсјак'де прис'ства крај тјах. Те не ја виждат.
Сами са. Самотата е опасна. П'тјат е д'л'г и мра-
чен. Светилник'т на призрачното им учение догарја. С
л'жи не се подд'ржа ог'нјат му. Л'жите са безумно јато.
Безумното јато е к'шта неразумна. Л'жите са невјарна
стрјаха. Невјарната стрјаха е огниште без ог'н. Неверие
погубва верността им.

Отгде да вземат тази сила, којато ште в'зв'рне вјарата
им? От народа ли? Но народ'т вежди свива и с'рдито глава
поклашта. Светкавици гневни избиват из очите му.
От земјата ли? Но земјата в м'ка с'хне и неравни теглила
влачи. Проклјатија страшни излизат от г'рдите є.
Или от војската на Самуила? Но тази војска е пл'т от
пл'тта и кр'в от кр'вта на Куберовите праб'лгари.
През 1018 година в Охрид залезе славата на третата
б'лгарска столица.

Но Охрид беше законен наследник на Преслав, т'ј както
Преслав беше законен наследник на Плиска. Самуил беше
законен наследник на Симеона и Петра, т'ј както Симеон
беше законен наследник на Аспаруха и Крума.

27
Три престолнини с нееднаква орисија. Три престолнини
с нееднаква славa. Но и под трите царски наметала
биеха с'рцата на Б'лгарија и неразделно с тјах в тјахната
пл'т и кр'в т'ржествуваха Аспаруховите и Куберовите
праб'лгари.

К'де да намерјат тази сила? В кладата на б'лгарскија богомилец Василиј ли?
Но и тази клада е пл'т от пл'тта и кр'в от кр'вта на Куберовите праб'лгари.
Пет столетија преди Джордано Бруно, през 1111 година, в Цариград на клада
жив изгорја богомилскијат ересиарх Василиј. Обг'рнат от плам'ци, б'лгарин'т
отправјаше слова к'м с'вестта на света: “За истината с'м готов да посрештна
хилјади по-страшни см'рти на хилјади по-страшни клади.”

Еничарите като кастова категорија отдавна са м'ртви. Еничарите обаче от
категоријата на с'чинителите на така наречената “Историjа на македонскиот народ”
са живи и са по-еничари и от нај-еничарите на Османската империја. Те всичко светло,
свјато, ск'по, родно, б'лгарско у б'лгарина безмилостно убиват и ограбват.

Ни жестокијат византиец Василиј II, наречен от историјата
с прозвиштето Б'лгароубиец, не е бил така жесток,
когато е ослепјавал с огнени монети рожбите на Самуила,
ни Алексиј Комнин е бил така жесток, когато жив е изгорил
б'лгарскија богомил Василиј, ни султан'т е бил така
жесток, когато е обесил Апостола на свободата и в к'рви
е потушавал Априлското, Кресненско-Разложкото и Илинденско-
Преображенското в'стание. Ни разпјатија, ни голготи, ни војни,
ни робии, ни јатагани, ни штикове в г'рба не са били така жестоки,
както фалшификаторите от категоријата на с'чинителите на така
наречената “Историjа на македонскиот народ”.

Тежка битка са подхванали. На антиб'лгарска почва
историја да с'творјат. Фанатизм'т е болест на неразвита
в'зраст. В'зрастта е време. Времето е цјар и разстојание.
Нјакои от тези фанатици времето ште излекува. Нјакои от
тјах с в'зрастта си ште наберат разстојанието, което ште им

...
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
Еве како тоа е укомпонирано -- обратете внимание на болдираното -- им пречи дека потекнуваме од Александар Македонски, а ни наметнуваат дека предците ни биле турко-монголите на Аспарух и Кубер:
Ја ги читам глупостите од двете страни, без селективност и боички.

Факат избегал пребегал и се побугарчил, кој може лесно да се провери..а мислел, на смртна постела воздивнал и сакал не држат, сламки за кој некој сака да рехабилитира се бугарско..во време на ПОЛИТИЧКО БЕЗБЕДНОСНИ превирања.

Поради что се срамиш
да се наречеш болгарин...
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.718
Ми се чини дека трагедијата на Венко не е толку во неговата национална лабилност колку што е во неговата безмерна ароганција (треба во предвид да се земат и карактерните недостатоци на славните историски ликови - тие не биле совршени). Препотентноста на Марковски е посведочена и од повеќе негови современици, луѓе кои не му згрешиле. Се зборува дека Венко очекувал големи почести и висок статус во новата југословенска држава, многу поголеми отколку што добил. По неколку отворени судири со некои новојугословенски елементи човеков паднал во немилост. Интересно е дека до почетокот на „судирот“ меѓу поетот и југословенско - македонската политичка елита македонштината на Марковски не е доведувана во прашање. Откако се нашол на Голи Оток, по многу понижувања и отфрлања од поранешните „другари“, бил со раширени раце прифатен од мајка Бугарија која патем, му ги обезбедила државните почести и статусот што ги очекувал од Македонија, т.е Југославија. Мое мислење е дека Марковски бил донемајкаде понижен од страна на македонските (југословенските) комунисти и како резултат на тоа ја прифатил подадената бугарска рака, која добро ја платила неговата етничка трансформација од обесправен, понижен и отфрлен македонски поет во „освестен, благонадежен блгарски герој“.
Како и да е, неговата понатамошна кариера не му оди во македонски прилог, освен ако се случувало нешто за што ние овде немаме доволно информации.
Твоето мислење наполно се совпаѓа со овој текст.


Истовремено, како што се вели во сторијата на МИА, бугарската тајна служба почнува да го следи со образложение дека имала информација дека му е загрозен животот од УДБ-а, а фактички затоа што власта се сомневала дека соработува со ЦИА.

Всушност, според Коле Чашуле, великобугарската политика веќе се имала заситено од поетот, од неговата „служба“ и „услуги“, веќе бил ислужен, неупотреблив, оптоварувачки, па затоа бугарската држава била готова да тргува со него како со ситна монета за поткусурување во меѓудржавниот политички пазар. Се разбира, манипулацијата со понудата бугарската власт да го „испорача“ Венко Марковски како агент на ЦИА веднаш е отфрлена со образложение дека таква размена на „предавникот“ не доаѓа предвид.

Сето ова, меѓу другото, го забележал писателот Коле Чашуле во својот писателски бележник во декември 1991 година, пишувајќи за случајот Венко Марковски како за самоубиство на едно „галениче навикнато на привилегии што ќе траат вечно“. Според Чашуле, смртта на поетот во јануари 1988 година во Софија, всушност го „ослободила од самиот него“, зашто ако тој, Венко Марковски „имаше свој поробител, своја зандана, свој усмрт, тоа беше тој самиот; неговата суета, илузија дека е поет над поетите, ум на умовите, борец над борците, век над вековите“.


Поет за еднократна употреба

Според Коле Чашуле, авторот на „Црнила“, ретки се примерите, како оној со Венко Марковски, кога човек сам си е свој најголем непријател. Дарбата на Венко, пишува Чашуле, беше несомнена, но исто така е несомнена и неговата амбиција да го завојува за себе сиот простор, да остане сам и единствен. Во тој контекст, неговиот карактер, амбиции, раѓаат првин кај другите, а потоа и кај него илузија на извонредност, безмалу на генијалност. За него се резервирани само пофалби, сеедно што напати немаат никаков аргумент во неговите „уметнички“ текстови:

„Во македонските прогресивни средини пред војната доаѓа до еуфорија во врска со неговата појава. Некритичноста на таа еуфорија има свое оправдание во политичките потреби на моментот. Актуализацијата на македонското прашање во новиот контекст го прави Венко Марковски, особено во Буграија, доказ за демократичноста и прогрeсивноста на националното прашање на комунистичкото движење. И додека Коста Рацин има постојани проблеми и конфликтни ситуации, Венко Марковски мошне бргу станува жртва на „коруптивна манипулација“. Всушност тој и верува на манипулацијата. Ја живее како единствена вистина. Уште повеќе кога го поддржуваат така силни протектори како што се комунистичкото движење и Тодор Павлов, кој тие години е на врвот на својата популарност и влијание. Со време таа илузија станува природа на поетот. Со тој ореол тој ги живее годините на почетокот на Втората светска војна, па како антифашист бидува испратен во концентрационен логор, каде што е галениче на затворените во логорот“, запишпал Коле Чашуле пред 20 години, подвлекувајќи дека поради леснотијата со која Венко Марковски ги создава своите стихови, отсуството на елеменетарна критичност кон себеси, тој всушност претендира на диктатура на целокупниот простор. Притоа, во отсуство на каков и да е критички осврт, и со огромна поддршка на партијата и политиката, тој влегува во филмот дека животот ќе биде лесен, дека привилегиите ќе траат вечно, дека моќната конкуренција, ако сака да види свет, ќе мора да патка по него, да се восхитува неумерено, да го имитира, да му служи за навек. Значи, смета Чашуле, трагедијата на поетот се подготвуваше долго време:

„Првиот обид за манипулација со Венко Марковски го направија весникот „Зора“ и Јордан Бадев. Манипулацијата ја продолжи Тодор Павлов, а ја презеде новата власт во Македонија, македонската држава. Доаѓањето на Венко Марковски во Скопје беше безмалку означено како најзначаен настан на првата страница на „Нова Македонија“. Домот на Венко Марковски стана центар, собиралиште, во кое се одеше и заради Венко Марковски, но и заради тоа преку присутвото во тој дом да се добие статусно значење, место во хиерархијата на новата власт, затоа што таму не беа допуштани сите.

Селекцијата беше строга и, напати, сурово дискриминаторска. Секој нов стих, секоја нова поема, секоја нова книга беше проследена со седенки, со разговори во кои неумереноста во пофалбите беше единственото толерирано поведение. Всушност, Венко Мрковски беше опијанен од својата слава, седенките ги доживуваше како признанија, пофалбите како конечни вистини, со тоа се создaваше култ, а новосоздадената држава, власта, имаа потреба од него. Тоа што го создаваше Венко Марковски беше, според нив, недвосмислена потврда за автентичноста на јазикот, за оспособеноста на јазикот да создава литературни вредности, ја афирмираше нацијата, државата, а со тоа и создаваше легитимитет на тогашната врвна власт.

Државата не жалеше средства за него, сеедно што беа тоа дни на голема сиромаштија. Националниот поет мораше да има се, беше изземен од она што беше секојдневие на народот. Навистина, во Македонија, тој уште немаше со кого да се мери, со кого да се споредува, поради што неподелено се исповедаше дека тој е македонскиот Пушкин. Се разбира, надвор од Македонија, тој мораше да се сведува на она што навистина беше, на својот вистински книжевен формат. А него и самата помисла на споредба го иритираше.

Луѓето знаеја кој е Мирослав Крлежа, кој е Иво Андриќ, и не се чувствуваа обврзани нив да ги поништат зарaди него. Напротив, сметаа дека тој е еден од многуте поети по војната кој допрва треба да се ослободува од влијанието на народната поезија, па неговото дело е само обична варијација според познати шаблони. Од друга страна, поведението на Венко Марковски надвор од Македонија, за разлика од уживањето во ловориките дома, даваше обемни докази за неговата приземна нетрпеливост, себевљубливост.

Распнат меѓу интимната, искрена вера во тоа дека е парник на Пушкин, меѓу славата што му ја признаваше, и уважуваше, македонската држава и власт, а истовремено соочен со „суровата неправда“ што му ја нанесуваше вонмакедонскиот, југословенски контекст, Венко Марковски мораше да се сооочи и со појавата на книжевен и јазичен амбиент. Траумата од југословенскиот опит се закани дека ќе има и своја македонска димензија.

Имено, се појави конкуренција, се појавија Ацо Шопов, Блаже Конески, се најавија поети како Гого Ивановски, Гане Тодоровски, Србо Ивановски, Славко Јаневски, а самобендисаноста на Венко Марковски не дозволуваше конкуренција па растеше неговото незадоволство. Притоа не остана поштедена од неговата лутина и приговор, па и бес, ни власта, државата... Венко Марковски искрено веруваше дека тие не го прaват ни најнужното да го одбранат од заговорот против него“, пишува Коле Чашуле.


Изолација во хотел во Крушево

Сето ова, заедно со Резолуцијата на Информбирото, Венко Марковски го идентификува како виновник за некаков „заговор против него“; верува дека Резолуцијата не само што го открива „виновникот“ туку ја покажува и перспективата, утврдува кој и како работел против него. Меѓутоа, за жал, определбата на Венко Марковски за Резолуцијата на ИБ внесува смут, дезориентација и во врхушката на власта.

Таа одеднаш се сети себеси загрозена. Без дотогашната легитимација. И се зафати да го „врати поетот на првиот пат“. За да му помогне, смета Чашуле, го изолира во хотел во Крушево, со сите привилегии на статусна изолација. Се ангажираа сите сили во „убедувањето“ на поетот, власта веруваше во можноста за „превоспитување“ на поетот. И, се разбира, власта и поетот бргу се договорија: поетот го објави во „Нова Македонија“ своето прочуено покајничко писмо.

Неговиот гест беше шумно објавен како „враќање на поетот“, при што се обзнани дека не се работи за обично враќање туку за враќање со „епохално дело – херојската драма Гоце. Сепак, критичките одгласи, и оние јавните, кои мораа да бидат езоповски срочувани, подвлекува Чашуле, но и оние другите, тајните, беа дека е во прашање просечно, та дури и потпросечно дело, драма сложена од слики за животот на Гоце Делчев, со изречно патетична интонација:

„Собирот во Друштвото на писателите во врска со „Гоце“ покажа дека настапува време на јавна критичка реч за Венко Марковски. Се разбира, незадоволството од овој собир беше двострано: незадоволен беше поетот, незадоволна беше и власта, но обете страни веќе немаа можност да се наметнат. Згора на тоа и кај самата власт веќе настапуваше своевиден замор од поддршката на Венко Марковски.

Годините што следуваа беа години на засилено незадоволство на „државниот поет“ не само од тоа што не се изврши реставрација на неговиот пиедестал со сите привилегии, туку и од фактот што процесот на еманципација на македонската литература веќе создаваше вредности кои, надвишувајќи го делото на „поетот“, отвораа широки можности за афирмација на македонската литература независно од него“.

Смртта како враќање во реалноста

Во една таква душевна и духовна состојба, Венко Марковски, под псевдонимот „Леопарди“, објавува брошурка во прилог на ИБ, СССР и Бугарија, но набрзо е откриен од еден пријател од Велес и следува судска разврска, по која „државниот поет“ мора да оди во затвор:

„Во самиот почеток на процесот, тој се откажува од своето име Венко Марковски, изјавувајќи дека се вика Венјамин Тошев, дека е по народност Бугарин, и сака како на таков да му се суди. Бугарската опција требаше да ги отвори патиштата за емиграција, таму каде што тој можеби очекуваше реституција на предвоената состојба. Уште повеќе што сега Тодор Павлов беше и врвна власт. Годините непосредно по излегувањето на Венко Марковски од затвор до неговата емиграција во 1965 година се години на незадржлив разгор на нови вредности во македонската литература.

Се појавија нов бран исклучителни автори и дела, кои делата на Венко Марковски ни оддалеку не можеа да го следат. Понатамошното останување на „поетот“ во Македонија ветуваше драматично соочување со таа негативна, за него, стварност. Суетата, но и деформациите како последица на продолжената манипулација со него ги затворија сите други патишта освен оној што водеше во емиграција. Се разбира, првите години таму, во емиграција, привелигиите се неброени, наградите исто така.

Врвното место во хиерархијата на привилеигиите е под заштита на државата, но бугарската литература има сјајни писатели и поети, кои натрапникот го сметаат за туѓо тело кое заграбува голем дел од значајните привилегии за кои се борат и на кое рефлектираат многумина други, домородни автори. Македонската емигрантска судбина доживува нова реприза. Притоа, се разбира, неговата поезија, на трајни релации, не остава трага во бугарската литература.

Лишен од својот јазик, од неговата убавина, Венко Марковски се сведува на парола и плакат. Манипулацијата со него одново зема замав, сега главно како одмазда за неговиот „македонски период“. А до кои грди консеквенци стигна манипулацијата со Венко Марковски може да се види од понудата на Тодор Живков до југословенската дипломатија, Бугарија „да и го испорача Венко Марковски на Југославија, респективно на Македонија, затоа што е евидентирана негова соработка со ЦИА“.

Всушност, бугарската великодржавна политика се имаше заситено од поетот, од неговата „служба“ и „услуги“, тој за нив веќе беше неупотреблив, оптоварувачки та затоа бугарската држава беше готова да тргува со него како со ситен кусур за поткусурување во меѓудржавниот пазар. Се разбира, манипулацијата од бугарска страна со понудата за „испорака“ на поетот како агент на ЦИА, беше отрфрлена со образложение дека размената на „предавникот“ не доаѓа предвид.

Притоа, фактот што поетот во својот чин остана осамен, непридружен, бездруго претставуваше едно од најболните, најтрагични негови искуства. Ниту еден македонски интелектуалец, научник или писател не тргна по неговиот пат, не ја одбра емиграцијата во Бугарија како пат за решавање на некаков свој, личен проблем, свој личен случај. Затоа сметам дека Венко Марковски ги проживеа последните години од животот, најверојатно, со горчлива свест дека, сепак, го завршува животот во згрешена улица.

Затоа смртта му се јави како ослободител, го ослободи од него самиот, од неговата болна суета, самоизмама, илузија, го поштеди од она што допрва можеше да дојде како безочна пресметка со него во контекст на некаква нова, „демократска“ дневно-политичка манипулација. Со смртта, Венко Марковски се врати на себеси, на својата поезија, на својот вистински, и единствен јазик, на својата литература, на својата нација. Особено, затоа што недвосмислено се покажа дека надвор од својот јазик не е поет каков што беше дома, а и дома тој не беше поет каков што се замислуваше себеси, но беше свој“, запишал Коле Чашуле пред двесеттина години во своите записи за состојбите во македонското општество, македонската литература и култура воопшто.


Димитар Талев сакаше да се врати во Македонија

За разлика од Венко Марковски, кој одлучил да побегне од својот јазик, Димитар Талев во еден период имал голема желба да се врати во својот Прилеп, во својот јазик, во своите најдлабоки спомени и вистинска книжевна инспирација:

„Војната и настаните веднаш по неа доведоа до ликвидација на весникот „Зора“ на Данаил Крапчев и до осуда на луѓето од редакцијата, вклучувајќи го и Димитар Талев. Нешто подоцна до мене дојде веста дека тој е вратен од интернација и помислува да си дојде во Прилеп.

Веста се совпадна со мојата тогашна ангажираност да си ги прибереме сите македонски писатели во Македонија, па го замолив мојот близок другар од востанието, Ѓоре Ѓорески, кој ја вршеше должноста советник во Југословенската амбасада во Софија, да стапи во контакт со Димитар Талев и да му пренесе дека во Македонија ќе биде повеќе од добро пречекан. Од Ѓорета добив писмо во кое ме известува за разговорот со Димитар Талев и за неговата вистинска намера да дојде во Македонија. Прогонет, каков што се чувствауваше тој тие години, и посебно по интернацијата, Димирар Талев во своето враќање во Прилеп најверојатно виде некаков азил...

Меѓутоа, во меѓувреме, контактите со Димитар Талев, па и нашето планирање да го задомиме сосем во Прилеп, беа, како што се велеше тие години, провалени, и бугарската власт, согледувајќи ги нејверојатно последиците, веднаш презеде мерки. Според информацијата која ја добив, Димитар Талев замина за Варна и остана таму да пишува. Во Варна ги напиша своите највредни книги, кои јас ги добив со негова посвета и замолба да му ги испратам моите дотогашни текстови...

Димитар Талев, сеедно што живееше и пишуваше во Бугарија, во Софија, остана главно и сосем во својот Прилеп, својата Македонија. Живееја, пулсираа во неговите романи улиците на Прилеп, сокаците, чаршијата, фамилијарните домови и дворови, се раѓаа, живееја, се радуваа, страдаа и умираа ликовите од неговите романи, наѕираа повремено прилепските мајтапчии како нешто неразделно од неговиот град, мааало, од фамилијарните приказни, а мојот татко, Илија Кепев остана негов даскал, оној што како учител по јазик и историја од најраните години ги посеал своите својства во него, во авторот.“
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.718
Александар Алексиев:

Венко Марковски ме тужеше за негативна критика за неговата книга „Над пламнати бездни“. Во својот текст за творечкиот пат на Кочо Рацин и на Венко Марковски, објавен во „Современост“ 1989 година, Александар Алексиев меѓудругото сведочи затужбата за објавена критика во 1955 година од авторот на книгата „Над пламнати бездни“. Рецензијата била објавена во списанието „Млада литература“, а Венко Марковски веднаш му вратил со тужба за негативната критика на неговите стихови.

„Во 1955 година бев тужен на суд за лична навреда и психичко обеспокојување на тогаш се суште славниот поет, кој самиот, а и многумина други, по инерција продолжуваа да го споредуваат со Ботев, Јаворов, Мајаковски, Пушкин, Хајне и слични корифеи на светската литература“, запишал Алексиев пред 24 години, додавајќи дека, според повеќегодишните контакти што ги имал со поетот, Венко Марковски бил „крајно нестабилна и егоистична личност“, кој безразложно се „чувствуваше како некрунисан македонски крал“.

Според Алексиев, неговата поетска суета најмногу ја потхранувал Тодор Павлов, кој „уште на стартот го одвлече директно во прегратките на мегаломанијата и грандоманијата, изнасилувајќи ја неговата продуктивност, така што неретко квантитетот го задушуваше квалитетот, мисловноста и вдлабоченоста“. Моето мислење за Венко Марковски, пишува Алексиев, не се разликува многу од мислењето на Страхил Гигов, кој во своите сеќавања го окарактеризира како „крајно бескарактерен, како човек што својата нискост ја покажувал скоро во секоја пригода, дека бил паничар и страшливец, дека за една кокошка бил готов секого да опее во песна, дека при повлекувањето од Дебарца, постојано прогонувани и капнати од умор, тој во снегот го фрлил и сопственото дете“, па него, шест-седум километри, го носел Страхил Гигов.

Факт е, исто така, дека во најтешките денови на борбата повеќе од шест месеци бил засолнат во Егејска Македонија, избегнувајќи ги Февруарскиот поход и походот на групата баталјони од Беласица до Козјак со кои биле и ЦК и Главниот штаб, пишува меѓудругото Александар Алексиев, подвлекувајќи дека Венко Марковски по ослободувањето не можел веќе да го следи динамичниот развиток на современата македонска поезија па затоа од својот замислен поетски Олимп се струполил таму каде што неговите услуги се уште можеле да бидат на цена, во Бугарија. /Извор: МИА/
 

Kajgana Shop

На врв Bottom