- Член од
- 8 јануари 2012
- Мислења
- 9.977
- Поени од реакции
- 14.745
Древна ракета, кинески мозаик линии, мексикански пирамиди...
Недела, 02.08.2015 09:30 Life
Зошто градителите на пирамидите во Мексико носеле материјал од илјадници километри одалечениот Бразил, или како се нашла металната завртка во камен стар 300 милиони години? Кој ги направил кинеските мозаик линии, или камената кукла најдена 97 метри под земја? Светот изобилува со мистерии кои научниците се уште не може да ги објаснат...
Кинеските мозаик линии
Овие необични и прекрасни линии се пронајдени врежани во кинеската пустина Гансу Шенг. Некои извори укажуваат на тоа дека се појавиле во 2004 година, но тоа не било официјално потврдено. Тие се наоѓаат во непосредна близина на Могао пештерите, кои се заштитени како светско културно наследство. Овие линии зафаќаат голем простор, но без разлика на нерамен и непристапен терен задржуваат линеарни пропорции.
Мистериозната камена кукла
Една мала човечка фигура била откриена во Нампа (Ајдахо) додека е вршено дупчењето за бунари. Таа предизвикала голем интерес на научниците во минатиот век. Неспорното дело на човечки раце било пронајдено на длабочина од 97 метри, што укажува на тоа дека е создадено долго пред доаѓањето на човекот во овој дел од светот.
Првиот календар од камен
Во пустината Сахара, Египет, се наоѓаат најстарите "астрономски наредени камења" во светот: наречени Набта. Илјадници години пред Стоунхенџ, луѓето тука поставувале камења наредени во круг, и тоа на брегот на езерото кое одамна пресушило. Пред повеќе од 6.000 години, камења високи три метри биле довлечени од растојание од еден километар. Иако пустината во западниот дел на Египет е сосема сува, тоа не бил случај во минатото. Постои веродостоен доказ дека имало неколку влажни периоди во минатото, а последниот пред 130.000 до 70.000 години. Во тоа време, имало савана, во која што живееле многу животински видови, како што се биволи и големи жирафи, разни видови на антилопи и газели.
Железната завртка во камен стар 300 милиони години
Во текот на летото 1998 година, руските научници, кои југозападно од Москва, барале остатоци од метеори, во карпа откриле железна завртка. Геолозите проценуваат дека каменот бил стар околу 300 милиони години. Во тоа време, на земјата не само што немало интелигентни форми на живот, туку немало ниту диносауруси. Завртката во која јасно може да се видат главата и жлебот, е долга околу еден сантиметар, а во дијаметар има околу три милиметри.
Античкaта ракета
Се претпоставува дека древниот цртеж пронајден на ѕидовите на пештерите во Јапонија датира од периодот постар од 5000 години п.н.е.
Пирамидите во Мексико
Ѕидовите на пирамидите во древните мексиканскиот град Теотихуакан се направени од камен кој може да се најде само на одалеченост од илјадници километри, во Бразил. Денес, овој камен се користи во технологијата и за производство на енергија, што го покренува прашањето зошто градителите отишле толку далеку да го вградат овој материјал во ѕидовите на нивниот град.
http://grid.mk/read/article/10313050/drevna-raketa-kineski-mozaik-linii-meksikanski-piramidi