Пошто спомна пикери, ваљда тие би играле како дел од офанзивната/дефанзивната линија
Нц, нема шанса, разликата во килажа/висина е огромна
Не постои пикер што би можел да се носи со некој од тие играчи во НФЛ, треба да качат ептен ептен килажа за нешто такво.
Нема шанса да успее НФЛ играч да стане квалитетен ракометар и обратно.
Транзиција од еден во друг спорт е речиси надреално тешка работа.
Дури во ист спорт ако си (бокс/уфц) е ептен тешко да качиш/симнеш килажа за да се бориш во друга категорија по тежина, а камо ли ова
Ракометов и НФЛ немаат апсолутно ништо слично за лесна транзиција.
Ама ете, можеби има некои играчи на некои позиции што ако се млади и ако поминат 2-3 години хардкор тренинг евентуално да би станале некаков фактор во другиот спорт.
Ете исто да одговорам, во НФЛ ептен често има повреди, а и ептен често се менуваат играчи со помлади и поевтини..
Прегледај го приврзокот 236409
Еве просек
Овие OL/DB/LB/DE/DT се тие позиции на кои што би можеле да играат пикери, ама плус треба ептен тренинг.
Мислам дека најлесна транзиција би можел ракометар пикер да направи како full back (FB), треба да качи ептен килажа само, а и таа позиција е ептен ретко користена.
На кратко, таа позиција е играч кој што го чува квотербекот или трча со топката, нешто што ваљда ракометариве би го можеле, пошто редовно се буткаат и дури и би можеле да избегаваат контакт ако ги бива
Ама нели, ептен ептен е тешко да направиш транзиција, освен некоj пикер да качи килажа и да тренира година-две, не знам како би успеале.
А во НФЛ само еден играч ја фрла топката, така да целата вештина на подавање и шутирање во гол е ептен ептен различна од ракометот.
Освен физички предиспозиции не би имале ништо НФЛ играчиве за да успеат во ракомет без пар години тренинг
Кога веќе почнав со долг текст ај да продолжам
Ете на пример да речеме пикер да влезе во НФЛ, тој би заработил околу 540 илјади долари (севкупно после пар години договор) ако е стоти најдобар DT (defensive tackle)
Fullback реков не е ептен популарна улога така да ако е десетти најдобар фулбек во лигата би заработил околу 600к долари
Да не барам ептен, не знам колку пари заработуваат ракометариве, ама за да заработиш повеќе пари треба да си еден од подобрите, а шансите дека некој ракометар би поебал 2-3 години тренинг, и шанса на секој натпревар да добие потрес на мозок или некоја друга посериозна повера.....и пак да не му гарантира никој сериозна сума...малце тешко
Во НФЛ не се ни толку сериозни платите
Едни од најдобрите фудбалери во НФЛ........зимаат помалку пари од рандом НБА играч како....Вигинс на пример...
А тие рандом НБА играчи би зимале уште повеќе пари ако играат во Евролига на пример....
Рандом е ептен све ова