Рандом мистерии

КвикСилвер

Модератор
КвикСилвер - Се чита Војнич. Војничов ракопис/скрипти.

Не знам зошто до сега некој не зел да го пробие со компјутер ракописот. Рачно не е можно, особено ако нема лингвистичка платформа со која да го спореди.
Прво и јас така го прочитав како Војнич заради ch-то.

Буквално ова е книга за сештологија :)
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Прво и јас така го прочитав како Војнич заради ch-то.

Буквално ова е книга за сештологија :)
Баш :D. Изгледа луѓето гледаат тоа што сакаат да го видат во неа, јас на пример го најдов Млечниот Пат и Земјата означена како орбитира околу галаксијава :D.

Можно е да е добар hoax. Може да се провери преку комбинирање на познати и помалку познати симболи, повторувања и серии на одредени симболи, па истите во одделни зборови и сл. - ќе се појави резултат кој ќе покаже дали е производна маска на веќе постоеќки јазик, мртов човеќки јазик, или нешто трето. Би било вистинка мистерија доколку третото се случи :).
 

white_eagle

: : stuck in void : :
КвикСилвер - Се чита Војнич. Војничов ракопис/скрипти.

Не знам зошто до сега некој не зел да го пробие со компјутер ракописот. Рачно не е можно, особено ако нема лингвистичка платформа со која да го спореди.
The Voynich manuscript has consistently foiled powerful computers and some of the world's best cryptographers, who have never managed to decipher the 16th-century encoded book. But now, as RFE/RL reports, one scientist says the manuscript could be a sophisticated hoax.
http://www.rferl.org/content/article/1053943.html
 

КвикСилвер

Модератор

КвикСилвер

Модератор
Ја има некој дома енкцилопедијата Еурека? Чинам дека од 2005 е. Ако ја немате и ако уште се продава купете си ја, одлична е.
 

КвикСилвер

Модератор
Федерација Даманхур (Damanhur) е сместена во северозападна Италија, близу границата со Франција. Призната е од страна на владата на Италија и има 850 жители, свое знаме, валута, па дури и устав. Оваа федерација ја ставам токму во мистерии бидејќи работат по свои спотствени закони, се бават со духовност, немаат болници бидејќи се лечат со билки, масажи и слично. Го градат "Temple of Humankind" - храм сместен под површината на земјата, граден исклучиво со раце и примитивни алатки. Полн е со слики, кипови и сега за сега изгледал прекрасно. Интересно е што живеат по 10+ во едно семејство и се навистина мирољубиви сметајќи го семејството за нај богато нешто. Има уште многу работи кои можат да се кажат за Даманхур, јас само започнав и ви ги доловив нај основните работи.

Тврдат дека имаат временска машина која патува низ други светови и галаксии



Еве кај се наоѓа точно Даманхур.





Ѕирнете го сајтов.
http://www.damanhur.org/

Болдираното го издвоив како посебно, а сигурно знаете и зошто.
Прогуглајте и најдете слики, па поставете да видиме :)
 

Erich Zann

Модератор
Интересна документарка за тепање време.Се занимава со докажување на постоењето на сирените. Плус е изработена од горе долу добар извор на документарци. Има и крипи моменти. Ја препорачувам.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Точно е гарант, него некој да каже повеќе за Зодиак :)

Јас па мислев прашуваш за легитимноста на видеото. Доста грозоморни се убиствата така да не сакам да образложувам. Ќе додадам само дека никогаш не е фатен.
 
Занимливости
Претседатели на САД слушале совети од видовити?
Во време на Студената војна, клучните одлуки во белата куќа биле донесени по препорака на астролози. Абрахам Линколн бил склон на спиритизам, а Џими Картер тврдел дека видел НЛО. Ова се само дел од податоците кои сведочат дека во водењето, како на надворешната, така и на внатрешната политика, експерти за хороскоп, видивити луѓе, па дури и окултисти, биле редовни соработници на претседателите на САД

Советникот на Роналд Реган и негов човек од доверба, Доналд Томас Реган, во мемоарите призна дека бил изненаден, кога вработените во Белата куќа му објасниле дека распоредот на претседателот се составува според астролошки календар кој го изработува пријателка на првата дама, Ненси Реган.

Иако Реган никогаш не ги потврди овие тврдења, постојат бројни докази кои упатуваат на неговата склоност кон астрологијата. Некои извештаи можат да се најдат и во библиотеката на претседателот. Така, поедини новинари тврделе дека необичниот третман на гувернерската инаугурација во 1967 година- полноќ и десет минути, го сугерирал неговиот астролог Карол Ригтер.

Спиритолог па претседател

Љубовта на Реган кон астрологијата, постоела и пред неговото влегување во политичкиот врв. Идниот претседател на САД бил голем пријател со славниот џет-сет астролог Карол Ригтер. Големото пријателство меѓу нив го спомена и самиот Реган, во својата автобиографија „Каде се моите остатоци“. Реган имал обичај од Ригтер да бара совети во моменти на криза, или при одредување на најсоодветниот датум за заминување на хируршка интервенција. Тој и го одредил четврти март 1952 година, како идеален датум за свадбата на Реган и Ненси.

Постојат записи и дека во 1974 година, во домот на Реган, пејачот Пет Бон, магионичарот Џорџ Отис и група пријатели повикувале духови. Среде ритуалот, Отис, верувајќи дека го запоседнал Светиот Дух, во транс покажал со прстот на идниот претседател и му рекол: „Сине мој, ако продолжил правилно да ги следиш моите чекори, ќе живееш во Пенсилванската авенија на бројот 1600“. Пророштвото навистина се исполнило- Реган во 1981 година се преселил во Белата куќа која се наоѓа токму на таа адреса.

Вештерки на власт

Во 1973 година, Ненси Реган, ја запознала Џоан Квигли, ќерката на нејзиниот ценет адвокат, која со астрологија започнала да се занимава кога, како тинејџерка мајката ја однела во Сан Франциско, кај една вештерка со шкотско потекло. Таа ја вовела во светот на окултното и пророштвото. Квигли, една година по престанувањето на претседателскиот мандат на Реган, признала дека секојдневно изработувала детален астролошки извештај за тоа, кога претседателот мора да се воздржи од изјави и одлуки во врска со надворешната политика.

Проклетството на нулта годината

По обидот за атентат на Реган на 30 март 1981 година, Ненси станала астролошки зависна. Реган е осми во низата „проклети“ претседатели, кои почнувајќи од 1840 година, се избрани во година која завршува со нула, а кои ги зафати „проклетството на нулта годината“. До такви изборни години доаѓа секои 20 години.
Реган единствено успеал да го преживее својот мандат- останатите жители на Белата куќа, во својот мандат или починале од болест или од атентат. По овој атентат, Квигли станала една од најважните советници на Реган.

Никсон и верувал на видовита жена

Професор од Универзитетот во Вирџинија, експерт за тероризам Тимоти Нафкали, пронашол снимки од разговор меѓу Ричард Никсон и видовитата Џин Диксон. Разговорот бил воден во Овалната соба.

Силата на бројот 13

Овој број многу често се појавува во симболиката на САД. На банкнотата од еден долар, се појавуваат 13 скалила на пирамидата, 13 листови на маслиновата гранка, 13 ѕвезди и 13 ленти кои претставуваат 13 основни држави. Претседателот Френклин Рузвлет, покажувал ирационален страв кон бројот 13. Според сведочењето на неговата секретарка Грејс Тули, претседателот ја повикувал да присуствува на ручекот или состанокот, каде имало само 13 лица, за да не остане тој број.

http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=30527
 

Маркетинг

На врв