Ракомет - општа дискусија

Дали пратите ракомет?

  • Понекогаш

    Гласови: 144 33,3%
  • Да, обавезно

    Гласови: 270 62,5%
  • Неам Појма

    Гласови: 18 4,2%

  • Вкупно гласачи
    432
Член од
30 мај 2019
Мислења
2.110
Поени од реакции
3.862
Не сум 100% сигурен, но последно што памтам дека некоја македонска екипа прошла коло во ЕХФ купот (тогаш челенџ куп) е тогашен Еурофарм Работник во сезоната 2017-2018 ако не се лажам. Го пројдоа првиот противник, но изгубија во следното коло. Седум години се пројдени од тогаш! И после ќе зборуваме за вложување во ракомет, дека сме ракометна земја итн.

Сигурен сум дека и Охрид ќе потфрли бидејќи извлече доста гаден противник. Алкалоид верувам дека ќе го пројде првото коло, но пак е премалце еден од три тима да успее.
Јас си стојам на моето, дека тие типови на екипи се палеле на Металург, па на Вардар во времето (и сега исто). А кога ќе дојде време да играат во Европа како мачиња скриени во некој тесен простор, нигде ги нема и се незаинтересирани. Памтам еднаш и Овче Поле дојде ред да игра во Европа (мислам Челенџ куп беше) и им се падна екипа со Норвешка и службено ги дадоа двете утакмици. Очигледно пари немаа за да патуваат таму (може да е иста ситуација и со Тиквеш сега, затоа што требаа да играат со Арендал). А ако било така, зошто се пријавуваат. Битно дома ќе глумиме лудило дека сме ауу-ваууу, утакмици тесни играме со најдобрите во Македонија... Вардар треба овие сега со 15 разлика среде Кавадарци да ги наполни и да не им текне да помирисаат европски купови. И не е ова само за тимови надвор од Скопје. Има и скопски тимови кои се исти тип, како Бутел на пример.
 
Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.293
Поени од реакции
7.019

Сигурно е така, апсолутно...збор не погоди точен, гарант и утакмицата не ја гледаше, ама ќе се пали некој за да игра со Вардар и со Пелистер, а во Европа ќе ги боли кур :pos: Лани излеговме од Кремс од Австрија што имаа 2-ца или 3-ца репрезентативци што играа на ЕП зимоска, а сезоната пред тоа стигнаа до 1/2 финале во истото натпреварување. Водевме во Кавадарци 5-6 разлика, на крај само 3 заврши за нас, и таму изгубивме од ОБЈЕКТИВНО, многу подобар противник.

Ајде, бар сезонава на клупа ни седи човек што е болен за Вардар, освен тоа што е ракометен аналфабет, па ваљда и играчите нема да се палат толку и лесно ќе поминат, па ќе го изоставиме фактот дека 2 сезони по ред клизаа во Кавадарци.

Околу утакмицата...што да се збори, нерешено со една од најнеписмените екипи што сум ги видел во историјата на ракометот, браќата имаа преку 20 технички грешки (пробивања, престапи, чекори, фрлени топки во аут). Нашиве промашија едно 10тина зицери секако, 3 пати празен гол, 2-3 контри. Крилата посебно индиспонирани, она беше жално да се гледа. Буквално изгубивме од екипа што не знае кај тера.
Е сега идеме до еден нов момент, умешноста на тренерот. Добро, кај го најдоа братов, било кој да го земеа мислам дека ќе беше подобар. Почнува натпреварот, феноменот поставува тактика со 2ца леви бекови, 2ца пикери, еден десен бек и едно лево крило. Каде бе царе, што е ова, некој нов спорт, ракомет од иднината? И цело прво полувреме царот го играше без ДЕСНО КРИЛО, нападот почнуваше со тоа што едниот пикер као почнува на десно крило, после се префрла на линијата и десно крило останува празна, ДУПКА позицијата. 2-цата бекови што беа во игра, што да се збори...Гачевиќ негде застанат во 80-тите години од минатиот век, никаква техника, пас, движење, ништо...само дај му ја да ја плесне и го стави на центар, Манасков на лев бек. Напред играше Обина, и фак лоџикот, го вадеше Обина за одбрана дека НЕ ЗНАЕ да игра црниот, за да го стави десното крило да му игра САМО во одбрана(што е исто така лош во одбрана како Обина)..па за да стои на 1 во одбрана, и Обина може да стои како сталка. Нервозно прво полувреме, ротација никаква, гледа дека не му оди на тимот, дека бевме очај, па го стави Мијатовиќ да игра единствена измена...па братот исто руски тенк од 80ти години застанат, ограничен на движење, не може сам да искреира или за некој друг, дај му ја да ја плесне само. Нема врска, почнува второ полувреме, конечно му текна дека има плејмејкер на клупата, го пушти Кривокапиќ и почнавме да правиме разлика. Не дека типот е којзнае што, меѓутоа одма се осети разлика и поголема течност во нападот. Продужи резултатска клацкалка, и кај 10та минута конечно почнавме да ја зголемуваме разлика. Тие искористија тајм аут, промашија 5-6 напади по ред, нашиве си реализираа лагано и нашава легенда на клупата му текнува да бара тајмаут во 48-ма минута, на резултат +4 за нас и напад за +5. Атмосферата во сала имаше кулминација, овие не знаеја главата кај му е, тргаме у напад за +5, промашуваме и од контра примаме гол. До крај на мечот беше држ-недај, водевме +3 до кај 55та минута негде, промашени уште 1-2 зицери, во меѓувреме глупо исклучување на Анастасовски и паднавме на самиот крај. Шта речи, а не заплкати...цело второ полувреме го држеше Обина на клупа(а не беше повреден црниот), Темелкоски десното крило падна физички и промаши 2 зицери, место него да го извади и да го помести Димовски на десно крило(играше во Алкалоид лани, вчера играше десен бек и даде 5-6 гола, ама може да покрие и на крило), Обина да си игра на десен бек, а во одбрана да сменат само позиции, Обина да оди на крило а Димовски на бек, овој не направи никаква измена, ништо...Кофиловски не можеше гол да даде, 5 зицери промаши, место да го пушти Коцев кој што игра барем одбрана агресивна и не се плаши да влезе во дуел, го изигра цело прво полувреме, па во второ наеднаш му текна да го стави Кофиловски..не знам, лошо, многу лошо..
 
Последно уредено:
Член од
5 април 2013
Мислења
3.373
Поени од реакции
6.897
Кавадарчани се натопорија да играат во Европа пак и во ниту еден од двата натпревари не ја победија Драма. Ама затоа апла напалени во прва лига. Да се метнеа малку на Младост или Преспа кои на времето проаѓаа бар по две кола или играле Лига Шампиони и победувале. Драма не можеа да ја победат...
До некаде и очекував дека ќе се лизнат иако стварно е срамота од Драма да изгубат. Ама реалноста е дека за Тиквеш сезоната заврши пред да почне. Повредите на Симиќ и Шулески за тим како Тиквеш се ненадоместливи. Без најдобриот играч, без плејмејкер едноставно нема што да бараат. Згора на тоа и Обина колку што знам не е во топ физичка состојба уште од старт.

Во ваков состав и во домашното првенство ќе имаат доста проблеми. Чекор назад секако, сезонава ќе има 4, а не 5 квалитетни екипи, Тиквеш ќе биде нешто каде меѓу 5-10 место зависно кога ќе се врати Симиќ...
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
2.481
Поени од реакции
2.484
Норвежанецот Глен Солберг тренер на шведс репка ја напушти репрезентацијата иако потпиша лани нов договор до 2026....Дали причината е неуспехот на ОИ,непослушноста на некои звезди или позади стојт некоја јака понуда ке видиме.
Феликс Клаар беше опериран деновиве и враќање на терен после фебруари
Најверојатно напуштањето е кавгата со неговите помошници.....лани го смена едниот а оваа год помошникот шо е во Пик Сегед многу му се мешал во работата, медиа и др..јебига така е кога не носиш сам помошници туку федерацијата ти поставуваа Наше дете.
 
Член од
11 август 2017
Мислења
547
Поени од реакции
488
Среде сезона носат играч (странец), а секоја година имаат одлични резултати во младински лиги

Член од
5 април 2013
Мислења
3.373
Поени од реакции
6.897
Голем минус за МРТ и РФМ.

Имаш пет екипи во европски купови за првпат во историјата. 4 од нив имаат и капацитет да одиграат нешто. И на пола натпревари нема пренос.

Пред неколку дена Вардар кај Мелсунген. Вчера Алкалоид и Охрид - и тоа дома....

Изговори дека Арена Спорт ги има правата не проаѓаат. За натпревари што нив не им се планирани мора да има решение...

Апсолутно недозволиво!
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.935
Поени од реакции
16.227

Мислам дека нема врска тука ниту мрт, а ни рфм, неможе рфм да одлучи за тоа, проблемот е општо кај нашите телевизии што немаат никаква заинтересираност општо за спортот, па поарно ќе откупат 15 турски серии што може да ги вртат цела година, отколку да земат да пренесуваат ракомет, не им носи гледаност да гледаат како губе пелистер и вардар, за алкалоид и охрид па да не правиме муабет..

Како држава им дозволуваме на спорт клуб и арена спорт да откупуваат настани и за нас, па после кога ќе треба да дојде ред да земат од нив преноси доаѓа до тоа да неможат да вршат оти им текнало на некој од ск и ас дека нема потреба да ги препродадат.
Друг проблем е исто што нема закон што ќе им нареди да ги приспособат каналите на наш јазик.

Долга тема е оваа за муабет, а мислам дека не и е местото тука :)
 
Член од
15 јануари 2020
Мислења
639
Поени од реакции
2.106

Мицко гарантираше македонски коментатори на арена/ск во иднина па да видиме
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.935
Поени од реакции
16.227
Мицко гарантираше македонски коментатори на арена/ск во иднина па да видиме
Е тука иде и другиот проблем, што во државата има 5 коментатори :icon_mrgr:
А муабетот за ова е бааѓи одамна отворен. Уште од 2021 мислам.
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
2.481
Поени од реакции
2.484
Шо е работава со Загреб нон стоп тренериве го напуштаат, 6 месеци и метла?
репрезентацијата ја гледам ама Загреб во Лш јок,,,,најлоша/театарска ракометната публика во ЛШ
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
2.481
Поени од реакции
2.484
халкидики ја поразија грузија со гол во последните секунди,,,,,домаќинско судење на црногорците.....после победата публиката влетаа втерен ко светски прваци да беа
 
Член од
22 ноември 2021
Мислења
79
Поени од реакции
49
халкидики ја поразија грузија со гол во последните секунди,,,,,домаќинско судење на црногорците.....после победата публиката влетаа втерен ко светски прваци да беа
Халкидики:lolzz:
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
2.110
Поени од реакции
3.862
халкидики ја поразија грузија со гол во последните секунди,,,,,домаќинско судење на црногорците.....после победата публиката влетаа втерен ко светски прваци да беа
Колку слаба е таа група само! Не знам по кој основ се втор шешир, а Швајцарија трет?? :popce: Грција ако загуби во Босна може и последна на крај да заврши (под услов да загубат во Тбилиси).
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
2.481
Поени од реакции
2.484
Колку слаба е таа група само! Не знам по кој основ се втор шешир, а Швајцарија трет?? :popce: Грција ако загуби во Босна може и последна на крај да заврши (под услов да загубат во Тбилиси).
сите комшии ги мразам ,освен српската репка на спортски план......дали можит админит да им го сменит името во пелопенез или халкидики ,
 
Kajgana Shop

На врв Bottom