Распоред за реновирање на стан

Член од
19 октомври 2012
Мислења
294
Поени од реакции
249
Поздрав до сите,

Ако можете да ми дадете совет по кој редослед би требало да оди реновирање на еден стан. За да нема забуни, давам преглед што се би сакал да реновирам:

- замена на стари дрвени прозори со PVC
- купатило (замена на плочки, промена на местоположба на бојлер и батерија за туш)
- кујна (замена на плочки, изведување на нови штекери)
- дневна соба, трпезарија, спална и детска соба (замена на паркет, преградување со гипс картон на еден мал дел)
- ходник (замена на паркет со плочки)
- замена на собни врати и влезана врата
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504

Јас ваков редослед би ти препорачал..............

1. Прво замени ги старите дрвени прозори со нови ПВЦ. Исто така треба да знаеш дека при замената на стари прозори со нови прозори кои имаат функција и на изолатор, има шанса да дојде до појава на кондензација, во тој случај ако немаш изолација на надворешните ѕидови.

2. Потоа извади ги плочките во купатилото и во кујната, средете ја инсталацијата во овие две простории, па намести ги новите плочки и елементите.

3. Следно, во дневната, трпезаријата, спалната, детската соба и ходникот извадете го паркетот, а потоа поставете ги гипскартонските ѕидови. Пожелно би било да ставиш измеѓу гипскартонот и идниот паркет парче стиропор, но и немора. По ова, наредете го новиот паркет или плочки.

4. И на крај ќе ги ставите новите врати, и тоа би било тоа.

Па ајде со среќа реновирањето......................, и не е лошо да ни пратиш некоја слика да видиме што како си средил:D
 
PsychoalieN

Омлет мастеР
Член од
12 јули 2009
Мислења
1.703
Поени од реакции
1.411

Истото не го кажа и @zoraxe? Само без редни броеви :confused:
 
Член од
19 октомври 2012
Мислења
294
Поени од реакции
249
го заборавив кречењето :) кога би требало да биде?
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.821
Поени од реакции
2.911
го заборавив кречењето :) кога би требало да биде?
пред да поставиш паркетот или ламинат,првин молерисувај па потоа паркетот тоа е за станот во прашање,а за куќа е друго.
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Истото не го кажа и @zoraxe? Само без редни броеви :confused:
Он има напишано што планира да прави/реновира, а прашува кој е правилниот редослед на сите тие работи кои ќе ги прави/реновира. Добро ли сум те разбрал @zoraxe?
 
Член од
19 октомври 2012
Мислења
294
Поени од реакции
249
Да, да дечки добро ме имате разберено. Јас барав по кој редослед би требало да одат работите, а воедно ги набројав онака како што јас мислев дека треба (само што не го потенцирав тоа)
Во секој случај голема благодарност :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom