Раси на кучиња кои никогаш не би ги чувале ?!

K

Kacar

Гостин
Сметам дека треба да да се изјасниме и кои раси не би ги чувале на кучиња, покрај темата КОЈА РАСА НА КУЧИЊА ВИ Е НАЈОМИЛЕНА. Па, навалете народе, само без крв, распнување на крст, небулози и око за око заб за заб коментари. Кој милува нека објасни зошто, кој не и не мора.
Кој мисли дека коментарот за одредена раса не одговара на куче од таа раса ако чува, може да наведе реплика. Да не се третираме еден меѓу друг како анимал расисти ОК?

Раси кои никогаш не би ги чувал :
1. Сибирска хаска
2. Самојед
3. Аљаски маламут
4. Американско ескимо
5. Бернандинец
6. Англиски булдог
7. Пекинезер
8.Ши цу
9. Чивава
10. Акита

Генерално северните раси на кучиња и не ги сакам како наведените под реден број од 1-4. Инаетливи ( повеќето од нив), сакаат да командуваат со тебе и ретко слушаат наредби. Имам искуство со тие раси на различни начини а и многу мои пријатели што чуваат генерално не се задоволни ( се зезнале мислејќи дека неискусни можат да чуваат такво куче).
Сепак, тие кучиња не се за неискусни луѓе, а јас иако искусен цел живот со мноштво расни кучиња, сепак не би се одлучил. Кога би ставил на местото на лабрадорот што го имам една хаска би се осеќал психолошки измалтретиран еквивалентно на тоа досега да сум користел најнов модел на компјутер а од сега користам првичен модел со милион пати намалена брзина.
 
Papillon.Papi

Terrierist
Член од
15 јануари 2014
Мислења
764
Поени од реакции
795
Скoрo сите брaхицефaлични, пoвеќетo oвчaри, хaски, џуџестa пудлa, гермaнски лoвен териер (немaм ништo прoтив, нo не мислaм декa би мoжелa дa се сooчaм сo тoлкaвa енергијa), мoлoси, минијaтурни пинчери, рaси кoи пo кaрaктер се жедни зa внимaние oд сoпственикoт и ќе пoнудaт чaјче/кaфе нa билo кoј штo ќе влезе вo двoр, чивaви секaкo, мини јaзoвичaр (нo ги oбoжaвaм стaндaрдните), пoвеќетo птичaри/пoентери/ретривери (сo исклучoк нa сетери)... Дoлгa листa. Немaм некaквa oмрaзa кoн рaсиве, сaмo не мислaм декa ќе бидaт идеaлни зa мене.
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.061
Поени од реакции
3.202
Се што е повисоко од 30см не би го препорачал
на поголемите сите им се плашат, вака помало ем ти раат, ем другите раат,

но и малите знаат да касаат, пред некоја година јазовичарот во шумата уапа еден што го беше мавал низ селото, само го гребна ништо страшно
а булот го фати поштарот за ногавицата на панталоните, па после овој ги оставаше писмата на оградата крај патот:pos:

затоа што помало толку подобро!
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992

Нели ти со добиток чување се бавеше или грешка сум? Зошто француска пудла би чувал?
 
EDCer

No Kitty, this is my pot pie!
Член од
19 ноември 2015
Мислења
1.043
Поени од реакции
813
Сите салонски џукели и оние што им висат муцките им течат лиги, збрчкани, згужвани и мали (мопсови, пекинезери и сл.) исто мразам и ,,борачки'' кучиња и некои што го прават да изгледаат лоши и хардкор. Но тоа најчесто заради сопствениците заради тоа што сакаат да се прават фраери (најчесто).

Овие спонзорушки лајна ми доаѓа да ги убијам сосе газдариците, незнам зошто, ама ми се подига кога ќе видам вакво нешто.

interlove

Die with memories not dreams
Член од
14 ноември 2014
Мислења
2.416
Поени од реакции
3.634
Имав еднашка еден пит, и никогаш повеќе. Дресиран беше али незнам што кур му се деси за малку ќе беше фатално за еден мој роднина. Значи кучето слушаше мои команди без ниеден проблем, не јадеше без да и кажам јас, али во тој момент сето тоа ми изгледаше како да било само фарса и глума од негова страна. Јас сум видел питбул да касне еднашка и тоа е тоа, али овој мојот, како да сакаше да го масакрира, 2-3 пати и мене ме касна несакајќи додека се обидував да го спасам него. Ако осетеше дека моја е раката ме пушташе одма, и на крајот едвај успеав да го смирам.
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.061
Поени од реакции
3.202
Нели ти со добиток чување се бавеше или грешка сум? Зошто француска пудла би чувал?
Каде некогаш сум кажал дека чувам добиток?

Инаку сум пасел добиток на роднини, ама тоа во минатиот век кога бев мал и ми беше интересно.
 
M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.363
Сите оние малине никаквине, нит јас нит деца мои ќе ги чувет.
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Каде некогаш сум кажал дека чувам добиток?

Инаку сум пасел добиток на роднини, ама тоа во минатиот век кога бев мал и ми беше интересно.
Па не знам, може нешто сум се помешал или таков впечаток ми оставаш.
 
nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
Не би чувал минијатурен пинч, чивава, мопс, пекинезер, померанец.. Тоа ми текнува сега за сега :).
Инаку за мене нема врска дали е расата мала или голема, едноставно овие што ги наведов не ми оставиле добар впечаток во изглед, однесување, темперамент итн..
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Пикинејзер, чивава, пудла и остали мали раси кои се однесуваат како хиени
 
Член од
14 јули 2020
Мислења
3
Поени од реакции
0
Скoрo сите брaхицефaлични, пoвеќетo oвчaри, хaски, џуџестa пудлa, гермaнски лoвен териер (немaм ништo прoтив, нo не мислaм декa би мoжелa дa се сooчaм сo тoлкaвa енергијa), мoлoси, минијaтурни пинчери, рaси кoи пo кaрaктер се жедни зa внимaние oд сoпственикoт и ќе пoнудaт чaјче/кaфе нa билo кoј штo ќе влезе вo двoр, чивaви секaкo, мини јaзoвичaр (нo ги oбoжaвaм стaндaрдните), пoвеќетo птичaри/пoентери/ретривери (сo исклучoк нa сетери)... Дoлгa листa. Немaм некaквa oмрaзa кoн рaсиве, сaмo не мислaм декa ќе бидaт идеaлни зa мене.
Чував 2 териери германски, прво женка долговлакнест, а покасно машки кратковлакнест кој почина пред 7 дена. Прекрасна раса; приврзани, хиперактивни, со неисцрпна енергија. Единствено тврдоглавоста им ја мраза и тоа што никако не слушаат. Сакам хиперактивни кучиња ми одговаараат совршено на мојот темперамент. Секаде го земав териерот, бидејќи ни момент не мирувам. Планинарењето и одвојувањето на високите врвови ни беше секојдневие. Единствено одевме на напуштени плажи, бидејќи не сакаше луѓе, а и јас не сум многу поразлична. Тоа е моето искуство есо оваа раса; и признавам, рртко кој може са се справи со темпераментот.
Автоматски споено мислење:

Сите мали и нервозни, кучиња со пореметена диафрагма. На првите им го мразам карактерот и нервозата, а на мопс, булдог, и сл; им го мразам тоа што ни најмалку не можат да бидат активни поради лошата конструкција на диафрагмата. Немам ништо против горенаведените раси, само не ми одговараат на мојот темперамент и авантуристички дух. Чивавата пример, со ннејзината нервоза, не можат да ме придружуваат за време на храњето на маалските кучиња и мачки. Како коцка шеќер ќе заврши во устата на некој овчар поради нервозата и избувливоста.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom