Рапиден раст на цена на недвижности .

Член од
20 јули 2016
Мислења
7.631
Поени од реакции
4.932
Може јас добивам погрешен впечаток ама мене вака на прв поглед ми делува дека становите се продаваат како алва уште не изградени, не ќе да е само од инвестиотори, а кога се нема пари и егзистенцијално прашање да е, пак се нема, не ќе ги нацрта за стан. Знам дека некој ќе се залета ќе рече на кредит ќе се земаат и ќе го плаќа цел живот ( како и секаде) ама и за на кредит да го земеш ваљда треба да влезеш со некој депозит, еве не сум во тек, колкав % е учество за да земеш кредит ? И за тоа треба заштеда.
Читам коментари, ги продавале нивите, па кој ги купува тогаш нивите, кој купува нива денес кога на никој не му се работи.
Што знам, пак ќе речам може добивам погрешен впечаток, ама вака од страна таков впечаток се добива.
Во превод немам пари, нема идеја ни како пари да заработам ни да заштедам ни да инвестирам ни некогаш ќе имам и можам. Изговор државата не чини. Најдобро е патиките и протест за 100 ден помалку месечно сметка за струја. Нема везе не ми е ни поента немљ ни фајде од тролање ама мислам дека како ова погоре зборуваат и размислуваат најголем дел од луѓето во МАКЕДОНИЈА.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557

Не треба да си милионер за да земиш станбен кредит, треба да имаш стабилен прилив во постабилна фирма, го ставаш станот што го купуваш под хипотека, банката ти дава пари и ти и плаќаш месечна рата. Грубо на 50 000 евра земени со моменталните камати ќе вратиш околу 65 000 евра (+ административни трошоци) и ако го плаќаш 181 месец рата ќе ти биде 350 евра, ако имаш учество барем 10 000 од претходно и земеш само 40 000 евра ќе вратиш околу 52 000 евра со месечна рата од 280 евра, еве ти калкулатор играј си математики.

Кај помладите мал е бројот што успева да издржи без туѓа помош (обично со 2 барем средни плати се гура некако, али ако е само една работата е на конец). Често имаш ситуација да им помагаат родителите (обично овие трпат буквално за се, за демек децата да живеат), пола населба ми се вакви, на одмор последно имаат отидено кога умрел Тито.

Али и покрај овие работи особено во последните години имаш и доста популација која работи во ИТ секторот што не е толку за плачење (има дечки што земаат плата колку ти во Австралија што за тука значи дека во 2-3 години преку сила сам ќе собере за стан до 50 м2).Втора класа многу блиска до тука ти се доктори. Па доста пониско инженери, па цела јавна администрација (од тие 120 000 во јавна администрација дел се со над 500 евра плата и останатите со 300-500 што пак ако ги имаат и две вакви плати дома може лесно да присоберат пари за стан).

Следна работа е големината на становите што се продава, најчести се станови од 35м2 до 65м2, што значи треба да закрпи некако 35-65к евра во Скопје или 50-80% од тоа во останатиот дел од државата. Ние демек се движиме накај западот со идеологија, арно ама со живеалиштата прифативме некој стил од жолтите, т.е како глувци во станчиња од по 2-3 соби се пика цела фамилија.

После ова имаш и голема сума на пари што се влева од дијаспората (ова е посебно изразено кај муслиманиве), им помагаат на фамилиите со финансии/помош за недвижности, се откажале од имот кој требало да се дели на 2-3ца и се останало на еден, денационализации.
Е после имаш најголем процент на луѓе кои едвај крпат крај со крај (работат за минималец, една минимална или просечна плата) и тие тешко да ти исплатат стан.

И да вистина е дека се купуваат становите уште во градба, дел од тие се земени од тие 5-10% што се екстра богати во државава и останатите се од таа „средна класа“ која сеуште постои.
Автоматски споено мислење:

Голем дел од луѓето и навистина немаат, голем дел не ни имаат ментален капацитет да ја промената таа ситуација, а друга група пак немаат стартен капитал за почеток.
Лесно е да ти остави некој сума со која може да си играш, парите лепат пари буквално во секоја смисла и нема што да се филозофира тука, тој што ги има условите (психички и стартен капитал) не ни знае колку плаќа струја.
 
Последно уредено:
Член од
17 август 2011
Мислења
9.715
Поени од реакции
17.378

Имаш погрешен впечаток од страна. Никој не му се работи, народот кука за пари а се расфрла и тн. Класичен дијаспорски муабет, но офенс :D. Сеуште има голем процент на луѓе што се занимаваат со земјоделие во државава, моите на пример. Нивите не ги продаваат само за да ги работи некој, ги продаваат и како градежно земјиште. Пример мојата населба беше ниви пола, за 15 години цела е згради, дури има и тинекс и рамстор.

Има повеќе фактори што влијаат на цената, не е само еден. Не се продаваат сите станови како алва, се продаваат нови станови од 40-50 квадрати во најубавите населби во Скопје - Аеродром, Тавталиџе, Карпош и тн. Ете членот на темата не може да продаде 90 квадратен стан за доста поволна цена во убава населба. Замисли да беше станот во Топанско поле?
Друга работа не реков дека сите станови идат кај инвеститори, туку дека тие влијаат на побарувачката. Тука не спаѓаат само луѓе со по 10 стана, туку и оние што имаат по 1-2 вишок, кој купуваат за децата кога имаат вишок пари. Сите тие влијаат на цената. Од друга страна брат ми зема стан, ќе го исплаќа 20 години меѓутоа киријата претходно и ратата за кредит сеа му се исти. Разликата е што на крај станот ќе си биде твој. Не е никаков луксуз да си го решиш станбеното прашање, мора негде да живееш. Ако не планираш да се селиш од државата апсолутно исплатливо е да си земеш стан во Скопје.
 
пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
4.875
Поени од реакции
7.742

ха ха најлесно е да се каже "дијаспорски муабет". Прочитај малку низ форумов, депресија ке те фати, сега наеднаш требало да се реши станбеното прашање, и сите станбеното прашње го решават во центар, што би рекол @Lurtz никој во периферните населби, него баш во центар, Аеродром, Тавталиџе, Карпош , каде што е најскапо.
Како и да е @Lester Freamon подобро опиша како стојат работите.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.631
Поени од реакции
4.932
Не треба да си милионер за да земиш станбен кредит, треба да имаш стабилен прилив во постабилна фирма, го ставаш станот што го купуваш под хипотека, банката ти дава пари и ти и плаќаш месечна рата. Грубо на 50 000 евра земени со моменталните камати ќе вратиш околу 65 000 евра (+ административни трошоци) и ако го плаќаш 181 месец рата ќе ти биде 350 евра, ако имаш учество барем 10 000 од претходно и земеш само 40 000 евра ќе вратиш околу 52 000 евра со месечна рата од 280 евра, еве ти калкулатор играј си математики.

Кај помладите мал е бројот што успева да издржи без туѓа помош (обично со 2 барем средни плати се гура некако, али ако е само една работата е на конец). Често имаш ситуација да им помагаат родителите (обично овие трпат буквално за се, за демек децата да живеат), пола населба ми се вакви, на одмор последно имаат отидено кога умрел Тито.

Али и покрај овие работи особено во последните години имаш и доста популација која работи во ИТ секторот што не е толку за плачење (има дечки што земаат плата колку ти во Австралија што за тука значи дека во 2-3 години преку сила сам ќе собере за стан до 50 м2).Втора класа многу блиска до тука ти се доктори. Па доста пониско инженери, па цела јавна администрација (од тие 120 000 во јавна администрација дел се со над 500 евра плата и останатите со 300-500 што пак ако ги имаат и две вакви плати дома може лесно да присоберат пари за стан).

Следна работа е големината на становите што се продава, најчести се станови од 35м2 до 65м2, што значи треба да закрпи некако 35-65к евра во Скопје или 50-80% од тоа во останатиот дел од државата. Ние демек се движиме накај западот со идеологија, арно ама со живеалиштата прифативме некој стил од жолтите, т.е како глувци во станчиња од по 2-3 соби се пика цела фамилија.

После ова имаш и голема сума на пари што се влева од дијаспората (ова е посебно изразено кај муслиманиве), им помагаат на фамилиите со финансии/помош за недвижности, се откажале од имот кој требало да се дели на 2-3ца и се останало на еден, денационализации.
Е после имаш најголем процент на луѓе кои едвај крпат крај со крај (работат за минималец, една минимална или просечна плата) и тие тешко да ти исплатат стан.

И да вистина е дека се купуваат становите уште во градба, дел од тие се земени од тие 5-10% што се екстра богати во државава и останатите се од таа „средна класа“ која сеуште постои.
Автоматски споено мислење:

Голем дел од луѓето и навистина немаат, голем дел не ни имаат ментален капацитет да ја промената таа ситуација, а друга група пак немаат стартен капитал за почеток.
Лесно е да ти остави некој сума со која може да си играш, парите лепат пари буквално во секоја смисла и нема што да се филозофира тука, тој што ги има условите (психички и стартен капитал) не ни знае колку плаќа струја.
Во основа клучната работа е прашањето на односот. Не е некоја голема предност да има на пример 100 евра и 100.000 евра. Ама тој со 100 евра во 99% од случаите нема да ги третира како 100.000 а во принцип нема разлика. Луѓето се малку мотивирани да научат да инвестираат ако имаа 100евра а многу повеќе ако имаат 100.000. Математиката им е следна еве ќе направам инвестиција со 20% заработка и ако имам 100 ќе заработам 20 евра ако имам 100.000 ќе заработам 20.000 евра и тој со 100 вика зошто да потрошам часови денови месеци па и години читајќи и учејки за 20,50,100 евра? Чист мајнд фак си прават. Секој сака многу и брзо и несака да излезе од комфорт зоун и да жртвува удобност. Ова е коренот за добар дел од мизеријата и фрустрациите па и омразата.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Во основа клучната работа е прашањето на односот. Не е некоја голема предност да има на пример 100 евра и 100.000 евра. Ама тој со 100 евра во 99% од случаите нема да ги третира како 100.000 а во принцип нема разлика. Луѓето се малку мотивирани да научат да инвестираат ако имаа 100евра а многу повеќе ако имаат 100.000. Математиката им е следна еве ќе направам инвестиција со 20% заработка и ако имам 100 ќе заработам 20 евра ако имам 100.000 ќе заработам 20.000 евра и тој со 100 вика зошто да потрошам часови денови месеци па и години читајќи и учејки за 20,50,100 евра? Чист мајнд фак си прават. Секој сака многу и брзо и несака да излезе од комфорт зоун и да жртвува удобност. Ова е коренот за добар дел од мизеријата и фрустрациите па и омразата.
Не ќе да е баш така математиката.
Ако имам за инвестирање 100 000 евра во моментов имам барем 10 идеи со кои можам да направам на крај од следната година минимум 10% чист профит, ако имам 100 евра треба да сум ненормален да се заебавам цела година со трчање за 10% профит на таа сума.
Со 100 евра не можеш ни набавиш роба и да изренташ тезга на пазар, дури и за ова (пример сезонски зеленчук) ти треба повеќе инвестиција, да не правиме муабет за отворање на фирма.

Во покер имаше една логика која вика, ако не си способен да платиш 24 големи блинди, не седнувај на маса. Така е и во бизнис, така е и во инвестирање, ако не си спремен да ги изгубиш неколку пати тие пари не е паметно ни да почнуваш.
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Во покер имаше една логика која вика, ако не си способен да платиш 24 големи блинди, не седнувај на маса.
100 blinds треба да можеш да платиш, еден цел бајин. И уште да имаш за три пати по толку ако сакаш да играш сериозен покер таа вечер на кеш маса. Со 24 блинди си топовско месо на масата.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.631
Поени од реакции
4.932
Не ќе да е баш така математиката.
Ако имам за инвестирање 100 000 евра во моментов имам барем 10 идеи со кои можам да направам на крај од следната година минимум 10% чист профит, ако имам 100 евра треба да сум ненормален да се заебавам цела година со трчање за 10% профит на таа сума.
Со 100 евра не можеш ни набавиш роба и да изренташ тезга на пазар, дури и за ова (пример сезонски зеленчук) ти треба повеќе инвестиција, да не правиме муабет за отворање на фирма.

Во покер имаше една логика која вика, ако не си способен да платиш 24 големи блинди, не седнувај на маса. Така е и во бизнис, така е и во инвестирање, ако не си спремен да ги изгубиш неколку пати тие пари не е паметно ни да почнуваш.
Можеш секогаш да земеш заем и да работиш за без пари со години. Но ретко кој се одлучува за такво нешто. Секој сака многу, сега и веднаш. На кратко тоа ми е поентата. Мислам дека и ти го кажуваш во дел тоа.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.715
Поени од реакции
17.378
ха ха најлесно е да се каже "дијаспорски муабет". Прочитај малку низ форумов, депресија ке те фати, сега наеднаш требало да се реши станбеното прашање, и сите станбеното прашње го решават во центар, што би рекол @Lurtz никој во периферните населби, него баш во центар, Аеродром, Тавталиџе, Карпош , каде што е најскапо.
Како и да е @Lester Freamon подобро опиша како стојат работите.
Форумов и не е некое релевантно мислење, тоа те буни. Реалноста е дека пред 15 години бев опкружен со ниви, а сега сум со згради полни со станари. Не знам од кај тоа дека сега наеднаш им текнало да го решат станбеното прашање , или дека никој не купува во периферните населби. Кај и да сум бил во други држави имало населби со поскапи и поефтини имоти. Тоа не значи дека никој не живее во поефтините населби.
Да живееш тука ќе ти е јасно зашто стан у Ново лисиче е 1000 евра а во Маџари 700, иако двете се периферни населби. Секое зашто има затоа, никој не е будала да даде 300 евра од квадрат поише за џабе.
 
Нормално е тоа некој сака поголем стан...деца, ова она итн а нема пари и продава во поскапа населба и купува во поефтина и добива повеќе м2. Тоа е на секаде. Некој од тоа на запад прави политика и идеологија...гентрификајшн итн. Но тоа не е битно ни тема тука.
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.024
Поени од реакции
19.506
Не ќе да е баш така математиката.
Ако имам за инвестирање 100 000 евра во моментов имам барем 10 идеи со кои можам да направам на крај од следната година минимум 10% чист профит, ако имам 100 евра треба да сум ненормален да се заебавам цела година со трчање за 10% профит на таа сума.
Со 100 евра не можеш ни набавиш роба и да изренташ тезга на пазар, дури и за ова (пример сезонски зеленчук) ти треба повеќе инвестиција, да не правиме муабет за отворање на фирма.

Во покер имаше една логика која вика, ако не си способен да платиш 24 големи блинди, не седнувај на маса. Така е и во бизнис, така е и во инвестирање, ако не си спремен да ги изгубиш неколку пати тие пари не е паметно ни да почнуваш.
Ама затоа па може да купиш домен, хостинг и да ти останат уште осумдесетина евра. :D
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.631
Поени од реакции
4.932
Ама затоа па може да купиш домен, хостинг и да ти останат уште осумдесетина евра. :D
Ни домен не ти треба седни едно здраво 2-3 месеци и учи некој програмски јазик или програма и со 0 ден имаш бизнис. Во денешно време има многу опции.
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.240
Поени од реакции
3.137
Ни домен не ти треба седни едно здраво 2-3 месеци и учи некој програмски јазик или програма и со 0 ден имаш бизнис. Во денешно време има многу опции.
Да, да, така е, учиш 2 месеци и милионерче.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.631
Поени од реакции
4.932
Да, да, така е, учиш 2 месеци и милионерче.
Милионерче за 2 месеци нема...ама може ок работа да се најде и да биде некој бизнис. Учење е капитал...кој може да се стекне и без плаќање. Јас секогаш сум им викал на луѓе, гледајте да го искористите капиталот во знаење ако сакате свој бизнис. Дури и да изгледа како "глупаво" и бескорисно знаење.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Можеш секогаш да земеш заем и да работиш за без пари со години. Но ретко кој се одлучува за такво нешто. Секој сака многу, сега и веднаш. На кратко тоа ми е поентата. Мислам дека и ти го кажуваш во дел тоа.
Ова го кажуваш од искуство или од што си прочитал некаде?
Автоматски споено мислење:

Ама затоа па може да купиш домен, хостинг и да ти останат уште осумдесетина евра. :D
Прашањето е што потоа :D
Автоматски споено мислење:

Ни домен не ти треба седни едно здраво 2-3 месеци и учи некој програмски јазик или програма и со 0 ден имаш бизнис. Во денешно време има многу опции.
Со 2-3 месеци учење на програмски јазик ќе научиш да скоцкаш to-do list и калкулатор, за да почнеш барем како практикант некаде минимум 1 година здраво учење.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom