Рандом мистерии

Дискусија во форумот 'Мистерии' започната од Kallista, 15 јуни 2009.

  1. Scirea

    Scirea Старата Дама

    Член од:
    4 август 2010
    Мислења:
    16.700
    Допаѓања:
    34.036
    Дај да ја живнам темава кога веќе никој не сака... :(

    За овој случај гледав документарна емисија на Прилепската телевизија пред 13-14 години, ми остана у памет и еве после толку години ја најдов дешавката за "Ѕверот од Жевандон" еден од најпознатите случаеви на врколаци или пак ѕверови кои напаѓале луѓе. Жевандон (или Жевондан сеедно) е локално селце на југот на Франција, и во периодот измеѓу 1764 и 1767 година се забележани преку 200 напади на луѓе од крволочно животно, а за живината да не правиме муабет... последиците биле што 120 лица завршиле трагично со смрт, додека преостанатите 80 и кусур поминале со тешки телесни повреди. Оние што го преживеале нападот, ѕверот го опишувале како крзнено животно (го преставувале како волк) со големина на една крава... кога ќе паднело мрак жителите на Жевандон и околните селца се затварале во своите куќи во страв од ѕверот, а оние што ќе останеле надвор во мракот тешко дека се враќале наредниот ден. Честопати во локалната шума биле пронаоѓани искасапени тела, и делови како глави, раце, нозе и органи што ги оставило животното позади себе
    Ловци биле ангажирани за да го утепаат животното, и многу волци уловиле луѓево, али главниот ѕвер никако не го фаќале на нишан... се додека не дошол Жан Шастел, за кого луѓето во селцето ќе речеле дека е мистериозен човек.
    Е сега според таа документарната што ја гледав на телевизија, пред да се стемнело овој Жан Шастел застанал на една ширинка во надвор од селото, клекнал и почнал да се моли, во меѓувреме од шумите го забележал ѕверот како полека му се прикрадувал позади него, али овој не испаничил и си продолжил да се моли онака клекнат... кога ја завршил молитвата едно вртење и го погодува ѕверот директно во срце со пушка која содржела сребрен куршум (од таму и легендите по Хорор филмовиве дека врколаци се тепаат со сребро/сребрен куршум :icon_mrgr:) Жителите на Жевандон здивнале, али мистеријата останува што после смртта на ѕверот никој подетално не објаснил за каков тип на животно станувало збор, во нитуедна книга/документ/пишан лист не се објаснува како изгледало животното што го тероризилало населението.

    Еве некои слики

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    Во местото има и статуи што го одбележуваат овој чин :)

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На k0k014, Клипче, dARK_ElementaL и уште 3 други им се допаѓа ова.
  2. dARK_ElementaL

    dARK_ElementaL Мрачен Паладин

    Член од:
    21 август 2017
    Мислења:
    465
    Допаѓања:
    194
    Јака е приказнава.
    Прв пат за тој ѕвер чув во серијата Teen wolf. Ама мислев дека е само обична фантазија од креаторите на серијата. Па затоа не земав да истражувам подетално. Ама баш ме заинтересира сега.
     
    На Scirea му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Pane-G

    Pane-G

    Член од:
    12 мај 2009
    Мислења:
    4.229
    Допаѓања:
    1.765
    Интересна за Жевондон и сега го има францускиот филм ,,Пакт со волците"


    Sent from my iPhone using Tapatalk
     
  4. Amona

    Amona

    Член од:
    21 октомври 2017
    Мислења:
    63
    Допаѓања:
    16
    sto e forava so lejdi gaga I dzej zi???
     
  5. Scirea

    Scirea Старата Дама

    Член од:
    4 август 2010
    Мислења:
    16.700
    Допаѓања:
    34.036
    Не верувам во вештерки, али ова видео ме стресе упм, башка го гледав сабајлево во 4:30 часот... :nesumjas: Според говорот на луѓето, а и коментарите под видеото снимкава е од Саудиска Арабија. Среде пустина на нашле грбавава бабичка како стои сама во темнината...самиот од додека "ги брка" овие во колава ми е онака :несвест:.

    Сега пред да пишете дека е фејк запомнете дека ова е снимано во Саудиска Арабија, земја во која ќе ти летне главата ако те видат со крстче околу вратот, а не пак да се глупираш и да снимаш пренкови за вештерки.

    Еве го видеото :nesumjas:

     
  6. The Wild Boy

    The Wild Boy THE WILD BADASS

    Член од:
    26 декември 2017
    Мислења:
    296
    Допаѓања:
    76
    Хммм, ај зборнете за Bigfoot. Вистина или Лага?
    Во САД, Канада и Аљаска ѓи имаат видено највеќе. Гледав на еден документарец се обидуваа со стапица да фатат али ништо. Зачудувачки на снимката која што ја видоа, можеше да се види човек како трча во близина...
     
  7. Scirea

    Scirea Старата Дама

    Член од:
    4 август 2010
    Мислења:
    16.700
    Допаѓања:
    34.036
    [​IMG]
     
    На Sawyer88 и Bateman им се допаѓа ова.
  8. Doc Holliday

    Doc Holliday Модератор

    Член од:
    5 ноември 2010
    Мислења:
    5.000
    Допаѓања:
    3.911
    Фан сум на хорори,али ова ме извади од кожа......ама сепак не сум убеден дека не е некоја заебација.

    А, и не ми е јасен овој со колата,место да бега рикверц,пун гас напред гази гамад :D
     
    На Scirea му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Scirea

    Scirea Старата Дама

    Член од:
    4 август 2010
    Мислења:
    16.700
    Допаѓања:
    34.036
    Случајот со Дејвид Ленг е еден од најпознатите мистерии кога станува збор за исчезнати личности. Дејството се случило во местото Галатин - Тенеси, 23 Септември 1880 година. Дејвид Ленг бил фармер кој работел на својата нива, а недалеку од својата куќа жена му со двете деца постепено го надгледувале. Ленг работејќи полека исчезнал на лице место, или како што викаат американците vanished into thin air, ова го забележала жена му која почнала да паничи, а настанот го забележале и двајца мажи кои со запрежна кола поминувале во близина на неговата фарма. Наредните денови била организирана потрага по човекот ама без успех.

    Оваа приказна добива на популарност во Америка во 50те години од минатиот век кога едно од неговите деца Сара ја раскажала приказната на писателот Френк Едвардс, кој подоцна овој ја објавил во својата книга Stranger Than Science (1959).

    Не се знае многу за овој случај, само тоа што набргу после оваа дешавка фамилијата се отселила од тоа место.

    Еве на 07:05 имате малце подетално за овој настан.

     
  10. Beric Dondarrion

    Beric Dondarrion Lord of Blackhaven

    Член од:
    14 август 2006
    Мислења:
    22.476
    Допаѓања:
    26.615
    Без разлика на све тоа шеријат, меријат. КСА е земја пуна со деца кои се пуни со пари и немаат попаметна работа.
     
  11. Sawyer88

    Sawyer88

    Член од:
    26 февруари 2016
    Мислења:
    604
    Допаѓања:
    796
    Имам читано за ова. Језива работа...
    --- Споено дупло мислење, 15 мај 2018 ---
    Мит и лага. На толку потраги и истражувања ако беше вистина до сега ќе се откриеше нешто повеќе. А најпознатите видеа од Бигфут се докажани измами.
     
    На Scirea му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели преку: