Раскол! До кога?

F.E.A.R.

The Harem King
Член од
11 јуни 2015
Мислења
775
Поени од реакции
1.160
Ја отворам темава од интерес дали на многу како и мене, му е смачено да бидиме надвор од црквата? Оваа глупост шо се води од 1964 нема никогаш да се реши, односно заради Грција ние нема никогаш да бидиме признанени како афтокефална црква под името „Македонска“, то е реалноста. Нема околу одење ова, бидејчи не е ова политика. Никоја од црквите нема да отвори проблем со Грција само заради нас. Имавме шанса да го решиме проблемов дур беше Патријархот Павле, како шо поминаја годиниве сè потешко и потешко да се реши проблемов. Односно за нас е тешко, на Србија ѝ е гајле едноставно, а пак на другите ич. Мене не ми е гајле за афтокефалност, бидејчи нема то никогаш да биди, најубо че беше да си останиме како „Македонска“ под Српската патријаршија, досега немаше да имаме никаков проблем. Она шо не можа да го сфатат тие шо не веруваат, е то дека сме всушност надвор од црквата, а надвор од црквата нема спасение. Забрането ни е да се причестуваме во другите цркви, и обратно. Нема да добијаме такво нешто како Украина, иако УПЦ не е призната. Не можиме да си ја признајме вината и инсистираме да бидиме признати, а знајме дека то нема никогаш да се случи. Единствениот начин е да се вратиме, под автономија на Српската црква, како „Македонска“. А да бараме после то афтокефалност само би можело под името „Православна Охридска Архиепискпоија“, пак не би дозволиле да биди „Македонска“, не Србите, туку Грците, пак тие на крајо се проблемо. Јас сум разговарал со ајде да речам учени лујџе (не сакам да ги кажувам кој се), го делиме истото мислење, ние сме најмногу криви за ситуацијава, не дека и Србите не се ама за то детално немам чепнато. Така да јас сум за Македонска автономна црква под Српкската патријаршија, сè додека го задржува името „Македонска“. Али не гледам ова нешто да се реши, а не мислам да останувам и јас во раскол, односно во блиска иднина че се префрлам во друга црква.
 

ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
Значи обично не коментирам на вакви теми, ама кликбејт насловот си ја заврши работата.
Она што го прочитав е нешто што никад не би го очекувал од некој со мегане-кун на аватар, и мадара во потпис.
The world we live in, eh?
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.331
Поени од реакции
6.234
Сериозно не разбирам кој е проблемов тоа што некоја друга црква не ја признава нашата црква.
Имаме држава, имаме црква, имаме верници.
Верниците одат во црква, поповите си пеат во црква, празниците си идат се празнуваат.
Црквата е непризната(што и да значи тоа) а сепак си стои си функционира, си прави профит( и повеќе од што треба-мое мислење) си ги држи верниците.
Признавање од другите цркви имало или немало, мене нити на било кој друг верник не му менува ништо.
Ако сакам нешто од нашата црква е само поголема транспарентност и поголема грижа за верниците посебно оние со мали финансиски примања и оние на кои им треба помош.
Прво сакам повеќето граѓани да разберат зошто на црквата и треба приходи, не е само за џиповите туку дека и имаат голем имот и многу цркви на кои им треба одржување(што не значи дека секогаш одат таму) и баш затоа треба транспарентност поголема.
Второ, нека организираат(мислам и прават нешто ама скромно) повеќе настани за помош и нека помагаат на народот, да видат луѓето дека црквата се грижи за нив.

На крај, призната или непризната, ако има Господ ќе не слушне, ако не тогаш не е ни важно.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.167
Поени од реакции
17.964
Ја отворам темава од интерес дали на многу како и мене, му е смачено да бидиме надвор од црквата? Оваа глупост шо се води од 1964 нема никогаш да се реши, односно заради Грција ние нема никогаш да бидиме признанени како афтокефална црква под името „Македонска“, то е реалноста. Нема околу одење ова, бидејчи не е ова политика. Никоја од црквите нема да отвори проблем со Грција само заради нас. Имавме шанса да го решиме проблемов дур беше Патријархот Павле, како шо поминаја годиниве сè потешко и потешко да се реши проблемов. Односно за нас е тешко, на Србија ѝ е гајле едноставно, а пак на другите ич. Мене не ми е гајле за афтокефалност, бидејчи нема то никогаш да биди, најубо че беше да си останиме како „Македонска“ под Српската патријаршија, досега немаше да имаме никаков проблем. Она шо не можа да го сфатат тие шо не веруваат, е то дека сме всушност надвор од црквата, а надвор од црквата нема спасение. Забрането ни е да се причестуваме во другите цркви, и обратно. Нема да добијаме такво нешто како Украина, иако УПЦ не е призната. Не можиме да си ја признајме вината и инсистираме да бидиме признати, а знајме дека то нема никогаш да се случи. Единствениот начин е да се вратиме, под автономија на Српската црква, како „Македонска“. А да бараме после то афтокефалност само би можело под името „Православна Охридска Архиепискпоија“, пак не би дозволиле да биди „Македонска“, не Србите, туку Грците, пак тие на крајо се проблемо. Јас сум разговарал со ајде да речам учени лујџе (не сакам да ги кажувам кој се), го делиме истото мислење, ние сме најмногу криви за ситуацијава, не дека и Србите не се ама за то детално немам чепнато. Така да јас сум за Македонска автономна црква под Српкската патријаршија, сè додека го задржува името „Македонска“. Али не гледам ова нешто да се реши, а не мислам да останувам и јас во раскол, односно во блиска иднина че се префрлам во друга црква.
Колку си грешка во ова што го напиша немаш претстава. Колку повеќе трчаме по човечките административни критериуми, толку сме поделку од бога.

Од друг аспект ако сакаме да погледнеме кои услови ги бара светот во неговата административна дејност за наше признавање, ќе видиме дека тоа се човечки критериуми. Ниту се соборни – од вселенските собори, ниту имаат духовна основа, а уште помалку дека сме некои расколници од проста причина што нивните ставки према нас се оние ставови кои Црквата би требало да ги има према еретиците, бидејќи тие го одлачуваат народот, а не само клирот од причестување, а од друга страна поставуваат услови кои чисто имаат политички или светски карактер: ако ми се покориш, ако ме прифатиш јас да ти бидам глава, јас да ти бидам мајка.

Па замислете во една земја живеат еве два милиони луѓе, не се делат помеѓу нив, нарочито не партиски, за идеали коишто се овоземни, нема помеѓу нив кавги – туку има разговор. Следствено на тоа пастирите во помесната црква духовно до таму се подигнале, така да делуваат како еден глас и со нивните животи претставуваат пример на христијанско живење и добродетели – паствата таквите ги следи до пеколот и назад – тоа е народ Божји, тие се признаени од Бога, другите би можеле само да се поучуваат од нив, бидејќи додека ги колнат тие благословуваат, додека ги оговараат тие простуваат, додека фрлаат со камења по нив тие цркви градат.

 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Као клуб на обожаватели на Beyonce Knowles на Србија да не го признава нашиот.
Клубот на обожаватели на Beyonce Knowles на Србија не плаќа даноци, добива пари од буџетот на Србија и се користи како манипулативна алатка за создавање на омраза на национално ниво кон македонскиот народ. Од друга страна клубот на обожаватели на Beyonce Knowles на Македонија, исто не плаќа даноци, исто добива пари од буџетот на Македонија и исто се користи како алатка за создавање омраза кон српскиот народ.
Националистите во Србија, овој спор го користат како алатка во домашната политичка пропаганда.
Националистите во Македонија, овој спор го користат како алатка во домашната политичка пропаганда.
Националистичките партии од Србија и нивните еквиваленти во Македонија соработуваат одлично.
Клубовите на обожаватели на Beyonce Knowles си праат взаемни посети и си соработуваат одлично (Острог, Охрид....).

Од друга страна, српските и македонските фирми соработуваат.
Пријателските и роднинските односи меѓу српскиот и македонскиот народ функционираат.

Крајно време е клубовите на обожаватели на Beyonce Knowles да си го добијат вистинското место во системот, да си се снаоѓаат за пари и да плаќаат даноци на матичните држави, да го помагаат сиромашното население, а не да се курцаат за луксузи, коли, патувања и што е најбитно, да престаната да создаваат вештачка омраза, не само меѓу овие две држави, туку и со сите други клубови на обожаватели од другите држави.

Разберете дека живеете пред 3 века, задрти, инаетџии, затуцани....
У кризава со вирусов се виде дека ве нема нигде.....и не само што не помогнавте како верски организации, ние што сме атеисти, со отежнати услови за работа и даноци, ќе ви ги храниме пак клубовите на обожаватели на Beyonce Knowles......а да, и мафијашката организација на ш иптарскиот клуб на обожаватели на Beyonce од Кондово (да не го забораам тој скот).
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.163
Поени од реакции
15.953
Ја отворам темава од интерес дали на многу како и мене, му е смачено да бидиме надвор од црквата? Оваа глупост шо се води од 1964 нема никогаш да се реши, односно заради Грција ние нема никогаш да бидиме признанени како афтокефална црква под името „Македонска“, то е реалноста. Нема околу одење ова, бидејчи не е ова политика. Никоја од црквите нема да отвори проблем со Грција само заради нас. Имавме шанса да го решиме проблемов дур беше Патријархот Павле, како шо поминаја годиниве сè потешко и потешко да се реши проблемов. Односно за нас е тешко, на Србија ѝ е гајле едноставно, а пак на другите ич. Мене не ми е гајле за афтокефалност, бидејчи нема то никогаш да биди, најубо че беше да си останиме како „Македонска“ под Српската патријаршија, досега немаше да имаме никаков проблем. Она шо не можа да го сфатат тие шо не веруваат, е то дека сме всушност надвор од црквата, а надвор од црквата нема спасение. Забрането ни е да се причестуваме во другите цркви, и обратно. Нема да добијаме такво нешто како Украина, иако УПЦ не е призната. Не можиме да си ја признајме вината и инсистираме да бидиме признати, а знајме дека то нема никогаш да се случи. Единствениот начин е да се вратиме, под автономија на Српската црква, како „Македонска“. А да бараме после то афтокефалност само би можело под името „Православна Охридска Архиепискпоија“, пак не би дозволиле да биди „Македонска“, не Србите, туку Грците, пак тие на крајо се проблемо. Јас сум разговарал со ајде да речам учени лујџе (не сакам да ги кажувам кој се), го делиме истото мислење, ние сме најмногу криви за ситуацијава, не дека и Србите не се ама за то детално немам чепнато. Така да јас сум за Македонска автономна црква под Српкската патријаршија, сè додека го задржува името „Македонска“. Али не гледам ова нешто да се реши, а не мислам да останувам и јас во раскол, односно во блиска иднина че се префрлам во друга црква.
Префрли се, не знам дали му е гајле на некој шо ќе праеш.
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.545
Поени од реакции
7.251
А скроз да ја укинеме Македонската Православна црква како што си ја укинавме и сопствената држава? Така нема да имаме проблем со непризнавање, не можеш да не признаваш нешто што не постои? Проблемот е решен.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.797
Поени од реакции
15.714
А скроз да ја укинеме Македонската Православна црква како што си ја укинавме и сопствената држава? Така нема да имаме проблем со непризнавање, не можеш да не признаваш нешто што не постои? Проблемот е решен.
а како Црна Гора ?? јазикот им е од сега и скоро ист е со српскиот, па ете си издејствуваа.. исто и со црквата имаат проблеми ама не и попуштаат на СПЦ..башка паднаа принципиелни муабети дали може мала православна црква да оди под закрила на Ватикан ,а за да се сочува националниот идентитет ??
Сега со светската криза поред останатите промени, сакале или не ќе настане и значителна атеизација, така да и овој проблем ќе се миноризира... само кај нас верските поглавари се инатат и уценуваат, барајќи пари...
 
Последно уредено:

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.320
Поени од реакции
57.791
Она шо не можа да го сфатат тие шо не веруваат, е то дека сме всушност надвор од црквата, а надвор од црквата нема спасение
Значи да сумираме, ти веруваш дека твоето спасение зависи од политичка одлука.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.598
Поени од реакции
18.018
Значи обично не коментирам на вакви теми, ама кликбејт насловот си ја заврши работата.
Она што го прочитав е нешто што никад не би го очекувал од некој со мегане-кун на аватар, и мадара во потпис.
The world we live in, eh?

Да ја тргнеме на страна "темава", како на ниту еден модератор/админ потписот на момаков не им боде очи?
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Да ја тргнеме на страна "темава", како на ниту еден модератор/админ потписот на момаков не им боде очи?
На мобилен не ги прикажува потписите.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Нема решение за ,,Расколот" и никогаш нема да го има. Фундаментално е што сите цркви се во споственост на МПЦ и сите православни верници се лојални на МПЦ ОА и тоа така треба да остане. Никакви отстапки и никакви цркви-мајки не ни требаат ни од србите, ни од бугарите.

Пример ситуацијата во Црна Гора е милион пати посложена. Иако се формира ЦГПЦ, сите верски објекти се во сопственост на СПЦ и речиси сите православци се крштеваат во СПЦ, дали едвај 1000 луѓе вршат обреди во ЦГПЦ. Сега Црна Гора сака да изгласа нов закон и да ги припише црквите пред 1918 година на име на државата, па после веројатно да ги замени свештениците од СПЦ со тие на ЦГПЦ, со што на долг рок би се префрлале многу повеќе верници на страна на ЦГПЦ. Имаа литии и огромни собири на србите во Црна Гора за да спречи ова.

Јас иако сум нерелигиозен сметам дека треба секоја држава да си има право да формира своја национална црква без вакви политички заврзлами од цариградскта патријаршија. Од проста причина што очигледно е дека црквата е само продолжен алат на земјите кои порано владееле со одредена територија за вршење на притисок на странски држави.
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
755
Поени од реакции
356
Тотално е небитно дали другите цркви ја признале МПЦ или не...
Нив кој ги има признато? Господ? :)
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Ич не е убаво кога поповите, монасите и сличните на нив се караат меѓу себе. Едно време се збореше дури и за присуство на хив на Света Гора. Да се надеваме дека во ово случај нема да дојде до такви работи и дека се' ќе помине без разгорување на мрачните страсти на духовната аристократија во Македонија и Србија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom