Рак на дебелото црево со метастази по цревата има ли надеж за лекување?

Gregor

Оbserver
Член од
6 февруари 2013
Мислења
1.021
Поени од реакции
1.935
има и генетиката врска, ако сте имале случај на карцином во семејството, поготово на бели дробови пазете на исхрана и здрав живот.
Слажем се, карцином на бели дробови и панкреас, тие влечат и други болести како карцином на кожа. Си има врска генетиката. Сите ние се раѓаме со некој швркнат ген, сите носиме некоја темпирана бомба е сега дали ќе се се активира или не, тука игра фактор веројатност, се додека не ги откријат причините зошто настануваат малигните промени. До тогаш можат да се лупаат до небеса со фактори на ризик и да не нудат со витамини, минерали, германиуми и тако даље.
--- надополнето: 21 септември 2013 во 15:17 ---
би сакал да те поправам,дека ракот нема врска со генетиката,никој во моето семејство никогаш не заболел со генерации наназад од рак.. ракот е болест што се создава со години во човечкото тело,на кратко да објаснам,секојдневната нездрава храна го закиселува организмот,кога еднаш ќе се закисели организмот толку многу имунолошкиот систем паѓа и телото се разболува од рак,само што зависи на кое место ќе се појави каде тој човек е најслаб

Малку е илузорно да споредуваш човек со машина? Затоа што ние машините ги изучивме до крај, кај човекот ни до пола не сме.

Ако нема врска генетиката како мало дете се разболува од леукемија или лимфома? Да не го чуваме родителите у Чернобил?

Има врска и pH вредноста на средината со развикоток на ракот, но тука се јавува прашањето дали да се регула pH-то или ензимите што го регулираат.
 

GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Баба ми почина од истото (дете бев уште), ама за мајка ми добро се сеќавам - никакви пороци, црвено месо може да ти кажам дека скоро да не јадеше свесна за тоа што претходно имала во семејството, правеше многу често прегледи дека и работеше во болница и се' тоа за џабе....веројатно си има системот некоја формула за самогасење и има доста врска со генетика...не мора да значи дека сте немале претходно некој подалечен предок кој боледувал од истата болест, може некои постари генерации....
Знам.. јас тоа го пишав затоа што така слушнав или прочитав кога барав НЕКАКОВ ЛЕК по интернет за ова,не се сеќавам каде го видов тоа бидејќи во овие последни 1,2 месеци толку многу имам за рак прочитано,не памтам дури ни што сум читал,мислам дека сум студирал медицина за тоа..
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Мислам дека сега воведоа бесплатно тестирање на сите над 50 години, доброволно. Единствено е што треба да се однесе примерок од измет во центарот за јавно здравје, во било кој град, таму имаат китови за 1 употреба со размачкување на примерокот. Доколку има прикриено крварење те праќаат на понатамошни испитувања.

Работава е што во ран стадиум нема некои особени симптоми, во поразвиена болест се јавува крвава столица, темна столица. Болки во стомакот, во слабините, во карличната регија.

Друг начин на превенција е здрава исхрана, значи полна со растителни влакна, растителни протеини, а што помалку месо, сувомеснати и конзервирани производи. Затоа што месото подолго време се задржува во дебелото црево и се смета дека метаболитите од него можат да предизвикаат некои промени.
Сувомеснатите производи пак имаат нитрати и нитрити, овие ги сметаа за главни кривци за ракот на желудникот и дебелото црево.

И дедо ми фати на 72 години, прв стадиум, го оперираа, му се откачи тромб и му еба матер. Фала на неспособниот анестизиолог што не знае да одреди права доза од лек.

Ако е само ова, да ги пратам моите на преглед. Они мислат дека постапката е со внесување на црево во анал која верувам е болна постапка. Фала ти.
 

GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Ако е само ова, да ги пратам моите на преглед. Они мислат дека постапката е со внесување на црево во анал која верувам е болна постапка. Фала ти.
Се испитува и преку крв,томографија,компјутерско скенирање,гастроскопија и меѓу другото и преку аналниот отвор.. многу е подобра таа болка од колку болката НЕ ДАЈ БОЖЕ да ги снајде тоа за што се испитуваат.. што се однесува до мене и преку уше би прифатил а не од другде.. кој знае знае..
 
Член од
19 октомври 2011
Мислења
9
Поени од реакции
0
а кои се симптомите кои ги имаше????
 
C

cige

Гостин
Еве кога веќе прашувате, неможам да ви кажам конкретни работи бидејќи и јас не сум запознаен детално.

Има метастази по тенките црева, последен пат тумор маркерите,CEA 19 или 25 мислам дека беше називот, беа од 30 на 150 мислам покачени.

Кога го оперираа пред 1 месец мислеа дека е гној од предходната операција, го оперираа од преплет црева, но излезе дека било тумор со метастази.

Крвната слика не знам каква му е но сигурно е ослабена бидејќи нема јадено асално веќе 20 дена.

Според другите искуства ако се раководам, Варумин/Германиум/Б-17 витамин комбинација нешто што како демек помагало.
Вреди ли да се даде 1000 денари за 15 капсули Ge132+?
 
Член од
20 јануари 2008
Мислења
460
Поени од реакции
461
Вреди ли да се даде 1000 денари за 15 капсули Ge132+?
Затоа што праша и во другата тема, прво во овие Ге132 НЕМА германиум, туку некои печурки и други тревки. Значи уште во името ставаат некоја замка, прв показател колку се искрени и валидни. А германиумот и самиот по себе е штетен и непотребен.
Второ наводното дејство и позитивни ефекти кои ги набројуваат, а никаде не набројуваат лекување или помагање на канцер, им се однесуваат на антиоксидансите. Дури и ако навистина има антиоксиданси во капсулите, тие дефинитивно нема да излечат, или ниту да помогнат во лекувањето на формиран канцер. Антиоксидансите го спречуваат појавувањето на грешки внатре во клетките, уште додека се поединечни грешки, мнооооогу доцна е кога веќе е формиран рак со милијарди клетки. Значи не помага, а успехот на капсулите е само маркетингшки трик, и во нормална држава нема да смеат да се рекламираат на таков начин со наведување на болести.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Вреди ли да се даде 1000 денари за 15 капсули Ge132+?
Со германиумот нека не ве лажат, тоа е ветер и магла само...Јак маркетинг му направија низ Македонијава, а плаќаат и луѓе да го рекламираат по телевизија демек биле болни па од германиум се излечиле...Мој совет е да не си ги давате парите залудно, нема да му помогне, а посебно не, кога има веќе малигнен процес чии канцерогени клетки преку циркулаторниот систем се пренесуваат низ сите можни ткива и органи...
 
C

cige

Гостин
Со германиумот нека не ве лажат, тоа е ветер и магла само...Јак маркетинг му направија низ Македонијава, а плаќаат и луѓе да го рекламираат по телевизија демек биле болни па од германиум се излечиле...Мој совет е да не си ги давате парите залудно, нема да му помогне, а посебно не, кога има веќе малигнен процес чии канцерогени клетки преку циркулаторниот систем се пренесуваат низ сите можни ткива и органи...
Нашиов случај е без метастази, има карцином на малиот мозок.
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.297
Поени од реакции
7.251
Нашиов случај е без метастази, има карцином на малиот мозок.
Што испитувања се направени и како е дојдено до тоа дека се работи за карцином на малиот мозок без метастази? Кои симптоми ги има пациентот?
 
C

cige

Гостин
Што испитувања се направени и како е дојдено до тоа дека се работи за карцином на малиот мозок без метастази? Кои симптоми ги има пациентот?
Опериран е пред 2 години, тогаш му направија детален преглед во Ремедика, го оперираа, 2 години беше супер, сега почнува рецидивот и прима инфузии Манитол
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.297
Поени од реакции
7.251
Опериран е пред 2 години, тогаш му направија детален преглед во Ремедика, го оперираа, 2 години беше супер, сега почнува рецидивот и прима инфузии Манитол
А дексаметозон прима?
Манитолот не помага баш кога се работи за метастази и тумор на мозок.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom