Рак на дебелото црево со метастази по цревата има ли надеж за лекување?

Член од
27 јуни 2010
Мислења
3
Поени од реакции
0
Здраво на сите, решив да ја постирам темава со цел да добијам некоја информација повеќе за мојот фамилијарен проблем.

Еве за што се работи:
На татко ми пред две години му беше отстранет тумор на дебелото црево, потоа беше испратен на дополнителна терапија со зрачење и хемотерапија со цитостатици.

Овие две години се беше во ред, но пред 6 месеци почнаа да му се покачуваат тумор маркетите (CEA) и се испостави дека дошло до повторување на болеста. Повторно го оперираа и го отстранија повратничкото туморно ткиво. Но хирургот рече дека имало метастази по цревата и дека нив неможел да ги отстрани.

Бевме и на онкологија кои ни рекоа дека многу тешко би идело лекувањето повторно со цитостатици демек немало да има ефект.

Неможам да го прифатам ваквиот одговор од страна на докторите на Онкологија бидејќи сум слушал еден куп приказни за луѓе со слична дијагноза како преживувале со помоеш на други методи на лечење од традиционалните со цитостатици.

Мајка ми била пред еден месец на презентација на некои нови лекарства за третман на ракот на дебелото црево: Моноклонални антитела( конкретно Cetuximab) читав некаде и за Avastin како дополнителна терапија, еве линк од Дневник:
http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=2589&stID=42104

Слушнав и за наводно успешниот резултат со Varumin, комбинација со Алое Вера препарати и слично...

Не сакам да се залетувам по некои од овие препарати без претходно да слушнам нечие слично искуство, затоа и ја постирам темава:

МИ ТРЕБА ИНФО ЗА НЕЧИЕ СЛИЧНО ИСКУСТВО, ДАЛИ УСПЕАЛ СО НЕКОЈА АЛТЕРНАТИВНА МЕТОДА ИЛИ СО ОВИЕ НОВИ АНТИТЕЛА КАКО CETUXIMAB ДА ИМА ПОДОБРУВАЊЕ ВО НЕГОВАТА ДИЈАГНОЗА?

Секоја информација е добродојдена.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.665
Поени од реакции
12.061
За антителата не знам. За цитостатикот мој најблизок роднина го оперираа од истата работа на истото место со метастази, после тоа го лекуваа со тој Авастин (доста чинеше, приватно го земаа), за тоа време пред 3-4 години според истражувања као најдобар лек за тој дел-стомакот. Докторите не одобруваат алтернативи па на своја рака му даваа цвекло (секој ден пола или литро-колку може да издржи оти е тешко за пиење па го мешаше со мала количина јаболков оцет), ц-витамини и на почеток 2 дози Варумин, за после да премине на Ноне. Тие сите се за јакнење на имунитетот, докторите не ги одобруваат, но човек нема што да изгуби. Откако се повлече, му даваа матичен млеч (кој многу тешко се наоѓа како свеж), сок од свежо цвекло, ц-витамини, посебна исхрана, варено, лесно. Откако ги санираа некако (не знам и јас, чудо или Божја волја) метастазите се беше во ред, после година отприлика му се јави рак на жолчните канали, за нив му дадоа друг цитостатик-ваљда тој период као најдобар...колку се сеќавам со Авастинот на онкологија му даваа (као редовна терапија) плус друг препарат, после сменија на Елоксатин (генеричко име не ми е познато)-тоа се тие лекови кои тој момент беа најдобри за стомакот.
Сега фала богу е во ред, но постојано ги следи маркерите, зема лек некој од гераниум и мед или така нешто (може да прашам, го прави неговата колешка и наплаќа колку што чини медот, затоа што нејзе и помогнало).
Тоа би било отприлика (од пред 3-4 години) што може да кажам и да се сетам од најблиско искуство -хемотерапија со тие цитостатици и на своја рака -домашно- препаратите и витамините.
Колку се сеќавам, тогаш баравме и експериментални лекувања (со "горење" на канцерозното ткиво со ц-витамин или со ладно...така нешто) но кај нас колку што знам тие не се применуваат.
http://www.rak.mk/index.php?option=com_content&view=section&id=35&Itemid=252
http://en.wikipedia.org/wiki/Colorectal_cancer#Chemotherapy
http://www.medicinenet.com/chemotherapy/index.htm
 

Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
77
информирај се повеќе и за брокулата и нејзиното дејство со вметнување во исхраната....брокулата се препорачувала во случаи како твојот....
 

Doktor1

Doktor
Член од
3 јули 2010
Мислења
364
Поени од реакции
73
За жал состојбата како што ја опишавте не влева надеж, не давајте пари за секакви глупости не верувам дека нешто од тоа ќе помогне ниту брокула ниту алое вера немаат шанси над таа клиничка слика удоволете му на човекот колку можете бидејки навистина за жал неверувам дека ке поживее уште многу, инаку јас сум специјализант на торакално-васкуларна хирургија и имам богати искуства :(
 

Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
77
абе докторе,која пара чини брокулата?! имам слушнато за случај ваков кој докторите го прогласија за завршен па со помош на брокулата човекот и закрепнувал....случајот не е завршен додека се има надеж !!!
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.665
Поени од реакции
12.061
Ој докторе, песимист? Додека човек е жив не смее да биде песимист, поготово доктор-најмалце смее да покажува знаци на сомнеж. Брат ми го отпишаа (ист случај со стомакот) ради метастазите пред 5-6 години...му дал Бог да поживее уште години. И се додека е жив ќе се бори/ме...кола, нива...не е битно.
 

Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
77
браво брате....само напред !!!
 
Б

Бат Елохим

Гостин
Заради вакви доктори специјализанти кај нас се враќаат децана од лечење во странство и не се одобруваат пари! Имал искуство тој?? Од кај бе искуство? Колку жители има Македонија? Колку имаат рак на дебело црево и колку си лечел ти- така се гледа искуство!!!
Не туку глеајте др Хаус па у филм влагате...
Човекот за цвекло збореше а докторот вика не давајте пари... Македонско здравство.. пушти го да умре.. шо ќе му помагаш...
 

Doktor1

Doktor
Член од
3 јули 2010
Мислења
364
Поени од реакции
73
Вовакви ситуации на нервоза знаев дека вака ќе реагирате и ова ваше однесување не ми е чудно реков не давајте пари зошто лек не постои па не во македонија него во вашинтон да се наоѓате тоа ви е, сега ја рабирам вашата огорченост, но за жал ќе сфатите дека сум во право за кратко време, а кои луѓе имале рак на дебелото црево? Верувајте многу, А јас сум само објективен и не ширам лажни надежи никогаш, зошто сме имале случаеви такви и ги знам одлично исходите, инаку бев на во Љубљана неколку месеци и таму немаат некоја посебна терапија туку реков дека е предоцна и за цвекло и за брокула и за се друго, вие само ке го мачите човекот со не вкусни јадења без везе, мое е да си кажам ваше е што ке правите....
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.665
Поени од реакции
12.061
Ако не сакаш да помогнеш, не одмагај. И јас знам многу случаи на преживување и долга живеачка...Ако си доктор ќе знаеш за песимизам и пациент па ќе заќутиш малку. Ако го мачиме, земи убиј го, остај го на улица...ќе те видам теме твој близок да ти е болен дал ќе кажеш -остајте го нека умре. Малку етичност у твоите постови не е на одмет.
 

Doktor1

Doktor
Член од
3 јули 2010
Мислења
364
Поени од реакции
73
Мојта мајка почина од рак на дојката, кога бев средно тоа беше причината за мојата мотивација да студирам медицина, сите трчаа бараа лекови од странство и јас исто но потајно го знаев исходот, ВО право сте дека нетреба да се шири толкав песимизам, но обично кај нас се обракаат со зборовите"Докторе ве молам бидете искрени со нас каква е состојбата, Ве молам не не лажете", Нека ми ја напише соспственикот на овој пост моменталната состојба на пациентот јас ке му кажав веројатно што да земе малку по ефикасно од тоа што го кажавте, Јас кога го имав случајот со мајка ми тогаш бев средно одам кај Онкологотн и таа отворено ми кажа, дечко нема да ја биде, јас со татко ми цела вечер оваа нормалнали е така ли се зборува глупача и тн. Пак и се обратив зошто имав професор роднина таму и таа препиша друга терапија малку помогна но не многу и мајка ми умре, а други ми велеа не се секирај пробај ова нарачај она од странство од каде уште не, парите не треба да се жалат за здравје тоа е точно но кога лек нема...Верувајте кога видам(а често ги гледам) пациентите кои доаѓаат со рак на било кој орган кај нас..мене посебно ми е тешко...На пациентот никогаш не треба да му кажете што рекол докторот, туку тоа е за вас блиските, на пациентот треба да му се пренесе дека докторот рекол таква е болеста боли па ќе помине...и така, Ги прифаќам сите ваши критики, мене ќе ми биде многу мило ако човекот успее да се извлече, јас се борам со сите пациенти секогаш и никогаш на пациентот не сум рекол Вие ќе умрете, ако такво нешто соопштувам го соопштуваме како во случајот на негов близок и го предупредуваме истото да не го пренесе на пациентот, тоа не значи дека треба да го убиете или да престанете да се борите, но терапијата ви е поставена следете ја...јас реков и ќе повторам еве нека ми ја напише состојбата во моментот јас ќе ви препорачам нешто што веројатно у ублажи нешто....јас не сум песимист но сум се заколнал од тогаш па наваму дека ке ја кажувам вистината пред се била болна или не.... ТУКА ОСТАНУВАМ ДЕНЕСКА...пишете ќе ви вратам....осудувајте ме колку сакате но ќе сфатите некогаш дека вака е најдобро...и како што реков....ПОЗДРАВ И СЕКОЕ ДОБРО
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.665
Поени од реакции
12.061
Не требаат филозофии, кратко и јасно -ако не моеш да му помогнеш на детето, не му одмагај...се работи за татко му. Дај му совет како да живее, како да се извлече, се друго е Божја работа.
 

Doktor1

Doktor
Член од
3 јули 2010
Мислења
364
Поени од реакции
73
Еве кажав ми треба моменталната состојба наоди и анализи јас ќе се погрижам да најдам нешто......

--- надополнето ---

Кажи ми ја вредноста на тумор маркерите и состојбата како се чувствува во моментот, крвна слика која ја правел последен пат...и тоа што побргу...а овие филозофии ги кажувам за Вас пошто вие мешате некои работи....
 
Член од
27 јуни 2010
Мислења
3
Поени од реакции
0
Еве кога веќе прашувате, неможам да ви кажам конкретни работи бидејќи и јас не сум запознаен детално.

Има метастази по тенките црева, последен пат тумор маркерите,CEA 19 или 25 мислам дека беше називот, беа од 30 на 150 мислам покачени.

Кога го оперираа пред 1 месец мислеа дека е гној од предходната операција, го оперираа од преплет црева, но излезе дека било тумор со метастази.

Крвната слика не знам каква му е но сигурно е ослабена бидејќи нема јадено асално веќе 20 дена.

Според другите искуства ако се раководам, Варумин/Германиум/Б-17 витамин комбинација нешто што како демек помагало.
 

Doktor1

Doktor
Член од
3 јули 2010
Мислења
364
Поени од реакции
73
Побарајте од вашиот онколог да напише МETADOL инфузија, штом 20 дена нема ништо јадено значи ситуацијата е крајно алармантна, вклучете ја инфузијата дома, не влечете го човекот по клиники.

--- надополнето ---

Metanol сум згрешил погоре...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom